Маски за дишење при загадување

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од daylight, 13 ноември 2017.

?

Штитат ли доволно маските за дишење при смог?

Оваа анкета ќе биде затворена на 13 ноември 2027 во 01:04.
  1. Да

    7 глас(а)
    12,1%
  2. Не

    21 глас(а)
    36,2%
  3. До некаде

    30 глас(а)
    51,7%
  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.250
    Допаѓања:
    4.305
    Дали имате искуство со маските за дишење, во прв ред наменети против полен, мувла и загадувањето од смогот, а кои се продаваат низ аптеките но и преку интернет?

    Во кратково видео прикажано е како функционираат во основа овој тип маски:



    Во аптеките на Зегин има американски Vogmask-и за 900 ден. (ноември 2017) достапни во повеќе шари и 3 големини - Ѕ(мали) М(средни) L(големи) Произведивачот прави и XL но немаат кај нас засега. Од хигиенски причини една маска смее да ја носи само едно лице.



    предности:
    - не се чувствува смрдеата од оџаците кога се греат домовите (во Скопје многумина поради незнаење но и немаштија се греат на дрва и гуми).
    - траат околу 2 месеци но сепак зависно колку често дишете при силно загадениот воздух.

    недостатоци:
    - цената за многумина е релативно скапа
    - се чувствува мирисот на бензин од ауспухот на некој постар бензинец.
    - незгодно е исто што ластиците се оптегнуваат преку ушите наместо околу главата
    - оние кои носат очила се жалат на замаглување на стаклата
    - тие што засега ги видовме низ Зегин е што имаат само еден испусен вентил па не се погодни за џогинг или друго посилно дишење-издишување.
    - кога осетно ќе се намали протокот на воздух, маската треба да се фрли и земе нова т.е. не постои можност за замена на активниот јаглен.

    Повелете споделете ваши мислења и искуства со овие и други маски за дишење. Ве молиме покрај искуствата наведете брендови, цени и каде можат да се набават.

    Еве уште едно видео преглед на брендот Respro Techno Mask (не знам дали ги има во Македонија?!):

     
    Последна измена: 13 ноември 2017
    На protonce, Doozy, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Не сум слушнала дека има од Респро маски кај нас но дефинитвно се бољи од Вогмаск, од тоа што имам читано мислења на купувачи.
    Едвај успеав да најдам каде пишува времетраење на филтерот на Вогмаск бидејќи морам деновиве да купам една. Бидејќи грубо е да се каже дека трае 2 месеци, поконкретно во часови изнесува 80-240 часови активно носење, зависно од степенот на загаденоста. Вака секој може да си пресмета колку ја носел маската и за колку време ќе му треба замена.

    Јас лично би го сметала највисокиот степен на загадување во Скопје, па ќе сметам дека треба замена за 80 часа.

    Најдов уште една маска која го има истиот филтер N99 со активен јаглен, има цена од 350 ден, но трае само 20-40 часа активно носење. Фирмата Ипсум ги продава:
    [​IMG]
    Имам носено од вториве, но мислам Вогмаск ми е поисплатлива, плус да не морам да трчам секои 20 дена да ја менувам.

    Во врска со анкетата морам да кажам дека треба да се преформулира прашањето, бидејќи заштитата од маската зависи од каков е филтерот, не секоја маска филтрира PM 2.5 честици, што значи не штити доволно од нашиов смог. А овие кои ги дискутиравме штитат 99% според нивните спецификации.
     
    На victoria, MissDior, sanjaeva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.250
    Допаѓања:
    4.305
    Ти благодарам многу на одговорот. Дали можеш да предложиш посоодветна формулација на анкетата? Се мислев помеѓу прашањето колку луѓето имаат доверба во тие маски од еднс страна, од друга дали да биде прашањето генерално, дали носите или не маски за заштита од смогот.

    Дали некој знае во кој тип на честички спаѓаат чадот што искача од домашните оџаци, земајќи во предвид дека повеќето се греат на дрва?
     
