Јас бев оваа година со дечко ми на одмор и ми беше најубаво, најнај. Мислев дека повеке ке се караме, ама не. Баш повеке се зближивме дури и си се навикнавме еден на друг да сме цел ден, цела ноќ заедно што сега и еден ден да не се видиме, си фалиме.
Сме биле 3 пати на одмор,во Охрид. Првиот пат со големо друштво и беше ужасно,друштвото катастрофа - група пропалици. Вториот пат бевме со уште еден пар и беше најдобриот одмор. Сега последниот пат отидовме сами но газдата ни е другар (млад е со мали деца) и цело време бевме со него и жена му,плус доаѓаа за време на викендите друштва и .. како да не бевме сами
Сме биле 3 пати на одмор. Два пати во Грција, еднаш во Охрид. Еднаш бевме со друштво т.е. оваа година и двајцата се согласивме дека ке си поминевме многу поубаво ако бевме сами. Одморот е многу важен за зацврстувањето на една врска. Настрана 4-5-10 дена може да ви открие многу за карактерот и навиките на партнерот.
Иако сме во долга врска, прв пат оваа година бевме 12 дена сосема сами на одмор.Пред да тргниме бев скептик и несакав, поради лошото искуство што го имаа колешките и другарките.Процентуално гледано, поголемиот број од нив по враќањето од одмор ги прекинаа врските поради караниците што ги имале таму.Тоа беше причината поради која што се плашев, но на крајот бев пријатно изненадена од тоа како поминавме ние.Секој ден ме будеше со бакнежи. ниту еднаш не се налутивме или повишивме тон еден на друг.После ова лето за следното воопшто не би ни размислувала и пак би одела сама со него а не со друштво.
Две години по ред си одиме заедно на одмор. Првата година бевме во Охрид со друштво на дечко ми и си поминавме преубаво. Иако друштвото негово т.е. негова најдобра другарка и двајца најдобри другари воопшто не ги знаев сосема супер си поминавме, баш како да се знаеме цел живот. Немаше никакви несогласувања, а не збориме карање. Втората година сосема сами во Грција. Ми мирисаше на супер секс, долги ноќи поминати на плажа и пензионерско одморче во смисол без искачање, дискотеки и пиење. Но си запознавме луѓе, и пак испадна совршен одморов на сексот и долгите ноќи додадовме и дискач, пиење, групно бањање навечер и сума сумарум одличен помин. Се скаравме еднаш. Кога во 16h попладне натоварени како магариња одевме 30min пешки, со кеси тешки, тогаш дури и претешки и си се натегавме кој е крив зашто сме земале само 50 евра за пазарење па ни фалеа некои си смешни 50 центи за бусче. И како сме биле како црнците што продаваат по плажа натоварени со кесите. Ама и тоа беше смешна караница А годинава, здравје таму од септември ќе се склопи некое планче за в туѓина кај што е потопло и пак сами најверојатно ќе одиме и се надевам дека супер ќе си поминеме.
Нема ништо поубаво од заеднички одмор со партнерот. Далеку од сите и се. Заспиваш покрај него се будиш покрај него. Се забавуваме, пазаруваме,...се смееме збориме за се и сешто. НОН СТОП сме си наклонети еден на друг
Оваа година прв пат ќе одам со дечко ми на одмор и да ви кажам искрено МНОГУ ми е некако страв за тоа што ќе биде како ќе биде...ќе одиме само ние двајца...Ова ми е прв одмор со дечко...ако може да ми кажете некое ваше искуство...
Четири години по ред одиме заедно на одмор, и тоа секогаш со друштво, секоја година ми е прекрасно со него на одмор и со душа го чекам следниот со желба да одиме сами двајцата следната година.
Оваа година прв пат бевме заедно на одмор во грција со уште еден пар јас барем и он мислеше да бевме сами поубаво ке поминевме ама памет за друг пат..иначе со него преубаво поминав имавме разбирање за се и ниеднаш не се подналутивме значи јас повеке би гласала за одмор со дечко отколку со другарки сум била мн пати и со другарки и мн ужасно сум си поминувала
Не сум била до сега,а многу би сакала.Иако одиме 3 години мислам дека возраста не ни беше доволна за да одиме сами на одмор.Како прво и од дома моите не би ми дозволиле.
Бевме годинава. Не знам како си поминавме, дали беше добро или лошо искуство, мислам оти се искаравме за цела година колку што не сме се карале. Јас не сакам летни одмори, повеќе ми се замаранција отколку уживање, мразам да се пржам на 50 степени и мразам кога ме покажуваат со прст колку сум бела. Што да правиш, проста раја вирее на земјава многу. Тој пак сака да се пржи, да си се бања, така да, за ова не сме усогласени, веројатно и затоа се препукувавме на секое. Годинава нема одмор, бар така зборувавме, ќе најдеме некое друго место, или друга занимација, каде што ќе можеме да бидеме сами. Единствено добро од одморот беше сексот. Појак секс немало досега.
