Искрено, поубаво си поминуваш на одмор со дечко одколку со другарки. Двајца сте, имате се што ви е потребно, плажа, љубов...А за родителите, не ми е јасно зошто не е проблем да се иде со друштво, а проблем е да се иде со дечко?!?! Па после децата лажеле со кој ке идат
Имам 18 години и со дечко ми одиме 2 ипол години.Сакаме да одиме на одмор во Грција со уште еден пар но мене не ми дозволуваат родителите.Како да ги убедам?
Ова лето не испадна да одиме на одмор,ете се појавија некои други обврски од негова,а и од моја страна но планираме да одиме зимоска негде на прошетка 5 дена. Се уште размислуваме но најверојатно Германија ќе биде. I'm so excited Мене ми е желба да одиме во друштво,ама тој повеќе сака сами да сме,плус неговото и моето друштво имаат лошо минато и не се сакаат баш,така што самички сепак
Сеуште не сме оделе на одмор заедно, минатата година бевме да се рече уште тазе, па несакав да одиме, а оваа година тој немаше одмор бидејки од неодамна почна со нова работа. Живи и здрави догодина планираме да одиме. На зимување минатата година бевме 3 дена, се надевам и оваа година ќе одиме.
Не сум била досега со дечко на одмор. Со еден планиравме ама знаејќи што се' се прави по тие одмори, па кој после ќе одговара на прашањата од мајка ми и не се согласив и тогаш ми раскина. Убаво направи, многу сум му благодарна за тоа.
Мислам дека нема потреба да одам со дечко заедно на одмор. Јас сум тип на личност што не се експонира по социјалните мрежи кога е во врска, ниту слики ставам ниту па менувам статус на врската. Префорсирано ми е некако тоа, не сакам јас да осеќа дека мора да оди на одмор со мене, а ниту пак јас сакам да ме притиска некој.
Убаво е.. Си креирате заеднички спомени.. Поминувате време заедно.. Водени лудории, шетање, пливање...живеење под ист кров макар на кратко.. И сето ова зависи од врската што некој ја има...не се сите за заеднички одмор...
А која е поврзаноста на заедничкото одење на одмор со социјалните мрежи и приватноста?! Никој не нè приморува да споделуваме фотографии и тагови ако не сакаме. Еве јас бев на одмор со дечко, па ниту споделивме слика, ниту се чекиравме ко неарни во секој локал во кој влеговме. Не мора сè да се поврзува со социјалните мрежи или да се бара било каква вина во нив. Од социјални мрежи, уклучував Вајбер еднаш во три дена за да и` кажам на мајка ми дека не сум изгорела на сонце. Убаво искуство е заеднички одмор со дечко, јас не бев којзнае колку време во врска, па тоа на некој начин ми помогна и поубаво да го запознаам како личност и нормално, да се зближиме уште повеќе. Дали би одела пак? Секако, без двоумење. Би одела на уште милион одмори со него.
Само мене ли ми е чудно оваа тема околу одење заедно на летен одмор? За мене љубовта значи посветеност и нема причина поради која не би сакала и не би отишла со дечко ми на одмор. Како тоа, се правите заедно, шетање, јадење, кафе, кревет делите, ама одморот ќе го прескокнете? Познавам личности кои воопшто немаат профил на социјални мрежи а имаат девојка/дечко или маж/жена. Меѓу другото и на одмор одат.
На почетокот на врската да отидовме во претор иако уште бевме срамежливиВоедно мн подобро се запознавме,се смеевме шетавме,заедно се будевме заедно јадевме.И минатово лето пак бевме на одмор малце подалеку и сега пак ќе одиме и секогаш Најубаво за една врска е еден одмор дали мал или голем нема врскаИ после расправија убаво е еден одмор хехе И како што кажа погоре една феминка и да ме прашат пак би одела
Ахам ахам сфатив хахахахах Ти можеби не се експонираш и јас не се експонирам, но ете има парови што си се сликаат и си ставаат кај ќе стигнат, за да ни кажат дека нема како нив и нивната љубов. После неколку месеци ги гледаш раскинале и веднаш нови партнери. Па наредното лето пак иста приказна. Според мене одење на одмор со дечко е голема работа и доста приватно и не мора цел свет да знае за тоа. Има девојки кои не се замараат и му е нормално и да се пофалат на социјални мрежи
Сум била пет пати до сега, односно секое лето откога сме заедно. Исто и во зимо.одиме некаде на еден викенд. Не знам како се справив со мајка ми првиот пат, само не дозволив да ми се меша, бев цврсто решена, имав заштедено од матура и тоа е тоа. Среќа имам добар дечко, на ништо не ме приморуваше додека не бидам спремна. Убави се овие спомени, траат цел живот, добро би било да продолжи, мислам дека имаат голема улога во една врска брак. Само и не се клучни, во брак е поинаку, проблеми, финансии, слободни денови..
Прв пат со дечко на одмор и искрено воопшто не се покајав, беше преубаво дури и подобро од тоа ако идев со другарки. И пак би иделе ние сами а ако треба со друштво тоа би било плус.
Letovo ke odam so pogolemo drustvo na odmor okolu 15 dusi sme i 2 para(ja i decko mi i uste eden par) i podeleni sme zenski i maski vo razlicni apartmani. Malce mi e nezgodno zatoa sto sakam malce intima i so decko mi ama sum so devojki vo soba i ne znam voopsto kako da postapam koga bi sakale da spieme.zaedno ili da imame malce intimni momenti...sovet?
Лани летото првпат бев со дечко на одмор, во Грција. Бевме со уште еден пар, неговиот најдобар другар и девојка му. Поубаво летување сум немала досега, многу поубаво отколку кога сум одела со другарки на одмор. Јас инаку не знам да пливам, па стално ме давеше во вода и се каравме околу тоа Интересно е, навечер романтични прошетки на плажа, па спиење заедно..:Едноставно цели 10 дена само за нас..Ништо поубавооооооо
Може офф топик но..Дајте идеа за некое место за есенва на ден-два од Скопје сме, но може и друг град, онака за шетање на ова време ладно, каде предлагате викенд дестинација?
Здраво на сите❤, нова сум на форумов. Сакав да ве прашам за мислење, добредојдено е секое мислење и совет. Годинава со мојот дечко сакаме да одиме заедно на одмор, јас имам 17 години а тој 18, моите дома знаат за него дека сме заедно и врската секако ни е одобрена, тој е премногу добар со мене но се плашам и не знам воопшто дали да ги прашам моите дома, дали би ми дозволиле Ви благодарам