Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заедно на летен одмор

Дискусија во 'Врски' започната од LaChiquita, 12 јули 2010.

  1. Monickaa

    Monickaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    уфф дечки и јас сега прв пат ке одам со дечко ми на одмор со душа чекам да дојде моменто да одеме :) :) само незнам како ке бидее ме фаќа паника, али сега ми се проблем другарките сакат да одиме заедно али јас ако одам сакам со дечко ми и коа ќе и кажам сигурно ќе ми се налутат незнам како да и кажам :( , али сакам до дечко ми да одам знам дека најубав одмор ке ми биде :) :inlove: :inlove: :inlove: :P :P
     
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Неколку години по ред и се навикнав ако одам со друштво или моите мора и со него,пусто е без него :worried:
    Инаку не се замарај како ќе биде,оти ќе биде најубаво на свет кога си со некој кој го сакаш...Лошо неможе да биде....Секојдневно гушкање и љубење :inlove: :lol:
    Насабајле заедно кафенце на тераса,доручек,плажа,туширање заедно,ручање попладневна дремка уфффф едвај чекам........И секако љубов,мноооооогу љубов :l:
    Кавги нема ,а и да се јави некоја мала,сакаш нејќеш ќе се смируваш нема инат цел одмор да водиш,сами сте- :lol:
    [​IMG]
     
    На Hopeful, karak и duffi им се допаѓа ова.
  3. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    49
    Нема шанса...ич не сакам со дечко на одмор...секогаш одам со друштвото,-лудо и незаборавно 8) а он ако се погоди со друштвото пр.у охрид се гледаме...ич не сакам со дечко ,нз зошто ептен ми е грдо кога ќе видам дечко и девојка се за*апале у вода, па се фрлаат,па се гушкаат на плажа :puke:
    На одмор само со маж ми и децата-пензионерски,сега уживам додека сум free :rock:
     
  4. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.733
    Допаѓања:
    145.137
    Втора година бев на одмор со дечко ми.

    Минатата година бевме големо друштво и беше онака баш лудо. А оваа година си истеравме по "пензионерски" одмор со уште еден близок пар со нас. По смирено од минатито лето со многуу љубов. Инаку прекрасно е со дечко на одмор, и да сте сами и со друшто, ако вас ви е убаво , се согласувате друштвото нема да ви биде најбитно. Нормално има по некоја кавга ама тоа е небитно, брзо поминува. ;)
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога бев во врска, бевме две години заедно на одмор
    -првата година со брат ми
    -втората година сами, па потоа ни пристигна и придрузба-мајка му со пријателката
    поинтересно беше втората година :lol: :D, и ако и двете години ке ги паметам :!: :$
     
  6. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Планираме со дечко ми некаде да одиме, ама сеуште не сме направиле асолен муабет..Ако одиме тоа ќе биде крај на август или почеток на септември :inlove:
     
  7. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    едвај чекам :)
    време е да ја зацврстиме пак врската со едно збришување од овде на 10дена.
    има кавги не викам не,ама сето тоа е проследено со целосно внимание и кон мене и кон него,убаво ми беше минатата година,време е да заминам од реланоста подалеку со него :)
     
  8. m.i.s

    m.i.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    319
    Ахх сакам и јас со него. Ние во мај годинава бевме заедно на патување во Италија и Австрија. Пред 1 година бевме и во Охрид заедно , но сега ништо :( Утре заминувам со родителите, а со него може на викенд заедно така ... Ќе ми недостасува многу.. Да одевме заедно... :worried:
     
  9. Monickaa

    Monickaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    имам проблем ако сакате да ми помогнете, со дечко ми се договоривме да одиме на одмор на неколку дена, али сега другарките ми се лутат ако не отидам со нив незнам како да и кажам :( , и на мојо дечко му кажав дека со нив ќе отидам па со него после и тој ми вика ако одиш со нив јас и ти нема да одеме :( :( :( , ми вика демек ќе одил оти ако не одам со другарки али више ако идиш со нив јас и ти нема да идеме.......... мислам дека се лути со ќе идам со нив али јас сакам со него и сега незам што да правам :( :( :( :( :( :( хелп
     
  10. LyckliG

    LyckliG Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    34
    Не е убаво тоа што те уценува, но сепак.. зошто да не одите заедно.. :)
     
  11. JenniferLove

    JenniferLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    71
    Оваа година ќе ми биде втора да одам со дечкото заедно, иначе и претходните години бевме заедно на одмор, ама јас бев во посебен стан со другарки и тој во посебен стан со другари.
     
