1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заедничко родителство и старателство врз децата по развод

Дискусија во 'Брак' започната од ♡BuBaLe♡, 7 февруари 2018.

  1. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Како и секоја поголема промена во животот, разводот може да биде стресно искуство.Особено ако семејството вклучува и деца, тогаш тие би можеле да бидат длабоко погодени.
    Досегашната практика налага доверување на децата кај примарен старател ( најчесто мајката ) и одредување на обврска за алиментација и определени средби на споредниот родител ( најчесто таткото ) по неколку дена во месецот.
    Веќе имавме форумска тема - зошто секогаш мајката добива старателство врз децата, а дури и во случаи ( кои иако се ретки, но сепак ги има, се доделуваат на таткото ) , сепак се практикува тој еден, примарен родител.
    Зошто е тоа така?
    Бракот како институција на двајца братни партнери престанува по разводот, но за децата родителите остануваат родители доживотно а родителските права и должности и на двајцата родители
    Група родители бараат измени на Законот на семејството и воведување на заедничко старателство и одговорно родителство и по развод.Иницијативата на групата родители е воведување на 50-50 поделено, подеднакво, заедничко или споделено старателство со што би се остварила праведна положба на родителите во однос на остварувањето на родител
    „Основната цел на иницијативата на група родители за воведување на 50-50 поделено, подеднакво, заедничко или споделено старателство е да се смени сегашната неправедна положба во однос на остварувањето на родителските права по развод. Досегашниот концепт на еден главен родител на кого (доколку нема меѓусебен договор, што најчесто е тешко да се постигне при развод) му се доверуваат целосно децата на грижа и воспитување и еден спореден родител кој има крајно ограничено време за остварување на квалитетно родителство, е пред сѐ штетен за децата кои де факто го губат едниот родител. Затоа предлагаме нов концепт со кој двата родитела, и по развод, ќе продолжат да имаат еднакви права и обврски кон децата, исто како и додека биле во брак
    „Никаде во Законот не е пропишано колку време треба да поминува со своите деца родителот што не го добива старателството. Сепак, за да се остварат во пракса промените што ги предлагаме, Законот мора да претрпи измени бидејќи е општ и дава можност за секакви толкувања. Ние предлагаме три главни измени во Законот за семејство. Како прво, експлицитно наведување дека принципот на еднакви права и обврски на родителите кон децата продолжува и по развод на бракот. Родителите мора да се договорат околу грижата и воспитувањето на своите деца по разводот, како и да го уредат начинот на видување на децата, водејќи пред сѐ сметка за интересите на децата. Како второ, доколку не е можен договор меѓу родителите, конечната одлука за грижата и воспитувањето на децата ќе ја донесе Судот на препорака на ЦСР, при што задолжителна и појдовна основа при одлучувањето ќе биде доделување на поделено старателство и еднакво видување на децата за двата родитела. Ова ќе важи за сите случаи освен кога во судска постапка и со докази ќе се утврди дека едниот родител од определени причини (психички заболувања, злоупотреба на алкохол или наркотици, физичка или сексуална злоупотреба и др.) не е целосно или делумно соодветен за поделено старателство и тоа треба сразмерно да му се намали или целосно одземе, зависно од ситуацијата. И како трето, дополнување на одредбите што предвидуваат дека ЦСР ќе врши надзор над извршување на родителското право, во смисла дека принципот на еднакво видување може да претрпи промени само ако се утврди дека таквиот начин на гледање е штетен за развојот на децата, ако едниот родител не е подобен за остварување на родителски права или ако едниот родител експлицитно се изјасни дека не е во состојба или не сака да ги гледа децата според овој принцип“, образложува тој.

    Потребно е воведување на заедничко старателство
    Според него, главната причина за појавата на родителско отуѓување во Македонија е сегашната пракса во случај на развод, децата да се доделуваат на чување и воспитување само на едниот родител, додека, како што укажува Рибароски, другиот родител добива минимално време за остварување на своето родителско право.

