Годинава бевме прв пат на одмор сами , со сегашниот ми дечко. Не ми е прв пат да одам со дечко на одмор со оглед на претходната долга врска позади мене, но оваа година си поминавме ептен ама ептен убаво. Дури неочекувано убаво , бевме сами , без друштво. Ние и вака совршено функционираме, и одморот ни беше само една потврда дека сме на правиот пат Немаше несогласувања, си правевме што сакаме, спиевме до колку сакаме , одмор по наш терк без некој да те брза, или да му одиш по ќејфот.
јас немам појдено со дечко ми на одмор а многу сакам . заедно сме 4 години и 5 месеци. па одлучивме следново лето да одиме заедно некаде надвор од државава. ова лето бев со братми Грција. убо поминав...
Сум била два пати. Еднаш тука, еднаш во странство и многу убаво си поминав, повеќе се зближивме. Единствено што не лудувавме по дискотеки како што тоа би го правела со другарки.
Иако врската ни е тазе, мислам дека е доволно озбилна, па годинава бевме заедно на одмор и супер беше.
Моите родители не ми дозволуваа да одам со дечко на одмор.Јас ги послушав. Но, сега кога сум родител, сепак мислам дека грешеа. Јас на моите деца би им дозволила да одат заедно на одмор, се разбира ако имаат некоја постабилна врска, но да не бидат малолетни. Па дури и заедничкиот живот пред брак мислам дека е и те како потребен за да се одржи и профункционира една врска.
Нема ништо поубаво од одмор заедно со твојот партнер смеи, глупиранции, љубов ааах посебно најубаво е кога сте потполно сами и нема никој што ве познава ... едноставно не ти е галје за ништо уживаш максимално тие денови
Бевме ова лето за првпат, беше многу убаво, ама ќе беше уште поубаво да не ми дојдеше, па биваше ли до толку да сум баксуз здравје зимово планираме да одиме негде па со истиот пар што бевме летово, белки ќе немам тогаш
Јас и дечко ми од првото лето кога се запознавме заедно отидовме на одмор во Грција, и тоа тогаш бев малолетна, ама голема благодарност на мајка ми што ми помогна да смислиме лага до брат ми и татко ми. Малце беше тешко, со оглед на тоа дека мразам да лажам а и искрено се чувствував неспремно да одам на одмор со дечко, да не ми влијаеше мајка ми позитивно (многу си го сака зетот), веројатно и немаше да се решам на тоа. Кога уплативме во агенцијата, всушност јас сеуште бев и невина, па тоа беше уште една огромна причина да се плашам на таков чекор. Се разбира, не сум го имала ни првиот однос, а веќе и да делам соба со некого, цело време на само, се чувствував како исплашено мало дете. Бог да чува, божем ќе ме силува хахах. Но, еден месец или два највеќе пред да отидеме (бидејќи уплативме прилично рано), се случи она што требаше, на моја огромна среќа бидејќи малце барем се подопуштив, иако постоеше сепак срам и страв од тоа да бидам цело време на само со него. И право да ви кажам, тој одмор ич не си поминав убаво, веројатно потсвесно ми влијаеше тоа што ги лажам татко ми и брат ми, ја ставам мајка ми во незгодна ситуација, башка ги лажев и другарките..... на едни речи едно, на други друго, главата ми се испомеша. Другарките мислеа сум со брат ми, брат ми мислеше сум со другарка. Плус, прв дечко, тазе во љубовниот живот, тазе во сексот, тазе во тоа да се прилагодиш кон некого и со доблести и маани, а постојано е до тебе, не е како кога ќе излезеш и за неколку саати се вратиш дома. Се чувствував чудно.... плус јас сум личност на која ѝ треба простор самата за себе и си го почитува тој простор, сега сум веќе навикната ама замислете колку време ми требаше. Сега веќе е преубаво, едвај чекам прилика да сме некаде на само, иако се случуваат ситни караници бидејќи јас имам долг јазик а тој е чувствителен, но веќе се прилагодивме еден кон друг. Си го сакам најмногу на целиот свет. И да, забегав ептен оф топик зборувајќи за личното искуство, конкретно за заедно на летен одмор мислам дека е убаво ако е сериозна врската, инаку сум против. Таман работа ако одиш на одмор со секој дечко од месец-два. А доколку е врската со иднина, ова е одличен тест. И не ги оправдувам родителите што им бранат на децата (поконкретно ќерките), доколку ги знаат дечковците и ги прифаќаат, зашто да не дозволат, многу јасно е дека ако сакаат можат а и ќе направат нешто овде, без никој и да знае, што е бетер според мене.
