1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зависност од храна

Дискусија во 'Психологија' започната од Lana98, 18 април 2021.

  1. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Моја блиска роднина е во слична ситуација. Решителност треба. Јас се здебелив повеќе од 20кг во бременост и еве после 10 месеци ги нема тие килограми, но долг и тежок процес е. Освен решителност мора и издржливост. И јас не можам да одолеам на некои нешта но затоа си ставам рестрикции. Кога гледам тестенини и кифлички ставам во чинијата многу, баш колку што сакам да изедам и потоа го делам тоа на пола и се свестувам. Дома не купувам ништо од грицки, сокови и благо. Броеви од пицерии и сендвичари ќе заборавиш. Ќе научиш на друг начин да се справуваш со емоциите. Мојата роднина почна да јаде просо кога ќе почувствуваше дека има потреба да јаде претерано без да е навистина гладна и потоа и се згадува од секаква храна.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    848
    Пол:
    Женски
    Има многу кои се гурмани, кои сакаат да пробаат од се, кои уживаат во храната. Ама имаат граница во количината.

    Без исклучок, кај сите има некоја психолошка позадина. Не знам стручно какви емотивни состојби се постојат и кој каков случај е, но позадина постои.

    И сама кажа некои јадат затоа што ги прави среќни. Прашање е зошто им е потрбна храна за да се чувствуваат подобро/среќно.
     
    На SkarletOHara, Ariel и Doozy им се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.405
    Пол:
    Женски
    @Lana98
    Душо, тебе мислам дека пред сѐ ти треба помош од психолог. Прво пробај да го средиш менталното здравје, па потоа физичкото. Јас сум отприлика колку тебе висока и моментално имам малку повеќе од тоа килограми, ама веќе сум во процес на слабеење, значи имав повеќе и уште сум далеку од целта.
    Мака мачам цел живот со вишок килограми, уште од тинејџерка сум била 20+кг со вишок, милион диети испробани џабе. Ќе ти речам да го послушаш советот на @Doozy во врска со исхраната или евентуално да се обратиш на нутриционист за да ти помогне како да си ги организираш оброците, со калориите, каква храна кога да јадиш, и сл. Најбитно е да не си забрануваш целосно одредена храна, бидејќи кога ќе си во криза многу лесно ќе падниш во искушение. Пример, јади пица/тост/хамбургер/чоколада еднаш на две недели, воопшто нема да ти влијае на резултатите. За физичка активност ако не си имала најдобро почни со пешачење едноставно.
    Какви се тие другарки и дечко што во вакви моменти ти прават уште потешко да ти е? Сите да ги баталиш и да си се посветиш на себе. Ќе најдиш луѓе што те поддржуваат и во добро и во лошо.
    Ти посакувам сѐ најдобро. :hug:
     
    На SkarletOHara, Ariel, mode-kristina и 3 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    Сосема те разбирам. Од еден бинџер кон друг. Патот е тежок. За почеток гледај ова видео на Миешл и Мишел генерално гледај ја одлична е:

    Та е бинџер, а сега фитнес тренер и има убај типс за како "се среди". Та практикува броење калории ама не ригорозно туку една недела јадела нормално и забележала колку јади. Постепено намалвала на калории да "не сети". Нема лоши јадења ама почна постепено да се храни поздраво пошто така ќе јади поголема количина храна ( не знам колку си запознаена со нутриционизам, ама ќе оратиш макрос и ќе гледаш со тек на време за 300 калории пример да внесиш поќе волумен, место нешто брзо и калорично шо е колку шака, ќе јадиш две полни чинии храна за истото).

    Се шо е ригорозно трај кратко. Знам по себе. Неколку дена бев на 1к калории за денес да јадам чоколадо и да плачам оти сум слабак и гнасна па да се думам колку прсти да пикнам. Психички е. Колку поќе се изгладнуваш - дупло поќе бинџаш покасно. Најдобро е да одиш на терапија, то комбинирано со нутриционист ако имаш можност. Ако не, обиди се како шо напрај Мишел. Се бодрам да пробам денојве ама ми се чини како кузнај колку време ќе потрошам, а време трошам со турни- сопни. Знај дека ако не јадиш одреден број на сати - ќе сакаш да нахнадиш после. Ако се лишиш целосно од нешто шо многу го сакаш, си се осудила дека ќе се сопниш од старт. Ако неќиш да јадиш шеќер пример, и касниш, продолжи со броењето регуларно. Мала грешка не е изговор да се бинџа и да се напрај "поголема" грешка.

