Да ве прашам нешто ако знаете пред да ми падне увото :? Имам 4 дупки и таа 3тата (пред почетокот на ’рскавицата) ми е загноена,а чудно не ме боли ич увото. Прееска кога сакав да ја сменам обетката мислам дека цела крв ми истече :? Дај помагајте ако знаете ве молам а многу мерак ми прават ич нејќам да ги извадам ... П.С Гоу грл убаво да си поминеш :mrgreen: МОДЕРАТОР: Преместено од друга тема.
Фолен, и мене ми гноеле ушите од обетки, ама јас еден инает шо сум, ич не ми беше гајле. Па еве веќе... повеќе од година не ми има загноено (да не се урочам). Незнам што би ти кажала. Работа за играње не е. Затоа пробај, пред да ја ставаш обетката да ја дезинфицираш со алкохол барем, ако веќе ги сакаш толку
Да,да ги дезинфицирав,ги намачкав со хлорамфеникол и им ставив јод. А за инает инает сум и јас Милион пати ги бушев ушите и милион м загнојуваа и најпосле сватив дека ми гноеле од едни златни менѓуши.А за чудо од бижутерија не ми гнојат,ама ова го чепкав многу затоа,а башка и му ставив еден пирс огромен сирото уво што маки виде дур го пикнав . Сега малце нека одмори па утре ќе ја ставам пак обетката.
Леле луѓе помагајте ве молам... едното уво ми стана многу поголемо од другото. :? Цело е црвено и загноено топки гној имам... :? Кога мајка ми ќе ми го стисне гнојот дури и главата ме боли... Знаете ли нешто што ќе ми помогне или морам да го стиснам ?
Се јави мама на доктор.Ми рекоа да го чистам со хидроген,а потоа да го мачкам со бетадин,а ако не помине мора со антибиотик. Леле какво е црвено сирото :? Инаку фала brokenhearted ако соберам сила можеби ќе го стиснам...многу ми е страв ... :?
Помина... Како ново Е само што воедно мислам дека ми се затнати дупките Ама ако се ќе си ставам јас нови :mrgreen: и ќе ги пазам убаво пак да не загнојат. Инаку какво беше пред тоа... како црвена цедалка Фала многу