Навистина безвезна ситуација ..Колку години има тој? Дали имате сериозна врска и врска која води кон нешто уште посериозно? Ова звучи ко он да не ни бил сам со другар на одмор па сега му текнало и ко да не е изживеан па ајде сега да проба..Мислам ок никому не треба ништо да му се забранува секој си има свој живот и слобода..Ама веќе кога си во посерозна врска си пар со некого, се знае кој со кого треба да оди на одмор. Седни и разговарај..Прашај како така да оди он сам а ти не си му во план, каква ли е таа ваша врска..и што сака да каже со тоа да искулирал.Ако евентуално типот уште и не е сигурен што сака и што мисли за вас тогаш ништо друго барај си ја среќата на др место иако срцка знам дека денес не е така едноставно посебно кога си на 30 и нешто.. .Затоа јас во последно си викам, не можеш денес да бидеш сигурен во никого и во ништо!
Леле и јас исто, многу ми е страв . оваа година прв пат ке одам со дечко на одмор и со друштво ама ....незнам оти некако страв ми е, во мисла ми е што , како ... викам имам 18год и уште сеа со дечко да одам на одмор мислам некако чудно ми е ......
се во свое време не форсирај ништо и не се карај со твојте за да те пуштат. незнам колку си со дечко ти али мене ме пушти ја прв пат после 2 години од врска и тоа без проблем надвор од државава. т.е. јас си побарав тогаш затоа што се осетив спремна. од тогаш навака јас само викам не сум дома викендов таму и таму сум или одам јас таму чао... се во свое време и се надевам ќе ти се исполнат очекувањата
јас оваа година првпат ќе одам со дечко на одмор. Најпрво ми беше некако скепса дали воопшто да одам само со него, ама немав баш избор со оглед на тоа дека чекам пасош. Значи, глупаво ми беше да одам со некој, само ние двајца, што би правеле по цели денови? Али прифатив... и за моја среќа, нема да одиме само ние двајца, ќе одиме со сестрами и нејзиниот дечко. Така да, ќе имаме друштво, барем со некој ќе се социјализираме. Па е надевам, убаво ќе си поминеме.
секако дека ќе си поминете убаво, + си со свој човек иначе најубаво е два пара многу гужва не ти треба таму сигурно ќе најдете уште некој
да да, ми олесни некако, зошто сепак сами не е толку забавно како со други луѓе. За друштво , веројатно ќе најдеме, јас во принцип сакам да сум со луѓе околу мене и да запознавам нови лица, така да не се соменевам во тоа
Ајде мили мои кажувајте како да ги убедам дома да одиме на одмор...т.е. да ме пуштат Заедно сме 9 месеци,ама моите го знаат.Врската ни беше во криза пред некое време,но се се среди.Сега сме супер и баш тој прв ми понуди да одиме каде било и колку дена било,само да сме заедноДури мој беше изборот за дестинација,за време,за се,ама проблемот беше дома.И оправдано е што мајка ми не сака.Вика дека мора да почекам до година,годинава било рано,а и веќе бев со другарките 5 дена. И сега ништо,а сакам да одам. Плииис за совет околу убедувањево
па идете бар за 2 август еве убеди ги дека во охрид има журки или пиво фест беше не ме држи за збор. кажи им дека ќе бидете само за викенд мислам дека би ти било доволно. почни првин со викенди па догодина барај одмор. и јас дури после година дена отидов сама на одмор со него. али јас барав многу сакав надвор од мк сакам да кажам дека ме пуштија без проблем затоа што бевме веќе долго заедно. знаеш родителите се тие кој што бар не сакаат ова лето да идеш со еден не дај боже догодина со друг и т.н. да не ти објаснувам. мислам дека затоа што и веќе си била бар задоволисе со викенд еве ти кажав празникот нека ти биде изговор па среќно
Дечко ми сака да одиме на одмор кога и да е ама за жал моите дома не ме пуштаат бидејќи сум мало ај се надевам наредната година ќе ме пуштат да одам. сега можи за илинден негде да се појди заедно доволни се два дена за почеток
хахах..ајде карак ќе се обидам мислам дека за викенд нема да биде проблем,иако и јас сакав надвор од мк...ама ајде за почеток нека е само викенд,толку-толку поздрав
леле и јас колку сакам да одам со дечко ми на одмор,и двајцата многу сакаме ама од разни причини ете не се случило,сме биле на викенди ама не е тоа..сакам две недели сама со него
Јас последниве 5години на одмор одам со дечко ми и баш ми е супер.Првите три години бевме со друштво и повеќе бевме ориентирани кон журки и концерти.Последниве две години бевме сами и одморот ми беше романтичен исполнет булвално цамо со секс,одење на плажа и сончање.Но бидејќи тоа и онака постојано го правиме оваа година сакам да одам со дечко ми и со друштво.Така е поинтересно бдејќи по природа сум дружељубива,а инаку тука се викендите за да се отиде на некое убаво местенце само се дечко ми.
