Заев ветува двојазичност за сите градови во Македонија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Bitter-Sweet, 17 септември 2016.

  1. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
    Se obiduvam ama ne mozam da oddoleam, covekov otvoreno vi kazuva ne e ni za vmro ni za sdsm tuku za dobrobit na drzavata i kako ova se nadovrzuva na toa, ne znam. Ama edno znam, a be gi amnestiraa za sega ZZ ziva mera da ne prodava i da ja kocka drzavata, sto veli albanski analiticar i sunet bi si napravil ZZ za da sedne na foteljce. I uste si sedite na forumov i se pisuva li pisuva. Se e laga be, laga hahha spinovi hahha do dusa i so pravo ne mu se veruva na ZZ.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    З.з ке си направел сунет за фотељата ама на овој другиот не му се станува од фотељата , па затоа и ги амнестира злосторниците Гвујо за таа пуста фотеља .
     
  3. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.018
    Пол:
    Женски
    Го погоди градот :) Прошетај се до таму па ќе видиш дека е двојазичен одамна, сите табли се на македонски и грчки.
    [​IMG]
    [​IMG]
    текст од еден наш лингвист:

    Зборувајте ми за двојазичност и... Καλωσορίσατε στην Γευγελη!
    Jovan Kostov·Thursday, December 8, 2016

