Свекрвата и золвата се олоши невидени. За се имаат коментар. Многу пати и пред мене коментирале ама јас не им ќутам, но жената си ќути не сака да се кара ама не може повеќе да издржи. Маж и е дете недораснато дозволува да ја омаловажуваат неговите. Никој не и помага во ништо ама не ни им бара се сама си прави и готви и пере и чисти и дете чува, пегла но пак мора да се најде нешто да се искоментира. Детето си е такво мало е уште и бара постојано да е во раце кај мајка му, женава нема време ни за бањање ниту пак за јадење. Мажот кога ќе се врати од работа не влага дома наоѓа нешто пак само да не се прибере. На крај ќе се прибере за спиење и ако рече женава за 5 минути да го почува се нешто ќе најде демек се изнервирал и и се дере. Коментираат и за тоа како се грижи жената ( да го наоблакала по ѕиври, долги боди, панаталони и блуза на оваа жештина или некои бабини приказни од старо време ова да направиш тоа да направиш... ). Мажот си ќути на сето тоа.
Детето останува кај мајката, посебно што е донче, најчесто малолетните деца остануваат со мајката. Исклучок може да биде доколку мајката е заглавена во долгови и лихви, нема работа, нема стален престој, нема никаква помош, доколку зема наркотици/дроги и е зависник од алкохол, во тој случај детето оди кај таткото. Доколку нема татко, или таткото е ист случај како мајката, тогаш оди во сиропиталиште - мислам дека е сиропиталиште кога социјалнито им го одзема детето на родителите, не сум сигурна за последното.
Не се дава одма детето во дом ако им го одземат на родителите, прво се проценува ситуацијата и дали некој од блиските баба/дедо/тетка итн. би можел да се грижи за него, ако никој неќе а родителите не се во состојба да се грижат за него, дури тогаш се дава во дом, ама домот е последна опција, секогаш прво им нудат на блиските дали некој би се нафатил да се грижи за него..
Да затоа реков дека се зема предвид дали мајката има помош (брат, сестра, мајка, татко и друга блиска род а). Мислам дека сите фактори играат улога. Но, во право си. Детето може да се предаде и кај баба и дедо му, или чичко стрина вујко...
Мајката не е во долгови само нема работа моментално е невработена поради тоа што беше трудна. Има каде да живее кај нејзините родители
Од исклучоците кои си ги навела само ако е зависник ти е точно, заради никоја од овие причини не се одзема старателство. Сиропиталишта веќе не постојат кај нас, туку децата без родители сега се распоредуваат по семејни домови за згрижување.
Мојот комшија откако се разведе детето му го дадија него (5г.) бидејќи мајката беше задолжена на милион места со лихва и ја прогонуваа, исто имаше неисплатени кредити во банка (уште пред да биде во брак), и се и беше ставено под хипотека. Таа буквално немаше ништо ни една соба за живеење.
Многу битно е дали самата се согласила, ако да, што е многу веројатно, значи тогаш џабе наведуваш примери и шириш дезинформации. Друго што не штима е тоа што судови и социјални служби не се надлежни па да прават вештачења и проценки за нечија финансиска состојба. Ако она била толку задолжена а ги направила тие долгови дури била во брак, како тоа само е она задолжена, а маж ѝ не е. Нели сѐ се дели при развод? Верувам дека некој како тебе ја има исплашено и измамено да се потпише, "за доброто на детето", нели. Многу лесно е да излажеш некој во моменти на слабост, посебно кога по мреживе и форумиве нездраво е колку многу и брзо дезинформации и лаги се шират, а фактите се блиску колку еден клик плус или еден телефонски повик кај надлежните. Трето, во денешно време не постои возрасен човек без ниеден долг во банка, по таа логика на сите треба децата да нѝ ги земаат.
Не планирам да се расправам како тебе. 1. не знам дали сама се согласила или не. 2. Не плашам никој како ти што кажуваш, се изјаснив само тоа што го знам. 3. Пред да ставиш "факти" на маса прочитај што пишав -пред да биде во брак-. Зошто нејзиниот маж да ги враќа долговите што она ги направила додека била "мома". 4. Судот има право да ѕирне во банкарските сметки. 5. Јас не зборев само за кредити, што ги имаме сите. Туку лихви, лихва, лихвари што ја гонат на секој ќош бидејќи се задолжила. 6. Човекот со јаки адвокати успеа да докаже дека таа нема општи услови за чување на дете, и дека секоја нејзина плата ќе оди во враќање кредити и лихва, а постоеа шанси да остане и без имот. Пред да кажиш дека јас "плашам", прочитај убаво што кажав. На членката горе и кажав убаво дека нема да и биде одземено детето, бидејќи таа кажа дека претходно работела сега поради бременоста не, има куќа со родителите да живее. Две различни ситуации. Само наведов кога би и се одземало на некоја мајка детето. Поздрав.
