Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заедно на летен одмор

Дискусија во 'Врски' започната од LaChiquita, 12 јули 2010.

  1. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.297
    Допаѓања:
    17.828
    Пол:
    Женски
    Сеуште не сме биле на одмор заедно :( не ме пуштија лани :o а требаше да одиме со еден друг пар и тоа само дена- викенд :tmi: и не! не ме пуштија, ајде здравје ова лето белки ќе биде 8) дај боже :inlove:
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Па бевме оваа лето т.е 2012 , планиравме со друшто но се случи нешто па излезе само ние 2 да одиме и добро беше од почетокот ама ко за беља тој се разборле на 2 ден а јас на 3 ден и се знае колку може да ви биде убав одморот кога си болен и тоа со температура, повраќање и слично. Ама важно пред последниот ден се управив и се вратив здрава :D Го искусивме и доброто и лошото. Се на се убаво си поминавме , можеше и подобро без болеста али и тоа бидува ;)
     
  3. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Не сме многу време заедно,но планираме заеднички одмор.
    Нема зошто да не се реализира тоа освен една причина...
    Моите финансии...слаба сум со пари моментално,а тој инсистира на негова сметка да се оди.
    Според мене не е паметно тоа,не можам да дозволам толкав износ да плаќа тој за мене.
    Еднаш сум била на одмор на туѓа сметка но не заврши тоа добро баш на последниот ден од одморот.
    Според вас?Што мислите?Што е во ситуацијава паметно да се стори...секако ќе си штедам најмногу што можам.
     
  4. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Јас не би одела на туѓа сметка, а не би ја пуштила ни ќерка ми некогаш така да оди. Подобро помалку денови или на некое друго место, ама сам свој газда. Ако не може 10 дена, (на пример), тогаш 4, ама со свои пари. Друго е сама да си платиш пат, престој и сл. а таму некогаш тој да те почести вечера на пр. или сл. Ама друг да ти плаќа :x посебно НЕ кога си со некој кус период. Во секој случај, при поголем проблем тоа може да биде злоупотребено (колку и да не изгледа сега така човекот) или може да биде префрлено или пак да почне да те смета човекот како нешто што го купил плаќајќи еден одмор.
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Потполно го разбирам дечко ти,и јас така би играл ако мојата сакана нема доволно,ако пак и е незгодно и сака да си плати може да се договориме да ми исплаќа на рати,после одморот и завршена работа,не му го крши филмот на дечко ти оди и кажи му дека парите понатака ке му ги вратиш.
    Тоа ти е мој совет.поздрав до тебе драга пријателке :)
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Јас не би прфатила.. Незнам, прво викаш кратко време сте заедно, плус нема да се чувствуваш удобно да знаеш дека он ти платил се.. Подобро одете на викенд, ама на своја сметка. После многу работи можат да произлезат од тоа, иако сега не изгледа така можеби. Плус викаш дека имаш лошо искуство, еднаш, замисли и твоите како би се чувствувале дечкото да ти плаќа одмор.. Од мене имаш негативен одговор :)
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ana.n18

    ana.n18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    56
    Прелани бевме заедно со друштво и тогаш не поминавме баш нај-нај. Се скаравме неколку пати и тоа заради глупости.Лани бевме сами и си поминавме 100 пати подобро . Така да според мене со дечко на одмор подобро е сами . :)
     
  8. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    И лани сами,и сега сами.
    Најубаво :)
    Немаш голема организација на дневните активности,нема договарање,па сакам нејќам..едноставно што ни се праи во моментот правиме.
    Колку повеќе луѓе,толку повеќе комплицирано.
    Евентуално,би прифатила со уште еден пар,повеќе ноуп :D
     
    На richgirl998 и Izaabella им се допаѓа ова.
  9. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    јас бев и прелани,лани и сега ќе одиме пак заедно на одмор. Многу е важно во тие денови да осетиш како е да бидеш постојано со него, дали доколку побараш нешто од него ќе го заврши тоа, дали му текнува да те изненади, дали ти внатрешно чувствуваш енкоја потреба да направиш нешто специјлно за него и многу други работи по кои можеш да го запознаеш подобро и а видиш дали навистина е таков како што се претставува или само е маска она што го прикажува. Секој пар треба да помине барем еден одмор од 5 дена заедно не повеќе за да се запознаат и да видат како ќе функционираат кога треба ручек да се направи, утринско кафе, па вечери, местење кревети, чистење и сл... Може тука кога се гледаш со него 5 6 саати од денот било кој филм да ти го направи ама таму не. Постојано си со него, го чувствуваш, го запознаваш, знаеш во моментот што му недостига, он знае што на тебе ти фали.. се на се преубавоооо. Дури откако ќе се вратиш неакко ти фали неговиот мирис, топлина, дишењето додека спие, смеењето до доцните часови... :inlove: :inlove: :*
    Многу е убаво да сакаш, да те сака и да споделувате прекрасни моменти.
    Мој совет е заљубени сами на одмор. :D
     
    На Izaabella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Ние бевме лани сами, оваа година со уште еден пар.
    Лани си поминав преубаво, дефинитивно без разлика на се што ќе се случува понатаму, спомените од тој мал период нема да се избришат. Најубавите 10 дена во мојот живот.

