1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Завист, љубомора

Дискусија во 'Психологија' започната од Dashing:), 6 мај 2019.

  1. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Зависта значи дека посакуваш нешто што некој друг го има.
    Љубомора значи да се плашиш да не го изгубиш саканиот.

    -Што мислите за зависта?
    -Дали сте завидувале на некого?
    -Дали сте осетиле дека некој на вас ви завидува?
    -Дали ја сметате за лоша особина?
    -Дали сте размислувале да се ослободите од тоа?
    -Дали зависта може некако да наштети или според неа знаете дека сте над некој?

    -Дали му љубоморите на вашиот партнер?
    -Дали љубомората ве гуши или така мислите дека тој ве сака?
    -Дали умерена љубомора е здрава?


    -Искрено во последно време приметувам едно девојче како ми завидува ама приморана сум да ја гледам. Кога ќе ме види среќна очите и се смалуваат. Незнам ни како да се справам со нејзе и затоа едноставно ја оставам. Веќе престанав да и раскажувам за мене. Случајно исти работи сака како мене... Како се справувате вие со такви личности? Или едноставно се гордеете со себе во вакви ситуации?


    -А пак за љубомората мислам дека тоа преставува гушење. Постојано да си во некоја паника за саканиот. Али сепак одредена љубомора може да претастува и внимание. Зашто сепак постојат различни јазици на љубовта и некои едноставно така ги перцепираат работите.
     
    На Crnookata и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Имам завидувано,но не до тој степен да посакам некому лошо поради што му завидувам.Криво ми паѓа кога некој си купил скап нов телефон,а мојов е докај 100€ и е скршен(моја вина),кога некој бил во шопинг и потрошил стотици евра,а јас последното што сум го купила се фармерките од пред три месеци.Едноставно се нервирам кога некој може финансиски повеќе од мене да си дозволи,знам дека не ѐ во ред ама посилно е од мене,сепак тоа не значи дека им посакувам да им падне телефонот и такви злобни мисли,туку ми прави лошо да се чувствувам.Се надевам летово ќе најдам работа и ќе почнам да си купувам некои работи за кои сум сонувала.
    Љубомората е во ред додека не премине во контрола.Ако некој сака да изневери во три по полноќ кога сите спијат ќе изневери,ништо не може да го спречи.Ако некој искрено те сака и почитува,и да има милион можности ќе се подзамисли што прави.Воопшто да не чувствуваме љубомора е речиси невозможно,чувствата некогаш не се до нас,ама буквално да му забранува е на партнерот,е тоа довело до крај на многу врски.Јас лично не би можела да одам со некој љубоморен,до одредени граници да,ама до степен од мајка ми повеќе да ме прашува никако
     
    На Dashing:), Shmizla94, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Никогаш до сега на никој немам завидувано, напротив доколку некој ми каже дека добро заработува, среќен е и сл. Јас се радувам како за мене исто, јас од мала сум така воспитана да не завидувам, бидејќи тоа и не носи ништо добро, што бенефит ќе имам јас ако му завидувам на комшијата дека вози подобра кола од мојата, ништо само ќе се нервирам и ништо нема да постигнам.
    А имам приметено неколку пати дека мене ми завидувале некој луѓе, од кои една ми беше 'најдобра другарка' и тоа ептен апла покажуваше дека е завидлива, дури не можеше ни да одглуми дека и е мило.

    За љубомората мислам дека мала доза на љубомора е добра за една врска, во спротивно ако не постој мала доза на љубомора значи дека ти е сеедно за партнерот.
    За љубоморна си признавам дека сум и дурии некогаш може и да е премногу, не сум опсесивно љубоморна но сум доста љубоморна. Тоа што е мое, сакам да биде само мое.
     
    На Dashing:) и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Не се споредувам со другите за да завидувам, а и не е се во парите. За себе сакам долг живот и здравје, не сакам раскош, не сакам скапа кола, не возам, не сакам скап мобилен, немам мерак за мобилни. Инаку, има и богати луѓе што многу завидуваат и со тие навистина нешто не е во ред. Тоа веќе преминува во злоба. Да имаш еден куп удобности, а да завидуваш на некој за ситници е болест.
     
    На Dashing:), cresa-jagoda, Robson и 2 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Сум 'завидувала'... На дедо ми, Бог да го прости.
    Оти беше способен со мирна душа, да се носи со се' што ќе донесе животот...
     
    На Dashing:) и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Во детските години сигурно сум заводувала некому, можеби било и за глупост.
    Ете сега само им завидувам на некои како им стои одредена гардероба, истото што го имам јас, ама не ми се допаѓа како ми стои. А не сум дебела, влагам и во s. Ама ете...
    Им завидувам на оние кои се им трга лесно во животот, наспроти некои кои колку и да се трудат, рмбаат и работат, ништо не им оди и тапкаат во место. Не се притресувам сеа нешо да паѓам болна, ама искрено ми е криво кога ќе видам како некој ќе се окози од работа за да може да преживее.
    Љубоморна не сум. Сакам сите да имаат се што сакаат, па затоа кога некој ќе рече ќе купиме кола, стан, ќе градиме.. некако како за себе да е, едвај чекам.
    Се радувам со другите и плачам со нив.
    Ама затоа знам кој ми бил љубоморен... и тоа на работи што ги има, пред да ги имам јас..
    Човек кој има се, шетан, со мајка татко, брат.. љубомори на некој со лоша судбина..
    Зошто?? Зошто сим имала дечко, или зошто мене ми се пуштале повеќе него неа..
    Ама ја сум била секогаш насмеана, на намуртена и тажна девојка кој ќе се пушта??
    Ама не се замарам.. гледам јас да ја немам таа злоба во мене. За другите ми е гајле.
     
    На Dashing:) му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Ова е најголемиот проблем кај жените. Се гледаат како конкуренција поради мажите. Не се гледаат како другарки кои може да си помогнат една на друга туку мислам дека очите ќе си ги извадат меѓу себе. Поради тоа и највеќе си завидуваат. Фала му на Бога ја таква мака немам а и не се ни замарам. Многу мразам и кога некоја ќе манипулира некоја со мене поради дечко. Не ги разбирам зарем толку се несреќни со себе?!
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Сами си прават да е така. Затоа викам, не превзема ништо туку тажи...