    Наместо вовед....
    Кога некој влегува во мојот роден град, првото нешто што ќе го сретне, по многуте патокази што го носат до едно или до друго казино, е табла напишана на грчки јазик што вели „Καλωσορίσατε στην Γευγελη” или, на нашки, „Добредојдовте во Гевгелија”. Неодамна на твитер прочитав еден фантастичен твит токму за ова нешто и ми даде повод да ви ја напишам и оваа порака. Ако сте со кафе, седнете и прочитајте ја на глас. Се подготвивте? Почнуваме:
    За која двојазичност зборувате, кога во Гевгелија првото нешто (ако не и најважното!!!) пред да ве примат на работа е да имате добро познавање на грчкиот јазик! И не само ако сте вработен во некое казино. Не, драги мои. За да работите како касиер во некоја продавничка, ве прашуваат како ништо: - Колку го знаете грчкиот? Дали зборувате грчки? Замислете: во една од ретките општини, која е синоним за добро владеење на оваа власт (морам да признаам!), имаме де факто двојазична политика на работниот пазар. Секоја стоматолошка ординација, секој ресторан, секој маркет вработува врз основа на познавање на грчкиот јазик.
    И ќе се дрзнете да ми кажете дека двојазичноста е од некоја странска служба? Ве лажат бе другари... Ве лажат. А доволно е да прочитате што велат законите. Но, дали сакате да читате? И дали можете?
    Не можете? Не сакате? Нема проблем: ќе го направам тоа наместо вас. Ако треба и ќе ви нацртам! Зошто јас? Затоа што, сосем случајно, токму јазикот е тој што ми дава да јадам леб, за жал, на 2000 километри од мојата родна Гевгелија.
    1. Што велат законите?
    Ќе почнам по ред, хронолошки:
    • На 16 ноември 2001 година (ЗА ВРЕМЕ НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ШИРОКАТА КОАЛИЦИЈА НА ЧЕЛО СО ВМРО-ДПМНЕ) е донесен Амандманот V, со кој се заменува членот 7 на Уставот на Република Македонија. Овој член, меѓу другото, вели дека „Друг јазик (различен од македонскиот) што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член”.
    • На 4 август 2008 година (ЗА ВРЕМЕ НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ) е донесен Указот за прогласување на Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните. Указот е потпишан од Трајко Вељаноски (Претседател на Собранието) и од Бранко Црвенковски (Претседател на Република Македонија).
    • На 18 јули 2011 година (ЗА ВРЕМЕ НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ) е донесен Указот за прогласување на Законот за изменување на Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните. Указот е потпишан од Трајко Вељаноски (Претседател на Собранието) и од Ѓорѓе Иванов (Претседател на Република Македонија).
    Ни фали само еден ПОПИС. 10 години се на власт и не најдоа за сходно да го направат. 10 ГОДИНИ! Не се 10 дена, не се ни 100. За 10 години ќе направевме 5 пописа според стандардите на Eurostat и ќе се преброевме за да знаеме колку сме, кои јазици ги зборуваме и како и каде живееме. 10 години... И бараат уште еден мандат! Ќе им го дадете? Фино... Но, не жалете се потоа бидејќи ќе чукнете на затворена врата и ќе нема кој да ја отвори.
    Е сега, јасно ли ви е КОЈ, ВО КОЕ ВРЕМЕ И НА КОЈ НАЧИН нѐ направил двојазични? Пак сакате да ви нацртам? Не. Мислам дека беше доволно. Сигурен сум дека не сте глупави и неписмени за да не сфатите и да не направите една проста математика.
    2. Двојазичноста во политичката кампања 2016
    Но, сепак ми се црта. Ете, ќе му нацртам на Zoran Zaev една мала панорама за да види каде ја утна неговата кампања во однос на ова прашање:
    Зоране: Вие сте „народен човек”. Многумина Ве сметаат за паметен, но јас не Ве знам ниту Ве познавам за да почнам да Ви фрлам цвеќиња (или китки, как шо викате у Струмица). Ќе си дадам само за право да Ви кажам две работи, но ќе ги спојам во една.
    Пред две години, моја блиска другарка темелно ја разработи темата „двојазичност” во нејзината магистерска теза. Еден од членовите на комисијата на таа магистерска теза беше и Рената Дескоска - Ваша блиска соработничка. Можевте да ја прашате барем Дескоска - или самата таа да Ви се понуди - за да научите каква законска рамка е предвидена за двојазичноста во Република Македонија. Ем ќе нѐ поштедевте од глупости (оти се изнаслушав во последните 10 дена трачеви од типот на „сунет за сите” или „сите Македонки забрадени”), ем ќе добиевте уште поголем кредибилитет за да си ја протуркате агендата. Ама добро де: од грешките се учи! Е сега, Зоране, чудете се зошто во Гевгелија се зборува грчки, во Дебар албански, во Куманово српски, во Ума влашки. А уште повеќе чудете се што не можете да му објасните на народот (а сирот народ нема ниту поим за што точно станува збор!!!) какви закони протуркаа Вашите политички опоненти.
    Магистерските тези не се напишани за украс: не би било лошо да видите - и Вие и Вашите соработници - што содржат, за да знаете со каков кадар располага Република Македонија. Чувме и видовме, од бомбите, зошто не треба да гласаме за ДПМНЕ. Но сакаме да видиме зошто треба да гласаме за СДСМ и за неговите партнери. Смачено ми е да гласам ПРОТИВ: покажете ми дека ги разбирате работите и дека ќе ми понудите опција ЗА. А ќе гласам токму ЗА ТОЈ што ќе има издржани работи во неговата програма. Ќе гласам за највештиот кој ќе биде способен да му каже на народот, без преголеми интелектуализации, што не е во ред со Македонија, а пред сѐ за тој што ќе каже КАКО ќе се справи со овој неред. Пред фактите и боговите молчат, а можевте да се исперете цитирајќи му ги на народот само трите работи што ги наведов погоре.
    3. Шчо напрајфне и шчо требит да напрајне за јазикот? (груба парафраза на Крстета Мисирков)
    Се прашувам, дали народов ќе се расправаше со двојазичности, сунети и забрадени жени ако имавме конкурентен работен пазар, ослободен од партиски книшки? Немаше ни патка ни путка да ве боли дали фактурите ви се напишани на албански или на македонски, на банту или на свахили, на кинески или на шпански. Напротив, како што во мојата родна Гевгелија сите трчаат да научат грчки за да добијат поинтересна работа и поголема клиентела - така и вие ќе се з'гневте да научите албански за да работите во Дебар, Кичево, Гостивар или Тетово, а Албанците ќе научеа македонски и ќе одеа да работат во Струмица, Штип, Кочани и Гевгелија. Очигледно е дека ДПМНЕ ја одведе кампањата на погрешен пат поистоветувајќи ја двојазичноста со „федерализација”. Слоганот „остваруваме” е веќе добро вграден во нивната пропагандна машина, но ако сакаа да ме убедат дека прават нешто, добро би било да го искречат Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, да го поправат парното на Филолошкиот факултет, да опремат 5-6 училници со по 30 компјутери и, пред сѐ, да вработи обучен и способен кадар што може ЦЕЛОСНО (8 часа на ден!!!) да се посвети на изучување на македонскиот јазик. Тој кадар би бил способен да направи нови помагала и граматики, да ги ревидира и да ги збогати речниците, да внесе нови лексички единици за сите научни области...
    Ехеееее... Толку работа има, но мојот народ треба да сфати две основни нешта:
    • Да знаеме кој е законот што може да нѐ заштити.
    • Да си го научиме најпрвин МАЈЧИНИОТ јазик за да можеме да го прочитаме тој закон.
    Вака како што стојат работите, имам впечаток дека народот не чита. Всушност, не знам... Ај пак да прашам: ЗНАЕТЕ ВИЕ ДА ЧИТАТЕ? ПИСМЕНИ СТЕ? АКО ЗНАЕТЕ, ПАК ДА ВЕ ПРАШАМ: КОЈ ГИ ДОНЕСЕ ЗАКОНИТЕ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ? КОГА ВЕЌЕ ИМАТЕ ДВОЈАЗИЧНОСТ, КАКО МОЖЕ НЕКОЈ ДРУГ ПАК ДА ВИ ЈА ДОНЕСЕ?
    Доста беше...
    ...читање и размислување: ќе ми се изморите. А и јас треба да фатам авион и да дојдам во Македонија и да гласам : неќу дијаспорски пратеници - ќи си гласум уф Гивгилија.
    Денеска сите го празнувате Свети Климент. Сите сте седнати со кафе в рака пред компјутер и играте Candy crash, Farmville, Backgammon и разни теткини-путкини. Среќни сте што имате неработен ден. Сите имате компјутери, Google фучи 1000 на час. Сите имате тастатура и македонска поддршка за да пребарате и да научите како функционира законот во однос на јазиците. Имате и имиња и презимиња на тие што ги изгласале и ги донеле тие закони. Имате и мозок за да воочите кој е против а кој за двојазичност. Не, не... Не читајте Курир и не слушајте како ви продаваат муда за бубрези. Сакам да верувам дека мојот народ е писмен. Затоа, драги мои ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ЗАКОНИТЕ И ВИДЕТЕ КОЈ ГИ ДОНЕЛ!
    А ако ве мрзи, пак, замислете го Климент како се превртува в гроб и како си вели: Овие мрзиве денес си го топлат дебелиот газ дома затоа што имаат неработен ден на мој грб. Ме „празнуваат” мене. Ме „чествуваат” мене. А сѐ што сакав е да бидат ПИСМЕНИ.
    Автор: Д-р Јован Костов Pôle d’Elaboration de Ressources Linguistiques Université Paris-Diderot (Paris 7) France
     