    И за крај, не прај брзи диети и диети воопшто, најди го сопствениот баланс. Начин на исхрана шо ќе го имаш цел живот оти штом преќиниш диета и де вратиш на старо заигрува јојо и дуплираш килограми.

    Мој предлог е да гледаш Мишел, посебно ова видео и полека полека регулирање на храна и мајндсетот околу неа. Ако имаш можност за терапевт и нутриционист е ОГРОМНО плус.

    Со среќа. Многу сакам да успејш. И мене ми дава надеж то.
     
    На SkarletOHara, Nausicaa, Oxymoron и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.706
    Ова е многу добар совет, особено тоа со овесот:nod:.
    Вака практично, мислам и моркови и јаболка да земеш да јадеш, не можеш да развиеш зависност, па не можеш ни бесконечно да ги јадеш. :smirk: А заситуваат, особено морковите.
    Целата зафрканција е во адитивите, шеќери, соли, кои ги содржи процесираната храна, и кои верувале или не, предизвикуваат лачење допамин, ахам, тој среќниот хормон.
    https://www.virtua.org/articles/what-causes-food-addiction-and-what-are-the-signs

    Советот за некупување таква храна е одличен, јас лично се трудам да го практикувам, не за друго, чисто за здравје. Кој може да одолее на чипс, ако го има дома? Јас не :$
    Исто мислам добар совет е дисциплина на оброци, 3 јасно дефинирани оброци во исто време, без финти со ужинки. Ама како се гради дисциплина не знам.
     
    На Ariel, Fallen.Angel и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Немаат сите психолошка позадина. Апсурд.
     
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.786
    Зашто да нема ужинки?
    Јас па мислам дека многу ок се ужинки. Ама да, ок е да нема калорични ужинки, ама пример мене ужинка знае да ми е лажица мелени семиња со јогурт. Сосема ок е како ужинка пример ако имаш еден оброк на работа, а јадеш дома после којзнае колку саати. Или ужинка може да ми е парче овошје. Мала количина јатки и слично.

    И мене ми се допаѓа ова со времето на оброците. Лично мене во повеќето денови ми е практично невозможно зошто такви ми се работните обврски, но тоа е што е.

    А факт е дека што ќе купиш дома "да се најде за гости" ќе го изедеш :D
     
    Последна измена: 21 април 2021
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.706
    Оти ужинката е обично нешто процесирано, не ми текнало семиња за ужинка. И мислам дека го нарушуваат редот за оброк, штознам. Освен ако не станува збор за деца, лично мислам дека се непотребен вишок.
    Друго битно, мислам не е спомнато- да не се јаде пред телевизор/ компјутер, да се концентрираш на јадењето и да знаеш кога си сит.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.786
    Е за ситоста.
    Мене најмногу од се ми помага претходно сервирање. Во смисла пред да седнам да јадам ставам тоа што планирам да изедам и не земам после плус од тоа. Уште кога ќе мора да ти собере се во една чинија со салатата, нема да се прејадуваш :D

    Иначе не знам дали сум он или оф топик, ама ако сум оф не е лошо да се префрли или да се направи друга тема. Сепак се ок сите работи нагоре што се спомнаа.
     
    На Ugly Duckling и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    За ужинките, на некој му годат, на некој не. Секој јади индивидуализирано али во мое искуство радо би зела ужинка него да гладувам и после да бинџам. Оти се случва. Докторот ми предлага поќе мали оброци. Ни три главни ни ужинки, 4-5 оброци, ама помали, балансирани. Ова за желудецо ко зборавме.

    За ситоста. Скроз свесно почнав да јадам. Во смисла без дистракции, пробвам да мислам на јадењето и да си давам време да видам колку му треба на телото. Некогаш сум црна дупка и после ми се лоши оти претерав и прекасно добив сигнал за доста. Некогаш каснувам два залаци и доволно ми е и само шо фаќам чаршав ми се грчи стомакот од болка. Idk. Се осеќам ко телото да ме изневерува и ко да не знај точно да ми сигнализира пошто предолго се мачам со ова, па диети, па промени на исхрана а сум со оштетен желудник пропратно. Не знам.

    Темава ко цреша на шлаг ми дојде. :')
     
    На SkarletOHara, Ariel, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.706
    Шо ви е тоа бинџање, говорете македонски, има и баби овде|(
     
    На Luminary му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.426
    Пол:
    Женски
    Не јадиш, држиш диета јада- јада, и после то си преоптеретен и се "навртваш" и јадиш се шо не си јадел претходно, и поќе зошто "посекако згреши нема назад са јбг да се искористи, ама утре? Од утре наново". И така во круг дур креваш кила ради ваквиот однос со храната и поќе се фрустрираш ради то и поќе си забранваш и поќе грешиш, поќе пикаш работи в уста, поќе се фрустрираш и така до недоглед. Ама накратко е пикање храна в уста наеднаш во краток период.
     