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Па точно честиците од 2.5 микрометри се тие најстрашните, од најголемите загадувачи и греењето на дрва.
    Затоа кај нас е решение гасификација иако тоа ќе оди тешко и ќе требаат многу години.

    Анкетата може да биде поедноставна, баш од типот- Дали користите маски против загадувањето?- или - Дали знаете каква маска треба да носите против загадувањето?-
    Многу од луѓето не се запознаени со опасноста од загадениот воздух, а и незнаат како да се заштитат, доволно е кога ќе ги видам со обични хируршки маски, а мене ме гледаат како падната од Марс со маската со филтер, како Дарт Вејдер :lol: Дефинитивно мора да се подигне свеста на народот.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.782
    Пол:
    Машки
    Поодамна напишав мрчарторско мислење на темава за маските у СДК, ама ќе го цитирам само делот со корисни информации:

    Морам да кажам дека и по скоро година дена, останувам на истиот став - маските за аерозагадување се gimmick и cashgrab на компаниите кои ги произведуваат - а особено на аптеките кои ги продаваат кај нас - и во најмала рака, даваат сомнителни здравствени придобивки од нивното носење.

    За разлика од маските со цедила кои се користат во индустријата и чија корисност е испитана и докажана со повеќе студии, за бенефитите од „урбаните“ маски за аерозагадување нема ниту една студија која ги покажала придобивките од нивно носење, а искрено, не верувам ни дека ќе има.

    Пред се', затоа што за ваква студија е потребен голем репрезентативен примерок на луѓе, кои ќе бидат -следени во подолг временски период - нешто за што е потребно и време и пари. А и секогаш постои можноста дека студијата ќе го покаже она во кое многумина веќе се сомневаат - дека од маскиве нема никаков опиплив бенефит - а тоа нема да биде добро за оние кои ги произведуваат. :D

    Во однос на тоа дека проблемот со ефикасноста на маските за аерозагадување е покомплексен од што нивните производители сакаат да признаат - еве какви се' типови на филтри и нивни комбинации постојат во индустријата:

    [​IMG]


    Индустриските маски функционираат пред се' затоа што за точно определена намена и средина на гасови и честички постои соодветен тип на филтер или комбинација на филтри.

    Затоа и сум доста скептичен кога некој се обидува да ми продаде маска која штити од сите можни типови на аерозагадување, а во себе содржи само хартиен филтер или активен јаглен. :)
     
    На Doozy, EvAngelos, Црна Ружа и 5 други им се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.250
    Допаѓања:
    4.305
    Не се согласувам во целост, но ти благодарам за бројните информации за типот на филтри.

    Имено, факт е дека откако ќе ја ставам Vogmask-ата јас чадот не го чувствувам ниту како миризба ниту дека ми ги пече дишните патишта!!! Не велам дека истата штити од сите други загадувања(ниту пак произведувачот во упатството тврди такво нешто) но има значителен ефект врз тоа како се чувствувам при дишењето надвор кога е зачадено од оџаците.

    @Bender Rodriguez што цена се тие индустриски маски како целина а колку е филтерот посебно? И каде се купуваат, по можност низ Скопје? Блгадариме!
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Бендер @Bender Rodriguez штом веќе се разбираш од маски дај прокоментирај ја листава:

    N95 — Маски кои филтрираат до 95% од честичките во воздухот. Не се отпорни на нафтени гасови.

    N99 — Маски кои филтрираат до 99% од честичките во воздухот. Не се отпорни на нафтени гасови.

    N100— Маски кои филтрираат до 99.97% од честичките во воздухот. Не се отпорни на нафтени гасови.

    R95 — Маски кои филтрираат до 95% од честичките во воздухот. Делумно отпорни на нафтени гасови.

    P95 — Маски кои филтрираат до 95% од честичките во воздухот. Отпорни на нафтени гасови.

    P99 — Маски кои филтрираат до 99% од честичките во воздухот. Отпорни на нафтени гасови.

    P100 — Маски кои филтрираат до 99.97% од честичките во воздухот. Отпорни на нафтени гасови.

