Пак, јас, па јас, па јас, он, он, он... Барем за момент остави го бесот на страна. Ние преку екран ти го осеќаме, па камо ли детето до тебе. Наместо да се лутиш, застани и размисли. Можеби му се случува нешто. Можеби почнал да се кае и сака да го поправи односот кон и со детето. Испитај. После тоа договорете се да прославите според желбата на детето и готово. Инаку, со ваков неарен однос ќе го спобудалите детето или во иднина и двајцата нема да сака да ве гледа.
Епа тогаш отери го у курац, и кажи им на другарчињата да не ја прифаќаат неговата покана. ГОТОВО. Викаш дека и така не се замарал со детето, не го барал.... шо ти може тогаш? Ништо.
Епа почни да се навикнуваш и на ова ако ти е гајле за твоето дете и нејзините чувства. Ти си возрасна и можеш и да се навикнеш и да се одвикнеш. Никако не ви одговара, ни кога има интерес од другата страна, ни кога нема...
Па стварно незнам шо да и кажам, се гледа дека и двајцата водат битка преку детето, а детето почнало да се плаши веќе. Чим не и чини, нека го откачи и готово. Завршена прича. Плус, чим тоа таткото никад не е бил до школото и не се замарал со ништо, како ќе ги покани тие другарчиња? Ни децата не ги познава а не па родителите. Тоа нема да се деси.
Па не знам тогаш како ќе ги покани татково школските другарчиња ...пример ние родителите комуницираме во Вибер група. Леонора вели дека татково не учествува во ништо поврзано со детето, а од друга страна пак е вознемирена и малтретиран од неговата појава и присуство. Многу хаотично. Тешко е да се следи.
Па нема како, тоа ми е зборот. Нека му се јави членката и нека му каже дека родителите не прифаќаат своите деца да ги пуштат кај него и готово. Оти он за нив е непознат чичко. Шо ќе направи он? Ќе ги најде родителите сите и ќе се кара со нив за да ги пуштат кај него? Ќе излезе бетер од педофил. Па има многу начини да се среди ова, само без нервози.
Како бе непознат чичко? Ами децата од одделението мислиш за родителите идат и сите родители ги знаат, и мајките и татковците? Што ве гледам чудни. Еве моиве деца сменија школо сега, јас никого не познавам, мене никој не ме познава, па пак закажав роденден. Децата си се знаат, ќе си се забавуваат заедно и тоа е тоа. И да, колку и да ми пречи, а не ми пречи, и двајцата ќе присуствуваме на роденденот, и двајцата делиме трошоци за роденденот. Тоа што било-било меѓу нас. Он е за мене најлош, јас за него најлоша, за нашите деца ние сме најдобри, а за туѓите деца тотално небитни.
Ма знам, те разбирам тебе, ама за неа зборам. Се гледа дека она тера инат на таткото. Ќе се испокараат околу роденденот. Не сакала детето да оди таму. Таткото не се замарал за детето и сега намерно така прави за инат спрема неа.... греота само за детето.
Којзнае и дали навистина не се замарал. Ова е нејзината страна, која како и да прави тој, нејзе не ѝ одговара. Еден куп родители, особено татковци, се лишени од своите деца колку и да се борат за нив, а пред децата се претставени како најлоши луѓе на светот. Не викам дека во овој случај е така, но искуството мое не ја исклучува и оваа можност во ситуацијава, читајќи ги фрустрациите на мајкава.
@Leo-nora Фрустрацијата и чувствата ти се валидни. Но, кога е во прашање детето и неговиот роденден, не оперирај од истите. Еден роденден нема да го избрише минатото, детето ќе порасне, ќе сфати. Дотогаш гледај да си го олесниш животот, да не си земаш ништо при срце, особено не пак да размислуваш што ќе рекле другите или каков е тој. Ова за доброто на детето, но и за твоето здравје
Сега, за доброто на твоето дете ќе се одвикнеш и ќе дозволиш и он да биде родител. Јас можам се сама нека престане. И за детето и за тебе ќе биде подобро. Многу е тешко знам, ама верувај, добра комуникација е потребна. Тешко е да комуницираш, еве не ни мораш кој знае колку. Остави го да организира роденден, никому не ги интересира вашите проблеми. Нема зошто да знаат другарчињата на детето за вашите проблеми. Само потешко ќе биде на детето. Како да ти кажам, ќе си голташ. Мораш.
