1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зависност од лекови

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од MSkorpionka, 5 февруари 2012.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Голем е бројот на луѓето кои своите чести нерасположенија, напнатост, нервоза, потиштеност и сл. ги лекуваат по принципот ''сам свој лекар'' од својата богата домашна аптека. Со тек на време се стекнува психофизичка зависност од лековите и стануваат секојдневие на личноста, како потреба за леб и вода...
    Со нагло прекинување настанува апстиненцијална криза која се манифестира со главоболки, вознемиреност, мачнина...Оваа зависност ретко кој ја сфаќа озбилно, исто така ретко кој би признал дека ја поседува...
    Дали вие користите често таблети 'на своја рака' барајќи го спасот во нив (освен ако ви се вистина потребни), или ги избегнувате свесни за нивното негативно дејство?
     
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Јас општо избегнувам да се трујам со лекови, освен ако не е неопходно. Издржувам колку што можам, на пример ако имам главоболка, гледам прво да се одморам, да пијам витамини и слично, па ако тоа не помогне тогаш посегнувам по апчињата.
    Антибиотици користам само после консултација со лекар, на своја рака никако.
     
  3. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    2.735
    Ништо чудно да имам некоја ваква зависност. А ме заболе главата, аналгинот е тука. А ми се покачи температурата, парацетамолот е тука. Друго ништо не пијам, али овие два лека многу често.

    Антибиотици и други лекови само со рецепт од доктор.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    И јас сум си по апчињата. Тоа од мајка ми ми е останато. Она е тотален зависник. За се пие апчиња, а ја заболи нешто одма за нив се фаќа, а ако нема... Е тогаш е страшно. Оди татко ми во било која доба да купи.
    Јас аналгин пијам за главата, ама пијам во случај никако да не ми поминува. Парацетамол или андол ако општо ме боли нешто, а пијам ампицилин ако сум настината. Кога не помага одам на лекар.
    Исто ако ме вртат раце, нозе пијам диклофенак, ама поретко. Магнезиум и персен секогаш имам во ташна, а исто и верапамил за во случај да ме стрефи појака тахикардија, ама ова од доктор ми е кажано. :)

    Сметам дека во Македонија пола од народот може да се калсифицира како зависници од лекови, тргнувајќи од најблиските, па до подлечните. Сите дома имаат аптека, а најчесто си се и сами лекари,.
    Тоа е.
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Мене единствено аналгинот ми е најексплоатирано "бонбонче."
    Порано го пиев почесто, сега веќе само при неиздржлива главоболка.
    И тоа исклучиво само аналгин, до мене ли е, со психа ли е, ама ете од кафетин, вентор или некое си друго не ми поминува.
    При силни менструални болки пијам исклучиво кетонал, а за забоболка кофан инстант.

    Други апчиња ниту ги разбирам, ниту ги имаме по дома, што е по малку смешно и чудно при медицинско лице в куќи. :D

    Кога ќе настинам, ретко пијам апчиња, пробувам прво со чаеви, топли супи, бабини деветини, за да по ден-два ми ску*чи и мајка ми не ми шибне инјекција.
    Утредента сум малтене ко нова, немам јас време за мрсулење цела недела и апчиња една рака. :D

    Македонскиот народ е инаку многу зависен од лекови.
    Повеќето по дома имаат мини-аптека и секој втор ги разбира сите можни апчиња.
    Неретко си ги земаат на своја рака, а па уште ако рекол докторот дека тие и тие треба... ма од леб и млеко ќе се лишат да ги купат тие и тие апчиња, "ДоктУрот така ми рече..."