    „Тоа е во просек не повеќе од 4 до 5 дена во месецот, а честопати може да биде и помалку од тоа. Родителското отуѓување се врши најчесто од родителите на кои им се доверени децата, и тоа како на активен начин (постојани негативни коментари за другиот родител), така и на пасивен начин (без директни коментари, но со дејствија што доведуваат до ограничен контакт на другиот родител со децата). Ова е, всушност, вршење психичко насилство над децата – тие се ставени во позиција во која немаат друг избор или второ мислење и постепено ја прифаќаат грдата слика за другиот родител, што доведува до појава на негативни чувства или рамнодушност кон другиот родител. Ваквата злоупотреба на старателството е масовна појава во Македонија и се врши со разни цели –главно пресметка со поранешниот брачен партнер, но и за други материјални и социјални цели. За жал, за оваа појава ретко кој досега прозборел во јавност – не е третирана од стручните лица, а во ЦСР никој не се ни осудува да заземе став на оваа тема. Намерата со оваа иницијатива е не само да се отвори оваа тема, туку и да се реши со еден потег – воведување на заедничко старателство“, вели Рибароски, појаснувајќи дека моделот на заедничко старателство подразбира дека без оглед на разводот, родителите остануваат со еднакви права и одговорности кон децата.

    Моделот на заедничко старателство е комплетна спротивност на досегашната пракса
    „Тоа подразбира поминување еднакво време со децата (на пример, една седмица кај едниот родител, една седмица кај другиот родител), но и еднаков удел во донесувањето на битните одлуки за детето (во поглед на образование, здравствена заштита, занимавање со спортски, социјални и други активности итн.) Моделот на заедничко старателство е комплетна спротивност на досегашната пракса каде што децата поминуваат поголем дел од времето со едниот родител, кој сам ги донесува сите битни одлуки за децата, а улогата на другиот родител се состои во повремени средби со децата, без да има какво било позначајно влијание во нивниот раст и развој“, додава Рибароски.

    Како што вели тој, моделот на заедничко старателство нуди придобивки за сите страни: за децата, за родителите и за општеството.

