1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заеднички живот во студенските денови

Дискусија во 'Врски' започната од redhott, 17 јануари 2012.

  1. redhott

    redhott Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    29
    Дали би живееле со партнерот додека студирате?
    Имам 21год, во врска сум 2 и пол години и пред некое време паднавме на муабет да почнеме да живееме заедно, поточно тој предложи такво нешто, јас на почетокот се двоумев но како поминува време се повеќе ми се допаѓа идеата. Имам стабилна врска, премногу сме приврзани еден за друг и постојано разговаравме за проблемите кои настануваат кога треба да се видиме. Многу ретко имаме шанса да останеме сами, мора да се гледаме во друштво или пак да излегуваме. Немаме доволно време кое можеме да го поминеме сами, тоа премногу ни пречи. Во последно време имам и некои недоразбирања со цимерките, секој втор ден се прави журка, со чудни фаци што навистина не ми се допаѓаат.
    Дали би се одлучиле на ваков чекор?
    Сепак ова е сериозен чекор што може да биде погрешен или..
     
  2. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Ја би :) и би бил погрешен само и само доколку го запоставам факултетот,на еден начин со ова не само што би се зближила повеќе со партнерот туку и би увидела дали си одговараме за понатамошниот живот..и така на време да смениме некој работи :)
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Не гледам ништо лошо во тоа, вака барем уште поубаво ќе си се запознаете зошто едно е да си со некој во врска, а друго е да живееш со тој некој. Доколку од дома не ти прават проблем тогаш нема зошто да се двоумиш. Камо јас да ја имав таа среќа да можев да живеам со дечко ми додека студирав, но за жал или за среќа студиравме во различни градови и уживавме во ретките виќенди :)
     
  4. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    тоа зависи од типот на парот ако сте тип кој сака забави дружење се дружите со голем круг на луѓе тогаш е ок,а ако и двајцата немате некои поблиски другари или нешто сл. е тогаш ако живеете заедно ќе се затворите во соба и нема да излезете од неа.тоа се случува со повеќето парови.А и недај боже да се скарате за нешто кој ќе треба да си замине?
     
  5. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    52
    Би била срекна да зивееме ѕаедно, иц не се мислај одма прифати ја понудата :D
     
  6. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Зашто да не? Ние така бевме во врска јас бев во медицинар, си идев само до кај моите, а и кога се веривме сами живееме. И нема поубаво од тоа :) Се зближивме, заедно се си планираме, знам дека секогаш имам со кого да јадам, да се напијам кафе и да ми биде убав денот :inlove:
    И нема поубаво од заспивање и будење до тој што го сакаш. И многу се изменив, научив многу работи за по дома :)
     
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.584
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не. Ми предложи такво нешто и искрено, се исплашив :D Ако сум заедно со него, ќе го запоставам факултетот.
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.585
    Допаѓања:
    80.672
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet, нема врска тоа, искрено.
    Ако тебе не ти се учи и ако си личност која нема многу нерви за да се труди и лесно се откажува, тогаш нема потреба запоставувањето на факултетот да биде вина на дечко ти, на тоа можат да влијаат и многу други нешта.
    Макар и да не е студент - секој си ги знае приоритетите и обврските, се знае кога се учи, а кога е време за зафрканции.

    Ние почнавме да живееме заедно кратко по почетокот на минатиот семестар, затоа што дечко ми доби добра понуда за работа, па се префлри вонредно, а сето тоа се погоди во период кога јас бев сама.
    Поубаво и пофункционално не ми било, не памтам од кога. :)
    Патем, полесно и побезболно ми е нему да му кажам што ми се допаѓа а што не, отколку на било кој што би живеел заедно со мене, зашто знам дека на крај ќе се разбереме како луѓе и нема да бидам погрешно сфатена.
    Не знам, можеби не е по сечиј вкус, но нас ни е супер вака.
     
    На Umbrella22, Viktorijaaa5 и Doozy им се допаѓа ова.