Уште од минатото се практикува домот да биде од страна на машкото, па нели и од таму оди делбата помеѓу братот и сестрата да на братот припадне домот или пак да му се изгради дом, а сестрата е невестата па таа ќе си оди во куќата на мажот. Денес се менува тоа мислење и иако сеуште има такви мажи на кои им се нарушува егото ако отидат во домот на сопругата, се почесто се практикува тоа. Баш денес дискутиравме на таа тема и слушнав коментар од типот на: "Девојката кога ќе се омажи нема ништо освен ако не и остават наследство и оди во домот на мажот и иако таа е домаќинка на тој дом, не е нејзина куќата (имотот), а ако плателе по пола демек е друг муабет". Како размилувате вие на таа тема? Дали мислите дека не е важно чив е домот, важно е да имате кров над глава или пак мислите дека тоа сепак треба да биде од страна на мажот? Дали си се чувствувате како во свој дом или никогаш нема да го имате она чувство на свое (доколку сте во дом во кој не сте инвестирале во купувањето или градењето)? Спојлер Не сретнав ваква тема, доколку има - канта
Кога сум под ист покрив со онај што го сакам,тогаш не е важно дали јас сум инвестирала во него или пак обратно доколку тој дојде да живее во мојата куќа.Јас не сум сеуште во брак,но во мојата 5 годишна врска уште од нејзиниот почеток не сме делеле ништо и знам дека во иднина ќе е така.Се што е мое е и негово и обратно.Бидејќи тој е од друг град најверојатно ќе живееме таму бидејќи имаме повеќе перспектива,а доколу живеевме во мојот град секако дека ќе живеевме во мојата куќа.Значи тоа не е дискутабилно во на кого куќата ќе се живее туку најбитна е слогата,разбирањето,љубовта кои што всушност го преставуваат домот.
Нешто слично opsti-diskusii/podelba-na-imotot-pomegu-decata-vo-semejstvoto-t13419/,но ова е посебно на некој начин.Сепак сме љубопитни за мислењата на заеднички дом на партнерите .
Јас иако имам уште многу додека дојде време да живеам заедно со некој мислам дека треба домот треба да биде заедничка инвестиција. Јас лично би се осеќала како да живеам кај него а не кај нас. И постојано би била под штрек. Што ако се скараме, може слободно да ме испартали од куќата а вака ако и јас имам удел во домот подруго би било.
Камо среќа да живееме во средена држава и сите да имаме работа па да можеме да се договараме за заедничко купување стан или правење куќа. За жал ако мама и тато не помогнат-малкумина се тие што можат да си го решат станбеното прашање. И после-тука се и најголемите проблеми подоцна, снаа-свекрва, јатрви, золви. Многу полесни се работите кога се живее одделено од старите. Но кој може?!? Во ова време да земеш кредит за стан е страшно, да заработиш пак пари до 30-40 години-уште потешко. Денес работите и двајцата, утре може да останете на улица и двајцата. Да, ќе рече некој, ке си најдете работа?!? Ама и со 2 плати од 10 000 денари-тешко ке платиш кредит од 200 евра месечно, сметки и се останато. Ние имавме среќа. Родителите на маж-от ми имаа уште еден стан, па ние се преселивме во него. Секако и двајцата вложивме во негово реновирање, но на почетокот посебно ми беше многу чудно, бидејки ова не беше НАШ стан. Како и да е со тек на време стана мој дом. Сепак, ако некогаш се разделиме-станот е негов и јас останувам со ништо. Од друга страна пак, во домот на моите веќе има нова фамилија. Да не се лажеме, моите секогаш со отворени раце би ме примиле назад, но страшно ми е дури и за размислувам за такви сценарија... Затоа, ако некој има шанса, би било одлично кога заедничкиот дом ќе биде инвестиција на двајцата. Нашите родители имале шанса за тоа, но НИЕ, многу тешко.
Јас во овој случај би уплатила за гарсоњера некаде - било каде. И би ја издавала под кирија па дел од ратата на кредитот ќе ја покријам со киријата што ќе ја зимам. Не за друго, утре за не дај боже... А дај боже се да е ок...тогаш нека остане за детето/децата
Интересна тема, ама слабо активна, а сега ја забележав Парите и имотот од мм се напи, а моите се само мои мала шала.
Posle svadbata kratko ziveevme kaj nego so starite i ne se osetiv doma vo nitu eden moment. Za sreka, brgu se oddelivme, investiravme zaednicki i plus otplakame kredit. Ova e mojot dom i go cuvstvuvam poveke doma otkolku onamu kade sto porasnav. Mnogu mi e glupavo vo denesno vreme da se razmisluva kako baba mi sto velese, mazot ostanuva vo kukata, a zenskoto si odi. Vo denesno neizvesno vreme, a od atrana i djoamiti navidum sovremeno idealno bi bilo dvajca mladi isklucivo sami. Ama bidejki toa e cesto nevoznozno, togas jas bi rekla domot da im bide tamu kade sto ke imaat podobri uslovi za start. E arno ama, tesko se iskorwnuvaat obicai i pak se vrakame na istoto od pred 50 god, ba moja golema zal.