  4. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
    Ako bese za fotelja po sekoja cena kje formirase vlada Grujo neli ? kolku i da go blatate po forumov dzabe e.
     
  5. tajnazelba

    tajnazelba Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Машки
    Си ја погоди поентата, територијалната децентрализација имаше за цел да им допушти на општините сами да одлучуваат за јазикот, симболите и така натаму. Гевгеличани ете поради некои причини одбрале грчки да пишува.... Е сега децентрализацијата донесена по Рамковен договор не важи, ајде ќе ифорсираме двојазичност во цела држава.
     
  6. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.018
    Пол:
    Женски
    Јас не го спорам тоа дека во Гевгелија се е и на грчки :) Не ми ни смета, нема зошто да ми смета. Прочитај го текстот во спојлерот, од наш познат лингвист е, тој има убаво образложено се околу двојазичноста.
    Батали ги спиновите од Сител и Инфомакс.
     
  7. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Дали тврдокорните ќе бараат изоставување на зборот „али“ во нашиот речник? :D
     
  8. tajnazelba

    tajnazelba Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Машки
    Не донесувам јас заклучоци од партиски медиуми. Го прочитав спојлерот, но изгледа ти не ја сваќаш поентата што ја кажа. Платформата се противречи со рамковниот договор.
     
  9. tajnazelba

    tajnazelba Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Машки
    девалвирањето на непартиско движење не му оди во прилог на зајо, поготово не, ако се знае дека на браникот на предавството застанаа оние кои тој ги поистоветува со свои ривали.
     
  10. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.018
    Пол:
    Женски
    Toчно, не ја сфаќам твојава поента. Кој фактор е платформата за моменталнава состојба кај нас? Заев ја напишал или потпишал? Или само нагаѓаме и претпоставуваме? Можеш ете и ти да напишеш платформа во која ќе пишеш што сакаш, ама тоа не значи дека треба да и се придаде значење, ти текнува? ;)
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tajnazelba

    tajnazelba Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Машки
    не е важно за самата платформа дали некој ја подржува отворено или не. не е важно дали заев ќе се потпише или не. важно е зошто е поставена како услов за креирање на влада. 100 пратеници се донесени пред 20 на колена. Која е таа демократија која ги натерала на тоа ?