    Годинава очекувањата ми се сведени на минимум. Парот со кој што одиме има навики сосема поразлични од нашите, карактерно скоро сите сме различни. Не сме блиски, а јас чудно е можеби, но не се ни чувствувам пријатно во нивна близина. Прифатив единствено поради разликата во цената, поефтино е кога се изнајмува апартман за четворица, него ли студио за двајца во странство.

    Ајде, кој си се фатил на орото ќе си го игра до крај.. :)
     
  11. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    5.200
    Пол:
    Женски
    Треба ова лето за прв пат. Иако ни е стабилна врската, ме фаќа малку страв. :worried:
     
  12. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.297
    Допаѓања:
    17.828
    Пол:
    Женски
    Да се пофалаам - ме пуштија конечнооо, и сум пресреќна и едвај чекам. :rofl: на 10 тргаме Охрид, секако само здравје и да не ми дојде, а баш тогаш треба :( :!:
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    И јас полека почнувам да се пакувам за одмор. Ова ќе биде наш втор заеднички одмор, се надевам и лето за паметење. Лани бевме Охрид, годинава Црна Гора. Моментите што сум ги поминала со него, тие летни ноќи секогаш биле прекрасни и романтични..ма се ми е убаво кога сум со него.Го сакам летото + него покрај мене. :P :inlove:
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    за одмор незнам ама аза викенд мислам би требало да идеме некој ден до охрид се надевам ке ми се оствари тоа бидејки сакам до него да легнам до него да се будам да уживаме во вода
     
  15. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Со дечко ми до сега заедно сме биле три пати на одмор и секогаш сме поминувале преубаво. Првата година бевме со друштво, а другите години сами.
    Оваа година бевме во Охрид една недела и искрено малку ми беше една недела, барем 10 дена да поседевме таму :)
     
    На kitty8 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Сме биле досега многу пати и на одмори и на викенди.
    И сами и со други парови.
    Поука извлечена од сите искуства - подобро ни е кога одиме сами.
    Во ред е да има некој друг пар заедно со нас, за евентуални вечерни излегувања и дружби, ама некои луѓе тоа го сфаќаат како обврска да бидеме заедно 24/7. Што ќе доручкуваме, кога ќе одиме на плажа, кога ќе одиме на кафе, каде ќе ручаме, кога ќе излеземе, каде ќе излеземе... Јас со мојов не можам да се најдам на иста фрекфенција заради различен биоритам, а не па сите четворица.
     
    На richgirl998 и senza.parole им се допаѓа ова.
  17. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Веќе трета година одиме заедно на одмор и се разбира САМИ.Не сакам поголем дел од времето да се расправам кој што сакал и каде сакал да оди.Најубаво на одмор функционираме сами.Кога сакаме си легнуваме,кога сакаме стануваме.Најмногу сакам да одиме сами затоа што тогаш не чувствувам никаква обврска за да им одам на некој по кеив и да сум приморана да одам некаде ако не сакам.Па на крај краева одам на одмор да се одморам од сите а не и таму да ги гледам :rofl:
     
    На Cka и senza.parole им се допаѓа ова.
  18. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.532
    Допаѓања:
    5.887
    2 години бевме со друштво беше добро..но повеќе сакам да отидеме сами :) ..оваа година ќе прескокнеме без одмор....до душа ни на викенд сами не сме отишле-не можеме да се договориме од обврски но се надевам ќе ми се исполни и тоа :inlove:
     
  19. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Меч со две оштрици ... Колку може да биде убаво толку и пеколно... Тука ја запознаваш личноста вистински.Јас идев некаде 5 месеци кога уплативме и отидовме и постојано се каравме , тука увидовме колку сме различни и цел одмор караници , кога се вративме по кратко време раскинавме негде по месец дена , јас како го замислував ова ке биде она , возбудена , третина од тоа не испадна така , не дека лошо си поминав ама дали дека малку се знаевме превише се залетавме со решението да одиме заедно и бидна што бидна . Плус бевме со луѓе што он ги знае со години дури и негови роднини а јас немав никој свој и знаете како иде тоа , што и да се случи јас бев размазена и инает а тој разумен , посмирен , па како ме трпел па ова па она ... :)
     
  20. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    3 лета по ред одиме заедно на одмор и совршено функционираме, а и луѓето околу нас ни го кажуваат тоа. Првата година кога бевме, заедно бевме само 2 месеци. Можеби е затоа што предходно долго се знаевме. Едноставно за се се договараме, а најубаво ни е кога патуваме сами, зошто со друштво секогаш има некој кој на нешто ќе најде маана. Оваа година запознавме доста нови пријатели, со кои исто така функциониравме совршено, секаде бевме заедно. И таа дружба остана и тука. Сепак тоа е до карактерите, кој како се поставил.