Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заедничко родителство и старателство врз децата по развод

Дискусија во 'Брак' започната од ♡BuBaLe♡, 7 февруари 2018.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.717
    Пол:
    Женски
    а што ке правите до крај на живот?Ке изигравате деви Марии?Или подобро е секс настрана со било кого само друг човек да не биде ‘татко’ на вашето дете?
     
    На Harper, mira.mira, x.Daisy.x и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    13.419
    Родителите на мајката можеби помагаат за чување, а на таткото го чуваат додека тој си шета по курви. Да, да. Тој само за инает го земал детето и го тупнал на мајка му. Во комшии ми е таков. Детето со баба му тие денови цело време, а тој си брка друга работа и плус по кафеани. Добар пример му е.
     
    На stilas7, Zaljubena26 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.931
    Допаѓања:
    25.340
    Пол:
    Женски
    Кога бракот ќе се заврши коректно и партнерите ќе останат во нормални човечки односи и ќе го стават доброто на детето пред се, ќе постои договор и почит и среќно дете. Но штета е ако мора тоа да е законски, со силење на таа ситуација каде детето мора да биде оваа недела со мене, другата со тебе, без компромиси...
    И дали навистина сметате дека само затоа што таткото не е физички предодреден да раѓа, тоа го прави помалку родител? (facepalm)
     
    На SummerGirl, zalosna, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  4. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.710
    А што ако на пример мајката е виновна за разводот, т.е. таа го изневерила сопругот? Зошто во тој случај таа да го добие детето?
    И јас сум за оваа иницијатива, се' додека родителите се фер и коректни во понатамошниот однос
     
    На Someonespecial, marchi-cool, zalosna и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Што има врска изневерувањето на мајката со тоа кој ќе го добие детето?
     
    На Gosh и ilyan им се допаѓа ова.
  6. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.710
    Па ако одиме по правилото дека мајката скоро секогаш го добива детето, а таа е онаа која би го оставила детето кај своите за да скита...
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Прашав за неверство, не дали не се грижи за дете и скита, тие две работи исти не се. Ова така муабети се малограѓански или зема во обзир судот неверство при одлучување?
     
    На ♡BuBaLe♡ и zuto им се допаѓа ова.
  8. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.710
    Не сум сигурна дали се зема во обзир, нека звучи малограѓански, ама ете јас лично сметам дека личност која го изневерила партнерот, го изневерила целото семејство
     
    На alana, mal.ecka, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  9. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Ќе кажам нешто што е најголема вистина. Ниту еден закон не го спречува заедничкото родителство и тоа да се гледаат децата 50-50. Тоа со алиментацијата и 'споредниот' родител да го гледа детето на неколку дена е во нашата балканска психа, во другите земји дефинитивно луѓето поинаку размислуваат и прикажано е во многу филмови каде што една недела детето спие кај мајката една недела кај таткото или за викендот не е битно. Поентата ми е ако родителите искрено сакаат да функционира ова coparenting можат тоа да го направат и ни еден закон не може да ги спречи. Не ни е крив законот ниту државата. Туку повеќе преферираат пари да земат отколку да направат она што е најдобро за детето односно тоа да ги има и мајката и таткото подеднакво. А не таткото само на 1/2 саати да ги гледа децата еден ден во неделата и да плаќа алиментација дека тој ги направил. Се е до родителите. Не до законот.
     
    На fina erika, Gosh, *Ench@nted* и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.051
    Допаѓања:
    225.353
    Пол:
    Женски
    Судот одлучува кога родителите не можат да се договорат. Ако разводот е спогодбен сами кажуваат и колку ќе седи детето кај едниот и кај другиот и колку ќе е алиментација.
     
    На Gosh, theowndemon, zalosna и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Баш еден пример ќе пишам. Еден разведен тип има две деца, едното помалото е кај мајката а едново (околу 5 години е кај него). Типов нема дома на кого да го тупне а паметот му е само во шетање и провод и детето си го носи со него. Баш пред некое време дојде на една журка, цела ноќ го малтретираше. Додека тој локаше како некој коњ останатите гости трчаа по детенцето и му правеа разонода. Испотено, извалкано, немаше понесено барем една блузичка па сосема случајно во викендичката најдоа нешто од детето на газдите да му пресоблечат. Не знам кој му го додели само детето на тој битанга, мајкава едното одлично си го чува а ова е за жалење. Овој тип не е подобен ниту еден ден во месецот да го добие а не пак постојано. :devil:
     
    На alana, mira.mira, asdht и 3 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.804
    Допаѓања:
    266.883
    ^ полоша варијанта од делење деца нема.
    Не се мебел побогу.
     