    „Децата нема да имаат еден главен и еден спореден родител, туку ќе продолжат да ја чувствуваат еднакво љубовта од двата родители. Без оглед на разводот, двата столба врз кои се гради личноста на детето сѐ уште ќе бидат присутни во неговиот живот.Основниот предуслов за појава на родителско отуѓување ќе биде елиминиран,ќе има полесно и побрзо надминување на разводот, намалување на можноста за појава на депресија или други негативни психоемоционални состојби, кои во подоцнежна фаза би можеле да доведат до насилство, зависности и други девијантни појави, елиминирање на стигмата ‘дете на разведени родители и успешен раст и развој преку користење на сите ресурси (човечки, интелектуални, воспитно-образовни, искуствени, психоемоционални, семејни, роднински, материјални и временски) од обата родители. За родителите е придонес тоа што ќе има намалување на меѓусебните тензии и упатување на соработка и договор во корист на детето. Со моменталниот систем, најчеста причина за недостиг на договор околу децата е тоа што родителите се во нерамноправна положба – родителот кој знае дека ќе го добие старателството е во доминантна положба и нема интерес за договор со другиот родител. Со заедничкото старателство и со ставањето на родителите во рамноправна положба ќе нема повеќе можност да се користат децата за сопствени интереси, туку напротив, интересите на децата остануваат единствена тема за разговор.Се елиминира преголемиот товар врз едниот родител. Поделените одговорност и време за одгледување на децата оставаат повеќе простор за двајцата родители да се ангажираат во поглед на кариерата, социјалните активности итн., потоа, се намалува можноста за појава на депресија, зависности или други негативни психоемоционални состојби како резултат на изгубеното старателство и, на крај, се поттикнува и по разводот повторно да се формира семејство. Со сегашниот систем, родителот што го изгубил старателството не е мотивиран да ја повторува истата грешка кога знае дека во случај на нов развод го чека истата огромна загуба“ истакнува Рибароски.
    Рибароски потенцира дека една од основните бенефиции за општетсвото е избегнувањето на дискриминација и создавање незадоволни граѓани, потоа пократки процеси и полесно одлучување пред судовите и во ЦСР, а со тоа и ослободување на ресурси и одгледување на здрави генерации – психолошките последици врз децата од губење на едниот родител ги зголемуваат можностите за запаѓање во социјално ризични активности (насилство, криминал, цигари, алкохол, дрога, предвремена бременост, проституција).
    „Со воведување на двојното старателство, значително се намалуваат ваквите ризици, а Македонија ќе се вброи меѓу најнапредните демократии во светот што го имаат имплементирано овој систем. Во исто време, се намалуваат можностите за поведување евентуални судски процеси против државата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур и пред други меѓународни организации за човекови права и права на детето, загуба на буџетски средства поради таа намена, и уште повеќе, нарушување на меѓународниот углед на Македонија“, резимира Рибароски, додавајќи дека концептот на заедничко старателство постои во голем број развиени држави – Белгија, Холандија, Швајцарија, САД, Канада, сите скандинавски држави, Словенија итн., каде што во законодавствата на секоја од овие држави, како што потенцира, експлицитно е наведено дека децата и по разводот остануваат во еднаква надлежност на двата родитела, т.е. двата родитела се еднакво одговорни за грижата и воспитувањето на децата и постои обврска за родителите да се договорат околу грижата и воспитувањето на децата, т.е. родителите ‘мора’ да се договорат во интерес на детето
    ителство и по развод
    Генералниот став на Детската амбасада „Меѓаши“, како организација за заштита на детските права, е во насока на давање поддршка на оваа иницијатива која доаѓа од група родители за воведување на заедничко старателство и квалитетно родителство и по разводот.
    „Даваме поддршка во насока на креирање законска основа која ќе даде можност двајцата родители да добијат заедничко старателство над децата доколку ги исполнуваат условите и критериумите за одговорно родителство. Според светските искуства, овој концепт е еден од најсложените, но се смета дека е најдобро решение за детето “, велат од „Меѓаши“.
    „Надлежниот суд и стручниот тим на центрите за социјална работа, при оцената за доверување на детето на чување и воспитување, треба да тргнуваат од позицијата дека двајцата родители треба заедно и непосредно да го вршат родителското право, односно стартната позиција за можност за заедничко стрателство да биде рамноправна и подеднаква. Детската амбасада „Меѓаши“ се залага да се даде ваква можност кога ќе оценат центрите за социјална работа дека двајцата родители може да преземат подеднаков дел од обврските во подигнувањето и воспитувањето на детето и негов правилен раст и развој. На овој начин двајцата родители ќе имаат исти права и обрски кон детето во неговиот раст и развој, како и при донесување на одлуки за детето, односно ќе практикуваат одговорно и квалитетно родителство и по разводот. Доколку при ваква стартна позиција стручните тимови на центрите за социјална работа, во согласност со однапред утврдени критериуми, утврдат дека двајцата родители можат да му понудат на детето квалитетно родителство, тогаш заедничкото стрателство треба да биде појдовна основа. Но даденото заедничко старателство во иднина треба да биде предмет на континуиран мониторинг и надзор од страна на стучните служби и преиспитување, односно следење на двајцата родители во остварувањето на нивните родителски права и обврски. Доколку при овој мониторинг се утврди дека еден од родителите не го врши квалитетно родителското право и доколку тоа не е во најдобар интерес на детето, Центарот го задржува правото да предложи старателството да биде доделено на другиот родител, а првиот да одржува лични односи и непосредни контакти со детето, земајќи ги предвид интересите на децата“, сметаат од „Меѓаши“.
    Од „Меѓаши“ укажуваат на емоционалниот и психофизички развој на детето и тргнувајќи од тоа, како што велат, од особена важност за детето е поддршката и љубовта од двајцата родители.
    „Детето никогаш не треба да се стави во ситуација да избира меѓу двајцата родители. Разводот треба да биде престанок на бракот, а не престанок на родителството. За детето е важно да знае дека двајцата родители донеле одлука за развод и дека тоа не е виновно за таа ситуација. Со оглед на тоа што оваа состојба носи доста прашања за детето, на децата треба на прифатлив начин за нивната возраст и зрелост да им се претстави ситуацијата, нивните потреби да се стават во преден план и секогаш да се посветува внимание на емоциите на децата. Согласноста за заедничко вршење на родителското право, со која родителите на детето се согласуваат дека родителските права и обврски ќе ги обавуваат заеднички и со меѓусебно договарање, меѓу другото, подразбира и утврдување на живеалиштето на детето затоа што во психолошка смисла за детето е особено важно да знае каде му е домот. Овој модел подразбира и зајакнување на квалитетната комуникација меѓу родителите со цел да се намали и да се спречи трауматичното чувство кај децата поради разделбата на двајцата родители“, нагласуваат од „Меѓаши“.
    Податоци од СОС телефонот за деца и млади
    Во таа насока, од „Меѓаши“ истакнуваат дека бројот на јавувања за можни прекршување на правата на децата во текот на бракоразводни постапки е меѓу неколкуте најзастапени прекршувања на правата на децата во Република Македонија.
    „СОС телефонот за деца и млади при Детската амбасада „Меѓаши“ постои веќе 22 години и на него се регистрирани над 20.000 повици. Според податоците, бројот на јавувања за можни прекршување на правата на децата во текот на бракоразводни постапки е меѓу неколкуте најзастапени прекршувања на правата на децата во Република Македонија. Од овие податоци забележуваме дека најмногу се прекршува правото на детето за видување со еден од родителите. Деца имаат проблем при видување со родителот, а исто така застапени се и проблемите со доделување на старателство и исплаќање на алиментација. При бракоразводните постапки, кои се сѐ почести, најголеми жртви се децата што страдаат поради проблемите што ги имаат родителите, а кои најчесто се однесуваат на проблемите во нивната комуникацијата.
    ...
     