    Сигурно е подобро да носиме маска па да не заштити онолку колку може, отколку ич да не ја носиме, нели.
     
    На zaguben, daylight и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  8. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    882
    @Bender Rodriguez кажи што препорачуваш и каде да се купи :)
     
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.782
    Пол:
    Машки
    Китен, нема да се преправам дека сум некој експерт на темава, затоа што не сум, ама мене ми е многу индикативно што кога ќе пребараш било што за ефикасноста на ваквите „урбани“ маски за филтрирање на воздухот, се појавуваат само страни на производители, на кои тие самите си ги фалат сопствените производи, но не и каков било независен извор кој ќе го потврди истото.

    Листата што ја стави си е океј, но за маски и респиратори за индустриски намени постојат стандарди (во САД од OHSA, ANSI и ISEA, а во Европа EN станадардите), според кои одреден производ за респираторна заштита се тестира и потоа ја носи ознаката на стандардот која гарантира дека навистина ја пружа заштитата за која е наменет.

    За „цивилна“ употреба ваквите стандарди се необврзувачки, па така производителите на маски за аерозагадување и смог можат да напишат дека нивниот производ овозможува N, R или P100 заштита, но прашањето е колку е тоа навистина така и колкава е контролата врз вистинитоста на твдрењата на производителите на ваквите маски.

    Со ова делумно се согласувам, но останува прашањето што значи тоа „заштита онолку колку може“ и дали тоа е повеќе од ич, а ако е, тогаш - колку?

    Од една страна, имаме бајковити ветувања за заштита и нереални рокови на траење на филтрите кои ги рекламираат нашиве аптеки, а од друга се астрономските цени кои ги имаат маскиве.

    Мене прашањето ми е - дали таа заштита која ја нудат ваквите маски дава некакви реални долгорочни здравствени бенефити од нивното користење или не? Одговор на ова нема, затоа што ваква студија не е направена.

    Јас користам респиратор и филтри од типот Dräger, ама не се набавуваат во земјава и немам поим колку коштаат, пошто не ги плаќам ја :D. Фирма од Скопје за која знам дека се занимава со продажба на ХТЗ опрема и, меѓу другото, маски и респиратори за индустриски цели е Дворник.

    За низ град не препорачувам ништо, затоа што не сум уверен дека ништо од она што се нуди на пазаров функционира - или барем, дека функционира онака како што го рекламираат. :)
     
    На EarthFire, Gosh, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. vale038

    vale038 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Гас маска за во Скопје и Тетово :)
     
    На Matotheja му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Ништо, само АБХ (атомско-биолошко-хемиска заштита) гас-маска, што е сигурно сигурно е, ако не поминува Фозген или Сарин ваљда нема да пројдат овие пт-честици. Плус Хазмат одело низ некои населби по потреба.
    Интересен феномен беше манијата со сечење дрва во урбани средини низ РМ, тоа е тоа варварство.

    Е сега не знам колку е практично, во домот, при спиење, работно место...или при секс да се носат гас маски, некако е језиво и делува како јапански фетиш :puke:

    Не е одговорот во дефанзивни средства, треба раја да се крене на протести, па и да се поткрши некоја глава...
     
    На SV1911, Vikktorr и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Апсолутно се сложувам со овие прос/конс. Лани пробав да џогирам со ваква маска, нема шанси, слабо се дише.
    Има ли во Македонија подобри маски од овие? Можеби со два вентили?
     
  13. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Еве нешто ново, со два вентили, баш деновиве го сретнав:
    http://www.ipsum.mk/maska-za-zashtita-od-vozdushno-zagaduvanje
     
    На protonce, EvAngelos и daylight им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Им пишав да ми кажат колку кошта филтерот за овие маски и дали ременчето оди позади уши или позади глава. Позади глава било подобро затоа што убаво стега. Ама уште не ми одговориле. Ти да не знаеш?
     