Не е мое да судам и ова не го свакај така, но мене ми се чини постапката на мајкати многу бизарна, во смисла да туркаш речиси сосила малолетно дете во рацете на некој непознат, само затоа што тебе ти се допага или ти мислиш дека тој е добар. Реков непознат затоа што и своите деца може понекогаш да те изненадат а камоли некој кого го знаеш површно. Сигурно мајкати не се дружела со него со години да би го познавала добро. Исто така колку што сватив таа е „причината“ за да ја изгубиш твојата невиност на 16-17 години, бидејки рече дека си била малолетна, а си го направила тоа колку што сватив само за да не му ја мислиш таму како ќе биде, што ќе биде па си викаш подобро првиот пат да го направам додека сум дома. Ова е класичен пример за родител кој што и нетреба да биде родител бидејки да пуштиш малолетно дете надвор од границите на државата со непознат човек е кривично дело. Плус тој изгледа бил полнолетен штом ве пуштиле преку граница. А кога полнолетно лице ќе има секс со малолетно лице се знае што следи затвор. И замисли да ти се десело нешто мајкати ќе те носела цел живот на душа, само за да му го направи кеифот на дечкоти. Јас мислам дека во никој случај нетреба родителите да дозволат на своите деца да одат на одмор со дечковци барем додека се малолетни, бидејки во тие години и не размислуваат децата што е добро а што не. Според мене одмор со дечко, спиење во ист кревет доага предвид само после 20тата година и со човек кој добро го познаваш, а не вака ќе те води еден, па друг, па трет и на крајот каква репутација ќе има таа девојка?
Не сум била со него сеуште на одмор. Требаше минатата година да одиме но тој неможеше да појде поради оправдани причини но затоа ова лето одиме најверојатно во Грција со него, мајка ми, татко ми, брат ми, вујко ми, вујна ми и двајца братучеди(за сега добро е вака) ...
Првпат бевме на одмор лани во Бугарија, и си поминавме прекрасно. Се сложувам дека за да се отиде на одмор со дечко првин треба добро да се познава и малку подолго да трае врската. Едноставно не можам да отидам и да делам кревет со некој што го познавам 1 месец.
одиме долго време заедно на одмор ... па долго сме во врска но прв пат во нашата држава со мои 17 ипол години ... до сега сами не сме биле но оваа година сме решени сами... да се тестираме де како ќе функционираме ..... кавги ова она ... инаку на одмор генерално не сме поминале без караници и тоа за банални работи... но сепак е убаво.. самата помисла 10 дена спиеме заедно ,... чувството е неверојатно...
Најдобрите искуства во врска може да се стекнат преку заеднички летен одмор, плус да се испирате дали си одговарате еден со друг - така бар ми кажале луѓе попаметни од мене
Девојки ајде споделете го вашето искуство, на колку години првпат ве пуштија да одите сами на одмор со дечко и друштвто? Јас имам 17, летово дечко ми полни 18 (трета година завршуваме)и би сакале да отидеме до Охрид или било каде тука кај нас и со друштво би можело, меѓутоа не знам дали би ни дозволиле. Во врска сме 1ипол година и стварно многу се сакаме и односи имаме ама сепак нашите.. Како да ги убедиме?? Мајка ми му верува и го сака затоа што е многу искрен а татко ми ич не го сака се мршти а се спомне глуми некое лудило. Неговите ме сакаат знаат дека сум искрена не го лажам и прифатена сум.
Пааа, не би се сложила во целост. На одмор имате слободно време, забава, плажи, журкање. Во вистинскиот живот имате нервози на работа, на школо, пари немате па имате, гости ви иделе, изморени сте биле..е тогаш се гледа дали си одговарате. За шетање и забава и софра секој е добар. Така што не сфаќајте крајно сериозно дека ако на одмор не сте се скарале, ке ви биде океј во живото заедно. Јас на 20 отидов на одмор со дечко. Дома ни прашав, ни пари земав. Заштедив од целата претходна година (никогаш не појадував на факс и заштеди, место со такси одев пешки, место со автоус со воз) и имав колку за 7 дена во Охрид. Моите не можат да ми кажат може или не, кога сум возрасна.
Прв пат летово здравје ќе одам со дечко на одмор .. Во врска сме две години постојано сме заедно,но ова ни е прв пат да одиме некаде подалеку сами и на подолго време .. се надевам дека тоа ќе биде одмор исполнет со многу љубов и искрени прегратки со мојата душа .. барем така си го замислувам
И ние ова лето здравје боже за ПРВ пат заедно ќе одиме на одмор .. Од дома оддамна дозволија .. едвај чекамммм!!
Заедно на одмор после 18,19 години. Сеуште сме во облаци до тогаш. Па,добро и во 18 и 19 сме,ама тогаш поголема е можноста да размислуваш подобро за се.
Имам 20 години, а татко ми не ме пушта на одмор со другарки, а не па со дечко. Незнам како да го натерам ми вика кога ќе се омажиш тогаш оди со него , се нервирам, неќам со нив на одмор досадно ми е .