Отворив нова тема бидејќи не најдов ни една слична ,значи вака сега ќе го опишам мојот проблем ,јас сум многу долго време со партнерот и се ни беше супер но во последно време почнав да станувам многу зависна од партнерот ,по цели денови само на него мислам и цело време чекам да ми се јави ,едноставно мојата среќа зависи од него ,доколку раскинеме мојот свет тотално би се срушил ,едноставно сум премногу зависна од него и ако не се гледаме често јас почнувам да се бедирам да мислам дека не ме сака и што уште не ..Што мислите вие за ова како да го надминам?
Ќе ти требаат нешта кои сметаш дека ќе можат да ти го отвлечат малу вниманието, т.е малу да заборавиш на него, дали со друштво да излагаш, дали некоја сосема друга занимација, нормално интересна за тебе. Така и јас бев со првата љубов, и многу ми беше тешко, тој со еден збор не ме фермаше мн мн како јас. И откако отидов на одмор со другарките, имаше многу забава, глупости, тие знаеја каква ми е ситуацијата и ме натераа да појдам, едноставно заботавив дека постои хахахаха па кога се вратив верувај не беше толку силно како што беше. Еден ден два, ќе видиш дека нема ништо ефект, ама со тек на времето престанува таа завист кон партнерот.
Епа вака, на почеток на врската и јас и тој имавме „зависност“ еден кон друг, чисто зошто првиот месец-два од врската и не се гледавме воопшто па после тоа сакавме да „надохнадиме“ и бевме како со лепак залепени. Ако не станевме свесни за тоа и да сакаме да го испрајме немаше да сме сега тука кај шо сме. Мислам колку и да си зависна за него сигурно осеќаш тежина, дека те гуши на еден начин? Ние лично решивме ако излегуваме секој ден да не е тоа по цел ден како шо знаевме претходно, туку да си дајме многу поќе време за себе, него за другарите, мене за другарките и слично. Откако почна на работа нормално му е доста потешко и понапнат распоредот па си дадовме и „слободни денови“, знаејќи не двата си ги викаме „денови за спиење“. И мислам дека од тогаш многу подобро ни оди. Ако ти си свесна дека си зависна од партнерот, земи друштвото, излегувај почесто, дружи се. Гледај да си го одвлекуваш вниманието за да видиш дека ти не зависиш од никој и дека твојата среќа зависи чисто од тебе.
Јас сум зависник од сопругот и не гледам на тоа како на хендикеп. Едноставно ми значи мегово присуство, негово мислење... Не осеќам потреба да го намалам интензитетот на ,,дружењето,, со него, јас вака убаво се осеќам, а чувствувам дека и нему му е убаво, всушност кога ќе размислам - тој ми ,,наметна,, ваква приврзаност. Ако физички не сме еден до друг, тогаш си пишуваме пораки и меилови. Без него ништо не сум почнала пред да чујам што тој мисли за тоа. Се случува тој да мора да патува и тие денови за мене се посебна (па може да се нарече и )траума. Не ми тежи приврзаноста, напротив ми годи.
Проблемот е што тоа јас го гледам како хендикеп и едноставно не би сакала мојата среќа да зависи од никој друг таа зависност ме прави да се осеќам лошо ми тежи на некој начин ,ќе пробам почесто да искачам со другарките да не ми биде он приоритет бидејќи мислам дека е многу лошо да сум зависна од него...
