1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заев најави прослава во 15 градови низ Македонија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од baba Rada, 13 јули 2018.

  1. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.658
    Пол:
    Женски
    Албанците не се воопшто загреани за ЕУ, затоа што тогаш мора да издаваат фискални и плаќаат ддв и да плаќаат поштено вода,струја и се во оваа идна европска држава. Нив не им одговара членство во ЕУ и да им пропаѓаат сите нелегални бизниси. Баш тие ќе го искористат како изговор влезот во ЕУ да се оцепат.
    Ако толку беа за ЕУ и европска иднина имаа милион шанси да се отцепат досега,а зошто не се отцепија а?:^) Сигурно не дека многу се сакаме сите и не сакаат нас македончињава,па не одат никаде без нас.
    Плус двојазичноста ќе им го осигура и отцепувањето и прилепувањето до Косово и Албанија. Ќе има кантонизација и поделба на народи по етничка основа и најважно според интересите на ЕУ поделба според економската моќ. На пример во Косово да почне да се произведува и извезува за на светски пазар толку важно нешто,роба ова хипотетички пишувам и да се дигне економски Косово на ЕУ која ќе им е поважна земја Косово што ќе прави пари или Северна Македонија што тапка во место??
     
    На realGirl, Rama, Kolumbo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Можеби си во право за нелегалните бизниси и албанците... Ама пак, што со Македонците кои се против влезот во ЕУ? И во тие за и во тие против, има вжештени глави, кои се спремни да се пресметуваат со оружје.

    НАТО пристапувањето е отпочнато, па и ЕУ ќе почне за брзо, а тој процес нема да дозволи отцепување на територии и менување на граници. На никој во ЕУ и НАТО, не му се допаѓа менувањето на границите. И онака, ако си членка на ЕУ, самата физичка граница, не влијае воопшто на економската соработка меѓу земјите членки. И сега е така до некаде. По потекло сум од Битола и знам колку грци соработуваат со битолчани и колку македонци соработуваат со леринци (на пример).
     
  3. A.27

    A.27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Машки
    Целосно фијаско на прославата за не влез во нато :P
     
    На realGirl, SummerGirl, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
  5. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.658
    Пол:
    Женски
    И јас сум по потекло од Бт и знам колку нашинци-македонци од територијата на Грција кои се декларирани како грци соработуваат со нас,битолчаните,се ми е јасно. Само не знам од каде информации дека македонец против македонец ќе се пресметува со оружје?
    Ако на некој му одговара тоа црно сценарио разбирам а се друго е само ширење дезинформации,сеење страв,дестабилизација со наметнување на меѓуетнички немири итн.
    Познато сценарио од кујната на владеачката партија.
    Нејсе познато ни е се на сите,нема да наседнеме овој пат ќе се види тоа на Референдумот.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    По изјави на многумина по социјалните мрежи, дека требало да се тепаат и дека само така би се решил проблемот.
    Изјави од македонци, не од албанци...
     
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Леле срам ме фати кога го слушав видеото што го имаше некој постирано,што од бабата која вели до 5 ќе седела ако треба и тоа со пофални зборови за градскиот татко Шилегов како се убаво направил,па до тоа дека ќе сме се споеле со Грците :D
    После,сите други интервјуирани поим си немаа за што е прославата,а беа на истата :D

    Баш ме интересира за трошокот за прославава,ако ја дадат точната цифра ;)
    Лозано и Љубојна откажале и одма се величани дека биле патриоти,ако беа не се согласуваа да пееат и во последен момент да откажат,откажаа оти дијаспората им се закани :D
    И така,и волкот сит и овците на број.
     
    На corto.maltese, realGirl, Harper и 11 други им се допаѓа ова.
  8. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.658
    Пол:
    Женски
    Не сум во тек не сум читала се,но ако е така срамота. Со насилство ништо не се решава. Има Референдум нека се изјаснат или не изјаснат кој како милува.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    @Rama прочитав дека утре ќе одлучувала владата дали да го тужат Влатко. А за што да го тужат кога не ни знаеле на што ќе настапуваат? Не мора да значи дека е патриот ако не сака да пее на партиски прослави. А не гледам ни проблем ако откажал поради фановите како и сам што изјавил. Градел некаква кариера со години и сега за некоја си квази прослава да се продаде ќе е уште помизерно, според мене.
     