    На fina erika, ninja35, Mari* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    ...
    Во текот на бракоразводната постапка, не секогаш се зема предвид мислењето на детето, па затоа децата најчесто мораат да остваруваат контакт со еден од родителите, иако тоа е против нивната волја. Родителите наместо да се борат за квалитетно родителство, тие го користат детето за меѓусебно надмудрување кој ќе го добие старателството на детето. Нашата интенција како организација е да се посветат на тоа кој ќе биде подобар родител и кој ќе му покаже поголемо внимание и посветеност на детето“, велат од Детската амбасада.

    Почитување на мислењето на детето
    „Како организација чија мисија е заштитата на децата и нивните права, особено сакаме да нагласиме дека, при донесување одлука за доверување на детето на чување и воспитание, детето треба да биде во центарот и од особено значење е тоа да биде прашано и да се почитува неговото мислење, во согласност со неговата возраст и со степенот на развој. Нашето искуство говори дека дете што има навршено 10 години може слободно да го изрази своето мислење во ситуации во кои се одлучува за неговите права и мора да биде прашано и да се консултираат со него за неговото мислење“, додаваат оттаму.
    Од „Меѓаши“ потсетуваат на чл. 12 од Конвенцијата за правата на детето во кој се вели: „На детето кое е способно да формира свое сопствено мислење државите-членки му обезбедуваат право на сопствено мислење, право на слободно изразување на тоа мислење за сите прашања кои се однесуваат на детето, со тоа што на неговото мислење се посветува должно внимание во согласност со годините на животот и зрелоста на детето. За таа цел, на детето посебно му се дава можност да биде сослушано во сите судски и административни постапки кои се однесуваат на него, било непосредно или преку застапникот или соодветен орган на начин кој е во согласност со процедуралните правила на националниот закон“.
    „Во националното законодавство на Република Македонија, поточно во Законот за семејство, не постои општа одредба која би се однесувала на земање предвид на ставовите и мислењата на детето при донесување одлука која е од значење за него. Законот за семејство во чл. 79 вели дека Центарот за социјална работа го информира детето и ги зема предвид неговите ставови и мислења, но изречно не наметнува законска обврска да се сослуша детето кога се донесува одлука со кој родител ќе живее детето, ако родителите не живеат заедно или ако бракот е разведен. Повикуваме оваа одредба од КПД да биде вградена во Законот за семејство, каде што ќе се наметне изречна законска обврска за сите вклучени при донесување одлуки од значење за детето, меѓу кои и доверување на детето на чување и воспитување“, потсетуваат од Детската амбасада, додавајќи дека во согласност со Уставот на РМ: „меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон“.
    „Од наведената одредба произлегува дека меѓународните договори како дел од внатрешниот правен поредок, односно извор на правото, се директно применливи од судовите во РМ и хиерархиски стојат повисоко од домашните закони. Комитетот за правата на детето при Обединете нации, како тело составено од независни експерти кое ја мониторита имлементацијата на Конвенцијата и нејзините факултативни протоколи во пракса од страна на сите држави кои ја имаат потпишано и ратификувано, меѓу кои и нашата држава, во последниот извештај за Република Македонија вели дека иако го забележува вклучувањето на принципот за почитување на ставовите за детето во дел од законите на државата-членка, сепак, жали дека тоа не е направено на систематски начин и притоа со законодавството не се обезбедува сигурност дека детето има право да биде слушнато во сите судски и административни постапки кои влијаат на детето и кои се во согласност со развојните капацитети на детето“, посочуваат од „Меѓаши“.
    Детската амбасада ја објаснува и дистинкција меѓу старателство доделено на еден родител и заедничко старателство.

