Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заедничко родителство и старателство врз децата по развод

Дискусија во 'Брак' започната од ♡BuBaLe♡, 7 февруари 2018.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.810
    Допаѓања:
    266.903
    Од друга страна е и таткото со "како да не, ќе и' плаќам на ку***та"
    Инаетењето на родителите секогаш е по грбот на детето.
     
    На Harper, Gosh, zalosna и 6 други им се допаѓа ова.
  2. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    7.323
    Podrzuvam zednichko staratelstvo no samo kaj svesni I sovesni roditeli koi Ke gi zakopaat borbenite sekiri. Najcesto kaj makedonskite tatkovci , zaednichko staratelstvo e samo izbegnuvanje Na plakanje alimentacija, a decata GI chuvaat babite I dedovcite. Zatoa ne sum za vo mk uslovi I vospituvanje I zakoni.
     
    На alana и Nausicaa им се допаѓа ова.
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ја исчитав темава и се сетив на едно мислење, исповед на форумов.
    Одкако го прочитав повторно, сликата со дете со ранец на грбот и не ми изгледа така страшна. Греота е детето да биде номад, ама па греота е и родителот да умира од желба да го види, чува, воспитува и гушне своето дете од кое не се развел.
    Така да универзален модул нема.

    Едит: цитиранотото мислење е од 2014та што само по себе покажува колку силен впечаток ми оставило.
     
    Последна измена: 10 февруари 2018
    На Sunrise!!!, orhideea, green.eyes и 17 други им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Баш покрај татко детето ќе изразне како што треба, да да ако таткото е причината за разводот.
    Оди и објасни му на дете зашто мама и тато се развеле, и зашто тато не може да најде време да присуствува за времето на неговото растење. И зашто мама дала се од себе за да го зачува семејството, ама пак не е доволно тоа..
    Оди објасни му на дете зашто тато не го испраќа на екскурзии и зашто тато не го вози со кола до школо, зашто тато е зафатен и нема време.
    И објасни му на маж кога да смени пелени, кога ќе се исповрати, кога ќе плаче доцна во ноќта па тек кога ќе порасне да го научи како што треба.
    Реалноста е дека секогаш ќе фали карактер од двете страни, само што мајка повеќе ќе те научи отколку татко.

    Едит: И ова со недозреани родители која навреда ејј. Баш недозреани се тие што се развеле според тебе а на форумов има многу такви.
    Не знам како не знаете за осет ама ок.
    За мене самохрани мајки ми се херои, за тебе како што кажа биле недозреани. Тоа е тоа.

    Ајде сега, нека почне расправата кој погрешно мислел и како требало да размислува.
    Сфатете сите сме различни.
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.810
    Допаѓања:
    266.903
    @buba4e89 блиски мои се само со татко растени, при жива и здрава мајка.
    Не глеј така еднонасочно на работите...
     
    На Annath, zalosna, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Јас реков дека постојат исклучоци во првиот исказ.
    Патем и други не се за таа иницијатива, тоа е мојот став.
    И јас имам примери ама ете не го менувам ставот и не разубедувам никого.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.810
    Допаѓања:
    266.903
    Чисто правиме муабет, не се разубедуваме.
    Сакам да ти кажам дека за едно дете да се створи, да настане, треба двајца.

    Ако е таткото грижлив, го сака детето, зошто да му го одземеме на таткото?
    Ако е некој лош како сопружник (маж или жена) не значи дека е и лош родител.

    Да речеме да се разведат денес моите, и сестра ми да биде оттргната од татко ми, тоа ќе биде ужасно и за двајцата.
    И двете од најмали сме премногу приврзани со него.
    Ете јас сум возрасна, но таа не е.
    И би била голема неправда за двајцата да се гледаат неколку часа неделно.
     
    На makedonkamak, ♡BuBaLe♡, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.582
    Допаѓања:
    34.969
    Пол:
    Женски
    Недозреани не се родителите кои се развеле, не ми ги извртувај зборовите те молам, туку оние како твојот пример кои преку децата си војуваат сопствени битки. Детето во случајов им е оружје кое го користат без пардон и без срам. Ова се недозреани родители.
    Ти самата кажа дека нема без борба нема да му го дадеш детето на таткото, ова ако не е недозреаност, не знам што е.
    Зрел и совесен родител ќе ја тргне на страна сета нетрпеливост и омраза кон другиот родител и за добро на детето ќе се обиде да има нормална комуникација и однос во кој што и двајцата родители еднакво ќе бидат застапени во одгледувањето и воспитувањето на детето.
    За твоја информација, има еден куп татковци кои знаат како да сменат пелени (замисли си) и еден куп други работи и обврски кои се однесуваат на детето.
     
    На Harper, Gosh, ♡BuBaLe♡ и 6 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    ^Многу нормално дека за дете се потребни двајца, тоа секој го знае.

