1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заев ветува двојазичност за сите градови во Македонија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bitter-Sweet, 17 септември 2016.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.141
    Допаѓања:
    76.531
    Пол:
    Женски
    Актуелна тема, би сакала да слушнам ваши мислења. Изборите се ближат, Заев конечно реши да учествува и ветува двојазичност во секој еден град од нашава држава со цел да ги привлече гласовите на Албанците иако е тоа копање гроб за Македонија. Мислење? Особено неговите симпатизери што би искоментирале на ова, им се допаѓа ли?
     
    На baba Rada, Love...music, Vitaly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    И без Заев, Албанците ги уживаат сите права и третирани се како граѓани од прв ред, а ние македонците како граѓани од последен ред, т.е. тие се попривилегирани од нас во секој поглед. Што е навистина жално.
     
    Последна измена: 19 јануари 2018
    На злоба, Tetrapak, Kolumbo и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.005
    Допаѓања:
    4.821
    Пол:
    Женски
    Едно е некој да ги ужива своите права сосема друга работа е да наметнеш јазик на популација на која тој јазик не и' е мајчин јазик, тоа е прислна асимилација во сопствената држава. А ние Македонците ако сме со мањак жици во главата ќе кажеме па, знаеш како е, тоа и да не е вака или онака мораме да го прифатиме. Извинете ама не прифаќам свесна асимилација на мојот народ. И убедена сум дека тоа е само очаен потег на Заев за привлекување на Албанската популацја на своја страна, демек тој е поголем Албанец и од Албанците, ни Албанците тоа не го купуваат, а не па, ние. А како го лаже своето членство, не знам, можам само да нагаѓам дека тоа се ветувања од кои тој понатаму како премиер (што никогаш нема да се случи) ќе ги заобиколи тоа.
     
    На Luciferovog zlo♧, Kolumbo, Silver.E и 23 други им се допаѓа ова.
  4. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.576
    Nema problem tuka, posle 4 god ke vetuva i trojazicnost, ke staneme uste po napredni. Dobro e da se znaat jazici i da se praktikuvaat ama od politicki aspekt jbg (n). Steta sto niedna od partiite ne e kvalitetna.
     
    На Luciferovog zlo♧, Kameo и Love...music им се допаѓа ова.
  5. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Јасно е дека сака да се додворува на Албанците бидејќи ги нема и неможе да ги добие гласовите на Македонците за да направи било што на избори.
    Само не знам,повеќе се борат за правата на Алабанците во Македонија него на Македонците во истата таа Македонија.
    За Албанците направија територијална поделба и ги направија мнозинство,им дадоа 100.000 пасоши,бараат двојазичност..
    На Македонците им затворија се во транзицијата,сами кажуваат дека не им личи патриотизам,дека не ги поддржуваат бранителите,после војната 2001ва ги гонеа Македонските бранители и им тражеа да ги вратат парите за загуба или повреда.........
    Да се чудиш :) Поранешната Комунистичка Партија на Македонија-сега СДСМ за правата на Албанците во Македонија се бори повеќе од ДУИ и ДПА заедно..

    Се прашуваат овие од СДСМ кои права ги имаат Македонците во Албанија?..
    Подобро е да учиме Кинески,бидејќи за 20,30 години ќе стане светски најбаран јазик него Албански.. што реално не се разбираат тие од Гостивар со тие од Тирана..
     
    Последна измена: 18 септември 2016
    На Kolumbo, Bojana.20, Rama и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Заев за да дојде на власт ќе ветува и полијазичност.

    Македонија е слободна држава, сите можеме меѓусебе да комуницираме на кој јазик сакаме, да ја практикуваме нашата традиција, негуваме нашата култура и почитуваме нашата вера, секој човек е слободен да се идентификува како сака, безразлика кој како се идентификува и во која група припаѓа.
    Општочовечките права се загарантирани со закон.

    Моментот е на колку јазици да бидат откуцани службените документи и на кои јазици ќе се учи во школите, а оформувањето и поделбата на училишни паралелки зависи од бројот на ученици и нивната примарна национална т.е. јазична преференца.
     
    На Victorian, koritsaki, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ич не му требаше ова.
     