Во кои случај мајката може да изгуби старателство , детето е мало 18 месеци, мајката е со редовен работен однос,добра плата, поддршка од своите
Уште од пред една година сме на работ на развод. Се нешто ќе не смиреше , ќе најдевме причина да останеме заедно ама веќе ми е преку глава.Зошто сакам развод е долга приказната не сакам да ве замарам со тоа. Дали е моментално чувствово дека сакам да го оставам или ќе останам поради детето не знам. Се заканува дека ќе ми го земе детето. Сакам да ве прашам кои ми се шансите да ми го дадат мене. 2 и пол години има малиот. Цело време ме заплашува и добивам закани дека него ќе му го даде судот ако се решам за развод.Ми кажува дека тој имал пријатели, татко му имал пријатели ние сме немале никој, ќе кажел дека заработувал повеќе од мене, сметки ќе му покажел на судот. Се плашам дека може навистина да ми го земе. Иако му немам кажано ништо на родителите знам дека од нив ќе добијам поддршка (морална) како и постојан престој бидејќи сами живеат имам место каде би одела. Живеат во куќа. Јас имам работа на неопределено. Платена е доволно, мижеби не колку неговата ама би имала доволно за мене и за детето. Веќе ум немам во главава, ич не замислував дека вака ќе биде ама ете и тоа иде во животот. Кога веќе има реална можност да се разведам сакам да слушнам кои ми се опциите околу детево, не сакам да одам на случајност.
И невработена да си, не може да го земе детето. Само внимавај на преписки со него, од кај знаеш кога ќе го извади најлошото од тебе. Не дека и тоа би сменило нешто ама пак.
Eden zivot imas I nema repriza.Dovolno si umna I znaes dali si srekna Ili ne. Ako ne si srekna I nema opravuvachka ne dozvoluvaj da mu bides zaloznik poradi deteto. Deteto ke poraste vo zdrava lichnost samo ako okolinata e zdrava, odnosite megju vas se zdravi I ti si srekna.Najbitno e sto cuvstvuvas I sto mislish ti. Ako reshish deka ne moze zivot so soprugot,togash fati si patot so vreme.Imas rabota, kade da zivees ,zemi si dete no I advokat koj ke te sovetuva pravilno. Dete od majka ne moze da zeme za pomalo od 7 Ili 10 god(neznam koja vozrast bese).Ako se pogolemi go prashuvaat kaj kogo saka da zivee. Najmalku moze da bide zaednichko staratelstvo.
Неможе да ти го земе детето оти има 2.5 гофини.Ако не си среќна,а неможеш да бидеш со таков кретен најдобро за тебе и детето е да се разведеш.Џабе му е се да има кога е кретен,за мене тој е едно големо НИШТО.Нека не те заплашува со празни зборови.Тоа ти го вика само да те заплашува и да не се разведеш.
Самиот факт што ти се заканува дека ќе ти го земе детето, говори за него каков идиот е. Нормален човек не се служи со такви работи. Неможе да ти го земе. Детето е мало и има огромна потреба од мајка покрај себе. Јас искрено не знам за случај кај нас каде дете на таа возраст е одземено од мајка и доделено на татко. Тоа што зема поголема плата не е причина. Ќе си плаќа алиментација. Ќе има право да го гледа и да помине веројатно по еден викенд во месецот со него. Ти се заканува за да се откажеш од разводот. Иако живееме во дисфункционална држава каде владеат врски мислам дека нема да може да ги оствари заканите. Имаме адвокати на форумов, би било убаво да слушнеме и нивно мислење.
Здраво на сите , нов член сум овде и имам провлем. Девет месеци сме раздвоени со бившиот сопруг, подобро ми е искрено без него но проблемот е во тоа што имаме мало дете, тој има фатено некоја исто со дете и си тера живот (секако не го признава тоа тој самиот) но мене детево мое ми кажа дека цело време кога искачал со таа го носел и нашево дете и еден ден малово мое плачејќи ми кажа дека не сака да ме лаже повеќе бидејќи татко и ја терал да кријат од мене демек биле по игротеки, а уствари биле со таа за моето дете непозната жена. Се разделивме од таа причина не сме се уште судски,му го давав детево кај него на неколку дена под услов да не ја меша со таа жена бидејќи му прави хаос на детево наше и мала е и сето ова и е ново и не и е јасно ништо и не може да се искаже она само собира во себе , се согласи тој демек нема да ја меша но се уште го прави истото си искача со нашето дете и со неа и го тера детево да лаже да крие и еве последно беше дека биле на викенд надвор од Скопје без мое знаење и детево ми кажува дека она спиела на кревет сама, а тој спиел со таа жена во брачен кревет. Кога е детето со него не ми ја дава да ја видам на камера ,лаже и слично,детево малку е и ко потресено бидејќи можам да замислам што доживеала кога ја видела таа слика татко и во кревет со друга жена.Прашањето до вас ми е дали можам да не му ја давам да ја гледа додека да најдам адвокат и не се решиме се судски,дали јас имам право сега да не му ја давам на неколку дена и како бидејќи детево не сакам волку мало да му се случуваат вакви стресови .Ве молам и ако некој билили е во ваква ситуација да ми дадете памет и добар адвокат за да завршам се со човеков . Фала ви однапред и се извинувам за долгиот пост.