    На Harper, asdht, DAngel и 14 други им се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    ne e se do seksot. I seksot ne e nesto sto mora po sekoja cena da se pravi. Zenite se poodgovorni vo odnos na mazite (so isklucok) sum rodila dete I ne mozam da bidam sebicna da gledam mene da mi e se skockano da imam pari da imam svaleri da sum sredena ako ne mi cini mazot da si baram drug... Seto toa propagja vo voda.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.717
    Пол:
    Женски
    имање дете незначи лишување себеси засекогаш од секакво задововолство.Ако еден брак не успеал имаш шанса пак да сакаш и пак да те сакаат.Кога ке сватите дека децата ке пораснат,ќе фатат свој пат ,вие останувате празни.Детето секогаш ќе има еден татко ,но ти имаш право на втор па и трет партнер
     
    На Harper, asdht, Milobebence и 16 други им се допаѓа ова.
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    Koga deteto ke fati svoj pat I ke ja nauci sustinata na zivotov mozebi ke razmisluvam za sebe I za partner. Nikogas ne e kasno. Eden moj bratuced na 45+ Godini se ozeni PA nikomu nisto barem nema da zivee Sam.
     
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.717
    Пол:
    Женски
    ако ти се чека чекај...
    во живото незнаеш утре што ке дочекаш не пак за 25 години унапред план да правиш
     
    На Harper, Gosh, zalosna и 6 други им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.159
    Допаѓања:
    112.903
    Пол:
    Женски
    Оф колку тешка тема. Сведок сум на две различни приказни од мое многу блиско окружување:
    1. При развод мајката и таткото се договараат да нема делба, детето да биде кај мајката а таткото кога сака да дојде да го гледа да учествува во неговиот живот, се онака идеално како во бајка. И тоа така функционираше се додека таткото не си најде девојка .. одеднаш детето не го гледаше толку често, не го земаше како порано, им пречело. Мајката инсистираше детето да биде со таткото. Море закани, море притисоци за добро на детето ама ете таткото кој толку го сакаше детето си створи друго семејство а ова дете остана по страна.
    2. при развод имае многу турбуленции околу детето. Мајката го доби со денови одредени на таткото да го гледа. Поминаа неколку години. Се изгладија некои работи за доброто на детето. Детето живее кај мајката. Таткото душа дава за детето. Нема ден да не го слушне на телефон, стан купи во негова близина, нема тренинг пропуштено, не дај боже да е болно во 2 на полноќ доаѓа да го види.. а тоа што судот одлучил.. си остана само на хартија. И овој татко имаше врски. Ама детето му беше и му е на прво место.
    Во двете случаи сум другарка со мајката. Така да.. нема правила. И да, многу татковци за да си олеснат алиментации и слично го користат ова заедничко родителство.
     
    На alana, mira.mira, Milobebence и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Ние живеевме со мајка ми, ама кога сакавме одевме кај татко ми, да не речам секој викенд, па и цело лето и цел зимски распуст го дремевме таму. Подоцна јас и се преселив таму своеволно.

    А мајка ми и татко ми не комуницираа никако...Дури не беа ни разведени судски...

    Значи за да децата бидат среќни и да си ги гледаат и двата родители, не е потребен закон, држава и судови, туку родители кои САКААТ да си ги гледаат децата, кои САКААТ децата да им се среќни и родители кои не се осветуваат и не лечат комплекси преку нив.

    Толку.
     
    На Harper, Rebecca_R, vitamina и 18 други им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.159
    Допаѓања:
    112.903
    Пол:
    Женски
    каква врска има приватниот живот на мајката со тоа што е мајка? Да се осуди на самотија цел живот? Аман разграничете веќе тоа мајка-жена- сопруга. Тоа што мајката ќе си биде емоционално исполнета може само да му биде плус на детето во развојот, наместо да стане некоја посесивна кон детето која ќе го гуши. Ова е особено мајка - син релација. Доколку детето не е запоставено, не гледам зашто мајката да нема некој во животот.
     
    На Harper, Milobebence, Lolipop23 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Таткo-две деца

    Таткo-две деца Нов член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Ke ve zamolam za mislenje vo vrska so razvod, imame dve maloletni deca. Na sekoja kavga so zenami odma si zaminuva kaj nejzinata majka koja stalno se mesha vo se, a zenami ja slusha samo nea. Sega si zamina od doma veke edna nedela i gi nema videno decata, samo se slusha na telefon deka ke se vidat, no nikako ne mozi od rabotata(bidejki rabotata i e pobitna po cel den e na rabota minimum po 10 sati, a nekogash i po 14 sati) ili mozebi ne i se vazni decata. Na koj ke mu pripadnat decata posle razvodot? Dali igra nekoja uloga(vo socijalnoto ili vo sudot) shto majkata e po cel den na rabota sekoj den osven nedela i odi na delovni patuvanja vo stranstvo(posledno beshe 3 meseci so 4 pati vrakanje doma) Decata se privrzani poveke so mene, dali ima shansa da mi gi dodelat mene i dvata dobro stoime finansiski
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.