1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зависност од храна

Дискусија во 'Психологија' започната од Lana98, 18 април 2021.

  1. Lana98

    Lana98 Нов член

    Се зачлени на:
    18 април 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Здраво. Се зачленив на форумот само за да пишувам јавно за мојот проблем кој го имам веќе подолго време.
    Имам 85 кг, висока сум 1.60. Се започна пред 5 години. Морам да признаам од секогаш сум имала голем апетит и сум јадела многу, но се до тогаш тоа не ми влијаеше многу на килажата. Ми варираше околу 62-65 како кога, но од 65 немав отидено нагоре никогаш.
    Потоа ми се случија некои непредлидливи и лоши работи и иако не е оправдание јас најдов утеха во храната. Почнав да јадам премногу. Покрај редовните оброци во меѓувреме грицкав чипсови, смоки, грисини, сувомеснати. Со тек на време станав зависна од брза храна. Јадев се што не треба и се што не е здраво.
    Не сум обожавател на благо, можам и без него но мрсна, солена храна, тостови, пици, чипс јадев многу. И во рок од 3 месеци успеав да кажам нешто повеќе од 10 кг. И цели 4 години одприлика стоев на килажа од 75. Пробував разни диети, откажување од храна, гладување и таман ќе симнам 2/3 кг пак ќе почнам со јадење и цело време така во круг, симни накачи.
    Лани после нова година пак имав лоши ситуации и моменти и пак истата приказна, карантинот ме дотепа и успеав да стигнам до 85 кг.
    Знам дека нема оправдание за ова, мое невниание е.
    Темата ја ставив во психологија зошто се чуствувам ужасно, депресивно и лошо. Се срамам од самата себеси кога ќе се погледнам во огледалото, едноставно не се препознвам.
    3 месеци не сум излегла никаде, 90% од облеката ми е тесна ништо не ме собира. Друштвото ми се смее и ми зборува зад грб.Дечко ми ме избегнува, предходно имавме секс секој втор ден сега еднаш во десет дена. Директно не ми има речено ништо но свесна сум колку не сум му привлечна веќе.
    Моите родинини, родители, другарки сите ми зборуваат на што личам дека треба да ослабам. И таман ќе почнам некоја диета, тотална демотивација сите ме зафракаваат, демотивираат дека залудно се мачам дека нема да успеам.
    Исто така имам проблем со столицата, ретко одам во веце, издувана сум.
    Свесна сум за проблемот што го имам и знам дека е до мене ми фали само малку решителност и поддршка за да успеам. Кога јадењето би ми било сведено на 3 помали здрави оброци и малку физичка активност сигурна сум дека за 3 месеци би ги симнала тие 10 кг, понатаму со регулирана исхрана можеби уште 5.
    Немам во реалниот живот со кого да збрувам зошто сум свесна дека никој не ме разбира, само ме демотивираат и исмејуваат зад грб.
    Ми требаат идеи за здрави оброци и ужини. За некои вежби. За здрави ужинки. Ми треба поддршка и неколку совети, знам дека ќе успеам само сакам некој да ме разбере и поддржи.
    Почнав д читам многу на интернет околу мојот проблем и некои од советите да ги применувм. Сокови не пијам никакви, 15 минути пред и по оброците не пијам вода. Овошје јадам до пладне. Се трудам да станувам рано и до 12 да сум во кревет, така би избегнувала прејадување пред спиење.
    Ве молам пишете ми некои идеи за здрави оброци кои заситуваат и за некои вежби да почнам да вежбам. Нее сакам да држам диети, сакам да почнам барем малку поздраво да се хранам.
     
    Последна измена: 18 април 2021
    На RockNroLLGirL, MarijaMi90, Guns N` Roses и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    19.377
    Ќе бидам кратка.