Леле Мунлајтке си ме изнасмеала. Барем имало нешто добро кај вас. Кај нас ништооо.... Годинава и ние бевме заедно. Со друштво. И исто така се испокаравме за цела година. На ден незнам по колку пати се каравме. И тоа за глупости. Повеќето кавги ни беа поради друштвото со кое бевме...ама се договоривме од оваа година САМИ на одмор. Таму може ќе си најдеме друштво, ново пријателство
^^ Знаеш што е трагичното? Што вие сте биле со друштво, па да речеме дека и тоа влијаело на караниците, али ние бевме САМИ! Мислам дека да бевме со друштво, помалце ќе се каравме, кога има некој до нас, помирни сме. Не можам и јас сама да некогаш да разберам што пар ќе бевме.
Прв пат бевме заедно на одмор пред 2 лета. Во Охрид, отидовме сами, а таму се дружевме со школски другари на дечко ми и девојките нивни. Сами бевме сместени, сами пазарувавме, но со друштво одевме на плажа, со друштво излегувавме. И супер беше. Ептен убаво си поминавме. Дали дека ни беше прв одмор од таков тип - со партнерот. Задоволни бевме од тие 10 дена. Немаше расправии воопшто. Само многу смеа, сончање, пливање и секс. Лани летото не бевме на одмор, ама заедно бевме во Германија 3 месеци. Заедно живеевме, работевме, се шетавме. Скоро цело време бевме заедно ама не ни претставување некоја тешкотија тоа. Навикнати сме да сме заедно нон стоп. Интересно искуство во секој случај.
Кога е време за летни одмори ме фаќа чуден уплав. Првите година-две не бевме во можност да одиме на одмор. Ни беше многу тешко, но мораше да си седиме дома. Кога сите планови пропаѓаат во вода, чувството е многу лошо. Една година имавме едно мини кампување од 5 дена со шатор покрај езеро. Се снаоѓавме, готвевме на оган, заспивавме штом се стемнеше, а се будевме штом излезеше првиот сончев зрак. Плачев кога требаше да си одиме дома, тоа беа 5 прекрасни денови. Кампувањето треба да го повториме, незаборавно доживување беше тоа. Наредната година цело лето не се знаеше дали ќе одиме на одмор или не. На крајот, некаде во средината на септември месец отидовме во Охрид. Таму бевме недела дена. Не беше толку топло за да се бањаме, Охрид навечер е студен. Настинав, почна грло да ме боли и по една недела си се вративме дома. Следната година прв пат видов море, отидовме со многу малку пари во Црна Гора. Имав преголеми очекувања, а си поминавме ужасно лошо. Првиот ден, сакав да му се изнауживам на морето кое прв пат го гледав. Бевме на плажа цеееел ден. Веќе утредента ми отече челото, а следниот ден кога се разбудив не можев очите да ги отворам. Имав алергија од сонцето, целото лице ми беше изобличено, право на лекар, голем дел од парите ни отидоа за лекови и инекции. 4 дена не смеев на сонце да се изложувам, плачев во соба. Урлав од мака. Игравме карти по цели денови, а секоја вечер битка биевме со комарците. После недела дена, со последните пари купивме грицки и сокови за по пат и накај дома. Последниов одмор ми е како сон. Не можам да поверувам дека имав толку волшебен одмор. Бевме во Бугарија-Албена. Хотелско сметсување, all inclusive. Немавме никакви грижи, требаше само да уживаме. Вториот ден се качивме на падобран. Јас имам огромен страв од височина, од тогаш малку го надминав, не во целост ама многу подобро реагирам на височини сега. Се возевме со скутер на вода, со брзина од 80 km/h што на вода е премногу. И тоа ми беше прво такво доживување, умрев од страв бидејќи се плашам и од длабоко. Не влечеа со глисер на огромен душек, е тоа ми беше најзабавно. Се смеев како никогаш дотогаш. Се сликавме во ретро гардероба. Тој како гусар а јас како принцеза. Имам две прекрасни слики. Бевме во мексикански ресторан каде ни свиреа маријачи. Ја посетивме Варна, бевме во делфинариум - прв пат видов делфини. Имам еден куп слики и спомени кои никогаш нема да ги заборавам. Скоро 7 години сме во врска, а изминатово лето за прв пат имавме вистински заеднички летен одмор.
Два пати сме биле на одмор заедно со друштво... Убаво беше но секогаш може и подобро И во двата случаи заклучивме дека е подобро да сме сами...па годинава здравје боже одиме сами
Лани бевме првпат заедно на одмор со друштво , и поради тоа глупаво друштво можеби малце ни се расипа одморот бидеќи пријателчињата беа многу расположени да се караат со секого и на секое да фаќаат забелешка, но ние со дечко ми се обидувавме тоа да не влијае на нашиот однос и горда сум што успеавме бидеќи тогаш бевме најсложни од кога било и за се се подржувавме . А годинава планираме сами да одиме без друштво мислам дека така најубаво ќе си поминиме.
Минатово лето прв пат бев со дечко на одмор,бевме заедно со уште еден пар. Но,не си поминавме баш сјајно,и тоа се заради нив. Знаеа да го е*ат секој момент и се караа за тоа што купил едниот за другиот и си бараа пари назад. Неможев да сватам како можеа да се караат за таква работа,што е битно кој што купил па заедно сте,5 годишна врска имате. Браво ! Оваа година здравје боже планираме да одиме сами,па ќе видиме.