Задебелување на гласните жици

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lina24, 28 октомври 2010.

  1. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    437
    Имал ли некој ваков проблем?Како го решил, со хируршки зафат или со некој лек? Дечко ми има проблем веќе долго време и никако неможе да се ослободи од него , секој ден има се повеќе и повеќе шлајм, бил кај многу лекари и никој му нема кажано нешто посериозно, само со капки и инхалации, ама од тоа нема никаков резултат!
    Ваше мислење и искуство??
     
  2. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    437
    никој нема одговорено, не сте слушнале за нешто вакво?? дечко ми мора да прави операција, знаете ли што би можело да се случи, некое искуство ваше или пак на некој близок, ако ви има кажувано?? рекоа дека не е ништо страшно, ама сепак не се работи за лесен хируршки зафат :( јас се плашам повеќе од него :?:
     
  3. metinstip

    metinstip Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    zdr..od kako sum operiran od krajnici glasot mi e mnogu debel,a i peam.sto moze da napravam za da mi bide tenok glasot..dayde sovet ;(
     
  4. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.495
    Гласните жици може да бидат задебелени од многу причини, незнам каква врска може да има шлајмот со нив ама ок, ваљда докторите знаат што зборат. Во мојот случај беа задебелени поради полипи. Гласот ми се одзеде до степен да неможев да зборувам веке. Ме оперираа со целосна анестезија и ги отстранија полипите, кои после беа испратени на патологија и се покажа дека се бенигни. Пост оп терапија се состоеше од инхалации и не смеев да зборувам 2-3 недели. Гласот ми се врати ама не комплетно.
     
  5. guardian

    guardian Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    4
    Здраво. И јас имам проблем со гласните жици.Гласот постојано ми се фаќа и кога напнувам да зборувам ужасно ме болат.Во последно време дури и по подолго време зборување веднаш чувствувам промена и гласот веднаш ми се фаќа.Навистина не знам како да си помогнам и дали е сериозно (за да посетам лекар),имам слушнато дека ако пиеш живи јајца гласот ти станува тенок и демек нема да имаш проблеми со гласните жици.Но јас не би можела да пијам,толку е гадно а и не ми се верува баш дека би ми помогнало мене.Ве молам ако има некој некое слично искуство или барем е информиран да ми каже :worried:
     
  6. DESTIN

    DESTIN Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    30
    Сум имала и јас случај со гласните жици бидејќи сум пеач...бев во Скопје кај доктор Блажо Митровски...тој е веќе пензиониран доктор така да работи и од дома,живее некаде кај болницата Букурешт,а ординацијата беше некаде во центар,ама стварно не знам точно каде.Тој мене ми го излечи тоа шушкање во гласот со рамно пеење.Искрено јас не би препорачала операција,зашто гласните жици се премногу нежни и тоа е краен метод...ако сеуште не ја направил,нека се распраша прво пред да го преземе тој чекор.Се надевам не каснма многу со одговорот :)
     
  7. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    22
    Др. Блажо почина, пред едно 5 6 месеци...Се сложувам со Дестин, операцијата е краен метод. Гласилките можат да се излечат со многу спиење (одмор), многу течности-вода најмногу, тие ја примаат преку крвта а не преку самиот контакт со неа. Не зборувај никогаш гласно и ниско бидејќи дополнително ги форсираш така, заборави на алкохол. Шмукај нон стоп апчиња што се стрикно за гласилки-Исла Мус, Др. Таис од жалфија, тие се стрикно наменети за гласилките а не за грлото (крајниците и сл). Прави инхалации со чај од босилек.

    Не заборавај, гласилките се како секој друг мускул на телото, колку ги форсираш толку и мораш да ги одмориш. Се надевам дека ви помогнав бидејќи и јас сум пејач па сум опседната со оваа работа :)
     
  8. xheki

    xheki Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    isto i jas imam problem so glsnite zici.mi bea pronajdeni polipi koj treba da se operisat,ima li nekoj da kaze ako znae dali se lecat po priroden pat,zasto ne sakam da gi operisuvam?
     
  9. Chiwawa1208

    Chiwawa1208 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    49
    Здраво Феминки ! Сакам да споделам сличен проблем па се надевам ќе ми одговорите со некое решение,некој рецепт или нешто за испирање,било што затоа што ова е веќе досадно многу :@
    Веќе подолго време ме мачи,ми се фаќа гласот(т.е ми засипнува) но само онака на 2-3 секунди и морам да го направам она "кхм,хм " ако ме разбирате :?: но тоа се случува по 200 пати во денот и тоа посебно кога правам поголема пауза од зборување...онака инстиктивно отвараш уста да кажеш нешто и звучиш како робот :$ Значи веќе почна да ме нервира многу,неможам нормално да зборувам бидејќи на секои 10 минути треба да се поткашлам,и трае многу долго време(со месеци). Инаку не сум настината моментално и се чувствувам добро,но се мислам да не е можеби последица од некоја недолечена настинка проследена со кашлица,бидејки имам слушнато дека длабока кашлица која не е долечена остава"дамка" на плуќата. Ве молам за некој совет или рецепт да споделите иако гледам дека темава е почната многу одамна но сепак да не отворам нова.Ве молам,затоа што веќе многу ми пречи,а освен тоа имам и интервјуа каде што треба да изгледам сигурна и спремна,а на последното не се чувствував баш најпријатно со кхмкање на секои 5 минути |( .Затоа ве молам заа совет,ако не конечно да се јавам на доктор :|
    Благодарам,се надевам ке ми одговори некој најбрзо што може
     
  10. bernard

    bernard Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    И јас го имам стиот проблем ги откажав и цигарите и јас се надевам на брз одговор'поздрав и благодарам однапред
     
  11. bernard

    bernard Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    zasto nikoj ne odgovara,pozdrav