    Последна измена: 22 април 2021
    На GoodGirl45, Celltica, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  13. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    19.445
    Пол:
    Женски
    Те разбирам зошто многупати сум се почувствувала дека сум зависна од храна. Тоа е реално и постои. Јас некако успевам да ја контролирам тежината, ама цел живот сум на некоја граница помеѓу таман и неколку кила вишок. Околу карантинот и јас качив некои 5 кила, а веќе имав 5 вишок. Исто и јас, кога сум анксиозна или кога се чувствувам депресивно, ме тера на јадење, спротивно од повеќето кои тогаш слабеат. Сега успеав да симнам некои 5-6 кила, ама многу тешко ми беше и паралелно почнав да вежбам. До идеалната тежина ме делат 5 кила, ама со самото вежбање сега изгледам мн подобро отколку другпат кога сум ја имала истава килажа. Како и да е, имам забележано дека во периоди кога не пазам имам прилично нездрав однос кон храната и не јадам кога сум гладна, туку по дифолт, секогаш кога има до мене нешто што ми е вкусно. Не знам колку години имаш, ама после 30 многу е потешко да се вратиш на старата килажа, особено ако подолго време имаш повисока.
    Од мене неколку совети.
    Испитај хормони на 3 ден од циклус. И да има нешто, не се грижи, се средува се со терапија. И испитај крвна слика.

    Внимавај на спиењето, мн важно. Кај мене во најголем дел касното заспивање придонесе да се здебелам.

    Обрати внимание како го почнуваш денот. Најубаво да излезиш откако ќе станиш веднаш или барем отвори прозорец воздух да подишиш и сонце да видиш. После тоа направи некои вежби за истегнување. Ќе се раздвижиш и со повеќе свежина ќе го почниш денот.

    Во Лп ќе ти пратам едно мн добро видео за односот со храната. Ако разбираш добро англиски, таму има мн убави објаснувања зошто сме зависни од храна и како да го спречиме тоа. Изгледај го до крај, може мн да ти помогне. Барем мене ми помогна. На истиот канал има и др слични видеа. Пример кога да јадеме, кога да вежбаме, кога да си легнуваме. Најубаво е да пешачиш пред или после јадење, да го почнеш ручекот со зеленчук, па после префрли се пример на оризот итн. За вежбање јас би ти препорачала јога. Може да почнеш со Yoga with Adriene.

    Не јади процесирана храна или барем избегнувај ја колку што можеш. Типичен пример за процесирана храна ти е замрзната готова пица од маркет. Ама има и мн други.

    И секако вода повеќе. Околу 2 литри. На почеток можеш и со помалку да почнеш, ако немаш навика, додека да се навикне организмот. Немој да пиеш ништо со јадењето и водата темпирај ја пола саат до саат пред, после јадење.

    Тоа за овошје да не се јаде навечер мислам дека е мит. Имам мн истражувано за ова и мислам дека нема врска. Да, има шеќер овошјето, но тоа се сложени јаглехидрати, а тие се ок. Секако без претерување.

    Гледај да не јадеш барем 12 часа од 24. Најубаво е оброците да ти се распределени во 8 најмногу до 12 часа. Пример јадеш од 11 поручек до 7 вечер, после тоа вода, чаеви без шеќер, евентуално морков, краставица, јаболче. Некогаш секако се прават отстапки, само да не се претерани.

    И најважното од се е трпението. Како што не се дебелиме преку ноќ, така и не слабееме преку ноќ. Ама ќе биде ако си истрајна :)
     
    Последна измена: 22 април 2021
    На SkarletOHara, Doozy, Fallen.Angel и 2 други им се допаѓа ова.
  14. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    19.445
    Пол:
    Женски
    That's it :)