    Во неделата ќе вежбаш секое утро од 4-6 пати (30-60 минути).
    Доручеците ќе ти бидат базирани или на свежо овошје или на овесни каши со вода/нискомаслено млеко.
    Ручекот манџички и салати без леб.
    Месо (пилешки, мисиркин стек, туна) ќе јадеш еднаш неделно.
    Вечерата или ќе ја избегнуваш или ќе јадаш сирова салата без масло оцет и сол.
    3 L вода ќе пиеш секој ден, минимум два часа после секој оброк.
    Бистра супа без фиде домашно приготвена исто секој ден.
    Јаткасти плодови (бадеми, лешници, ореви) не повеќе од една шака на ден.
    Банана или јаболко како ужинка во денот - не повеќе од 1x.

    Со вакво темпо за 3-4 недели ќе ги видиш првите резултати. :)
    Сума сумарум - здрава храна, калориска рестрикција минус леб даваат одлични резултати.

    Совет плус: Паралелно обавезно вклучи спанаќ, марула и цвекло меѓу салатите, особено ако имаш проблем со ниско железо или бавен метаболизам.

    Детокс ден само на вода и чаеви без шеќери ќе држиш еднаш - два пати во неделата (ако можеш да издржиш), бидејќи тука најмногу се топиш и губиш на килажа (се губи водата која ја задржува организмот).

    Тоа е тоа. Слабеењето не е нуклеарна физика.

    Со среќа. :f:
     
    Последна измена: 18 април 2021
    На SkarletOHara, riba79, wildpunk и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    7.194
    Допаѓања:
    106.324
    Уште со камшик фалеше да замавниш на крај.
    Ако не вежбала до сега, нема да почне да вежба 30 до 60 минути 4 до 6 пати неделно. Не е на коњска трка, се почнува полека и умерено. Салати без сол, оцет и масло, зошто? Не се спрема за операција. Се прејадувала претходно, темата е зависност од храна и на тоа треба да е фокусот, не како најбрзо да изгуби килажа.
    @Lana98 Имаш многу теми на форумот за диети и морална поддршка за сите што сакаат да ослабнат. Ќе најдеш се што те интересира.
    Ако сакаш да збориш за психолошки проблем, биди поспецифична зошто, како и кога се прејадуваш па може ќе се јават личности што минале низ истото.
     
    На RockNroLLGirL, GoodGirl45, SkarletOHara и 20 други им се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.392
    Допаѓања:
    19.118
    Битно е да имаш мотив и цел и силно да се стремиш кон истиот. Ако сакаш сето ова да го постигнеш само за да бидеш ,,поубава" во очите на другите, не се ни обидувај. Треба да сакаш, ама вистински да сакаш целосно да го смениш начинот на живот. Убаво е да спортуваш, но и не мора за да почнеш со губење на килограми. Може да почнеш со УН диета, особено прв пат ако ја држиш, голема веројатноста да изгубиш доста килограми. Но, мора да се посветиш, еден месец ако не видиш резултати, не значи дека нема полека да се намалуваат. Треба трпение, решителност, а резултатите сами ќе си дојдат. Всушност колку помалку килограми намалуваш месечно, така поздраво ќе ги намалиш.
    Столицата не ти е регулирана, затоа што се исхрануваш со џанк храна. Кога ќе почнеш влакна да внесуваш, веднаш ќе почне да се стабилизира.
    Јас кога почнав да слабеам, три месеци немав никакви резултати, но не се откажав, после почнав нагло да се топам. Ама благо, продукти од брашно, не видов, ретко ретко некогаш ќе се почастам. Ама и со тек на време ќе почне и да не чувствуваш потреба за истите. Едноставно љубовта ќе ја насочиш према поздравите алтернативи.
    Проблемот со здравата исхрана е што, почетниците си велат што ќе јадам сега. А кога ќе почнеш сам да си готвиш, да си смислуваш рецепти, на пазарот ќе видиш милион продукти кои може да ги внесуваш без да се грижиш за последици.
    Всушност со здравата исхрана, не само што ќе постигнеш здрава тежина, кожата целосно ќе се трансформира, имунитетот ќе биде целосно зајакнат, а ти ќе имаш поголема самодоверба.
    Најди го мотивот, таму се крие тајната за успехот. И секако, не се откажувај, полека но сигурно ќе си дојдат резултатите. Плус, сега полека се стоплува, почни да возиш велосипед на долги стази, нека ти биде главно превозно средство.
     
