Заев ветува двојазичност за сите градови во Македонија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bitter-Sweet, 17 септември 2016.

  1. TRANSPORTER086

    TRANSPORTER086 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2016
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Машки
    Сакам само да додадам за тер. настани во Куманово, и Езерото, дали се намештаљки или не требаше да утврдат институциите,за да знаеме што и како се десило, кој и зашто, а бидејќ тие немаат капацитет едниот случај е во СЈО, но и од таму нема ништо ,седи во фиока послем тие настани мислам дека сите видовме дека на ниту една партија не и е битен човечкиот живот, едните се скрија во пештера и испратија заедничко соопштение проформа, минист. плачеше ко права глумица од холивуд , а другиот опозиционерот отиде и се сликаше окезен, додека луѓето беа во плач, им се измениа од корен животите, крајно не човечки. Од тогаш ништо не се разреши, а народот, а тоа сме ние чутиме зашто? суверенитетот на државата произлегува од нас ние 25 год. сме го делегирале на копуци, затоа сме на ова ниво е сеа треба да го вратиме назад и да ја опраиме работата, како? па овде на форумот не има бројчано многу, ние сме едно цело движење, сите имаме барем по една добра и паметна продуктивна идеја, само да се организираме, солидаризираме, сложни и да бидеме ние таа нова движечка сила нова опција
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Секој би изгубил кога нешто е наместено, знам дека ти не веруваш дека биле наместени бидејќи не знам, така ти одговара изгледа. Фарбање институции кои вршеа криминал, некој мораше да почне после тоа луѓето сами си излегуваа на протест, никој не ги влечеше на улица ко што им правеа на некои, тоа ти е борба за правда борба за да утре ни биде подобро, тоа што вие грст неверници не сакате да е подобро е друга работа. Се изнаплука кога е во прашање опозицијата, јак си, биди јак и искритикувај ја власта. Не смееш? Не сакаш?
     
  3. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Сеуште ни збор ни ништо од патриотите кои се изнаплулаа за една реченица. Сега ги нема никаде да плукаат по пастирот затоа што направил договор, значи договор направил, не кажал реченица која не се знае дали ќе се исполни туку направил договор кој морал во иднина да го исполни. Ова е класичен пример на безмозочњаци, гледаат само едно и тоа го коментираат, кога ќе ги прашаш друго си ќутат и си викаат "Остај го будала овој". Глупаци, неписмени, ботови. Пу. :)
     
  4. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Ораторот Иванов вчера читаше книга пред Европските пратеници. Човекот не знае ни англиски а е претседател на Македонија, претседател еј. Гркот на англиски збореше и тоа без читање, овој ем се скапа читање ем англиски не знае, јазик кој секој министер/премиер/претседател треба да го знае. Груевски на пример знае и албански, ама добро тој има договор да ја продаде државата затоа знае.

    Пак ги повикувам патриотите од претходните страни да напишат нешто, мислење некакво за Грујо и неговиот договор со терористите.
     
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.524
    Допаѓања:
    55.233
    Пол:
    Женски
    Ветено-сторено :D Заев изгледа почна да работи на двојазичноста,одекна веста дека во штабот во Чаир има двојазичност...
    Ич,ама ич не сум за двојазичност,поради многу фактори ;)ама па и од друга страна и без и со двојазичност,ионака сме продадена држава и народ,едно големо ништо сме.
    А инаку не сум партиски определена,и паторот е зло и зајко исто :D
     
    На Victorian, baba Rada и HUNK им се допаѓа ова.
  6. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.018
    Пол:
    Женски
    Кои се тие фактори ради кои не си за двоjaзичност?
     
  7. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Демек во Чаир не беше двојазично па сега Заев го направи тоа. Ко да е ставено во Аеродром па да се дигне галама околу тоа. И во Аеродром да е ставено пак не е ништо бидејќи цело Скопје е двојазично. Во Чаир улици и училишта беа преименувани незаконски од коалициониот партнер на Грујо, а тој не направи ништо. Ама не, Заев е крив сега.
     