    зарем не го гледаш понижувањето, зарем не ти смета ?
     
  12. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    964
    Пол:
    Женски
    Дуи го откачи , нели до последен ден чекаше да одлучат и ѕиркаше Гвујо од завесата ? Гвујо прифати све само сјо му сметаше , така кажа Османи , не јас .
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
    Da de taka e, bas samo za toa, kako bese ona od ednoooki I Zoki znae i Zaev znae hahha
     
  14. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.018
    Пол:
    Женски
    Како што реков, кој што сака може да напише и посака, за тоа дали и што ќе се прифати можеме да зборуваме само откако ќе дојде ред да се формира влада. Ако Иванов не даде оставка дотогаш :D

    Вината секако дека ја наоѓам во поддржувачите на дпмне. Требаше да му ја удрат клоцата на Грујо и компанија наместо да ја вовлечат цела држава во канализација. Цела криза овие две години е поради непонесување вина за лична одговорност дури и по цена на војна и закрвување на народот.
     
    На doubleg му/ѝ се допаѓа ова.
  15. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    19.807
    Пол:
    Женски
    Како да излезат кога се формирани на 05.01.2017? Тврдокорни се партиски небоени и во здружението членуваат слободоумни патриоти, а не партиски заведени војничиња. Кога веќе сте толку напредни, нека ви учат децата албански, а и да, ќе почнеме и ние у наша држава како што тргнала работата.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tajnazelba

    tajnazelba Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Машки
    Истата работа што ја збориш за грујо и дпмне, сега се случува во сдсм. зарем не го гледаш тоа слепило...
     
  17. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
    Ispravka, daleku poloso e vo sdsm
     
  18. tajnazelba

    tajnazelba Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Машки
    Не ги гледај оние што пишуваат тука, тие имаат суета зошто на некој начин јавно настапуваат и тешко им е да ги излижат сите гомна што ги излижале. Во сдсм има свесни луѓе, кои се свесни за ситуацијата во која што се наоѓаме.

    Одтаму се и обидите да се девалвира протестот што се оддржа вчера и да се поистовети со дпмне, се плашат дека членството може да им се разводни.
     
  19. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.018
    Пол:
    Женски
    Сдсм можат вода да им носат на овие за криминал.

    Туку ајде тебе директно ќе те прашам, зошто пред да пропадне обидот за влада на дпмне те немаше со овие (параноични) муабети за двојазичност?
    • На 16 ноември 2001 година (ЗА ВРЕМЕ НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ШИРОКАТА КОАЛИЦИЈА НА ЧЕЛО СО ВМРО-ДПМНЕ) е донесен Амандманот V, со кој се заменува членот 7 на Уставот на Република Македонија. Овој член, меѓу другото, вели дека „Друг јазик (различен од македонскиот) што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член”.
    • На 4 август 2008 година (ЗА ВРЕМЕ НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ) е донесен Указот за прогласување на Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните. Указот е потпишан од Трајко Вељаноски (Претседател на Собранието) и од Бранко Црвенковски (Претседател на Република Македонија).
    • На 18 јули 2011 година (ЗА ВРЕМЕ НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ) е донесен Указот за прогласување на Законот за изменување на Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните. Указот е потпишан од Трајко Вељаноски (Претседател на Собранието) и од Ѓорѓе Иванов (Претседател на Република Македонија)

      И те немаше, немаше, сега наеднаш ти текна?
     
  20. Rokset

    Rokset Нов член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    9
    Пoддржувaчите нa ВМРO и aктивистите нa ВМРO, требaше веднaш пo бoмбите дa нaпрaвaт чисткa вo пaртијaтa.
    Тoa декa бoмбите се мoнтaжa пaднa вo вoдa пo oстaвкaтa нa Гoрде, Миле, Зoрaн. Акo биле мoнтaжa кaде избегaa?
    Пaртијaтa требaше дa им пресуди, пa нa избoри дa нaстaпaт сo кaдaр кoј немa дaмки, ни нa лице ни нa душa.
    Акo вo Скoпје не гo пoстaвеa Никoлa, немaше дa дoбијaт ни пoлa oд дoбиените глaсoви.
    Сегa aкo Зaев сoстaви влaдa, некa му е сo леснo. Секoј зaслужувa шaнсa, тoј јa дoби.
    Се нaдевaм декa ќе игрa пaметнo.
     
    На anaja1, crimson, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.