    На Ariel, Biljarkata и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    1.522
    Допаѓања:
    6.071
    Пол:
    Женски
    Јас сум личност со вишок килограми целиот живот, најпрво што ќе ти кажам е да не се преоптоваруваш со физичкиот изглед, второ дека доколку сакаш можеш да ги намалиш килограмите, знам и по мене дека лесно е да се пише ова, ама мотивацијата и издржливоста се многу тешка работа и кратко не држат.

    Јас конкретно сум немала проблем со прејадување и не сум била зависна никогаш од храна, ама уште во тинејџерските години почнав да се хранам нездраво (не обилно, ама нездраво). Сега се трудам се што ми е нездрава навика да исфрлам. Еве моментално имам само 2 оброка, појадок и ручек, никогаш во животот не сум вечерала. Сите се имаат чудено па еве сега и мм како толку малку јадам, а сум крупна и со толку голема килажа, ама јас пијам многу газирани пијалоци сокови и енергетски, благо скоро и да не јадам па сега планирам тоа да исфрлам од секојдневието.
    И мене ми фали мотивација и желба.
     
    На Lana98 и JustBeautiful им се допаѓа ова.
  6. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.070
    Пол:
    Женски
    Јас би ти кажала прво, да направиш чистка од луѓето кои те демотивираат и не ти даваат поддршка. Во животот секој има тешки моменти и не секој добро ги поднесува, ете ти утехата ја најде во храната, но тоа не е причина некој да те избегнува и да ти зборува зад грб. Второ што е многу битно е тоа дека ти си свесна и си решена да се промениш, без тоа се е џабе. Супер се работите што почна да ги применуваш, мој совет ти е физичка активност, не само што ќе влиае на килажата, ќе ти влиае и на психичката состојба бидејќи цела негативна енергија ќе ја исфрлиш со вежбање. Бидејќи не си вежбала до сега, ќе почниш со лесни вежби до 30 минути, на пример пилатес, пешачење и сл. Во текот на денот ќе гледам да ти пратам некои линкови за вежби за почетници. Во врска со исхраната НАЈВАЖНО исфрли секаков вид на брза храна, газирани пијалоци, енергетски, чипсови, поховано, пржено, бело брашно и шеќери. Денот почни го со пола литар млака вода со цеден лимон, овесна каша со аронија, малинки, банана, јатки, црн леб со намаз од хумус, јогурт или млеко со ниска масленост,варено јајце,марулка,патлиџан, краставица било која комбинација само да е здраво. Ручекот може да ти се состои од салата со стек варен или печен, салата со телешко печено или динстано, чорба посна или со месо но без запршка, леќа, грав,грашок,домашна супа од морков,брокула со една кришка црн леб или двопек, вечерата гледај да ја исфрлиш со текот на времето, ако не можеш одма вечерај салата од марулка и краставица или чаша јогурт со ленено семе. Семиња внесувај многу на утро во овесна каша, во салати со се што сакаш,ленено,чиа,сончоглед, семки од тиква, сусам. Во една тегла направи си микс од сите и ставај си врз салати, овесни каши,јогурт. Вода внесувај 2 до 3 литри на ден.
    За вежабњето барај на јутуб видеа:
    Workout for beginners
    Indoor step workout
    Low impact workout
    No jumping low impact cardio
    Full body low impact workout
    Можеш да си комбинираш low impact cardio and arms workout, no equipment but workout for beginners, low impact cardio and abs, full body pilates.
    Гледај само за почеток да не надминуваш 30 минути и слушај си го телото, што не значи при првата тежина од вежбањето да се откажиш ама ако гледаш дека ептен не можиш или осеќаш некоја болка јака во колена или некој друг дел намалувај со интензитет, со текот на времето телото само ќе ти кажи дали да го зголемиш времето или да правиш потешки вежби ама барем 1 месец терај вака. Вежбај барем 5 пати неделно и обавезно растегнувај се. пред и по вежбање, во деновите кога одмараш прави само растегнување. Mobility strech workout, full body strech. Пешачи колку можиш и покрај вежбањето. И најбитно од се мисли позитивно и не обрнувај внимание на лоши коментари и луѓе. Тие што те кочат во напредокот исфрли ги или игнорирај ги. Гледај филмови и серии што ти го креваат расположението и читај книги. Јади овошје на утро или до пладне и исто на утро можеш по една лажица мед со таан и семе до коприва тоа ќе ти даде многу енергија.
    Со среќа од мене и од сите тука знај дека имаш најголема поддршка и сигурно ќе успееш :l::l::l:
     
