Здраво девојки, Јас сум нова на форумот. Барав ваква тема но не најдов. Би сакала да дискутираме малку како е секојдневието кога сте среќни и задоволни од бракот. Јас не сум мажена, имам долга врска но малку сум несигурна за нејзината функционалност. Затоа би сакала малку искуство од среќно мажени, како ви поминува денот, како се сложувата со партнерот, колку време поминувата со него, колку тој ви посветува внимание, колку заеднички ги завршувате работите итн. Малку се осеќам збунето како би требало да функционира една врска, бидејќи веќе долго сум со во оваа, претходните беа катастрофа, и мислам дека изгубив осет за тоа што е нормално и како треба да биде. Во најголем дел од темите ние сите се жалиме од проблемите, ајде да дискутираме како всушност треба да биде.
Jas sum i srekna i zadovolna vo brakot. Soprugot mi e tolku relaksiran covek shto mozesh na glava da mu skokash. Finansiski sme obezbedeni i si imame svoj stan taka da nemame priciniteli na kavgi od tipot svekrva. Pred da se rodi deteto sekoj si ja terashe svojata rabota do pet a posle odevme na zaednicki rucek i vreme za kavgi nemalo. Ne si cepkame telefoni eden na drug i ne si stavame zabrani za nishto. Eve sega toj raboti, jas po cel den shetam so deteto, nego ne mu smeta. Imame odlicna komunikacija.
Супер Augustd, мило ми е. Ова е таа хармонија која јас ја посакував, но за жал далеку сум од неа. Можеби некој ден.
Разбирање , немање финансиски проблеми , многу чест секс и возбуда во спалната соба ( и надвор од неа ) , заеднички активности ,не-тромозење на партнерот , време за себе секој ден .... мојот рецепт за среќен брак
Секој пар си има различен рецепт за среќен брак. Тоа зависи од самите партнери и нивните потреби. Ние функционираме со помош на заедничко договарање и планирање од ден за ден, нема тајни и криење, заеднички ги водиме финансиите, маж ми се вклучува и во домашни работи и во грижа за дете.
Најпрво обострана љубов ако има љубов ке има разбирање,комуникација па и страст... и здрави и живи да сме па другото само по себе ќе си дојди.
Иако сме во заеднца и многу често знам да сум изнервирана, за секаква глупост никогаш не сум дозволила тоа да влијае на бракот и да сд карам со мм. До 5 си правам што сакам(сега со бебе па повеќе обврски), потоа си се посветуваме еден на друг и никој не не интересира. Тој ми помага во се, и такс имаме повеќе време и за нас, за шетање. Љубомора нема, а и имаме целосна доверба еден во друг, и буквално за се можеме да разговараме. Обавезно си раскажуваме како поминал денот, се договараме планираме. Верувам дека уште поубаво ќе биде кога ќе се одвоиме, а се надевам дека оваа година таа желба ќе ни се исполни. Колку и да се мешаат од страна, мажот и жената го прават бракот.
Кај нас се е обострано од љубов, почит,толеранција до разбирање. Се договараме за се заеднички. Мојот сопруг ми е најголема подршка во животот.Во заедничката 14 годишна битка за бебе, рамо за плачење кога им се случува нешто на моите родители подршка во борбата за нивното здравје. Во секој брак има понекогаш и расправии ги имавме и ние но во едно бевме сложни и двајцата колку и да бидеме лути еден на друг да спиеме во ист кревет завртени со грб но да нема одалечување така и правевме а и правиме и најдолго што сме биле лути било 1ч.(на крајот сепак еден ќе попуштеше или јас или мм е после смирувањето е многу интересно) Ние сме како сијамски близнаци не можеме еден без друг. После 16ч сме неразделни. Нормално дека излегуваме и посебно јас со мои пријателки мм со негови пријатели ама најубаво ни е кога сме заедно.Битно никој на никого не му наметнува или го ограничува. Кога гледаме филм прво гледаме жарн кој му е омилен на едниот па одма после него следува филм за другиот и така си правиме филмски маратон со пуканки пивце или винце. Да не биде дека се е идеално има моменти кога би го дала животот за мм ама,има денови кога би сакала да му ги скршам сите коски ама кога се има љубов и толеранција се добро се завршува. Знам едно во бес и нервоза не се носат одлуки ниту тогаш се разговара нека се смират нервите и страстите па после со ладни глави и смирени нерви ќе се разговара и реши проблемот.
Се осмелуваш да сонуваш повеќе, да целиш повисоко, да се развиваш психички и емотивно, и како индвидуа, едноставно си поттикната од тоа дека некој навистина те сака. Окото го вртиш накај тебе и него и набљудуваш, вистина набљудуваш, доколку глетката е позитивна, среќна си, мислиш дека имаш сила се да направиш. Неговите потреби ти се на прво место, но не бидејќи така морало или ти кажале, туку дека го сакаш премногу.
Јас сум 2 години во брак. Цели 2 години поминавме низ пекол. Значи многу се сакаме а секогаш се караме и излегуваат милион проблеми од не знам каде. 100 пати се покајав што се мажив. Е сега работите се сменија 100%. Можеби на вас ке ви биде смешно ама започнавме да читаме библија. Животите ни се сменија од корен. Сега сум многу среќна и се радувам што не се разведов а бракот ни висеше на конец. И двајцата се трудиме еден за друг и си се покајавме за глипостите што си ги правевме.
Совршен брак не постои. Постојат само совршени моменти за кој вреди да се живее и гради убави спомени, љубов и заедништво општо. Со тек на време партнерот ни станува впрочем најдобар пријател, пријател кој ќе биде тука за лошо и за добро, кој е спремен да те ислуша и подржи, да подаде рака за компромис и разбирачка. Секогаш да игра праведно према вас и да пристапува со искреност. А под искреност спаѓа се она што ни лежи во душава, ако сокриеме или сме решиле да не споделуваме и всушност да не изговараме одредени работи према партнерот е токму она лицемерие за мир у куќи а бракот не трпи нешто такво. И сексот е битен, љубовта, емоциите и начинот на кој што играш со нив за да создадеш подобар свет за двајцата но без она фондаменталното пријателство и однос за во лошо/арно де пропаѓа во вода. Бракот е комплексна работа а задоволството можеме само двајцата да го градиме доколку имаме потик и воља за истото, можеме да создаваме моменти за подобро утре, да си помагаме, подржуваме, споделуваме и делиме на две. Задоволството е во љубовта, во светот каде што мислите ти се насочени кон него, кога тој ти е многу повеќе од се, кога љубиш и се губиш без разлика колку години си и колку години си покрај него, чуствата се тие, не треба да се губат туку само треба да имаат друг облик и друг размер, кога плодот на љубовта ваша односно детето го чуваш гледаш и заедно секојдневно се радувате за неговите потези при раснењето, па се погледнувате и се смеете од душа си велите тоа е тоа што требало да биде. Задоволството е во различниот облик на љубовта, на животот општо и на раката што би сакале да ја држите до бескрај не испуштувајки ја..