    Не негирам дека на секој ќе му биде тешко, детето треба да се додели на мајката, а таткото по дифолт да го гледа по договор.

    Муабетот ми е дека како што кажав маж не може да гледа дете од многу причини.
    Е сега она што изоставив делумно беше дека може да се случи трагедија па детето по автоматизам може да припадне на таткото. И таквите исклучоци се многу ретки.
    Во врска со муабетот со Ана дека недозреани родители одгледуваат дете, мене лично тоа ми се родители кои по завршување на школо станале родители за да не учат поголемо школо. Тоа е нивен избор, не знаеле ништо за животот и подоцна со текот на времето се разведуваат.

    На мој пријател, пријател негов беше женет на 18 години и беа во брак 3 години толку и детето имаше. Жена му беше лоша и по разводот детето и припадна на неа. Се разбира пријателов повеќе пари потроши за да се усвои неговата жалба да биде детето кај него и не успеа. И сега не го гледа толку често, а татко му дава напори за да биде почесто. Секоја чест за него со оглед на тоа дека мајка му беше главната причина за распад на бракот не поради варање туку едноставно доцна сфатија дека не се исти карактери. И што таа се премажи, тој си остана и детево сега си има очув. Јас искрено се надевав дека ќе припадне кај неговиот татко бидејќи му беше и мајка и татко во секое време, повеќе отколку таа.

    Но, јас кога би се нашла како што кажав не би се откажала лесно, би ги направила сите напори што се можни за детето да биде со мене. Сепак мајка сум, а тоа ако тој сака да го гледа по договор нема да му се скрати.

    Кажав постојат исклучоци, има посветени татковци и нестабилни мајки и обратно.
    За најголема среќа е и двајцата да се стабилни и сигурни за брак и дете за да нема штета подоцна врз детето.


    Пред некоја недела на фб имаше објава дека жената била во брак и имала дете ама имала и љубовник и бараше совет што понатака. Една личност и пишала не вредат децата да се жртвуваш за нив.
    Дете според мене вреди најмногу од се и ако не се жртвуваш за него не знам за кого друг, многу мајки по смртта на партнерот се жртвувале не се премажиле, но исто така и по дифолт на напуштање на партнерот не се омажиле - тоа е жртва за дете пред се.

    @An-na те молам задржи си ги навредувањата за себе и воопшто не ме навредуваш мене, туку самата себе си.
    Тоа е мојот став, нека биде недозреан. Биди ми поздравена :)
     
    На Zaljubena26 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.582
    Допаѓања:
    34.969
    Пол:
    Женски
    Знаеш ли како ваквите борби меѓу родителите се одразуваат на детето? Мислиш тоа не чувствува? Ти може да мислиш колку сакаш дека си најподобна за да детето припадне кај тебе, ама да го прашаш детето тоа не мисли така. Тоа има потреба од двајцата родители и еднаква присутност во неговиот живот. Ама... што знае тоа, ти како мајка најдобро знаеш!
     
    На Harper, zalosna, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Изгледа те погоди темава толку многу па се загрижи што јас ете дадов негативен глас. Ко мојот глас да ќе ти го промени животот.
    Господе Боже, гледам дека сакаш да се разубедиш.
    Навистина не ти е важно што мислам јас и што мислат 30000 членови на фемина.
    Од сите мислења ти за моето се фати.
    Јас не сум мајка за твоја информација ама од дете не се откажувам.
    Ако од тебе некој се откажал баш ми е жал, никој тука не е крив.

    Толку.
     
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.582
    Допаѓања:
    34.969
    Пол:
    Женски
    Немам лични искуства со развод, за твоја информација. Ти пиша, јас реагирав.
    Жалам што си со толку ограничени ставови и не можеш објективно да ја согледаш ситуацијата. Ти не би се откажала од детето, таткото исто така. И? Ќе војувате вечно? Или ќе се обидете да најдете разумно решение во корист на детето?
     
    Последна измена: 10 февруари 2018
    На Harper, Gosh, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Јас сакам да кажам дека таа борба за која зборувате е многу опасна затоа што се користи најопасното оружје, а тоа е детето. Од сопствено искуство ќе кажам дека многу веројатно е после неколку години самото оружје да се сврти против вас. Е тоа е право самоубиство! ...за оние кои имаат барем малку чувства кон своите деца.

    Мој совет до сите родители е борбата да ја насочат вистински кон доброто за своите деца, да гледаат да изградат од нив здрави личности пред се (и физички и психички), па макар жртвувајќи се себе и своите желби.
     
