Заев ветува двојазичност за сите градови во Македонија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bitter-Sweet, 17 септември 2016.

  1. TRANSPORTER086

    TRANSPORTER086 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2016
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Машки
    Според мое мислење ова е една несериозна,незрела, неодговорна изјава и играње на етничката карта пред избори со што З.З. покажа дека нема капацитет да биде лидер и креатор на прогресивни политики, и стратегии, тој е свесен за тоа дека нема подршка кај поголемиот дел на македонците и сака да привлече што поголем број албанци, за да оствари поволен резултат за него.Инаку Скопје веќе па најмалку7-8 год. е двојазично на сите нивоа на функционирање на општествениот живот, а и најголемиот дел од западна Македонија е двојазична, единствено незнам Маврово-Ростуше како е таму, Вевчани колку што знам не е двој. Доле Охрид па и Преспа го чуваат бугарите пошто ние немаме стратегија па мора да мислат они, и таму нема шанси за двој. не сака ни народот што таму живее, а за централниот и источниот дел на Македонија таму народот нема да прифати двојазичност, попрво ќе ратува отколку да го прифати тоа поголеми се шансите да се организира и распише референдум за отцепување на тие делови од државата отколку да прифати двој. Тогаш ќе треба да се официјализираат за севкупна употреба и јазиците на другите лојални народи во Македонија, за сите да бидат еднакви, а тоа само ќе доведе до дополнителни проблеми и поделби. Опадната е подр. и за моментално владејачката партија така да се отвара шанса за трета опција, но засега нема сериозни изгледи/играчи за некоја трета добра опција, све едните те исти се вртат, нема млада прогресивна сила во ниедна опција или подобро речено има но се држи во позадина не и се дава фер шанса, но све зависи од тоа колку паметно и тактички ќе изигра народот, а народот сме ние, значи треба да изиграме паметно.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Таа Сум

    Таа Сум Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Иих Зајко, и тој самиот многу вети па ништо не исполни. И ова е само една игра од многуте за да привлече гласачи, друго и не му преостана на крај.
    Арно ама, после кога би добил и Албанциве кога ќе дигнат еден бунт, Абе ти вети двојазичност, гласавме за тебе, кај е сега исполнувањето? И тогаш? Ете ти граѓанска војна. Што да речат кутрите Стружани, Кичевчани, Тетовчани, Гостиварчани? Таму со нив Албанци владеат. Тоа ти е како Косово во Србија, убаво напишал некој погоре. Не да се отцепат, и се веќе отцепени. Кога сум на таа територија не се чувствувам како во своја држава. Срамота е ова што го прават политичариве, сите до еден, од Зајко до Грујо.
     
    На HUNK и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  3. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    zs postoi ova ko tema ? (n)
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.842
    Допаѓања:
    80.809
    Пол:
    Женски
    Е да во право си, мислев дека попаметни работи ќе се пишуваат, ама тоа е, Македонска работа...
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Па да требаше темава да се збори само , еј срамота УААА ЗАЕВ, АЈДЕ СИТЕ ЗА ВМРО ДА ГЛАСАМЕЕЕЕЕ , ОНИ СЕ СУПЕР. ОНИ НЕМААТ ДОПИРНА ТОЧКА СО АЛБАНЦИТЕЕЕЕ, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНААААА

    Ама сепак некој луѓе размислуваат со своја глава и имаат свое јас.... не Грујо јас.

    Тоа е , еден ден ќе разберете.
     
    На eloves, Gosh, anakonda88 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.842
    Допаѓања:
    80.809
    Пол:
    Женски
    Дискусијата е во ред, само од некои мислења ми иде... :puke: не верував дека има македонски народ што сам си става ортома на врат. И очекував мирно да коментираат а не закани да фрчат. Тоа е таа македонска работа, наместо сложни да сме за подобра иднина ние меѓусебе очи си вадиме. Како имаше еден афоризам, да игра македонец пинг понг со ѕид, пола Македонија за ѕидот ќе навива. Без сложност и солидарност нема ништо.
     
    На Sunnny, iloveyou29, Sashko1992 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Си ставивте сите ортома околу врат и се качивте на столот уште во 2011 кога ги изгласавте. Сега имате шанса да ја тргнете ортомата инаку ќе ви го тргнат столот. А после тоа, почнете да се молите, ако сте религиозни.
     
    На iloveyou29 и anakonda88 им се допаѓа ова.
  8. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    На Заев му треба кеш за кампања. Откако ги усра односите со Бранко и неговите финансиери, откако го однесе Бобо на Радмила во криминал, откако го уценуваше Хари Костов со снимки, откако ги испукаа парите од Сорос на Канвас, фарба, куртони и плаќање на активисти шарени револуционери, откако парите на УСАИД ги спискаа на утната пропаганда и проекти како Контрабанда, Контравести и Фчерашни и куп слични поголеми свесни влегувања во була, секнаа паричињата. A oд свој џеб ни на крај памет му е да извади.