    На Lana98, christinnn, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. нина122

    нина122 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    1.400
    Допаѓања:
    3.487
    Пол:
    Женски
    Поработи прво на самодовербата. Не може обични трачеви да те вознемируваат толку, и ти да паѓаш во депресија поради нив. Почни да читаш книги за мотивација, регулирај ја исхраната, знам каква е таа зависност од чипс, но јас секогаш се водам по тоа дека во маркет ако не поминам покрај рафтот со чипс нема да купам чипс, и после тоа станува навика. Навиките играат голема улога тука, прво нека ти се крене самодовербата, да бидеш мотивирана па регулирај ја исхраната и секако важно е да имаш физичка активност, било каква, пример не фаќај автобус туку оди пешки, ако имаш можност вози велосипед наместо да користиш кола, поминувај повеќе време во природа бидејќи тоа ќе ти даде дополнителна енергија која и те како ти е потребна.
     
  8. Hacon

    Hacon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Машки
    Прави по 20 стомачни и склекови секој ден, и со тек на време зголемувај ги вежбите.
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.709
    Допаѓања:
    59.949
    Со должна почит до сите вас во темата, ама апсолутно немате поим како е да си ги „јадеш“ емоциите. :)

    Советиве што ги давате... да, примени ги ако сакаш следната година ова време да бидеш 20 килограми плус, уште подепресивна, уште подоле од дното. :doh:

    Прво и најважно, доколку бинџаш храна при моменти на стрес, ти не јадеш затоа што си гладна, лоша личност, мрзелива, глупа... јадеш затоа што така се справуваш со емоциите. Следствено, значи дека за да го решиш проблемот на долгорочни патеки, треба да ги решиш емоциите и начинот на којшто се справуваш со нив.

    Тука можам да ти дадам некои совети но... јас би те охрабрила да побараш стручна помош. Не само што ќе го решиш проблемот, туку и ќе добиеш сила да ги „одебеш“ сите што те тераат да се чувствуваш како гомно, а со тоа и да бинџаш. :)

    Второ и според мене доста важно, ншто и да правиш, никако, ама никако немој да имаш „дозволена“ и „забранета“ храна. За луѓето што бинџаат, нема поголем тригер од тоа да имаш листа на „лоша“ или „забранета“ храна. Затоа што во прв момент на криза, верувај дека нема да можеш да одолееш. Не затоа што си слаб карактер туку затоа што така функционира човечкиот мозок.

    Дај си дозвола да јадеш сѐ... и ќе видиш дека 90% од времето ќе јадеш сосема океј.

    Моја најтопла препорака за концептот на исхрана т.н intuitive eating за прво да ја излечиш врската со храната, а потоа можеш да јадеш сѐ (во одредени количини, нормално) и да слабееш благодарение на калориски дефицит. Само тоа ти треба, не ти треба ништо друго. Види прочитај што е MyFitnessPal и како се бројат macros... се надевам знаеш англиски, доколку не, можам да ти пратам нешто на српски.