    На Harper, Gosh, kukla21 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Вo идеaлни примери, кoгa се рaбoти зa рoдители кoи не ги кoристaт децaтa зa вoјнa, oвa би билo нaјпaметнo решение. Ќе се мaлтретирaлo дететo, вo Мк пaк едни гoлеми грaдoви пa ќе требa дететo мнoгу дa пaтувa или училиште дa менувa. Битнo е врaтите нa дететo дa му се oтвoрени и вo едниoт и вo другиoт дoм и не верувaм декa ќе му е тешкo aкo сaкa дa си ги гледa рoдителите пoдеднaквo, a и стрoги пoделби нa денoви пa и не мoрa дa имa.
    Јас поинаку и не можам да замислам ако се најдам во ваква ситуација, колку што ми значи мене моето дете, толку му значи и на партнерот. Ако јас не можам да замислам да го гледам само ден или два во неделата или помалку, така и тој. Би се разболеле да е поинаку.
     
    На Harper, Bozica1980, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.810
    Допаѓања:
    266.903
    ^ тоа е тоа Бриџо.
    Доволно другари имам пораснати во "две куќи".
    Многу подобра варијанта од имање само еден родител.
     
    На Bozica1980, Gosh, ♡BuBaLe♡ и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Кога е во прашање делбата на децата при развод, најчуден момент ми е тоа строго дефинирано видување по денови.

    Во случаи каде родителите решаваат да се разделат како пријатели, и кога таткото сака да подеднакво учестува во растењето на децата како и мајката и покрај разводот, не гледам причина да функционираат по шема.

    Можеби во Скопје е нешто покомплицирано поради одење во училиште, ама сигурна сум дека патувањето не е пречка во останатите градови.
     
    На Gosh, zalosna, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.348
    Допаѓања:
    249.490
    Ние немаме строга поделба на денови за гледање. Кога ќе порасне, слободно може да оди кога сака кај татко му, мал град е.
    И сега, кога сакаат и двајцата се гледаат.
    Се е заедничко, од приредби во градинка до прегледи и празници.
    Настојуваме што помалку да страда од разводот.
    Би можела да кажам дека сами направивме да имаме заедничко старателство и никој не се вмеша во тоа, ни суд, ни социјално.
    Ако некогаш поминат повеќе денови од нивна средба, јас реагирам да се видат.
    Но знаете колку муабети слушнав, колку попувања зошто комуницирам со ех сопруг, зошто заеднички дружења и слично?
    Само што не дозволив мене да ми влијаат. Но некои дозволуваат, па целиот гнев и омраза уште толку се разгорува, па се одмаздуваат преку децата.
     
    На Gosh, Lolipop23, Bozica1980 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.914
    Допаѓања:
    132.832
    Не можам да замислам да делиме дете. Ќерка ни е најсреќна кига сме заедно. За неа заедно е,, мама тато дете чучаат заедно".

    Еднаш кога ја гледавме така среќна заврти се кон едниот баци го, па другиот и така 100 пати, баш тоа рековме- замисли колку несреќна би била да се разведеме.

    И да дојде до тоа некогаш... мислам дека на детето ќе му се скрши срцето. Јас ќе најдам друг маж, маж ми друга жена, ама детето нема да го има она ,,заедно". И да ме има 3 и пол дена мене а 3 и пол татко и, џабе е.

    Затоа муслам дека треба да каже во таков момент детото кај сака и со кој и колку. После 10тата година детето кај нас кажува кај сака пред судијата. Помало може да сфати социјалниот работник. До 1 година по дефиниција е мајката.

    Не гледам сигурност ако секој ден е на различно место. Како ќе се осеќа сигурно? Ама па како ќе му биде на едно дете без татко или мајка? Улогата на татко е битна во развојот. Исто и улогата на мајка. Без едната дали ќе биде се во ред? Карактерот ќе е поинаков.

    Не знам... може тропам глупости.

    Комшика моја не ги доби децата оти немаше работа ни имот. Маж и имаше и ги доби. Она седеше под кирија и секој денар им купуваше нешто тие 2 дена со неа. Срце ја болеше. По некој месец и рекоа дека имаат нова мајка. Така сфатија. Дека она си отишла а дошла друга. Оти мама ги чека дома после школо ум дава да јадат го покрива навечер. Нивната мама само играчки давала. Сигурно така е и ако беше обратно.

    Можеби сега у ова општество каде семејството е заебанција а не основна клетка на општеството, каде е нормално да има 2 мајки или 2ца татковци или да нема некој од нив, децата поокеј сфаќаат се. Ние не бевме така воспитани и ако сега моите сега решат да се разведат јас прва ќе паднам у несвест.
     
    На alana, Orthophill, Zaljubena26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    alal da I e. Jas gi iznacitav komentarive probav I da se Stavam vo situacijata.... Jas da bi se razvela mislam deka nikogas vo zivotov ne bi se premazila. Da ziveam so covek Koj ne e tatko na deteto a I deteto da zivee so Nas.... Nikogas!
     
    На alana и buba4e89 им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ни јас не би.
    Се слагам со тебе.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.