    И јас гледам истото да го практикувам, ама не можам да се усогласам со маж ми. Тој сака секогаш да има се дома, мн јади благо, а не е толку склон на дебелеење како мене. Ама сега успевам некако и кога има дома да се исконтролирам.
    Инаку допаминот е повеќе хормон којшто ни е потребен за да се чувствуваме мотивирани, да се посветиме на некоја цел, да сме од акција. Ама исто е придружен со анксиозност. Кога сме зависни од нешто и кога го конзумираме тој мн се зголемува и влијае на тоа да чувствуваме анксиозност кога го немаме истото. Арно ама, нареден пат сака поголема доза за да се задоволи. Се лачи при конзумирање храна, особено со шеќер, при пушење цигари, при секс, при конзумирање дрога, кога ќе оствариме некоја цел, кога сме во исчекување итн.
    За да сме ок, потребен е баланс помеѓу допаминот и серотонинот. Серотонинот се лачи кога сме задоволни со тоа што го имаме во моментот, ама ако немаме доволно допамин, нема да имаме амбиции за нешто плус да постигнеме .
    Во секој случај, big picture, во право си сосема.
    И секако допаминот не треба да го надохнадуваме со нездрава храна :)
     
    На Biljarkata, Doozy и Amellie13 им се допаѓа ова.
  15. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    19.445
    Пол:
    Женски
    Не си во право. Дури и да не стои психолошка позадина, што не е точно, постои физиолошка средина која не се средува со нагли, туку постепени промени. Baby steps. Зависност од храна постои, како што постои и од дрога и има конкретни причини зошто е тоа така. Има храна која кога ја јадеме, мозокот едноставно не добива информација дека сме најадени, а ни стомакот. Ај да не тупам, како што викаш ти, ама тоа е најчесто од мн конзумирање џанк фуд која уништува нешто во желудникот кое инаку ни служи за да ни даде знак дека сме веќе најадени. Истата работа ја има верувале ние или не во прашок за алишта. Фактички сетилата што треба да го контролираат чувството на ситост се оштетени и затоа се прејадуваме.
     
    На SkarletOHara, theowndemon, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Не знам како да кажам. @Biljarkata веќе убаво објасни. Да немаш дома такви работи кои те ставаат во искушение е паметно. И јас не можам да одолеам на чипс и мафини. На мои 15-16 години јадев по цел плех мафини и крофни. Чипс, бејк ролс ми беа како опсесија. Тогаш бев 75кг и мајка ми ме сметаше за дебела. Ми викаше ме караше. Не помогна. Потоа почна уште полоши погрдни зборови да употребува, во смисла дека таа родила две деца и изгледа како манекенка а јас млада девојка личам на свиња. Ми беше само полошо. Потоа почна да ме мотивира. Ме носеше на шопинг во Солун и јас плачев бидејќи ништо не ми стоеше добро, а таа ми велеше дека пак ќе ме донесе и ќе ми купи се што сакам ако ослабам. Јас мислев дека не е возможно бидејќи не јадам ништо од овошје и зеленчук. Не се слабее на нездрава храна, па таа почна почесто да готви храна која ја јадам за да не буричкам по фиоки да јадам глупости и да порачувам пици и тостови. Дома не се купуваше никакви грицки, благо не правеше за да не јадам. Купуваше двопек и овесни снегулки. Јадев тоа што можев колку и да ми беше гадно, други избори немав. Овес, месо, јајца, и сл. Ослабнав многу, станав 60кг. И постојано ме мотивираше, ми купуваше скапа облека секогаш кога симнував килажа, ми вети дека кога ќе стигнам до 60кг ќе ми купи баш се што сакам. Така и беше, на 60кг кога дојдов ми купи 4 фустани за излегување, штикли, се што сакав. И останав на таа килажа цели 2 год. Потоа откако мајка ми почина јадев се и сешто, не се здебелував, 2-3 кг ќе качев и пак истиот режим го терав и ослабнував. Се плашев да не станам пак дебела ...Е после ПЦОС, хормонска терапија, бременост и се направив подебела од било кога. Откако се породив имав 89кг, дома се мерев и наместо да слабеам станав 92кг. Стрес, напнатост, проблеми дома наместо да слабеам качував. Мојот сопруг е доста упатен во тие работи бидејќи цел живот вежба и пази на изглед, па се обиде со мене со убаво да ми каже да преземам нешто, јас се чувствував уште полошо. Ми купи орбитрек, ми даде се што може да ми помогне, ме едуцираше. Немаше некое фајде, почна да пешачи со мене, да ми покажува вежби. И докторите го терале, му викале не е здраво за мене со таа килажа можам да си навлечам други здравствени проблеми, ризик имам од дијабетес.. Со тој метод ништо не помогна. Е кога ми за'ржа да видите како се свестив. Сама почнав да го прашувам да барам совети кои претходно не ги слушав. Не изгледам идеално, но сега после 10 месеци од породување сум 74кг. Мислам дека сепак е напредок. Не гладувам ниту ја пцујам теретаната, со мерак го правам сето тоа заради целта која сакам да ја постигнам. И како награда од мм добив два пара преубави хеланки со кои ќе вежбам и ќе се мотивирам. Нормално не ме собираа до пред 2 месеци, ама сега си ги носам.