    Секако, ова налага едукација, едукација, едукација. Ние можеме да ти кажеме што да јадеш (очигледно, секој има различно нешто што му одговара) но ти сама треба да увидиш што најдобро ти пасува. За мене, тоа е храна со малку јагленихидрати, многу зеленчук, многу протеини и масти. Ама јас не сум ти и ти не си јас. :)

    Затоа... ќе си седнеш и ќе читаш. Ќе учиш за како да си помогнеш сама.

    Исто така, доколку никогаш претходно не си вежбала, наглото воведување на вежбање ќе трае само додека те држи мотивацијата. Да не зборувам што ќе се случи со хормонот за глад кога ќе воведе наеднаш калориски дефицит и вежбање... ќе добие уау резултат 3-4 недели, а потоа телото ќе ја фрли во гладување mode и ќе престане да губи килажа, а ќе биде гладна цело време. Не ти треба тој луксуз... и тоа разочарување :)

    Затоа... почни нешто лабаво. Колку е помала промената што ќе ја воведеш, толку подолго ќе трае. Snowball effect ти треба, не ти треба лавина. Број чекори - еве, секој ден неделава изоди по 5-6 илјади чекори. Мислам тоа можеш, нели? :)

    На луѓето што се борат со прејадување не им треба дополнителна строгост и Гестапо принцип. Не им треба некој да им каже дека се слабаци, дека немаат самоконтрола, дисциплина....

    Им треба емпатија, поддршка и охрабрување и кога ќе се одлучат да го преземат и најмалиот чекор.

    Имаш стопроцентна поддршка од мене затоа што безброј пати сум се нашла, се наоѓам и ќе се наоѓам во таа ситуација. Сфати дека за луѓето како нас, прејадувањето и качувањето на килажа не е аларм дека не сме доволно дисциплинирани туку аларм дека нешто подлабоко се случува... и ние треба да слушаме и да најдеме што е тоа.

    Фокусирај се на зошто-то прво, а како-то е лесно. :)

    Ти посакувам среќа :f:
     
    На RockNroLLGirL, GoodGirl45, SkarletOHara и 22 други им се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.295
    Допаѓања:
    8.681
    Пол:
    Женски
    Луѓе, самата девојка ја стави темата во психологија, која е причината да и давате совети за вежбање и исхрана?

    И самата си кажа дека порано немала проблем со килажа, туку станало проблем како последица на емоционално јадење.

    Освен се што пишува во постот над мене, јас би ти дала совет да приметиш и разграничиш кога се чувствуваш лошо и да се обидеш да најдеш друга занимација, дали просто тоа ќе биде слушање на одлична музика, само нешто што ќе те орасположи на некој начин или ќе ти ги тргне мислите од храна. Ама, доколку сепак на крајот се случи да бинџаш, не се чувствувај криво, просто продолжи си нормално со денот и со исхраната. Не е до дисциплината, нема потреба да се чувствуваш лошо и криво.

    И те молам купи нова облека што ти се фаќа и излези надвор. Не вреди да не го искористиш убавото време што доаѓа само заради туѓи мислења. ;)
     
    На Amellie13 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    19.377
    Затоа што е очигледена причината, нема некоја длабока философија. :)
    Пиша дека се наоѓа во токсична околина и дечко од кој моментално не е физички посакана и привлечена како кога имала помалку килограми.

    Советите кои и ги дадов(ме) го таргетираат решението.
    Здравата исхрана и спортот се секогаш решение на проблеми од ваков тип.
    За тоа време што она ќе го троши дур разговара со психолог и го бараат коренот на проблемот кој е делумно очигледен, веќе би изгубила - 5 килограми и би се чувствувала многу подобро во своја кожа.

    Впрочем и сама побара tips&tricks како што може да забележиш.
     
    Последна измена: 21 април 2021
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.295
    Допаѓања:
    8.681
    Пол:
    Женски
    Срцка, ти на девојка која емотивно прејадува и рече да биде само на вода два пати неделно. Не само што нема да издржи, него тродупло ќе прејаде. Подалеку не можеше да стрелаш.

    И после ќе има лош ден и пак ќе прејаде и после ќе има цела лоша недела и пак ќе се прејадува и ќе ги врати кг и пак ќе биде во циклус. И каков е тој начин на живеење? Цел живот ли два дена неделно да не јаде?
     