  12. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Минатата година за прв пат бевме заедно на одмор со дечко ми ,а мене воедно ми беше прв пат со дечко да одам на одмор.
    Бевме сами двајцата ,само првиот ден беше со нас и неговиот брат ,ама си поминавме незаборавно !
    Се одлучивме за Охрид , седум ноќевања ,секој ден по плажи ,низ чаршија ,по кафичи ...секаде се изнашетавме !
    Годинава пак ќе одиме заедно ,плус уште еден пар ,а еве сега ми кажаа може уште двајца други другари да идат со нас.
    Како и да е ,знам дека ќе биде лууууудо !
     
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Пфффффф хаха стомак ме боли од смеење.
    Море ако помине Анџелина Џоли ќе и скокнеме и секс во тројка ]:)
    Свашта бре, кога одиме на одмор дури ја му викам ехее види онаа цицка или газе какво има. 8)
    Очи за што имаме? Ај да ставам ко коњине она и да ме гледа мене, нека гледа слободно, ама мене нека ме фаќа само! :P
    И јас му кажувам дека има боље момци на плажа, што може да ми направи? Да ме исплеска вечерта убаво :wasntme:
    Сме биле на одмор неколку пати и преубаво сме си поминувале. Првата година бев скептип во смисла леле сами, досадно да не ни е, за карање не се замарав зашто преретко се караме и вака и така. А испадна ич досадно да не ни е, топ ми е уживаме се забавуваме излегуваме сеедно што сме сами. Баш ми се свиѓа каков е на одмор. Кафенце утринско најубаво на свет прави, будењето негово наутро е непроценливо, а и го сакам што ги мкне чадорите и торбата до плажа додека јас се фрцкам позади него :D

    Ах да и алал да ви е неколку девојки што ве прочитав што родителите уште како малолетни потполно сами со дечкото на одмор ве пуштале :)
     
    На Lacrimosa, thelittle17, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    јас годинава прв пат ќе одам со него, не очекувам дека ќе дознаам нешто повеќе за него затоа што го знам како дланкава :D иначее да се плашаам дека можеби ќе ни биде досадно, монотоноо... :worried:
     
  15. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    200
    Прв пат бевме скроз сами на одмор и си поминав преубаво. До лани ни беше и друштвото во близина, ама овој одмор ми беше совршен. Некако ја зацврстува врската, преубаво е ! :inlove:
     
  16. fensy

    fensy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Одмор со дечко !!!

    Вака имам 16години а дечкоми е 21. Па планирам да одиме со моиве родители заедно на одмор во Грција затоа што не им е сигурно т.е не ми дозволуваат да одам уште сега сама. Но како да ги убедам и да ми дозволат со нив да одиме.Сакам да видат дека ништо лошо не правам,не правам глупости таму сум им на видик.Ми вели имало време со дечко кога да одам. Помогнете што да им кажам !!! :* :* :* :* :* :* :* :*
     
  17. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Одмор со дечко !!!

    Не сфатив... планираш да одиш на одмор со родителите и дечко ти :^) , или сакаш да одиш сама со дечко ти??? и што да видат твоите родители на тој одмор со дечко ти :?:
     
  18. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Одмор со дечко !!!

    А вака нема да си со дечко? Па и со нив плус.
    Не, не. Јас така не би одела. :x
     
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Одмор со дечко !!!

    Не сфатив на одмор да одите ти дечко ти и родителите??? Ај објсни поубаво :^)
     
  20. fensy

    fensy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Одмор со дечко !!!

    Моите не ме пуштаат сама на одмор.Па сакам да ги убедам некако да одиме со нив (мајками,татко ми и брат ми) во Грција во камп. Им спомнав дали може и ние да дојдиме со нив но таа ми вели нема шанса уште сега со дечкоти да одиш,а сама на одмор не ме пушта не ми верува ке сум правела глупости и сум била мала. а колку што гледам сите веке на моја возраст заминаа на одмор со другарки со дечко.и не знам како да а замолам и да ја убедам мајками и јас и дечко ми да појдиме со нив