    На Kolumbo, cresa-jagoda, eloves и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Sunnny

    Sunnny Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Ќе ги изгуби и така малкуте Македонци што ќе гласаа за него... Јаден човек, си го дал газот под кирија сега мора да плаќа фактури.. (facepalm)(facepalm)
     
    На Kolumbo, LadyInTheDark, Silver.E и 12 други им се допаѓа ова.
  9. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.656
    Допаѓања:
    20.947
    Пол:
    Женски
    Катастрофа.Со ова можеби добива гласови од Албанците, али ги губи на Македонците.
    Немам коментар за двојазичноста, кога ќе се направи вакво нешто во Албанија е тогаш би можело и тука.Но секако, Македонците се таму третирано ко го*на.И општо како што кажа некоја членка пред мене, и без Заев албанците се граѓани од прв ред тука, ние потчинети сме.Затоа не можам да ги поднесам, не можам да ги сварам и то е то.
    Како и да е, од каде и да гледаш до гуша сме заглавени во гнасотии и криминали.Од една страна вмро, од друга страна сдсм и како што ми се гледа ни нема спас.
     
    На Kolumbo, LadyInTheDark, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.600
    Допаѓања:
    34.217
    Прво нека научат Албанците македонски, па после ќе правиме муабет...

    Мене не ми е јасно каква држава сме ние, кога им се дозволува неписмени да завршуваат школо. Нека си учат они на албански, и во институциите нека ги услужуваат на албански, али да им се дозволува да не знаат Македонски...
    ,, Не, не, ја не знам, нисам одакле ,, , а се родил тука.
    Што е нај трагично, не се ни 20 посто, па да се рачунаат како малцинство. Затоа попис не постои кај нас!

    И пак они ни се криви, а не државата. Детето ако е лигаво, родителите се криви, а не тоа. Али тоа е и целта.
    Well played...
     
    На Tetrapak, VDT2906, Kolumbo и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Патем чисто да се надоврзам на своето мислење од пред малку.
    - Оваа вест и не е некоја новост, веќе од поодамна познато е.
    Еве слика пред/на почетокот на „Шарената Револуција“:
    [​IMG]
     
    На Kolumbo, the.vampire.girl, Cka и 7 други им се допаѓа ова.
  12. OhSarcasm

    OhSarcasm Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2016
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Ако гледаме малце назад ќе сфатиме дека СДСМ кога и да била на власт „Албанците“ секогаш си добивале поголеми и поголеми права.Прво,не може да ми дојде во дуќан,во држава каде што живее и работи и да не знае Македонски јазик па и да биде навреден од тоа што јас не знам Албански.Не осудувам,не мразам,но ова не води на добро.Редно време е народот да престане да биде пичка и наместо да дигаат бунтови за разни глупости,еднаш да покажеме дека сме сложни и да се дигнеме кога е потребно.Не газат во сопствена држава,не плукаат,не тепаат и малтретираат.Ромите се во Македонија од кога паметам за себе,ниту еднаш ме нема ром навредено,повредено или омаловажено.Си зборуваат на Македонски,ги почитуваат и комшиите и сите.Работава е влегува некој кај тебе дома и ти вика збориш бе ти шпански ? Ти му викаш не, те фаќа те тепа и уште си ги бара правата. Ма ова треба да се избрка назад во планина од кај што слегло.А Заев,на плоштад газот ќе го соблече и ќе рече ајде реденка за глас да добие.Човек што си ја продава душата,верата и историјата за мене е идиот.Не сум симпатизер на партија,не гласам ниту за едните, ниту за другите. Не дај боже да ви убијат близок,а убиваат,тогаш ќе барате правда и ќе се чудите зошто народот не се бунтува,е зошто? Заев прво ги прифати гејовите во Македонија,па сега Албанциве со ветувања дека ќе им даде права. И се е во ред,ти дај им право на гејовите но не за да курето твое дојде на власт. Кога ќе се свесне народов дека сами се продадовме за 5 денари ? А тоа копилето нека ужива,иако прае милиони уште сака,а ние не мора ни леб да јадеме,ќе трчаме по митинзи и ќе бидеме среќни.Глупи Македонци.
     
    На Kolumbo, Silver.E, Rama и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    5.357
    Пол:
    Женски
    Не ја поддржувам двојазичноста во секој град. Онаму каде што има определен број албанци таму со устав албанскиот станува и службен јазик (чл. 7).
    Јас стварно не ја гледам потребата да цели градови во источна Македонија (каде што нема ни еден албанец) да мора да го воведат Албанскиот како службен јазик.
    Плус што ваквата состојба би довела до не фер предност на албанците при вработување, бидејќи за вработување било каде ќе се бара познавање на службените јазици на државата. Ако најдете еден македонец што знае албански добро ќе ве честам.
    Јас сум доста либерална личност ама стварно не ми е јасно што повеќе сакаат албанците. Од градинка до факултет децата им учат на албански, се вработуваат а со македонскиот јазик воопшто не се сретнуваат (и после ако си македонец, одиш од врата до врата и бараш некој што ќе те разбере, не мора да ти одговори). И не велете дека не е така затоа што кај мене на факултет имам колеги и колешки што знаат македонски колку што јас (не) знам кинески.

