1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Загадувањето на воздухот во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sesil, 11 декември 2017.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    @DAngel

    ,, Еве јас студирав во Скопје. Го има мојот факултет на секој друг државен и приватен факултет. До сега не сум сретнала човек кој завршил на оној универзитет кој ми е поблиску, а работи на мојата работна позиција. Или работат под државата или нешто сосема неповрзано со струката. За струка во која се бара знаење, а не диплома, можам само да заклучам дека немаат никакво знаење.
    Од друга страна, знаеш колку придонесувам јас на загадувањето на воздухот? Само со моето дишење. Се греам на парно, не возам автомобил, пешачам секаде каде што е изводливо.
    Ако ништо друго, барем не мора уште една соба да се грее во селото од кое што доаѓам. Те почитувам како форумџика, ама забега со мислењето.,,



    Прво, никаде не спомнав ниту помислив на никакво село, така да неам поим зашо уопште си го употребила у твоево реплицирање кон мене, али јбг.. И у Скопје има села,иначе...

    Второ, и ја го загадувам воздухов само со дишење, не се ни греам, кола никад не сме ни имале ко шо се сеќавам...

    Трето, ко една од причините за загаденоста ја сметам и дека Скопје е пренаселено,и дека нема потреба сите да доаѓаат да учат у тука, на толку државни факултети, и плус од кога ќе завршат со факс, да мораат да останат да живеат тука скоро сите, по секоја цена.
    Не секој работи по струка, ниту пак целта му е тоа, у глобала само колку да имаат диплома е, независно дали се од Скопје или друг град.
    Да, дел работат по струка, учеле, најголемиот дел од работодавците се у Скопје, океј , ама најголем дел работат најобични работи за минималец, па и помалце, со што се намалуваат платите, ама битно у Скопје се. А тоа можат и во родниот град да работат.

    Океј, државата е крива во поголемиот дел, признавам, али и ние сме. И не се сметам за искомплексирана и забегана, само реална. Може ако сите бидеме реални и непристрасни, ќе можеме да направиме да не биде ова вака, и на сите да ни биде убаво, за да не си идеме од дома.
    Тоа е.

    И не сметам дека не ме почитуваш, оти не се согласуваме по некое прашање. И ова не знам зашто уопште си го спомнала.

    Поздрав.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Ако отприлика ја користиш дневно 1 час (колку да појдеш до факултет, школо или работа) тогаш толку ќе трае, но ако поголемиот дел од времето си надвор времетрањето значително опаѓа. Цената ја плаќаш поради шарата/дизајнот и увозот од САД (ја превезуваат со бизнис класа за да ѝ биди удобно на маската). Има сеа поефтини за 200-300 денари бели низ аптеките прашај.
    Сепак и двата типа маски нудат само делумна заштита и не се погодни за трачње бидејќи имаат само еден издувен филтер од страна.

    За тоа има дискусија во засебна тема тука.



    Да се насмееме на целата мака малку.
     
    Последна измена: 14 декември 2017
    На orevokrsacka, Nigredo Odor и Doozy им се допаѓа ова.
  3. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.695
    Пол:
    Женски
    Мора да се направи нешто.
    Филтри на сè да се стави, да се делат бесплатни маски, пар непар возила.И казни за оние што нема да возат така.Автобуси да има почесто бидејќи дур седиме на автобуските ќе се изнадишеме смог.Во автобусине сељачана се вози киваат,кашлаат не чуле рака на уста дека се става..се шираѕ бактерии секадр.Цел ден сум претепана не се дише.
    Мора нешто да се направи,мали дечиња и бремени жени го дишат воздухов.Палење коли за 1км браво,без свест..
     
    На Asistentkа и celineparis им се допаѓа ова.
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Мајките се во право. Децата не треба да одат на училиште.
    Искрено, не е само што ќе ги заштитиме од "воздухот", туку и нивната безбедност на улица е доведена во прашање.
    Знаеме во Скопје како се вози, па и маглава не им смета да летаат.
     