    Многу ја тупев и си ја раскажував мојата приказна и борба со килограмите. Не ти дадов конкретен совет и диета што да вежбаш и јадеш бидејќи тоа ретко функционира кај луѓето. Само ќе ти речам батали тие УН диети, Хроно исхрана и слични. Прво најди метод кој ќе функционира кај тебе психолошки. Дали повеќе те мотивира нечија поддршка или кога некој на малку по суров начин ќе те освести. За исхрана сите знаеме што треба и што не треба, ама за да се придржуваме кон она што треба ни треба поттик и мотивација.
     
    На SkarletOHara и Ariel им се допаѓа ова.
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    По илјада и стоти пат.
    Не пишав дека зад секој зависник од мрсна храна не стои психолошки проблем.

    Туку пишав дека несекогаш е така. Дека многупати се јаде заради лично удоволување. Дали е зависност? Апсолутно. Дали мора да е нужно психолошка? Апсолутно не.

    Постојат толку дебели луѓе кои имаат 'среден' живот, се убави, имаат супер кариера, немаат други здравствени проблеми (освен дебелината секако). Кај нив каде е тригерот за посочување психолошки фактор?

    Освен да кажеме дека се хедонисти и јадат заради сопствен ќеф како што првично напишав?

    Не ги осудувам, стварно.
    Погрешно ме сфативте. Само дека секој дебел човек мора нужно да има психолошки проблем ради својата гојазност/обезност - не се сложувам. Како што ни психологијата не се сложува со тие тези.

    Лошата храна која го уништува перцептивниот канал за 'стоп' е личен избор.

    Нашите тела биолошки не се создадени да бидат дебели, и тоа е точно. Ама пак - право на личен избор е.
     
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.706
    Темава е Зависност од храна во подфорум психологија. Секоја зависност има психолошка и физиолошка манифестација. Значи ако постои зависност, позадината е јасна.
    Не е темава дали има дебели луѓе кои не се зависни од храна. Дали има такви луѓе, не знам, ама тоа не е ни тема. Има и физиолошки тригери за здебелување, хипотироидоизмот е еден од нив, има и генетика, ама тоа исто не е тема.
    Во основа се е пооврзано, не сме само тело и не сме само психа, едното може да влијае на другото и обратно. А кога ќе додадеш во равенката плус храна (индустриски производ, со пестициди, со модификации), плус општествен притисок за како треба да изгледаш, можни резултати се илјада и еден.
     
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Сето ова што веќе ти го напиша сега, јас веќе го посочив.
    Инаку, темата излезе од контекст во моментот кога Срцката28 индиректно ме цитираше како не сум (сме) дале конструктивен совет за девојката. Сум и пишала два пати неделно (ако може) да биде на течности.

    Што не беше ниту лошо, ниту со задна намера. Менито со здрава храна кое и го дадов беше во основа решение на нејзиниот проблем, кое таа и го бараше, ама тоа истовремено беше моментот кога темата започна да добива друга насока. Па, како се редеа апсурдните цитати така континуирано одговарав.

    Не баш.
    Психологијата на пример не може да го објасни потеклото, односно изворот на OCD кај многу луѓе. Тоа е така затоа што не се е врзано со траума или психолошка позадина која има мрачен turn out. Тврдам и потпишувам со две раце.

    Прочитај слободно. Во психологијата има повеќе категории и манифестации при зависности. Некои не се врзани и обусловени од 'нешто'.
     
  20. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    19.445
    Пол:
    Женски
    Има среќни луѓе со вишок килограми, секако, таман работа. Ама сигурна сум дека би се чувствувале поубаво во своја кожа кога би биле пофит.
    За ова другово, значи не мора да има нешто мрачно што се случило, ама секоја зависност, секое прејадување, изгладнување е резултат на некој подолг патерн на однесување и верувај тие навики преминуваат во помали или поголеми зависности. Тоа се рефлектира и во многубројни процеси во организмот.
    Друго, секој можен тест за депресија и анксиозност има прашање за тоа дали се прејадуваме или изгладнуваме и каков однос имаме со храната.
    Среќа постои решение, само постепено. Не може толку нагло да се смениме, тоа е целата работа, не дека твоите совети не си се на место како генерални совети за здрав начин на живот.
    Само не би двапати неделно воден ден, максимум еднаш и не би 3 литри вода. Не секое тело бара исто вода. Според мене сосема е ок и 2. За повисоките може треба и повеќе.
     
    Последна измена: 22 април 2021
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.