    Според мене сегашното уставно решение не е одлично ама функционира, нема зошто да се чепка.
    И ако веќе Заев сака да дојде на власт, this isn't the way.

    Цело време зборуваме за правата на албанците во Македонија, а зошто никогаш не ги спомнуваме правата на македонците во Албанија?! Ама нема да зборуваме за правата на македонците таму затоа што ги немаат.
    Не може да има соживот кога само едната страна се труди.
     
    Последна измена: 18 септември 2016
    На Kolumbo, Ana Chio, TRANSPORTER086 и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки

    Pa on e vistinski patriot. Svetski chovek , ebeno pro Americhki nastroen so shto i figurata shto mu e dadena ja pravda vo prepatetichno svetlo.Politika si e politika..... Zaev ne e politichar.
     
    На OhSarcasm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Love...music

    Love...music Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно како Заев може да помисли дека со ова ќе добие нешто? Да ќе ги добие гласовите на албанците но гласовите на македонците ќе ги изгуби а знаеме дека македонците се малцинство...
    Албанците ниту се третирани како граѓани од втор ред, ниту се угнетувани...ги уживаат сите права како македонците и лично немам ништо против албанците, но луѓе чекајте малку не може јас што живеам во источна Македонија да учам албански а во овој дел нема албанци, неможе они со помалку од 20% од населението во Македонија да го прават албанскиот јазик задолжителен се знае македонците се малцинство во оваа држава и затоа македонскиот јазик е службен јазик, ако сакаат албанците да се разберат со нас ќе треба да го научат нашиот јазик. Ова му доаѓа слично како сега некој Американец да учи македонски јазик за да се разбере со мене место јас на нему да му зборувам на англиски...
     
    На Luciferovog zlo♧, Rama, PaLaVa и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Машки
    Чудно, се некои коментари за двојазичноста ко демек сега Албанците немаат никакви права, коментари за давање повеќе права на Албанците, страв од федерализација (што никогаш нема да се случи), се е ова уште еден спин и обид на власта да влијае врз граѓаните играјќи на картата национализам, бидејќи национализмот е опасна работа кај нас и моќна, што и се докажува еве, сите одма плукаат, кажуваат се и сешто, двојазичност ќе направел а у, во ред штом така. Ајде да видиме 10 годишните патриоти како работеа за Македонците да имаат поголеми права од Албанците. Вработувањето сеуште е партиски, а во државните институции треба да си Албанец за да работиш, прво тоа се гледа.
    Ако станува збор за казнување, ако си Албанец нема да те казнат, никнаа споменици на секакви Албански херои и двоглави орли во последнава година значи, не во времето на СДСМ, ама добро, Заев рекол двојазичност.
    За крај, бидејќи многу паметни сте и знаете се, да ми одговори некој (посебно тој погоре што пишал за 2001 и бранителите), кој беше тој патриот што ги ослободи убијците на вашите татковци/браќа/сограѓани и ги пикна во фотеља? Се тоа наредено од грчка плажа. Кој беше тој што споменикот на бранителите во Скопје го нема посетено до ден денес? М? Одговор?
     
    На Rama, cresa-jagoda, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Машки
    На Шарената Револуција имаше секакви граѓани, Турци, Албанци, Срби, Роми. Доколку си бил ќе си видел како се слика и со Турци, дали тоа го прави Турчин?
     
    На cresa-jagoda, Gosh и Love...music им се допаѓа ова.
  18. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Немој да бараш поента у темава зашто нема да ја најдеш.
    Само едно видео ќе ставам, и може комотно да ја затворите :)



    :hai:
     
    На Priroden, Anon, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  19. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Машки
    Види го како убаво збори на Македонски. Заев е крив и за ова? :)
     
    На rose60, cresa-jagoda и blueberry93 им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.141
    Допаѓања:
    76.531
    Пол:
    Женски
    Сакате да кажете сега дека вината лежи во овие што се на власт, им дале многу права? А кој е тој што го потпиша и го склучи Рамковниот договор и ги почна сите овие работи, заборавивте? Кој на кого тегнеше ракав?
     
    Последна измена: 18 септември 2016
    На kikikikirika, Silver.E, the.vampire.girl и 6 други им се допаѓа ова.