    На blackwave и LollySky им се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    4.311
    Ми се допадна Јанко Јади Бурек кога рече дека апсолутно ја подува двојазичноста - под итно сите македонци да научат покрај мајчиниот, и англиски.

    Шега на страна, не ја гледам поентата на двојазичноста со албанскиот, освен што можеби се обидува да им се додвори на албанскитре политички партии. Попрво би требало двојазичност македонски во комбинација со турскиот или грчкиот (поради бизнис можности) ако веќе сакаат двојазичност.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.742
    Допаѓања:
    7.551
    Пол:
    Женски
    Не само Чаир,и Градско Собрание е двојазично:(
    Во цело Скопје шалтерите се двојазични,таблите и ознаките на автопатиштата се двојазични:(
    И што сега?(facepalm)
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  10. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    денес многу ми се јаде палачинка полна со крем да претечува :sun::sun::sun:
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  11. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.029
    Уставот на РМ,оној Рамковниот,им дозволува двојазичност и веење на орел во местата каде што ги има над 20%.
    Како и да е,лошо е.Наместо овие Македонски квислинзи да се борат за правата на Македонците во Албанија,каде не ги ни третираат како граѓани од друга националност,да се борат за правата на Македонците во западна Македонија..
    Овие... се борат за правата на Албанците..
    Утре Заев и автономија ќе им вети за западна Мкд.. и така иде тоа...
    Ни Косово не се отцепи преку ноќ.
     
    На Victorian и baba Rada им се допаѓа ова.
  12. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.742
    Допаѓања:
    7.551
    Пол:
    Женски
    Жално,ама вистинито:(
     
    На HUNK му/ѝ се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.593
    Пол:
    Женски
    Дали за тебе е нормално и на место поставено прашање за двојазичноста во РМ од Заев, кога многу убаво тоа прашање е регулирано со законите во уставот на РМ!?
    Дали тебе ти е нормално да ги изедначуваш македонскиот со албанскиот јазик??
    Дали знаеш ти во која држава живееш воопшто?
     
    На sjdgo, Victorian, HUNK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Машки
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    Овие од сдсм од толку очај ќе ни ја продадат државата само за да добијат гласови и да победат. Тераат инат на вмро и Груевски а нас обичните граѓани дали не праша што сакаме????
    Веќе не знам кај живеам, во Мк или албанија и косово. Срам да им е.
     
    На Јаневски, dedrade, Prijatelot и 2 други им се допаѓа ова.
  16. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.018
    Пол:
    Женски
    Еве мила, jac ке те прашам, што сакаш?
     
  17. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    Сакам да имам чувство дека живеам во Македонија а не низ пола земја да се веат туѓи знамиња, да се зборува туѓ јазик и да ти е страв да поминеш од таму. Башка некои да не ги фаќа закон за ништо а нас за све. Е неможе.
     
    На Victorian, LollySky, Sashko1992 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.018
    Пол:
    Женски
    Се сложувам, законот мора да важи исто за сите. Што се однесува до другото, мене најсериозно ми е многу примитивен етноцентризмот, од било чија страна. Земи ги за пример САД, Канада, Белгија, итн. Во САД шпанскиот јазик е официјален во државите каде живеат луѓе на кои тој им е мајчин јазик, Канада е двојазична, исто и Белгија... Ако на нашите сожители Албанци им е полесно да комуницираат со институциите на албански, не гледам зошто не би го имале тоа право. Значи јас лично не се чувствувам загрозена, ниту пак ми е страв да шетам слободно било каде. Е кога ќе се надмине тој етноцентризам и национализам, за кој Македонците не се ништо покусо од Албанците, ќе може да преминеме на повисоки нивоа, како на пример раст на економија, борба со криминал и сл.
     
  19. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    Едно е двојазичност друго се претензии, а во Америка оди збори на друг јазик или извади друго знаме. Од цел свет се доселени ама се кажуваат оти се американци.
     
  20. ivory

    ivory Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Машки
    Не е нормално за мене. За тебе дали е нормално да се менуваат незаконски имиња на улици и училишта, а Груевски да не направи ништо за тоа? Нели е патриот? Нели мисли на граѓаните?
    Чија вина е тоа? На Заев?