    Дистинкција меѓу старателство доделено на еден родител и заедничко старателство
    „Старателството доделено на еден родител значи дека детето ќе биде доверено на чување и воспитание на еден од родителите, при што ќе се одреди висина на алиментација за другиот родител и начинот на одржување на личните контакти со другиот родител. Родителот што директно, непосредно не го врши родителското право има право и должност да го издржува детето, да одржува лични контакти со детето и да одлучува за битни прашања за животот на детето (здравствени проблеми, обраозвание и сл.). Непосредното, заедничкото вршење на родителското права значи дека родителите ќе ги обавуваат родителските права и должности заедно, со меѓусебно договарање, кое мора да биде во најдобар интерес на детето.

    Кои се вашите ставови по оваа тема?
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Јас сум за. Освен во случаи ако другиот родител не е способен да чува деца. Односно, ако е некој психопат, насилник. Имаме разговарано со маж ми за оваа тема. Доколку Не дај Боже дојде до развод, децата да бидат под заедничко старателство. Ама мислам дека тоа кај нас го нема. Против сум детето да биде само со еден родител.
     
    На Mari*, CameliaMiller, zalosna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Јас веќе се имам изјаснето дека ја поддржувам оваа иницијатива. Само сметам дека исказот на детето пред суд, па и воопшто, може да биде и невистинит понекогаш поради притисоците од едната страна. Децата се толку кревки и имаат огромна почит кон своите родители, па со цел да не го повредат родителот знаат да ги потиснат своите искрени желби и ставови.
    Јас од ова најмногу страдав и според мене ова е психичко насилство.

    П.С: Баш ме интересира какви ќе бидат мислењата на темава со оглед на тоа дека е поставена од жена, а згора на тоа и мајка на три деца. :)
     
    На H.VAGA, galapce, anggell и 4 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Ова е доста добро. Конкретно зборувам за носењето одлуки за детето во врска со се, заедно. Накратко колку лош развод да се има е добро родителите да останат во пријателски односи во име на децата. Ама, една седмица кај еден родител и една кај друга, сем на распуст, не гледам како би функционирало. Јас се уморив со две преселби во една година кога бев дете, а не пак дете кое мора да скока од место во место секоја седмица. Еднаш училиштето ќе му биди на 5 минути, еднаш мора да вози до таму сат и пол. Еднаш после часови ќе можи да излези на кошарка, еднаш мора дирек дома зошто ќе се стемни дур замини. Зборам за деца основци, конкретно. Ова би било тортура за едно дете. Едно е за време на летниот период и подолго да седи кај родителот кај кој не е, или пак по желба да оди таму и на посета, не само во договорено време.
    Да се едитирам, што ако родителите се од различен град, детето ќе оди и во различно основно? За нешто вакво мора многу да се прави за да се најди вистинското решение.
    Накратко, ни сегашниот модел каде родителите војуваат за детето не е добар, ама ни овој не е добар. Утопија би била родотелите да бидат во пријателски однос и додека детето само престојува кај едниот родител, другиот да можи да го види кога сака, и да се советуваат во врска со носење на одлуки за него.
     
    Последна измена: 8 февруари 2018
    На Harper, asdht, Gosh и 10 други им се допаѓа ова.
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Гледам дека темата за развод на форумов е доста активна.
    Значи, за жал, разводот повеќе не е табу и се повеќе деца се деца на разведен брак.
    Исто, се повеќе има мајки кои не се ни во брак па раѓаат сами и сами се грижат за детето.
    Еве,конкретно јас сум мајка на три деца, прваче и две помали кои се во градинка.
    Откако сме разделени со сопругот, по договор извршен во СЦР, децата се 4 дена кај мене 4 кај татко им, а најмалото ( 2 годишно ) ми го враќа за ноќевање. Ова трае 6 месеци и децата си имаат ред,навика и желба пред се,да функционираат вака. Иако често ќе спомене големата - сакам да живееме сите заедно,но знам дека не може, сепак си функционираат најнормално малку ваму малку таму.
    Ваквиот модел на средби е привремен, додека дојде рочиштето за судење, кое се наближува, и седнавме со сопругот, во име на доброто на нашите деца да ја разгледаме оваа опција за родителство и понатака.
    Почна и најмалото да преспива кај него, а кога е кај мене се буди и заспива барајќи ги братчето и сестричката.