    Бреј, нема разбирачка, посебно со стари луѓе.
    Посебно ако се рекло - од таа и таа фирма, во такво и такво кутивче... џабе се објаснуваме дека овие биле исти, само од друг производител.
    НЕ! Не се исти.
    |(

    Еднаш на другата баба и подметнавме плацебо, обични бели капсули.
    По една недела се јави да се заблагодари како и било многу поарно, да и донесеме уште.
    Не бе, ич не е до психа.
    :D
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    кафетин менструал!!!!
    1от ден, од еднаш по 3-4 пијам, за да ми се намали болката, и не ми е гајле дали е лудо, јас имам ненормалниииии болки :( Hе се опишуваат со збор, мислиш јајниците и матката ми се распаѓаат
     
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.164
    Допаѓања:
    234.928
    Порано за што и да ме заболеше, одма пиев апче.
    Но полека се одвикнав од оваа ужасна навика, и сега само по потреба.
    За настинка или грип, сакам инекции, за ден - два сум ко нова.
    Кога имам циклус, ретко користам апчиња за болки од причина што имам силен праг на толеранција и што ретко имам болки.
    Ретко ме боли глава и таа е единствената болка која ми оди на нерви, и тогаш морам да се напијам парацетамол, аналгин или вентор.
    За жал, јас имам дијагноза која не се лечи, а болките се смируваат со апчиња против болки, како кетонал, вентор па и појаки, па затоа се обидувам за се друго да одбегнувам да пијам и непотребно да го расипувам и онака веќе расипаниот ми желудник.
    Во вакви случаеви чепчиња кетонал е права ствар, одма престанува болката и плус не му штетат на желудникот.
    Од витамини, бедоксин б6 морам да пијам редовно, но и тоа не го правам, понекогаш витамин ц и шумачи мултивитамин или магнезиум. Често магнезиумот го зимам и како таблети за џвакање.
    Антибиотици избегнувам, ги зимам во краен случај. Се случувало докторот да ми даде антибиотик за црвено грло, но тогаш не ги зимам.
    Но, еднаш така, си лечев сама синуси и на крај завршив целата отечена, на зрачење, со 2 инекции дневно.

    Кај нас луѓето се презависни од лекови, речиси не постои дом кој нема една цела фиока за лекови, па се наоѓа од таблета за притисок до витамин, што е претерано.
    Но овде не се виновни само луѓето, ами и докторите, кои за да ги откачат пациентите и за најобична настинка или болка, одма антибиотик или ќе ти препише некое безвезе апче, па така луѓето си се тешат и си зимаат таблетки ко да се бонбони.
     
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Претерана е работава со лековиве. :^)
    Младите пијат повеќе лекови од старите.
    Не велам да се трпи болка, но на многумина прв избор им е само лекот.
    Сите мои другарки, секој втор ден пијат најразлични лекови.
    Ја боли главата, не и` помага еден аналгин, мора 3-4 да ги испие. :fubar:
    Се прејала со храна, ајде лек против гадење.
    Јади само сува храна, ајде лек за запек.
    Не бараат други алтернативи освен лекот. Лекот го гледаат како најлесен, најдостапен и најбрз спас.

    За седативи, да не правам муабети. Сите ги пијат. Ги знаат називите подобро од старите луѓе. Млади, а изгубени во животот, пресретнати со проблеми, пијат седативи за да ја замолчат и смират главата. :x
    Без консултација од лекар, без никаква стручна помош. Се` на своја рака.

    Храната е лек. Спортувањето, дружењето. Треба да си помага човек самиот на себе сега, за да не пати подоцна. Да не станува зависен уште од млади години на лекови, зошто далеку е староста. ;)
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Не користам лекови, освен за време на настинки, грипови, нели кога станува критична состојбата малку, додека за главоболка, ретко кога пијам, ми поминува и без апче, ќе заборавам дека ме боли и поминува, исто и за менструални болки, речеси и не пијам, издржливи се.Во глобала воопшто не пијам за ништо, не сакам да го правам организмот зависен од лекови.
     
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Јас имам проблем со ова.Не дека сум зависна ама многу пати кога сум нервозна или малку кога ќе ме заболи нешто земам аналгин или некое друго апче.Некако сум убедена дека ако испијам ќе се смирам,понекогаш и делува.
    Знам дека се штетни,знам дека не е убаво толку често да се пијат ама сепак...
     