    На realGirl, Harper, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Се зезав со она "патриот" кај нас ретки се вистинските патриоти,се е од корист и за работно место-глумење патриотизам на дело,посебно патриотите вработени во Државни фирми :)
    Не знаев за ова дека владата се мисли да го тужи Влатко,сега слушам од тебе...
    Не знам дали е за верување она дека не знаеле,нели некој кажа убаво пишувало што и како пред да стават потпис.
    Нејсе.Не ми е толку до таа поделба на патриоти и предавници од пејачиве,колку што ми е дека се потроши голема сума на пари за безпотреба и за дебакл :D
    Ама,такво државиче сме ние,пред тоа Груевски од еден до последен пејач го гоштеваше по митинзи со наши пари,сега истото и Заев,да се измери и докаже моќта мора8)
     
    На realGirl, Victorian, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Сите се иста сорта.
    Врти сукај.
    Ма како сакаш стави го.
    Кој од кој по дно дна.
    Туку.. народот ни е заникаде тука е најголемиот проблем.
    Да се вплотат сите во едно и да реагираат, да ги истераат ситр копуци таму од владава т.е гоштевањето па да видат кај ќе и е крајот.
    Тука лежи зајакот.
     
    На realGirl, SummerGirl, CaraMia и 2 други им се допаѓа ова.
  12. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Неколку страни поназад прочитав дека било време за одмори и повеќето биле на одмор. Изгледа народов и не е толку сиромашен штом оди на одмор во шпиц сезоната.
     
    На realGirl, Victorian, carangigia и 3 други им се допаѓа ова.
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Ај ај, знаеле они многу добро што потпишале, ама им фуфна дека се сврте народот. Ќе се продаде? Па тој се продал кога потпишал, ако така го викаме ова... Вакви потези ми се само срамни.
     
    На Mishela, JuLleE, honest girl и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Оф ќе бидам,ама морам да си кажам:Овие новиве јадеа трици за патните трошоци од 10 000 евра на пратениците од Грујо,а сега истите тие ни А да гугнат ни Б за нивните кои исто така НЕПОТРЕБНО трошат по 10 000 евра патни трошоци.
    Ни ќе се вплотиме,ни ќе избркаме некој,само вака ќе си лаеме и ќе не стрижат ко овци ;)
     
    Последна измена: 15 јули 2018
    На vitamina, SummerGirl, CaraMia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Нели ќе имаше конфискација, затворање на криминалци, повисоки плати. И? Нема ништо. Не, мој глас веќе не добиваат. Ќе бојкотирам на референдум. Каква прослава, што слават? Кој им даде право народни пари да трошат на глупости? Слушам вчера Мила Царовска за стабилен социјален систем ќе ни требало 10 години. Ауууу, 20 да не сака. Неспособни. Министер како неа и јас би била, без знаење. Сите министри потфрлија, јас од ниту еден не видов нешто саглам. А Лозано и Љубојна не се патриоти, туку се откажаа кога слушнаа што дијаспората кажа. За што протестираше дијаспората, масовно, за да го дадеме името така, за ништо? Таа па Вера Милошевска, се грозам песните да и ги споделам. Нели пишуваше на фб била против промена на име,т и ооппп за пари значи прифатиле, еее Македончето за ситно се продава. А пее во Солун кај Македонците во Егејска Македонија и солзи дури ќе пуштеше. Се згрозувам. Се на се, гласав, се ветуваше многу, но не промена на име и веднаш двојазичност. Дебакл е ова. НЕМА ПАТРИОТИ ВО МАКЕДОНИЈА. Луѓе да се свриме кон сами себе, не давајте пари на Грци за одмори бе, купувајте си домашни производи, ако имате шанса за бизнис отворете, помогнете на својата земја, подајте му рака на свој човек, Македонец, штитете го македонското, а не вака. Ќе се продаваме за една журка платена од наши пари. ОТЧЕТНОСТ БАРАЈТЕ, штом ќе ви дојдат на врата за избори, дрско, не давајте да ве манипулира секоја партиска овца. Зошто бе да ни е празно Берово, Охрид, Крушево, Дојран, Струга за секој продолжен викенд, а да се полнат грчките гнаси со наши пари, зошто? Далеку сме од патриоти, и затоа ќе страдаме. Зошто Аца Лукас да пее, зошто Шабан сега на Пиво Фест, не ми требаат квази пејачи, леб му треба на мојот народ. Дајте една петиција кој знае ако не за тоа да потпишеме, наши музичари да настапуваат. Нека пее Љубојна на Пиво фест, а не на прослава за НАТО.
     