    На smile:), Oxymoron, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    19.377
    Океј, и што според тебе e решението?

    Wow. Дека досега не и текнало идентичен copying mechanism... :drunk:
     
  14. MissChievous

    MissChievous Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    10.351
    Пол:
    Женски
    Како и со секоја завист и негативна навика, треба многу силно да се поврзеш со себе си и да дојдеш до момент на неколеблива реализација дека тоа што го правиш ти штети, а само ти си таа што можеш во истиот момент да престанеш и да започнеш да живееш така како што сакаш. Тешко е да се дојде до тој момент, но кога вистински ќе дојде, толку јако ќе те мавне што во една секунда "ќе ти помине животот пред очи", односно тоа што си го правела (а не ти се допаѓа) и ќе сфатиш дека си подобра од сето тоа. Треба да имаш самосвест дека си подобра од (во твојов случај) храната, од тој силен порив. Ти (треба да) го контролираш поривот, а не тој тебе.
     
  15. girl.09

    girl.09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    52
    Јас од лично искуство можам да ти кажам дека повеќето од коментариве на другите феминки мене не би ми помогнале кога јас го имав овој проблем, сето ова е точно што ти пишале здравс исхрана и вежбање, но, ти си како што кажуваш во депресија и плус си пробувала до сега со диети и да си изгладнуваш и не успевало. Јас имав пред 2 год 78 кила ете така ради други проблеми си наоѓав утеха во храната, иако оброците ми беа обемни и мрсни јас јадев и меѓу оброци, стигнав до 78 кила, уште што не почнав да се тркалам, така се чувствував претешко, пешачењето со другарките ми беше мака, јас си бев тешка на својата ‘снага’. Решение најдов во тоа што не си скратив од храната која што ме правеше среќна, ако јадев салата бидејки било здраво за да ослабам мене уште толку ‘ме маваа’ депресии. Си јадев се од бурек и хамбургер до торта и палачинки, ама упола, ако сум јадела 1/4 бурек тогаш јадев 1/8, верувај ми нема да си гладна после тоа, доволно е за телото, и две чаши вода после оброк и спремна си. Почнав со 3 серии од по 1 минута планк секое сабајле, после една недела додадов по 10 стомачни, склекови и вежби за раце со шише, наредната недела исто вежби по 15, и така ќе видиш како ти одговара на телото, исто така почнав точак да возам до работа.
    И најбитно, бидејки имаш такво опкружување (имав и јас) не им кажувај зашто јадеш пола хамургер, кажи немам апетит а не дека работиш на одвикнување, вистина е голема демотивација.
     
    На Ariel и La-loca им се допаѓа ова.
  16. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.517
    Како некој што има поминато низ истото можам да кажам дека целосно се согласувам со @Doozy.
    Сите знаеме што е помалку или повеке калорично, диети има милион ама строги рестрикции во исхраната и вежбањето во ваква ситуација само ја влошува ситуацијата. Добра идеја е да се консултираш со психолог или самата да пробаш да разбереш точно кои емоции те водат кон прејадување.
    Одбери физичка активност што ја сакаш а не нешто што ке го гледаш како мачење и казна. Пример јас ретко имам желба да вежбам дома, ама затоа уживам во пешачење, планинарење, јога... Не знам дали би се пронашла во активност како јога ама мислам дека може да ти помогне во процесот. Години поминав во опседување со исхраната, со тоа што јас претежно јадев благо, прејадување па гладување и мн добро ми е познат тој круг. Кога престанав да се оптеретувам и се фокусирав на баланс во јадењето и физичката активност, ми се нормализира односот кон храната и го изгубив пополека вишокот килограми.
    Среќно и биди добра спрема себеси :l:
     
    На SkarletOHara, cresa-jagoda, Celltica и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    19.377
    Зад прејадувањето честопати не стои психолошки проблем.
    Со исклучок на девојката која го пишала постот.