    Има примери околу мене, каде има две или три деца, и по развод се поделени едно кај мама едно кај тато. Ова за мене е неприфатливо,по никој основ не одобрувам делење на децата.

    Друга практика е после разводот, таткото и самоволно да прекине со средбите со децата, што исто е незамисливо за мене.

    Иако сеуште преовладува тој баклансли менталитет, екс-сопружниците да прекинат секаков контакт во иднина, според мене, особено кога има деца во тој брак, контактирањето и одржување добри родителски односи е задолжително, дури и би го вовела како член во закон!

    Јасно дека ваквиот модел е неизводлив доколку родителите живеат во различни градови/држави.
    Во нашиот случај, школото и градинките се и од двата домови на 5 мин со кола оддалечени, децата со радост и нетрпение ги очекуваат средбите и со двајцата, а ние како родители покажуваме воља за добри односи, среќата во невините детски очиња кога мирно и сложно разговараме или сме заедно на прошетка со нив е бесценета :l:

    Јас лично, го поддржувам овој модел и имам среќа да наидам на заеднички став со сопругот па и да го практикуваме :)

    За децата, најдоброто, секогаш!
     
    На toogood, mal.ecka, asdht и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.999
    Пол:
    Женски
    Не ја поддржувам иницијативата. За жал од досегашните вистинити примери од моето опкружување со сигурност потврдувам дека татковците имаат огромни потешкотии во тоа самостојно да се грижат за своите деца и таа обврска најчесто ја наметнуваат на нивните дома а се грабаат за децата чисто од инает. Секоја чест на исклучоците ама за жал јас сум сведок на неколку примери каде искрено ги жалам дечињата со такви татковци. Ако еден ден станам мајка и околностите се такви да се разведам со сите сили би се борела старателството да ми припадне на мене а таткото да си го гледа најнормално но сепак поголемиот дел од времето да е со мене. На крајот на краиштата жената многу повеќе се жртвува, раѓа и се малтретира па ми изгледа сосема логично да добие предност во однос на одлуките. Детето не го губи едниот родител ако помине помалку време со него. Кога и да посака може да си го види.
     
    На alana, НаталиЛили, mareane и 8 други им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.561
    Пол:
    Женски
    Во право си, ама има татковци што исто толку добро би се грижеле за децата како и мајките. Дури и повеќе од нив. Судот треба и тоа да го гледа, доколку се донесе некаков Закон. Кога веќе спомна инает, има и мајки што се инаетливи. Од инает ќе ги бараат децата на суд, а не се способни да ги чуваат. Знам и такви што ги оставаат децата на родителите. Дури и криво ми е за децата. Не си родител само ако го направиш детето. Треба и да го гледаш.
     
    На Роберт 7, *Ench@nted*, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.999
    Пол:
    Женски
    Точно е, се сложувам дека има многу подобри татковци од мајки но сметам дека се ретки. Од примерите кои секојдневно ги гледам околу себе убедена сум дека мајките подобро се грижат за децата. Познавам само мал број на татковци кај кои се децата и навистина се ужасен пример како не треба да се однесува еден родител. А жена не знам некоја која не е добра мајка искрено. Логично е дека секоја ќе се бори на суд поготово ако станува збор за некој таков неспособен татко. Нема никаква логика во тоа жената да раѓа дете а половина од времето да и го земаат и да го чуваат поранешните свекор и свекарва кои најверојатно ќе се трудат да го превоспитуваат по нивни терк.
    Жалосно е и со какви судови си имаме работа во државава, тешко на децата.
     
    На alana, stilas7 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Не сум слушнала за иницијативата, сега првпат читам, ама јас не сум за заедничко старателство.
    Неможе детето постојано да лута те кај едниот , те кај другиот родител.
    Постојано да менува адреса на живеење.
    Постојано да е со торбица на рамо и да се осеќа како номад.
    Плус тоа, една стара поговорка вели - од две мајки, детето гладно останува.