    На Mamli, ocicka2014, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Не знам што пишувавте предходно, немам време да читам.


    Али let me guess .. забавите вчерашни беа спинувани од типот " Ако одиш на прослава, ти си предавник"



    Али вака си размислувам, кај се родив тука да ти ебам државата .. уствари народот пошо тие ја праат државата.
     
    На Rama, WildMk, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    2.943
    Пол:
    Машки
    Eј како не, 900 илјади они се молат да излезат некако, а не 1 100 000.

    На минатите избори каде беше да се биде или не против гласаа одвај 63-64%, да не зборувам со сите глупости шо ги изнаправија у оваа година колку гласачи имаат изгубено посебно оние неутрални шо не гласаа за нв туку против гвујо и шанса нема да ти гласаат за заев и шекеринска некакви успеси да прикажуваат.

    Сдс од 300-320 илјади нема повеќе албанците од 250-260илјади немаат. Ај сеа реферндум пак ќе има некоја излезност наредни избори со вакви лудаци и на власт и опозиција 20% ако излезат катастрофа е

    Тешко и 50% освен мицко ако не ги манипулира вмороните со некоја реторика по штабовите "да ги остаиме да го сменат името а чадорот ми вети наредни избори премиер сум вас сите ќе ве вработан
     
    На CaraMia и Rama им се допаѓа ова.
  18. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    Јас пишав според тоа што прочитав и слушнав по телевизии, дека не биле известени првично за која цел ќе настапуваат. Еве пример овде https://lider.com.mk/makedonija/ver...anot-ne-znam-dali-kje-nastapuvam/#search-area Ако знаеле и потпишале, па се откажаа законски можат и да се тужени секако.
     
    На Rama и CaraMia им се допаѓа ова.
  19. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.658
    Пол:
    Женски
    Бидејќи имам пишувано на темава во претходниве неколку страни дал 2или 3 не знам точно, но да си одговорам за мене да не те оставам да се мачиш во недоумица со неумесни претпоставки.
    Јас не би те нарекла предавник да си бил на забавата вчера,тоа е твое право на што ќе си го трошиш слободното време и твое право чија политичка идеологија ќе ја почитуваш.
    Само на другите што имаме поинакво гледиште за политичките случувања во нашава државичка од вас дегутантно е да претпоставувате како би ве нарекле и што би мислеле за вас.
    Мене ми се допаѓаат издржани дискусии и разменување на различни мислења и искуства без при тоа да се навредуваме и етикетираме.
    За етикетирање и паушални претпоставки кој што мисли и кој е крив а кој прав е најлесно.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    235.274
    Кажав дека не можам да сфатам зошто оваа прослава, ама едно ми боде очи, кај бевте сите вака да скокате за непотребните прослави на Грујо, кога пак со наши пари се плаќаа сегашниве патриоти?
    Му правеа журка на Субрата Рој.
    Па 11 години молчевте, сега наеднаш освестени сте. Секојдневно мерете колку троши оваа Влада.
    Вака да правевте во минатите години немаше да дојдеме до овде.

    На мене ваквото трошење на пари ми пречеше и порано и сега. Знаејќи дека деца сеуште се лечат со донации.

    Инаку, и на Пиво фест, пејачиве и тоа српски, секоја година се плаќаат со наши пари. Ама за нив реакции нема.
     
    На cresa-jagoda, Rama, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.