Темава баш како за мене. Со дечко ми сме заедно година и 3 месеци. Се договаравме да одиме на одмор со уште еден пар и една другарка. Е сега излегоа проблеми. Другиот пар се заедно само 3 месеци и девојката не сака да оди заедно со дечко и, додека пак другарка ми не сака да оди со нас парови. И тие предложија да одиме ние 3 и дечко ми, меѓутоа јас не сакам така бидејќи ке почнат муабети само тој машко и сл. Иако тие муабети почнаа уште пред да отидеме. Другарка ми почна да ми зборува какви девојки сме ние да одиме на одмор со дечковци и некои слични работи а имаме 18 год. Дома моите знаат за него го знаат меѓутоа јас не можам да им кажам дека ке одам на одмор со него бидејќи ке мислат секакви работи. И сека не знаеме што да правиме. Може ли помош?
јас си сум најсреќна ..за прв пат ме пуштија со дечко . Но само на 3 дена ќе одиме до охрид сега за Илинден..но колку толку јас презадоволна сум.Очекував да не ме пушта бидејќи ги мислев како старомодни моите родители..демек сама на одмор ќе спиеме во иста постела итн како и ќе има портарски муабети.. Но сепак не е така.Мое мислење е дека ако сакам да сторам нешто со него можам кога било не мора да чекам да заминам во друг град за тоа
Дали некогаш ви дошло од се преку глава ... и сте посакале да побегнете некаде на кратко ...мислам да . Минатата недела и мене ми дојде преку глава од се..па буквално го киднапирав мојот сопруг и заминав на одмор со него за прв пат после долго време сами.Откако ја испратив старата на чист воздух и пазарив за десетина дена заедно со нејзината сестра имаа осмех од уши до уши.Го повикав мојот постар син и целата куќа му ја оставив на располагање за тулум со друштво, осмех и таму ,набрзина го спакував куферот со нешто побитно ,пасошите и кеш , на бензинска автомобилот го наполнив фул се упатив наработа и ја доверив работата на сестра ми и го киднапирав мојот сопруг од таму .Ај да го видевте само ..му велам влагај а тој каде ?Влагај ако влагаш ако не барам друга жртва и си влезе што да прави ,одпрвин се бунеше- ај колку ќе изгубиме со оваа твоја непромислена авантура имаме куп работа ,обврски нели покасно ќе одевме и бла ,бла .Ај ми досади по пат и на крај му велам ако не се затнеш те слагам -и да знаеш ако не умрам пред тебе кога ќе умреш ќе ти напишам имаше пари беше будала не знаеше да живее со нив ..се подразмисли и се затна некако .За после неколку дена одмор , без телефони ,обврски, работа и др не му се идеше дома е ова дефинитивно ми годеше и мене и нему си поминавме супер а денес кога се вративме се беше океј и без нас функционирале нормално .Па ми вели ти си совршенство од жена совршенство или не се ми беше дојдено преку глава се видов како програмиран робот и решив да се исклучам на кратко.
Леле, браво, алал да ти е! Да знаеш и мене како ми доаѓа така понекогаш, ама видиш некако разумов се ме разубедувал... Браво ти се восхитувам, убаво ти рекол маж ти, совршенство од жена