    Постојат и дебели луѓе кои едноставно сакаат хедонистички да си удоволуваат со прекумерна исхрана, затоа што така се чувствуваат заситени и среќни. Меѓу нив има и бавни метаболитичари. Плус, калоричната храна е вкусна. Исто не значи дека ако си дебел по дифолт си нездрав.

    Како и да е, не елаборирајте со deep thoughts, и не го over-think(нувајте) процесот, зошто тешењето нема да ви помогне да ослабите. Од искуство. :)
     
    Последна измена: 21 април 2021
  18. Biljarkata

    Biljarkata Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    9.746
    Допаѓања:
    92.091
    Како бе не постои психолошка позадина? Не си чула за прејадување или јадење од нервоза? Или за indulgence food ( не знам како да го преведам:$)
    Настрана адитивите во брзата храна кои те тераат да јадеш и не ти даваат чувство на заситеност. Еднаш да изедам еден чиз од Мек, за пола саат пак сум гладна.
    Не дека се прејадувам, ама сум имала фаза во животот кога баш од нервоза и неможност да правам друго, сум јадела без ред и мера. Среќа, фазата завршила, ама ако не завршува веќе влегуваш во маѓепсан круг.:(
     
    На Annath, smile:), theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    16.158
    Јас се согласувам со тебе за се што си пишала , ама членката сама пиша најдов утеха во храната. Затоа мислам и @Doozy дека е во право за конкретнава членка.
    Се согласувам јас со ова што си пишала, не секој случај на прејадување е со психолошка позадина, ама мислам дека конкретно со членкава не е баш чист хедонизам од причина што сама пишала утеха најдов во храна.
    Е сега тешко дека на форумов може да знаеме со сигурност дали иницијалната причина е сеуште присутна или можеби прикриена, ама тоа што го опиша членката баш делува како да е од оние кои врз база на психолошка позадина направила лош однос со храна.

    Настрана од тоа, лично сметам дека преку ноќ тешко ќе се изгради повторно добар однос со храната, лично за мене со оглед дека сакам храна и уживам во неа успешно за да се не дебелеам беше да јадам многууу ретко надвор, да планирам оброци и да експериментирам со храна така што некои "нездрави" оброци ги променив во поздрава варијанта. Се откажав сосема од некои начини на припрема или јадење на прекалорични нешта, пример место да јадам помфрит ќе направам печен крцкав компир. Правам сама грицки или јадам јатки и слично. Правам варијанти на колачи со урма или мед место шеќер и слично.

    Дали тоа ќе и помогне на членката не знам, но ете тоа е моето искуство, можеби ќе помогне на некој друг, ако не неа.

    Едит: Мислењево може да е хаос, 100 нешта ме прекинаа дури пишував :D
     
    На cresa-jagoda и Doozy им се допаѓа ова.
  20. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    19.377
    Дечки, пишав горе: со исклучок на членката.

    Сфаќам дека е психолошки фактор кај неа. Ама не е кај сите. Не јадат сите од нервоза, затоа што се емотивно празни и слично. Некои јадат затоа што им е вкусно, и затоа што таа активност ги прави среќни. Е, сега последиците што се дебелина, па отпосле преминува во психолошки проблем е веќе друго.

    Како и да е, она мора да се натера себе, да смогне сили и волја за да ослаби, зошто на крајот од денот како год да вртиме ќе треба да ги примени менијата кои и ги напишавме во прилог, зошто само конкретен режим ќе ја ослаби. :)

    На тој начин, точно едека не ја лечи причината, туку последицата. Ама бар тоа и дава гориво и самодоверба за потоа да ги реши останатите проблеми - да ги откачи токсичниве луѓе од животот, на чело со другарките кои и се потсмеваат прозивајќи ја дебела...

    Секако, повторно под претпоставка дека последново е објективно така... Дека не е провизорен резултат на нејзината намалена самодоверба.
     
    Последна измена: 21 април 2021
    На Celltica и Fallen.Angel им се допаѓа ова.