babylove овошни кашички

Загуба на миленик..Што понатаму?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Alesii, 15 септември 2013.

  1. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Моето најсакано куче кое го чував со огромна љубов и внимание овие 4години,но го загубив за неполни два месеца..
    Се започна со запаление на крајници,па запаление на бешиката, па спондилоза го губеше апетитот,постојано беше тажен и депресивен, и имаше повремени мали промени во расположението(на подобро)... :(
    Но сепак целата ситуација не се подобри. :(
    После едномесечна борба и секојдневно одење на ветеринар инфузија предпладне инфузија попладне,купишта антибиотици,витамини, изнаоѓање триста начина да пројави интерес на храна сепак бубрезите целосно му откажаа и падна во кома.. ;(
    Поради тоа ја отворив оваа тема иако ако почнам да пишувам за него ќе треба цел роман,а сега не сум ни многу способна да ја опишувам целата ситуација,но се решив да ја отворам темава и вие да споделите ваше мислење доколку сте го поминале истото.. :(
     
  2. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    144

    како капак на се што ми се случуваше оваа одина ми го отрујаја и кучето го чував 5,6 години..ненадејно беше мирно незнам што му сметало мене ми кажаја после неколку дена пошто беше многу чудно што го немаше толку време...го поминав цел ден во плачење...ама со тек на време ќе се преболи...
     
  3. MeSofija

    MeSofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    90
    Тешко е многу, и ние имавме куче кое го чувавме 9 години се разболе тешко, 4 месеци беше слепо но почна да добива напади се почесто и умре. Беше многу тешко да се гледа како се мачи но тоа е, за жал немаме баш некое си ветеринарство па мислам дека го докрајчија со различни терапии дури да откријат што се случува, ослепе од лекови но тоа е .. За среќа имаме уште едно куче па некако полесно се справувавме со загубата. И сега зедовме уште едно куче иста раса како него, мислам дека болката најдобро се лечи со земање на друго милениче иако никогаш нема да го заборавиме тоа што сме го имале
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Иако никој неможе да ми го замени пред три месеци го паревме со една кучка и од тоа легло има уште две кои што не се дадени,но покрај болката што ја чуствуваме сега мајка ми не тера но и јас исто сакам да си земеме едно кое ќе ѓи има истите гени и истата крв со моето непрежалено куче..
     
  5. doutzen

    doutzen Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    158
    јас си чувам пред зграда мачиња секоја сезона по некое поготово некое мало па ке се приврзам за него
    знам колку боли ;(
     
  6. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    947
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    Потполно те разбирам како ти е, и јас имав кучка стара 3ипол години, многу бев приврзана за неа, а пред неколку недели почина ;( Многу плачев за неа, сеуште кога влегувам во дворот мислам дека таа ќе истрча и ќе ми скокне ;( Неможам да се навикнам без неа, многу ми е тешко.....
     
  7. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.402
    Допаѓања:
    9.134
    Пол:
    Женски
    Јас си пораснав со мојата пудличка. Кога го отруја, после 2 недели тагување мајка ми ми донесе ново кутре, речиси идентично на Були, само женско. Верував дека новото милениче ми помогна полесно да поминам преку загубата. Но кога ја изгубив и неа, сфатив дека само се приврзуваш за нешто што има многу краток век на живеење. Би сакала еден ден да имам куче во мојата фамилија, за моите деца, но не знам дали би можела пак да поминам преку загубата, поготово ако е прерана... ;(
     
  8. armagedo

    armagedo Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    14
    Прочитав повеке мислења , ама и моето мислење нема да ја реши дилемата окулу тоа дали веднаш или подоцна нов миленик.
    Нашето прво куче умре од старост на 12 години,после 3 години земавме ново куче сосема различито од предходното.едното црно второто бело,кратка длака па предолга длака,многу големо па средно.Прекрасни беа и двацат.Прекрасни БЕА затоа што и второто ми умре од старос ,ама тоа е од природата не се бега.Поминати се 6 месеци од тогаш и мислам дека секој ден се повеке и повеке ми недостасува , умилкување,шеткање, па крадење и криенка по дом.На сите дома ни недостасува на свој начин.Сопругот секое утро уште шета,децата кое како се приере навечер се вракаат до вртата да заклучат бидеји предходно го зимаа ланецот за кратка прошетка па после во кревет,бидејки му готвевме домашна храна сеуште во корпата при купување ставам по некое батаче.... и нема крај ова.
    Дефинитивно ке земеме пак неко кутре кое ке не усреки а и ние него.
     
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.250
    И ние си имавме милениче, и кога ни умре, исто како човек да ни умрел. И уште го споменуваме и памтиме нашето кученце. Беше многу паметно и послушно. :(

    Многумина се смееа, демек животно е, ама кој има дома милениче најдобро знае како е и најубаво може да ме разбере.