Со тек на време ако врската Ви трае, ќе ,,попушти,, тоаа зависност, ќе биде релаксирана. Зошто да се бедираш и да се осеќаш лошо ако го сакаш неговото присуство ? Ако си среќна така, тогаш уживај во тоа и нека не те замара и не те напнува тоа. А да станеш независна е сосема лесно. Излегувај со другарки на кафиња Кога си дома најди си некоја занимација и не ,,кисни,, на ФБ или на Вајбер или на мобилен со него
@referentka иако воглавно се согласувам со тебе, сепак на нас врскаџиите малце мислам дека ни е подруга ситуацијата. Исто мислам дека сум “зависна“ на некој начин, и страшно сум си лута сама на себе кога е тој на пат да речеме, а јас си тагувам. Мислам, дај, ќе си дојде утре Не ми се искача, не ми се седи дома, ништо не ми се прави. И многу ми е тоа глупаво, бидејќи кога е тука, не ми смета де да си фатам патот сама, ниту тој да си излезе сам. Ама еден ден без асално да си направиме муабет некако - не е тоа тоа Бидејќи летно време повеќе е зафатен мојов со работа, а мојата работа па летно време стивнува, јас си го најдов лекот - запишав фитнес со 2 другарки, а кога не сме на фитнес обично точаци возиме навечер. Не сум кафеџиски тип по кафичи да седам, вака ем време ми поминува, ем не сум до толку во страданија Ама си се лутам сама на себе, бидејќи од толку страдање на крај ќе се скарам (па добро бе, ти освен што работиш правиш ли нешто друго?!) - знам дека не сум во право за лутењево, затоа почнав да си наоѓам летни занимации, инаку ем ми фали, ем кога ќе си дојде лута сум Нит се терам, нит се водам некојпат
Јас сметам дека не е здрава толкава приврзаност. До степен каде што мислиш дека ако те остави ќе умреш и да не можеш да функционираш ако тој не е тука. Ова е мое мислење, можеби јас имам таков карактер. Го сакам дечко ми најмногу, и сакам да поминувам време со него ама некогаш ми треба мое време. За мене, за роднините, за кучето, за другарките. И во тие моменти не ми недостига. Си пишиме, се слушаме ама да не можам да си поминувам убаво со други луѓе од тоа што ми недостигаааа...Ту мач ми е. На почетокот можеби и беше така, заљубени изгубени па нон стоп ни се сакаше заедно. Ама сега ми е нормално како што треба да биди според мене. Не би сакала да го изгубам, ама сум свесна дека ако го изгубам и ако се разделиме ќе преживеам и ќе бидам океј евентуално. Какви не бракови се распаѓаат, какви не врски долгогодишни. Никогаш не можеш да знаеш што носи животот и добро е да си бидеш своја личност и да знаеш дека на себе ќе можеш секогаш да се потприш. Можеби и зависи од карактер.
Па да речам ете дека сум зависна. Прво го гледам како партнер, па после тоа како другар, брат... Ако не се видиме еден ден , мене ми е безвезе денот. Сепак и сама кога сум , никогаш не ми е досадно, ама со него сум 100% исполнета. Паметам на времето колеги ми викаа демек сега киснеш по 3 часа на моб, после ќе се слушате само за договарање. Како поминуваа години , ништо не се смени. Едноставно знам дека он ме разбира повеќе од било кој ( како домашниве) па можам да му се "издишам" за се што ми тежи. За обврски исто така, било мои било негови , си помагаме взаемно. Далеку од тоа дека сама не можам да се снајдам, ама кога имам помош и поддршка , резултатите се многу подобри. @s1a1n1d1r1a1 далеку од тоа дека ако недај Боже раскинам ќе ми потоне светот , така било и со претходниот па еве жива сум
Mene prijatelka gledajki ne kako funkcionirame mi ima receno deka taa nemoze taka i nesaka taka. Nemozela da dise. Duri i mi ima receno nesto koe i go pamtam..deka ako nedaj Boze go snema eden den,za kade sum..
пријателка? Уште така ја викаш? Не можат сите да сфатат , едноставно сите различно функционираме. Знам пар кој секој ден се со друштво , не знам кога уживаат сами . Ние сме спротивно , ок дружба неколку пати во месецот , ама претежно гледаме сами да сме си , нас тоа не исполнува.