    На ivi1987, Annath, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Една фамилија, три коли, сите во исто време одат и се враќаат и успатно им е.
    Една фамилија три коли, двајца работат во истата фамилинарна фирма, двајцата одат со различни коли. ЗоЖДо?!
    Васиљ глуп е? Ај што е смешен, туку и правдањето како не загадувал. Нека се согласи да му стават калориметри за да продолжи ставањето на парно во целата населба кај него. А тоа што негова сопартијка и комшика има фамилијарен бизнис кој тивко и нечујно ги загадува у комшии?! Или не знае никој?!
    Спорат 10 куќи и сите згради, зошто у Железара немале калориметри (кои сите се приклучени и никој не вика дека и на нив нема да им стават, ама не, зошто од кај нив да почнеле), не давале и они да им стават и сега стои случајот се спорат... алчен гз.

    Абе ќе збориме сега колку декади наназад било загадено. Доста збориме за минатото, што ќе правиме за иднината не ми е јасно?!
    Сите во предизборна кампања лаеа за загадувањето дека ќе го решат. Шилегов се повика дека децата од политички причини не се пуштале во школо. Рили? Се надувал од воздухов.
    Има непопуларни и времени мерки кои можат да ае преземат. Што ќе прават луѓето што се греат на дрва у сред зима? Сиромаштија е бе луѓе, што ви е?!
    Ајде гасификацијата до идната зима нека биде. А до тогаш нека направат напори со автомобилите пар - не пар итн...
    Ќе се отруеме бе, на државава на граница нека опнат една жолта налепница и нека не остават да поцркаме, не сме заслужиле ни волкацко грутче земјичка.
     
    На Annath, Victorian, Asistentkа и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    [​IMG]
     
    На mamita83, calliope, +++ и 16 други им се допаѓа ова.
  8. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    Da barem za bremenite zeni i hronicno bolnite da ne odat na rab...
     
    На mssuniquee и Feminka22 им се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    ^

    Ма кои хронично болни. Јас не сум со некоја тешка медицинска дијагноза па ми се слоши вчера, пишав погоре. На другарка, која е во добра здраствена состојба и се случи истото неколку часа подоцна. Ова е опасно за здрави, не само за болни. Мора да се прогласи вонредна состојба, инаку е можно многу брзо да почне да има последици кобни по живот. Шилегов не е нормален. Садевме компири со Трајановски до лани, сега со овој истата приказна.
     
    На eli25, Victorian, +++ и 11 други им се допаѓа ова.
  10. CoCoGiiiRL

    CoCoGiiiRL Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.193
    Пол:
    Женски
    Да не знае човек дали да се смее или да заплачее jjjghg.jpg
     
    На ivi1987, Victorian, Asistentkа и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.582
    Пол:
    Женски
    Ова е страшно. Ужас. Треба под итно да се преземат мерки. Не сум од Скопје, отидов таму, видов, вдишав и сега си страдам. Не само деца, бремени, стари, хронично болни, никој не треба да изложува на овој отров. И здрав човек ќе се разболи. Излегување само со маски ама соодветни маски со филтри а не обични хируршки. И секој еден да се запраша ,,Чекај, што правам јас, што можам да направам за да се спречи ова?'' И да дејствува.
    А на учениците распустот може да им се даде порано.
     
    На Victorian, buba4e89, Purplelilac и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.990
    Пол:
    Женски
    Секој сам треба да си ја чукне малку тоа главата и да размисли дали и со што придонесува кон уништувањето на здравјето на сите нас. Ако ништо друго, барем огромен дел од населението може да го стане малку задникот од автомобилот и да отиде на работа со јавен превоз оти не е исто сто души сам по сам да чурат со сто автомобили и истите да се качат во еден автобус. Џабе лани неколку дена дадоа бесплатен превоз кога на никој не му падна на памет да го искористи. Само кај нас у свет се работи за ич пари ама важно се оди како голем господин со автомобил насекаде. Нашиот ,,грижлив'' татко на градов можеше сто мерки до сега да превземе ама на кој да му текне. Барем сами можеме да придонесеме колку-толку. Ситуацијава е и повеќе од алармантна. Никогаш до сега не сум имала проблеми ама веќе и јас почнувам да чуствувам. Жалосно е што стигнавме до степен први да можеме да бидеме само во нешто лошо. :|
     
    На Asistentkа, Gosh и kikin им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    Нека го решат проблемот со Дрисла прво. Кој знае што се се гори таму бре луѓе. Не верувам расправиите за истово да се празна афера. А после тоа да тргнеме од нас самите. Индивидуи кои горат пластики, абе се што треба и се што не треба. Нека решат проблем и со сообраќај, со реални мерки. Не измислени. На запад е забрането да се вози со стари возила на пример. Казните се енормни. Не знам дали ДУП на Скопје дозволува, ама јас сум за подземна железница. Треба и отпадот соодветно да се рециклира. Пренаселеност, ужас. Сите поради можностите кои ги нуди главниот град. Можеби треба да размислат за такви или барем слични можности и по другите градови.