    Другарката која најмногу ме исмејуваше (зошто јас 1 месец жалев и плачев по него) си купи кученце и кога и умре, сфати како било....!!! :P

    После тоа си рековме дома, повеќе не сакаме, зошто кој ќе го чува и жали ако му се случи нешто.
    Но, откако почина мајка ми, пред скоро, еден пријател намерно ми донесе едно маченце.
    Толку беше слатко и не можевме да го одбиеме, го засакавме во истиот момент.
    И сега си седи еве до мене, и не би го менувала за никое животинче. :inlove:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    941
    Го загубив рипчето... ;( ;( Многу си го сакав, сеа ново ама секако нема да го замени она старото.
    Инаку многу брзо умираат рипчинава што им фали? :?:
     
  11. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Имам загубено многу миленичиња, и секогаш викам - отсега повеќе не чувам мачиња, ама никогаш не го исполнувам тоа :doh: Пред 2-3 години изгубив мачор, ама за мене беше многу повеќе од мачор, срценце беше, немаше ден а да не бидам со него, дури и спиев со него.. и потоа ми го отруја ;( и иако беше отруен, се врати дома и в двор ни умре, за него плачев најмногу и 2-3 месеци не можев да го преболам :( и сега имав едно мало маче, 3 месеци имаше и беше многу слично по однесувањето на тој мачорот што го имав, многу го засакав и денеска ми кажа мајка ми дека умрело ;( одвај се смирив сабајлево и малку се расположив на училиште, ама ете сега пак се растажив ;(
    Навистина незнам што понатаму, едноставно ќе продолжам да ја избегнувам таа тема и ќе пробам да не мислам на него, иако секој дел од куќава ме потсеќа на него ;( и ете, пак велам дека повеќе нема да се приврзувам толку многу за некое милениче, ама сепак знам дека пак ќе чувам некое, и пак ќе се приврзам, и најверојатно пак ќе бидам повредена :(
     
  12. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Многу е тешко за изгубиш миленик..како дел од твојата душа да се кине...
    Мене ми беше мн.тешко кога ги загубив моите мачиња и тоа едно по друго со неколку месеци разлика.
    Многу плачев по нив..со денови ми фалеа и тие и нивните глупости и разни постапки ...
    Со времето се навикнав .. еве веќе има година и нешто .. секогаш кога ќе се сетам на нив многу ми е тешко и некако не би се осмелила да чувам повторно милениче маче .. барем не сега, сеуште :(
     
  13. Venera.13

    Venera.13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Уффф,си го чував кучето 18 години беше заедно со мене од мои 4 можете да замислите само како ми беше кога морав да ја успијам затоа што беше стара,немоќна беше со пелени едноставно не беше веќе моето весело,разиграно,насмеано,полно со љубов и послушно куче староста си го направи своето.Исто како најблизок човек да сум изгубила...Меѓутоа во последната нејзина година земавме маче и некако таа дупка на некој начин ја пополни.Нормално дека кучето дава љубов на еден начин, а мачката на друг и не е исто но сепак сметам дека ако земев ново куче ќе ми беше мнооогу потешко.Тажев и плачев скоро пола година и до ден денес кога ќе се присетам на неа ми навираат солзи....
     
  14. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    4.953
    Допаѓања:
    40.150
    Пол:
    Женски
    Значи чував зајаче женско и се викаше Снеже. Го чував 6 и пол години, за жал умре. Мн го сакав, тој ден бев цела........ Секогаш кога ќе ја спомнам ми идат солзи, али то е тоо... Да можев би ја вратила во живот :l: :l: :l: :l:
     
    На Anabelle.Amorette, senza.parole и Nate.Shadows им се допаѓа ова.
  15. Kikka.C19.20

    Kikka.C19.20 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    22
    Најчесто мене ми ги крадат,но сами се враќаат...И ако го изгубам ново ќе најдам :P
     
  16. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    77
    Мене ми се случи да го изгубам моето милениче, да речам моето прво вистинско милениче. Мало и слатко бело кученце. После нецели 2 месеци ми умре, многу бев тажна, и сега ми е тешко кога ќе се сетам. Тешко го преболевме, сите од дома. :(
     
  17. supergirl1

    supergirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    13
    Gi citam komentarive i se utepuvam od placenje :sweat: Jas porano imam mn macinja izgubeno i znam deka so meseci sum taguvala po niv, ali toa e nemozam da gi vratam :sweat: Sega imam dvegodisen macor, ednogodisno kuce i malo macorce staro okolu 2-3 nedeli, pa si mislam kako kje mie koga kje gi izgubam :sweat: :sweat: Posebno kuceto, nemozamm da si go zamislam zivoto bez nego..... :sweat: :sweat:
     
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.240
    Допаѓања:
    9.674
    Пол:
    Женски
  19. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.500
    Пол:
    Женски
  20. preveduvac

    preveduvac Нов член

    Се зачлени на:
    17 август 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Smetam deka i karakterot e mnogu vazen faktor za toa dali vednas da se zeme nov milenik ili ne... Najcesto si go sakame i patime za toa sto sme go zagubile iako sme svesni deka za zal ne mozeme da smenime nisto..Te razbiram potpolno i navistina mi e zal bidejki znam kolku mnogu boli...Uste od mala kolku milenicnija sum imala sto gi cuvam po 4-5 godini i mi gi trujat pa so nedeli sum so visoka temperatura od taga ..na mnogu kje im zvuci cudno megutoa kaj site razlicno se manifestira i odrazuva toa..vo najdobar slucaj mi imaat ukradeno od prilika 4 kucenca a za ma4inja da ne zboruvam od pred pragot i gi naogjam obeseni nekade ..nekogas se cudam vo kakva sredina ziveam i so kakov tip na lugje go delam vozduhot ...znam ne se zaborava toa i pak da kupis ista takva rasa i da mu go dades istoto ime ne e isto, megutoa kolku razlicni milenicinja tolku razlicni nacini na ljubov veruvaj .Mislam deka treba da zemes novo milenice polesno kje ja sovladas bolkata..Poleka toa novoto kje se "vgnezduva " vo tvoeto srce ,ne velam deka kje zaboravis kje si go cuvas spomenot od drugoto ,no pak kje imas nesto sto te potsekja na nego...i so toa novo milo prijatelce koe kje ti pruzi bezrezervna podrska i ljubov ....