Сите постови се јас, јас, јас. Кога го имаш дете, јас не е битно. Ама јас јас јас правам роденден. Не, ти плаќаш. Дете има роденден. Ама јас се радувам. Детето повеќе. Веќе му го расипувате роденденот. Он зборува каков ќе бидеџ ти од инат ќе му уништиш, детето тажно и збунето. Ти ќе направиш сама роденден, среќна. Детето не. Џабе ќе пееш хепи бредеј. Иначе овие трауми ќе му останат засекогаш. И после оти не сакаат луѓето родендени. Оти имале живчани мајки што трчале да спремат се за гостите, да спремат торта, да исчистат, а татковците седеле и пиеле ко сомови, детето не ни е гајле, битно мама да е домаќинка и тато да се напие. Јас да сум ти, ќе му речам спреми ти роденден од школо, ние ќе правиме со мама и тато друг ден. Следна година ќе се договориме. Или оди и ти на роденденот и седи со мајките. Не ти е забрането да си во иста просторија со бившиот. И ќе се надминеш за среќата на детето. Ние ви клас имаме 5 разведени пара. Никогаш не сум забележала дека се разведени, ако сами не кажат. На пример, неделава е кај татко му јас сум на пат. Или не дојдовме на роденден беше кај мајка му, она имала обврски. Никој лошо не кажал за другиот. На родителска иделе наизменично.
Тешко на детето со вакви родители т.е со ваква мајка. Огромна аверзија и одвратност има кон таткото и тоа го рефлектира на детето. Не дека таткото не сака да учествува, таа не му дозволува, оти не знае он, неодговорен е итн... Пошо, она најдобар родител е Греота детето
Ако те вознемирува имало семејно насилство тој не само што ќе немал право да го гледа туку и ќе имал забрана за доближување.. Друго многу нејасно пишуваш, не те разбрав баш ама прво велиш го гледа на две неделен и дека секоја г слави и тој роденден , а сега дека не го видел 6г и дека за ништо не му било гајле.. Тоа што родителите му се разведени не значи дека мора да трпи се ова, треба најнормален живот да има, а не да му правите хаос во мозочето. Мало е ама сега се впива и се разбира.. Не можете мало дете да користите како оружје еден противив друг.. Разбирам дека може ти ствара тензија, ама мора да седнете како двајца возрасни и смирено се да разговарате некаде надвор кај што има многу луѓе... Не можете да му ја полните главата мајкати е ваква, татко ти е ваков, двајцата ве сака, двајцата сте му битни. Мислиш лесно му е да бира, па да се плаши дали едниот ќе му се налути ако избере нешто да прави со другиот? Поминале 6г и никако војната да ви заврши...
Какви махери сте у превртување на муабети алал ви вера,човек да не побара совет тука одма ќе го распнат. Ако се водиме според приказната на членкава таткото,ако може така да се нарече некој што 6 години го болело таа ствар за детето сеа наеднаш магично станува татко за пример и сака да организира роденден. Е па извини, јас да сум на местото на членкава не само што нема да му дозволам да организира роденден туку ќе размислам и дали уопште да го гледа па колку и тоа сурово да звучи. Жената била оставена сама на себе 6 години,така да место да ги разберете фрустрациите што ги има вие ја напаѓате.
Читни ја членкава што се има пишувано изминатите години, па после пиши. Ми останала во сеќавање по посесивноста, огорченоста, тврдоглавоста, нетрпението… Јас не верувам дека татково не сака да се грижи за детето, она не му дава
Izvini, sega procitav shto ti napravil, iako prethodno pisav drugo. Ve izbrkal i tebe i deteto, pa i nokje. Ne treba ni da go gleda toj. Toj e gjubre od covek.
fala ti za razbiranjeto. Ostavi gi, neka mislat kako sakat. Niv zivotot mu e sovrsen i slavat 3 pati rodendeni za deteto i isto taka na aite tie 3 pati se site zaedno. Tie site se semejstvo i razgivaraat i se lredstavuvaat so NIE pa mu smeta ili uopste ne znaat to znaci mojot zbor JAS, JAS JAS ili SAMA SAMA SAMA Zatoa sto poslednive godini od zivotot se soocuvam ao toa. Kolku i da sum sakala da e poinaku zivotot ke nateral na JAS i SAMA.