Ние живееме во сопствен стан, кој моите ни го подарија, неговите го опремија цел. Претходно сме живееле и под кирии, и кај моите но не е тоа тоа. Имавме среќа што нашиве родители ( и неговите и моите) се злато од луѓе. Им благодарам до бесконечност! И да, овој дом го чуствувам баш како свое местенце, повеќе дома од сите доми претходно.
Ние имаме наш заеднички стан. Заедно го купивме, си отплаќаме кредит и мнгоу ни е убаво. Помогнаа кој колку може моите и неговите ама ние најмногу си инвестиравме. Вака сме си свои на своето и не сум размислувала ич како би било да е поинаку.
Нашите социјално опшествени уредувања (од претходниот век) ни ја имаат интегрирано таа перцепција по ортодоксен принцип во однос на домот како институција. Апсолутно е точно дека заедничкиот дом е заедничка инвестиција во било која смисла. И двајцата по еднакво треба да придонесат за домот, матријално релативно и повеќе со синхронизација во партнерството за изградба на такво нешто.
Ние инвестираме заеднички, вереникот во мајсторските работи, а јас во мебел. Се си порачав и си е баш по мој вкус. Добивме и подарок во пари од најблиските како фрижидер, машина за перење, телевизор иако до свадбата има уште неколку месеци. За секој млад брачен пар ова е од преголема помош и премногу им сум благодарна и едвај чекам да се досреди се и да си легниме во свој кревет.
Според мене нема правило. Не е важно дали домот ќе го обезбеди едниот од партнерите или пак заеднички. Само важно е работите да бидат јасни и чисти и да се знае кое на кого е. Никогаш не се знае што ќе ни донесе иднината.
Точно. Не се знае утре што ќе биде и треба да се мисли навреме. Знам постар човек кој на ќерка си купи стан за да не оди кај зетот во село, туку него го донесоа во град. Но, станот го купи непосредно пред да се омажи и стапи во брак. Сепак не е фер утре да се дели се на пола како стекнато во брак, ако некој не дал денар и затоа човек подобро да се заштити навреме отколку после да се треска.
Па нема да се дели нејзин си е станот не е стекнат во брак. Наследство и поклон не се делат, ако заедно купувале и ги пишува на имотен лист заедно како сопственици тогаш ќе се дели.
Нема трескање. Си има Закон..се што е стекнато ВО БРАК се дели. Се што е дадено ПОКЛОН од родител иако си во брак,не подлежи на делба.
Пишав пред некое време во тема Снаи и свекрви за една другарка што направија со мажот надградба кај нејзините..Таму брат и веќе живееја посебно од нејзините на другиот кат. Иако братот доби готов кат, сепак имаа вложено во реноворање доста, бидејќи беше стара куќата..Другаркава направија трет кат, односно дел од катот беше претходно изграден, а тие само го доградија и го уредија. Сума сумарум значи, другаркава со мажот и вложија нешто повеќе од брат и со снаата. И што се случи? Другаркава почна да се понаша нефер кон снаата, и го оставаше детето на чување нон стоп, нон стоп и се трупнуваа со мајка и на снаата на ручеци и кафиња и не пропуштаа прилика да и напоменат на снаата дека она била дојдена тука, куќата не била нејзина...бла бла...На братот и снаата им пукнал филмот и решиле да се одделат да си купат стан...арно ама, старците ко старци го наговориле синот да остане доколку сака да му го препишат катот. Синов ги послушал, ама од препишувањето ништо. И така до развод стигнаа со жена му. Кога преценил ситуација се вклучил и зетот, мажот на другаркава и им барал на старците да им го препишат на нив нивниот кат, ама ништо и од тоа. И они со другаркава се разведуваат сега. И? Останува куќа, реновирана, со три ката, да си биде на име на старците, а праена и со туѓи пари. И снаата и зетот со прстот во уста си остануваат... Ајде сега некој правник нека каже што во вакви ситуации? Верувам дека на форумот има многу во слични ситуации, луѓе кои живеат во имот сопственост на старите, но во кој вложуваат за негово реновирање и одржување, па ќе им биде од помош одговорот на некој правник-како во случај на развод да си го добијат својот дел?
На пријателка блиски имаат водено спор - за отплата од доградување или инвестирање на место кое се води на туѓо. Жената изгуби на суд. Не е во ред и правилно (иако законот е на страна на сопственикот на имотниот лист) пр.некоја шупа да се направи достојно место на живеење и притоа воопшто да се земе во предвид дека и некој друг учествувал во создавање. Треба да се направи измена во Законот за имотно правни односи - кој отстапува сопствен простор на доградба од друг - син, снаа, ќерка да е должен да исплати половина од вредноста на доградбата или инвестицијата доколку дојде до спор. Сигурно никој без согласност не почнува да доградува и секој е свесен дека тоа во иднина може да се злоупотреби. Да се завери на нотар некој меѓесебен договор и тогаш да почне да се инвестира. Многу родители на таков начи ги уценуваат своите деца. На оние брачни парови пр. до 30 г. кои сакаат да купат земјиште или ново место на живеење да има поволности, пр. да не плаќаат комуналии на земјиште, други намалени давачки, државата да ги подбутне со "поволни" кредити, не такви со плаќање рата од 900 евра месечно итн...Многу повеќе ќе добие државата од домаќинство плус во секој поглед.