Детето беше двомесечно бебе. Иако првичната одлука беше таткото да може по цело викенди да го зема, покрај возраста на детето, клучно беше тоа што таа го пријави за семејно насилство и вечерта кога ја нападна повикала полиција за да ја извади од куќата. После по службена должност 100 прегледи и' направија. Се согласувам дека проблемот лежи во службите, но и кај жените кои свесно прикриваат насилство и врз себе и врз децата. Сепак, тоа се дефинитивно нездрави односи, некои можат да се договорат и некои татковци сакаат да бидат татковци. Ама ете, изгледа сите насилници се исти. Ни овој што јас го знам барем 1 година се нема јавено да праша дали му е живо детето. А не па да побара да го види.
Зарем ке се нафатев на дете со него? Со кој памет доделуваат двомесечно дете цел викенд одделен од мајка? Ц ц ц
Ни на нас тоа не ни беше јасно. А да не зборам дека дента кога полиција ја извлече од куќата, буквално излезе со облеката на себе и детето, без ништо. "Таткото" не даваше ништо за детето, ни пелена, а полицијата не може со сила да земе нели. Толку му беше гајле за детето, што по студови не дозволи мајкава да земе најосновни работи ни за детето, ни за себе. Среќа кратко му траеше "љубовта", кога сфати дека сериозно ќе оди во затвор, одма му дојде паметот.
Најлоша варијанта би била доколку мајката го крие, не споделува од кого се повредите. Се додека се бори има надеж.
Да, да баш така е. Искрено женава многу трезвено и паметно постапи. Тој до ден денес нема старателство, само право на гледање со детето два пати месечно. Кое секако не го користи.
може прашањето не е за тука ама дали може некој да ми каже ако мајката е невработена можат ли да и го земат детето ?
Kolku sho znam Ako se maloletni odat kaj majkata Bez razlika Dali e vrabotena ili ne....ama vo drzhavava Nasha sve e mozhno ...Ako Ima vrski vo sud mozhe da ti go zeme....najdobro konsultacija so advokat da znaesh na shto si.
Чекај на гравчиња да видиме па ќе ти кажеме дали може или не.. Па кажи зашто дошло до развод, дали мајката живее сама, дали мајката има помош од нејзините, дали има постојано живеалиште, дали е психички стабилна личност, колкаво е детето, дали сега е невработена или никогаш не работела, дали таткото е финансиски моќен да брка јаки адвокати за да и го земат детето по секоја цена.. Судот ќе ги земе во предвид сите овие околности, а не само тоа што е невработена, мислам ако очекуваш со да/не да ти каже некој, никој не може да ти каже така..
Мајката има работено ама сега веќе е невработена, има помош од нејзините родители. Се знае за што се доаѓа до развод. Од караници за неговите родители и за како да се грижи мајката за детето дека не е во ред тоа она што го правела (снаата за се е крива, синот е анѓелче) а таткото не се врти дома, нема време ни живци ни 5 минути да поседи со него за мајката да јаде или да се избања.
Kako I da e....nikoj od ubavo nit se razveduva nit se zhali....najdobro konsultacija so dobar advokat....pak kje napomenam vo drzhavava Nasha sve e mozhno...
Да не треба членката и матичен број да ти остави? Ти ли ќе бидеш судијката? Праша едноставно прашање, ако не можеш да одговориш точно, коментариве со гравчиња ама ич не ти се соодветни. @princess02 мајка, не се секирај, никој нема да ти ги земе, освен ако ти не ги оставиш. Старателство на мали деца се одземаат од мајката само ако истата е во лудница или докажана наркоманка. Нека не те лажат овде дека поминува тоа со врски, колку сака нека има другата страна, кога се работи за мали деца никој судија досега не се осудил на такво нешто. Како за почеток обрати се до социјалното за да ти ги кажат сите опции, па потоа и на адвокат ако мораш. Инаку спогодбено е најдобро.
Ако сака да добие веродостоен совет и да знае на што е, треба да каже повеќе информации.. Никој со сила никого не тера да сподели лични информации на јавен форум, и јас можев да и пишам само да/не како одговор, ама тоа ништо нема да и значи..
Фала Ви многу Се уплашив бебе е, доенче а се заканува дека ќе го земе. Никој не и помага само она го чува а сите имаат коментари од типот како тоа треба да се грижи како да го облака што да му дава и никој не е задоволен. Он си стои на страната на родителите, детето и мајката не го интересираат
Мислам дека може само да сонува дека ќе го земе. Што е работа бе со тие мажи што не се грижат за своите деца,а се закануваат на жените дека ќе им ги земат децата ако се разведат? Мислат дека свекрвите повеќе ќе се грижат за детето? Ебати ненормалните
Катастрофа, запрепастена сум. Сама се прави и низ дома и за бебето не го оставила ни минутка само. Мажот само шета и ако му се даде обврска нешто да го почува и 5 минути за жената да здивне да се избања се дере и се иживува
Можеби има друга страна, што не ти ја кажува личноста, не можеш да знаеш 100%за нивниот живот малце чудно.....