    Кога се разведуваат родителите, детето не се разведува од нив, тие вечно ќе му бидат родители.
    Посети кај таткото се обавезни, и најлошо е кога родителите се препукуваат преку детето.
    Но, да бидат само посети/викенди...по некој заеднички одмор...

    Каков ред во животот на тоа дете од 5,6,7..години ќе направите ако постојано на неделна или месечна база му менувате шема на живот?
     
    На Harper, alana, TheSecret и 15 други им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.389
    И јас не сум за заедничко старателство.
    За возрасен не е лесно да се адаптира на новонастанатата ситуација а не па за дете, сето тоа проследено и со промена на живеалиште или во најлош случај и школо.
    Адаптацијата е тешка, да, па според мене треба што е можно повнимателно и безболно да биде извршена.

    Се сложувам со делот како номад и торбицата на рамо, посебно во текот на школска недела. Ај, едно е за викенд да ги зема родителот, ама пола школска недела ваму, пола школска недела таму???

    Хипотетички напишано,но јас на заедничко старателство не би се сложила. Ако е татко, ги сака, го мисли најдоброто за нив....домот во кои заеднички се живеело нека го напушти за да ја олесни таа адаптација за децата, барем да не менуваат живеалиште.
     
    На Harper, galapce, alana и 12 други им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.328
    За детето најдобро е да мама и тато бидат заедно. Ова ништо не може да го смени и замени. Но, во случај на развод, сега како разведена не би се согласила на заедничко родителство во целост, баш поради она, цела недела со ранецот на грб. Детето мора да има еден дом.

    Јас и бившиот ми сопруг имаме договор детето да го гледа онака како што ќе се договореме. Функционираме добро засега. Учествува во сите настани, кога е болен доаѓа некогаш на прегледи, ако е во друг град, тој не носи, делеме трошоци. Но детето живее со мене. И така и ќе остане. Вака е збунето со дома кај мама и дома кај тато, уште да треба на 3 дена или една недела да мора да се сели. Секоја можност се користи да виде дека и тато е овде, да биде со него, да учествува во се.

    Јас заедничко подразбирам заедничка грижа околу детето, делење на обврски и одговорности. Живеењето треба да е кај едниот родител најмногу заради детето.
    Иако доделување на дете кај еден родител значи и речиси целосен товар за одгледување на детето само кај старателот, но сепак ова е поздрава варијанта според мене.

    Кога двајца партнери се одлучуваат за развод кај што има деца мора да се спремни на се, оти разводот никогаш не може да биде добар за децата. Затоа се наоѓаат начини да се биде со детето, ама начини кои за детето се најприфатливи.
     
    На Harper, galapce, Роберт 7 и 20 други им се допаѓа ова.
  13. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Читав за ова во групата за заедничко родителство,мислам имаше и друга тема по ова прашање на форумов.Впечатокот од коментарите на мажите во групата,со исклучок на некои,ми се дека мотивот повеќе се парите,алиментацијата,а не грижата за децата,како и некоја потреба да се докажат на бившите сопруги “чекај да видиш што можам јас“ ,наместо да се оди во насока да се изгради меѓусебен коректен однос,во интерес на децата,а со тоа би се надминале проблемите и кога детето е доверено на само еден родител.Исто така од коментарите, се добива впечаток дека оваа е некоја кампања татко е исто што и мајка,но ниту било,ниту пак може да биде.Кога тие ќе раѓаат деца и еднакво се грижат за нив и кога нема да има мажи злоставувачи на деца,можеме да ја разгледаме опцијата еднаквост.
    Моето мислење е дека да на децата им се потребни и двата родитела,но до полнолетство треба да бидат со мајката,нормално ако е подобен родител и истата да има обврска да овозможува непречен контакт со таткото,негово учество во воспитувањето,исто така ако е подобен родител.Шетање 1 недела кај едниот.па друга кај другиот,секој возрасен нека се стави на таа позиција,повеќето тоа темпо нема да можат да го издржат,не пак дечињата.
     
    На alana и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Значи иницијативава не е за оние кои размислуваат како @JuLleE затоа што родители кои размислуваат вака ќе комуницираат во секое време за децата, и за добро и за лошо, и ќе ги почитуваат пред се потребите и желбите на своето дете.