    А поголеми пари на балканов во секое време помеѓу малкумината кои можат да обезбедат е и косовската мафија. Заев болно сака да дојде на власт, другиве болно Голема Албанија. Се најдоа на сред. Токму затоа тука вметнат е муџахединот и новопечен функционер на СДС Мухамед Зекири кои има know-how за преговори со муслимански екстремисти и криминалци, а истовремено сака остварување и на двете агенди. Заев нема шанса да победи, но мора да се оправда за се во задниве година ипол и да истера кампања и излезе на избори. Знаат и косоварите дека нема да победи. Знаат дека после 11 декември нема ништо да има од албанскиот јазик како втор официјален на цела територија на РМ. Но знаат дека неговата изјава длабоко ќе помрдне одредени процеси во меѓуетничките односи и односите и преговорите на ДПМНЕ и албанската партија која ќе победи во декември. Затоа и нема да бараат голем дел од парите да бидат вратени, затоа што тие и онака биле наменети за остварување на проектот Г. Албанија.
    А СДС нема да привлечат ниту еден албански гласач со овој потег, затоа што после бришењето на 30000 албански гласачи од списокот, токму поради СДС, албанските партии ќе гледаат на секој начин да привлечат гласач повеќе.

    Не дека ДПМНЕ ми се нешто многу при срце, ама мило ми е што после изборите во декември најголемите предавници и антимакедонски настроени субјекти Заев и СДС ќе бидат политички погребани.
     
    На Sunnny, Јаневски, orevokrsacka и 5 други им се допаѓа ова.
  9. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    На Nausicaa, celineparis, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Ајде бе патриоти. Кажете нешто за предавникот кој ви сработил и ви ја изградил државата. Ее какви глувци еј, дојдоа, исплукаа, видоа не можат да вратат и ги снема.
     
    На Nausicaa, Gosh, anakonda88 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Гледам нов си па не си запознаен со циклусот на дебати со вмровците на форум

    Дозволи ми да ти објаснам на кратко.


    Заев крши чаша во црква (пример е , не бидете буквалисти)
    Курир и Сител го дознаваат тоа и прават ударна вест на фацебук и телевизија Заев скршил чаша.
    Почнува масовно 'Share' на веста низ цел интернет.
    Се отвара нова тема на форум/и или пак се пишува во старите.
    Заев скрши чаша во црква, како може да гласате за овој човек, предавник , соросоид.
    Почнува пцуење и карање во обид да се објасни дека државата пропаѓа оти има криминал.
    Вмровците се држат и верглаат едно исто на секој пост, АМА Заев чаша скршил во црква.
    Така трае тоа 2-3 дена.
    Рандом некој ќе пронајде во архивите некаде дека и Грујо скршил чаша во црква.
    Им го постираш тоа на вмровците по форуми и фацебук.
    Нема повратни коментари, се губат нешто, или ќе има некој коментар со сарказам , ама Заев скрши стаклена чаша , а Грујо пластична , не мешај сеа , не е исто бла бла...

    И така до следниот месец кога ќе има нова вест , Заев скршил прозор.

    Циклусот започна некаде пред објавување на бомбите , и трае веке скоро 2 год....
     
    На iloveyou29, crimson, celineparis и 6 други им се допаѓа ова.
  12. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    Хахахааааа добар пример , сега ке ги снема и нема да тролаат партиските војничиња на темава. :D
     
    На Yipman2 и anaja1 им се допаѓа ова.
  13. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.024
    Пол:
    Женски
    Треба ова горе pinned да стои над цела тема "Политика и настани", да знаат луѓето.
     
    На iloveyou29 и celineparis им се допаѓа ова.
  14. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Фала на советот ама јас со партиски ботови се замарам 6 години, а на форуми членувам веќе 11. Многу добро знам какви се, само интересно ми е да им го плескам.во лице, сега ќе ги тагнам сите што се правеа јаки, да видиме дали имаат да кажат нешто. :)
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.842
    Допаѓања:
    80.809
    Пол:
    Женски
    Што бидна? Не ги означи сеуште, чекаме ние. :)
     
    На baba Rada и Sunnny им се допаѓа ова.
  16. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Аа тоа ли чекате. Епа ај еве ти прва почни. И ти беше една од тие.

    Ај за да не плачеш и не чекаш.
    @baba Rada @OhSarcasm @Cka @mentol

    Ај прво овие да ги слушнеме, после другите.
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.842
    Допаѓања:
    80.809
    Пол:
    Женски
    Немам јас што да кажам, јас не го поддржав Груевски, само кажав дека тој и ВМРО се помало зло од опозицијава, а си признавам дека и тој не е некој за фалење. Доколку тоа што го пишува на линкот е точно тогаш и тој е за плукање, не само Заев. Јас не сум негов поддржувач така да, прескокни ме мене и прејди на тие што го величаа. :)
     
  18. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Ете прејдов, чекаме одговор.
    Вистина е иначе.
     
  19. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    2.578
    Плус уште да додадам дека правењето глупи, на три ипол или на тошо у стил аа не разбираме *само кога им одговара им е најјача страна на дпмнеОвците. Иначе браво за постов 100 посто си во право.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  20. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    6 години се пењавиш, обесуваш и отекуваш по форуми, и за тие шес години мрчење ти и твојата партија имате биланс од 2-3 сменети партиски претседатели, 2 изгубени парламентарни избори, едни изгубени локални, пораз на едни претседателски избори, едно самосебе брукање со пропали референдум за ГТЦ, едно за џабе неколкунеделно колективно усмрдување во шатори и ПВЦ вециња пред влада, бесцелно повеќенеделно точење фарба во куртони за боење и гомносување на државни обележја и институции, а еве ви следи уште еден изборен пораз. И сериозно мислиш дека твоето плескање во лице и помага на партијата ти?
    Ако да, продужи така. Ја радо би вакви да им го плескаат на дпмне-вци довека.
     
    На baba Rada, Јаневски и Sunnny им се допаѓа ова.