Ќе и кажеш искрено на мајка ти како се осеќаш, дека дечкото стварно ти се свиѓа и сакаш да го запознаеш подобро. Со излегување на кафе не можеш да ја постигнеш истата блискост. И дека си доволно возрасна да процениш дека дечкото е ок. Прашај ја од каде доаѓа таа недоверба, кога до сега не си ја разочарала и треба да ти дозволи. Тука можеш да додадеш и некои успеси ако си имала, пр си завршила факс, си положила за возачка и сл. Кажи и Можев да ти кажам дека ќе одам со другарки, но не е тоа поентата. Ти кажав искрено и треба тоа да го цениш за да знам дека можам така и понатаму да ти кажувам.