    Работата е во тоа што некои родители прекинуваат секаков контакт со другиот родител и неретко децата ги користат дури и како средство за одмазда. Затоа не ги даваат децата често или пак воопшто да ги гледа другиот родител. Доколку има разумен однос помеѓу родителите нема ни да има потреба од номадски живот за децата. Сите обврски ќе си ги поделат двајцата родители и по договор ќе функционираат. Ние за жал сме далеку од тој начин на размислување и функционирање и за да се промени тоа е започната иницијативата. Не е за 50-50 искрено, ама е за почести средби со вториот родител.

    Според мене не е толку важно кој подобро го гледа детето, важно е детето да не биде малтретирано, да има основни услови и најважно, да му се овозможи потребата од двајца родители, макар и разделени. На пример, маж ми не може да ги гледа децава како јас што ги гледам, ама јас не можам да им ја надокнадам потребата за него. Посебно се врзани за мене, посебно за мене.

    Во однос на баби и дедовци, мислам дека многу нерационално се гледа на работите. Не може помошта од страна на родителите на таткото да се смета за недостаток, а помошта од страна на родителите на мајката да се предност. Детето подеднакво ги сака и двајцата родители и двете страни роднини. И на двете страни детето е дете и внуче.
     
    На Роберт 7, kukla21, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Имам блиски примери каде што таткото го зема детето тие неколку дена и го дава на мајка му да го чува, а тој си шета по кафеани, излети со други жени, а за детето мува не го лази. Во таков случај не би се сложила за заедничко старателство и би се борела детето да е со мене. Детето да ми го гледа мајка му мало морген.
     
    На НаталиЛили, alana, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    Јас не се согласувам дека "природно" детето припаѓа на мајката.

    Ако е таткото грижлив, и сака да биде родител, не гледам причина да му се одземе тоа право.

    Познавам татковци кои ниту во брак не се грижеле за децата, по развод па ич.
    Ама познавам и мајки кои од инат "не ги даваат" децата.

    Да се разбереме - децата не се сопственост на ниту еден родител.
    Ако било кој од нив потфрла во таа улога, мајка или татко, децата треба да припаднат на оној кој сака да се грижи за нив.

    Без оглед кој има подобри примања и сл.
     
    На Роберт 7, SV1911, ♡BuBaLe♡ и 8 други им се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.389
    Допаѓања:
    34.213
    Пол:
    Женски
    Сум за иницијативава.
    Поучена од примерите околу себе каде што мајката ја користи позицијата на посилен пол (бидејќи законот и го овозможува тоа) и безобразно го злоупотребува детето за да се одмазди на бившиот сопруг. За жал, во моето опкружување ваквите примери се мнозинство, наспроти оние каде што родителите функционираат и комуницираат нормално за добро на децата пред се. Мајката нема право да му го ускрати на детето присуството на таткото во неговиот живот и на сите роднини од негова страна. Оти најчесто тоа е случај кај нас, се разведуваат родителите и одеднаш се прекинуваат сите контакти со другата страна без притоа да се размисли дека детето има потреба од истите.
    И јас навистина не знам што е толку лошо што мајката на таткото го чува детето? Вас вашите родители не ви помагаат? :?:
     
    На SummerGirl, Dadusicka, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.328
    ^
    Оти е бивша свекрва на пример:D.
    Ова и во брак го има, се важат само родителите на мајката. За време на развод пак, никако роднините на таткото не ги бива. Демек само мајка и знае и може деца да чува.
    Омразата, гневот од разводот ќе си го чувате за себе, а на детето морате да му обезбедете услови за растење.
     
    На Роберт 7, An-na, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Моето лично мислење во врска со оваа тема е дека не ја подржувам иницијативата.
    Пред се затоа што реално сметам дека еден татко не е способен да се грижи за дете, со чест на исклучоци.
    Меѓутоа факт е дека тие исклучоци се ретки.
    Јас кога би се нашла во таква ситуација не би дозволила лесна борба за моето дете да припадне на таткото. Но не знаеме што ни носат времињата и може сешто да се случи.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.389
    Допаѓања:
    34.213
    Пол:
    Женски
    Јас би ви предложила да завземете тактички борбени позиции и со целиот борбен арсенал кој ви е на располагање удри по другиот. Тој сакал старателство, како не, ќе види убаво...
    Жално е што ова е секојдневна и честа практика кај родителите, а како колатерална штета е детето кое имало таква среќа да го создадат недозреани родители :^)
     
    На Harper, ♡BuBaLe♡, Annath и 5 други им се допаѓа ова.