    Има да се пишува уште многу на темава, ако до тогаш имаме доволно воздух за да проживееме.
     
    На Annath, eli25, green.eyes и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Здрава сум без никакво хронично заболување, ама не можам да дишам веќе.. Се гушам луѓе, најсериозно..
    Не знам веќе каде да одам, кога ниту надвор ниту пак внатре не се диши.. Прашање е на време кога ќе ја има и првата жртва од овие нечовечки услови за живеење :|
     
    На Asistentkа, Јаневски и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  15. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Читам и не ми се верува дека ова се случува во Скопје. :shake: На ТВ има некакво официјално соопштение за ситуацијава?
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @Gosh
    целосно се согласувам, и јас не разбирам што бараат оние што се тука да студираат било што или да работат за минималец, ама еве, ќе зборам за мојот град, (реков село затоа што е село). Ја прашувам мајка ми како некоја трудница ќе работи кај нив, кога креваат тешко. Тогаш сфатив дека мајка ми е најмладиот работник таму, дека намерно си бираат газдите стари кои веќе немаат избор, за да работат без право на одмор, без празник, 27-28 дена во месецот. Работа за девојка таму нема, а за тоа секако не е крив народот.

    Он топик. Дувна ветре, се дише на шкрги едвај, и сега сите ќе заборават дека бил загаден воздухот.
     
    На Victorian, Asistentkа, Јаневски и 2 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Баш. Се напунија болниците алал да им е.
    Најнова вест " Бесплатен автобуски превоз два дена по ред ако нивото на загаденост е поголемо" (facepalm)
     
    На PaLaVa, Asistentkа и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  18. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.570
    Ситуацијата веќе не е алармантна туку очајна!!!
    Под итно да се стават најнови филтри во сите фабрики низ Скопје. Фабриките се убедливо најголемиот загадувач.
    Да се промени законот да не смеат да се увезуваат стари коли од запад, бидејќи ова е се резултат од пред 5-6 години кога го смени вмро законот и дозволи сите канти од 96та па навака да се увезуваат. Го собравме ѓубрето од Европа.
    Трето да се воведе бесплатен јавен превоз барем до крајот на годината да се стабилизира малку состојбата и да се стимулира возење со автобуси.
    И последно да се запре градежната мафија и да престане да се гради кај стигне и да се уништува секое зеленило.
    Има уште милион работи што може да се превземат од градските власти ама погорниве треба веднаш под итно. И загадениот воздух не засега сите и барем за ова треба да бидеме сите едногласни.
     
    На Плавуша123 и Asistentkа им се допаѓа ова.
  19. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Единствен излез е Гасификација и повторно враќање на Турски тек...
    Мислам дека тој проект е укинат под влијание на Америка.
    Сметам дек кога се работи за интерес на сите граѓани не ни треба ни Америка ни Европа.
    Русија се понудува за ТУРСКИ ТЕК и сметам дека ако секое домаќинство има гас нема да има мнпгу загаденост
     
    На orevokrsacka, PaLaVa, celineparis и 2 други им се допаѓа ова.
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Не е само Скопје проблем, и во Битола е исто. Премногу е загадено. Викаат РЕК бил.. абе РЕК е тука од на дедо Ное времето, па не било вака загадено. Не велам дека можеби не придонесува, ама не е главен причинител. Го исекоа цело зеленило што беше кај касарната, направија населба изградија згради, дрвце нема за иљач, што се вели. Се возат крнтии од коли. Многу се греат на ќумур, незнам што не ставаат во тоа печките, може и на гума се греат, ама смрди од оџаците.

    Денес беше страшно. За пет секунди ја подотворив вратата од балконот, и сијаличката на прочистувачот се обои црвено, и почна да работи ко луд. Требаше 10 мин да се врати на нормално, зелено. Вратата од балконот, ќе повторам, беше отворена само 5 секунди максимум, толку!!!
     
    На green.eyes, PaLaVa, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.