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Само ова го пишува на фејсбук:
    Маска за заштита од воздушно загадување

    - штити од PM честички, алергени и хемикалии
    - за подолготрајна употреба
    - изработена од неопрен
    - со филтер кој се менува на еден месец (350 денари)
    - за пешачење, спорт и рекреација

    Оваа маска чини 1200 денари на www.ipsum.mk.
    Нарачки и плаќање на линкот.
    Испораката е бесплатна и е во рок од еден работен ден.

    А стварно од сликата неможе да се процени како се закачува. Се надевам ќе ти одговорат.
     
    На daylight и EvAngelos им се допаѓа ова.
  16. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Каква маска треба да носиш против загадувањето?

    [​IMG]

    Прво и основно, не купувај хируршки маски од аптеки / пазарче!
    Не се наменети да те заштитат тебе од воздухот, туку пациентот од хирургот.

    Е сега, откако го тргнавме тоа на страна, дај стварно да разјасниме какви маски се користат во вакви загадувања. Маските треба да се сертифицирани за користење во услови на висока воздушна загаденост.

    Ваквите маски МОРА да носат една од следните ознаки:
    • N95 — Маски кои филтрираат до 95% од честичките во воздухот. Не се отпорни на нафтени гасови.
    • N99 — Маски кои филтрираат до 99% од честичките во воздухот. Не се отпорни на нафтени гасови.
    • N100— Маски кои филтрираат до 99.97% од честичките во воздухот. Не се отпорни на нафтени гасови.
    • R95 — Маски кои филтрираат до 95% од честичките во воздухот. Делумно отпорни на нафтени гасови.
    • P95 — Маски кои филтрираат до 95% од честичките во воздухот. Отпорни на нафтени гасови.
    • P99 — Маски кои филтрираат до 99% од честичките во воздухот. Отпорни на нафтени гасови.
    • P100 — Маски кои филтрираат до 99.97% од честичките во воздухот. Отпорни на нафтени гасови.
    Е сега, освен ако не откријат нафтени полиња во Скопско, добар ќе си со тие Nxx маски. Зависи колкава заштита сакаш, толку појака би земал. Кај нас со ова загадување одговара N1000 ама уште не ги имаат направено за жал.

    Моја препорака се N95 / N99 маските, и тоа неколку, зошто со тек на време филтрите се затнуваат, и потребно е да се смени маска.

    Друго нешто што е многу битно, е маската да прави ВАКУУМ околу устата и носот, по можност со 2 затегачи, еден горе и еден доле.

    Каде да купиш?
    Зегин: http://www.zegin.com.mk/home/uvoz/VOGMASK-2016.html
    Vogmask: https://www.vogmask-europe.com/
    AliExpress: https://goo.gl/e1q1hq ИЛИ https://goo.gl/9I6uQO
    и сигурно на многу други места.


     
    На SV1911, Lianna Anna, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Ми одговорија:
    remenceto doaga pozadi glava. Filterot cini 350 denari
     
    На protonce, daylight и Kitten им се допаѓа ова.
  18. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.253
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Во ерофарм мислам имало некои со одреден број на часови....?
     
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.250
    Допаѓања:
    4.305
    Да, поефтини се од Вог маските бидејќи се од ЕУ не од САД и поедноставен дизајн имаат (немаат уметнички шари)но повторно бројот на часови зависи од тоа колку долго човек е изложен на загадениот воздух и од каков тип е тој - како што погоре објасниа @Bender Rodriguez и @Jason123 .
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Кaкo се пере мaскaтa? Читaм сo блaг детергент и тoa е oк. Нa 2, 3 денa, и тoa oк.
    Не сфaќaм зoштo и рекле нa ќеркa ми - не се пере филтерoт, сaмo мaскaтa.
    Требa ли дa пaзaм дa не гo нaмoкрaм?
    Прв пат купувaме и не знaм ни кaде е пoстaвен филтерoт. Се дише преку целa пoвршинa? Знaчи ли тoa декa е целa oблoженa сo филтер?
     
    На Deko 1104 му/ѝ се допаѓа ова.