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Зависност од лекови мислам дека е и кога не ти е ништо да чувствуваш потреба да земеш некој лек на своја рака. А не кога ке имаш главоболка да се напиеш еден аналгин или парацетамол за почетни симптоми на настинка. Вие пишувате кои лекови ги пиете кога имате некоја состојба. Еве пример сега кога не ми е ништо ако чувствувам потреба да пијам некој лек, и да не се смирам додека не го испијам, тоа е зависност. Јас пијам аналгин кога ме боли глава, заб итн. парацетамол кога чувствувам дека ке се разболам, кафетин менструал кога имам менструални болки, итн и тоа не го сметам за зависност!
     
    На Angel.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Кон лекови посегнувам во краен случај, околу оние стандардни болки - главоболка, или стомачни болки при циклус, трпам неколку часа и ако навистина не успеам да ја издржам болката, тогаш се решавам на аналгин или кетонал, сепак тоа е премногу ретко. Во цел досегашен живот седативи сум се напила само 2 пати, во исклучителни случаеви и двата пати. Мислам дека поради ова имам пребрзи ефекти од делувањето на лекот... Настинките гледам со зајакнување на имунитетот да ги средам, ако качам температура тогаш пијам нешто за намалување, превентивно не...

    Инаку мислам дека во земјава владее прилично меѓу народот злоупотреба на лекови, живееме низ проблеми и изложени на големи, секојдневни стресови, голем дел луѓе тоа ги претвора во хипохондрици и земаат на своја рака полна рака секакви медикаменти. Исто, голем дел секојдневно посегнуваат по алкохолот, констатирам само состојба, ни осудувам, ни оправдувам во целост, секој бира она што мисли дека е најдобро за него.

    Она што сакам да напоменам е дека сум била сведок на луѓе со погрешна терапија, препишана од стручни медицински лица (предозираност со коњска доза на седативи), така да не дај Боже да има било кој потреба од вакво третирање, ама во случај да има - барајте најмалку второ мислење.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Бев зависна од демитрин пола година.
    Доколку не го испиев следуваше тахикардија, желудникот-центрифуга, мислев дека ќе се загушам, јазикот ми трпнеше, мислев ќе си го голтнам... црни мисли ме демнеа...матичниот ми дијагнозира анксиозност.
    После месеци и месеци читање за состојбата, и на форумов увидов дека не сум само јас таква, ми олесна, дознав се, решив да стиснам заби и превземам акција против чумата!

    Денес, не сум зависна од ништо, само кога имам болки и кога сум болна до некој алармантен степен, пијам соодветно апче.
     
  14. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Уф, тешко прашање.
    Не ги силувам апчињата, но кога се работи за многу јаки болки е тоа неможам да го истрпам и посегнувам по апче. Најпрво пробувам без апчиња да ублажам но кога не иде, не иде.

    Во некои тешки денови може да се случи да имам многу јака главоболка. Тогаш прво пробувам со спиење, но доколку не успее посегнувам најчесто по аналагин. Секогаш го имам при рака. Или парацетамол.
    При менструални болки, а ги имам и тоа како болни, земам најчесто кафетин. Знам и свесна сум дека организамот станува резистентен на појаки апчиња и нивно подолго конзумирање, но кога неможе да се истрпи неможе. На неколку наврати морав и да примам инекција за да ми се ублажат болките.
    Еднаш во животот испив и еден вентор. Но и за него бев приморана. Едноставно од креветот неможев да се подигнам, го испив и за половина час ми мина се. Но него повеќе нема да го пијам.

    Е сега витамините не се сметаат за лекови нели? Е за нив можам да кажам дека ги силувам, но тоа морам нормално да го внесувам во организамот.
    Со текот на времето гледам да се навикнам и да земам што помалку лекови. Ми успева засега.

    И она што го напомена Трендафилка за македонскиот народ зависник од лекови, потполно се согласувам. Само кај нас не иде ДоктУрот туку ДоФтурот :D .
    И баба ми ми вели абе сине, дај ми од тие кафенките и жтките апчиња треба сега да се напијам. А од плавките па после јадење. Тие ми се за тоа, тоа, тоа..
     