Немојте никогаш домашните да ги ставате во ист ранг со дечковците, а посебно не да кажете дечко ми ме разбира повеќе од домашните. Љубовта на дечкото е условна и зависи од многу фактори , додека љубовта на родителите е безусловна. Дечкото утре може да се заљуби во друга и да ве остави како изкористена крпа, ако направите нешто што не му се допага или само ако се посомнева може да ве остави и заборави како да не сте ни постоеле, ама родителите секогаш ќе ве сакаат и прифатат па таман да сте и најголемиот олош на светот. Родителот никогаш нема да го сака тугото дете повеке од вас, додека дечкото може да полета по првата о*оспи*а само затоа што е позгодна од вас.. Само сетете се колку дечковци сте имале и за сите сте мислеле дека е тој вистинскиот, дека ве разбира повеке од секој друг а не сте се ни разбудиле едно утро крај него не ве видел без шминка, не ни знае како мирисате кога сте испотени од умор..... Запрашајте се да недај боже ви се деси нешто, ќе ве сака ли таква каква што сте? Едн обична депшресија да ве фати ќе побегне од вас а камо ли нешто посериозно, ама родителите ќе бидат со вас се додека нвното срце чука и не би ве оставиленикога, па макар по цена на ниниот живт. Не забораајте, дечко мож да ви биде секој, ама родители се само едни какви год да се и кави год да сте вие таа врска и таа љубов е нераскинлива. Сега кога ги имате ви се чини дека ви пречат, не ве разбираат, ве тормозат... а недај боже да ги немате ќе посакате сам за миг да можете да ги гушнете или да се исплачете на нивното рамо. Дечкото е партнер со кој одиш во текот на целиот или во дел од животот, ама родителите се оние кои вечно ќе ве носат и ќе ги носите во срцето. Зошт кога ви е тешко вечите леле мајко а не леле дечко мој? Простете на изразот ама зависноста од друга личност говори за вашата не зрелост и потреба да некој ве води во животот Колку лугето се посамосвесни и самостојни толку нивната зависност од партнерот е помала.
Струмче ако е за мене, погрешно си ме сфатила. Во исти ранг ми се. Оф мори мајко е узречица Зашо кога раѓаат жени го пцујат мажот ? Мајка е нешто свето , мисслам било кој родител. Ама од маж до маж има разлика. Исто како од жена до жена. Еден ден (да се здрави и живи родителите) кога ќе остарат , ги нема. Партнерот е замена на некој начин. Не за џабе рекле во добро и зло. Е сеа што има машки стоки неизживеани, имало и ќе има. Мојов не го сметаам за еден од нив, ама пак рекoв погоре , свашта се дешава. Ја имам цел живот со една иста тактика: он со мене добар , ја дупло подобра и обратно Епа сеа ако има памет , ќе знае што прави. Бар до сега е умен
@Strumka22 Зошто воопшто се споредуваат две нешта кои не се исти? Едно е родителите, сосема трето партнерот. На секој искуството е различно, ама зошто велиш на партнерот условна била љубовта, а на родителите безусловна? Како прво каква е таа љубов ако те условува и те кочи? Тоа не е љубов. Второ, не сите родители се исти. Ако те спречуваат да бидеш среќна или да си ги следиш соништата, само за да си до нив, тоа безусловно ли е? И искрено, темата е сосема различна, не мешајте ни баби ни жаби ни орангутани Да не продолжува дискусијата во трет правец.
@Petra777 Боже Петра па ти тотално погрешно размислуваш, како може дечкото или мажот да биде замена за родителите? Исто ме чуди зошто правиш деградација на таткото? Таткото и мајката треба да имаат исто место, додека партнерот десетина места па тој. За да можеш да кажеш во добро и зло треба да поминеш барем 20 години брак. Мажот или дечкото можеш да го оставиш по патот на животот ама родителите не. Зошто има толку многу разводи а сите го кажале она и во добро и во зло? А колку има родители кои се откажале од своите деца, па макар тие биле ку*ви, наркомани, пропалици најтешки.... Дај боже да не се смени тоа твое чувство кон дечко ти, ама немој моменталното чувство кое не е ни од алеку она кое ке биде по пар години бра да го ставаш во ист ранг на родителите. @Summerlover Јас само искоментирав споредба која веќе беше направена погоре.
Мене таа зависност од партнер ме асоцира на гушење, неможност да функционираш без него, постојана комуникација, знаеш точно во моментот што прави, каде е, со кого, буквално светот го сведуваш на една личност... Губиш пријатели и чувство за надворешен свет, епа тоа не е љубов во никој случај, тоа е кафез, живот во четири ѕида. Љубовта е слобода
Јас повеќе би го нарекла гнездо , ако ми текне ќе си летнам 2,3 часа , па и ден,два,три и ќе си го поминам со пријателите кога ми душа сака. Со компромис и разбирање , нема простор од гушење.
Бев зависна од маж ми една година(финансиски) требаше секој долар да го објаснам.. Многу е подобро вака кога сама си работам и не давам репорт на никого кај трошам и колку. Таа зависност ме нервира а иначе зависност од него ее да зависна сум, неможам да 3амислам ден или ноќ без него.