  15. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Не сум зависник од лекови, ниту пак пијам апчиња. Ако пијат сите апчиња како мене верувајте ќе ги затворат сите аптеки.
    Разбирам некој да го боли главата нормално, но при најмала болка да се посегне по апче и секогаш да чуваат барем една лента во чанта не не разбирам.И кога сум болна, и кога ми е препишено од лекар, не ги пијам едноставно ја немам таа навика заборавам дека треба да пијам.
    Ама имам дома зависници од лекови маж ми, свекрва ми, свекор ми па имаме дома повеќе апчиња и од аптеките.
     
  16. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Во Македонија се поголема е зависноста од лекови, најчесто седативи. Проблемите на луѓето се поголеми, поврзани најчесто со немаштијата, па најлесно е да ги поттиснат со едно дијазепамче или лексилиумче. Секако оваа зависност е неспоредлива со наркотиците, ама тешка е за лечење.
    Најпрво затоа што личноста не мисли дека се штетни. Потоа, зошто некој да се мачи со чаеви и сл. поради главоболка кога може да голтне дијазепам.
    Организмот по некое време се навикнува па стандардната доза престанува да делува, што значи наместо 1 апче личноста ќе се напие едно ипол.
    Тука веќе почнува да дејствува плацебо ефектот.
    Пример мајка ми: Отрпна на сите видови апчиња. Ќе ја заболи глава и никако не и поминува додека не се напие кетонал. Ќе го испие и оп- за 2 минути нема главоболка. Мало морген што за 2 минути ќе делува апчето. Ама ете ако не се напие почнува да и се лоши, не гледа од болка. Пробувам да и објаснам што прави ама не.. не сфаќа. Сега и ги кријам.
    Има и друг проблем поврзан со оваа зависност. Еден вид на легална дрога се. Може да ги набави кој сака, кога сака, колку сака без никаков проблем. Затоа е толку тешка превенцијата.
     
  17. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.131
    Допаѓања:
    88.389
    Пол:
    Женски
    Апчиња пијам ретко, освен ако имам неиздржливи болки. Деновиве сум ептен болна т.е имам неиздржливи болки, па испив неколку кетонала и совеста ме изеде да не не требаше.
    Аналгин пијам само пред добивање, пак ради болките, а парацетамол кога сум настината.
    Амоксиклав, ампицилин или како и да се викаат овие лекови ги пијам ептен ретко, зошто мислам дека докторката баш и не разбира што треба да ми препише, па за да ме откачи ми препишува ова. Си сакам инјекција иако не сум примила ехеј одамна.
    Е јас имам друг проблем. Прилично сум нервозна, па и брзо се заморувам и потребни ми се апчиња за смирување. Ми препиша докторката некои слаби кои навистина не ми реагираа, па на своја рака си земав дијазепамче. Но, го пијам кога навистина сум нервозна, а тоа еден период беше често. Од 2 мг си преминав на 5 мг, за сега и тие никако да не ме смируваат. Па престанав да ги пијам, зошто гледам нема корист, а за нешто појако мислам дека сум млада.
     
  18. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    зависност од лекови е да ги пијаш и кога не ти требаат,а не како што прочитав кога ве заболи нешто и одма земате таблета.знам јас една личност која е зависна од таблети за болка(painkillers) то ти е многу страшна работа.
     
  19. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Порано исто и јас-веднаш еншто да ме заболи одма апче.
    Кај нас во МКД многу малку луѓето користат природна алтернатива,веднаш одат на хемија.Може дека се поскапи,уствари најверојатно е тоа.
     
  20. dunjucka

    dunjucka Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    8
    трендафилка мене ме интересира каде можам да најдам да не знаеш такви лажни таблети ,случајот со татко ми е психичка болест мисли дека ако испие 10 апчиња на ден ќе биде подобро што нема врска само е зависен ,кажи стварно каде можам да најдам нашиве се ситни бели, тоа ме мачи поздрав