Закон за абортус-Да или Не

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Irrepleceable, 2 јуни 2013.

  1. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Во последниве неколку дена,честа тема на муабет е предлог законот за абортус.Дали сепак државата е онаа која треба последна да ја донесе одлуката,за која многумина мислат дека припаѓа сепак на понежниот пол? Дали на некој начин се деградира личното право на жената? Не заземам страна...но сепак моето мислење е дека овој закон мора да претрпи одредени исклучоци во кои нема да може да биде имплементиран.

    Поздрав,Irreplaceable :)
     
  2. Daisy.E

    Daisy.E Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    57
    Категорично НЕ !!!
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Јас сум за интервенција на државата општо, ама овде не знам колку е тоа вистинското решение, некако ми е премногу навлегување во работи за кои сам човекот си одлучува, во случајов жената. Нема ли други решенија? Што знам, некако не ми делува современо ова. Или пак јас не сум запознаена со развиени земји кај што е воведен законов, не знам. Ми делува застарено и примитивно. Ме потсеќа на земјине што цел живот се во војна.
    Подобро ли е девојките што ќе забременат веднаш по породувањето да ги оставаат бебињата (несакани нели, збориме за абортус) на улица или во дом? Факт е дека ако се воведе законов нема сите што ќе забременат да ги задржуваат бебињата, напротив ќе им бараат некое очајно чаре, а сиротите дечиња цел живот ќе се надеваат дека ќе дојде некој да ги посвои. Ми делува жално, океј е за државава, да ќе се зголеми наталитетот, ама дали е океј за самиот човек, помислува ли некој на тоа? За мајката, за таткото, за бебето? За сите останати?
    Или Груевски мисли ова е така, забременуваш, го носиш бебето 9 месеци, го раѓаш, имаш топ услови за тоа, и волкот сит и овците на број и во Македонија наеднаш глеаш оп се дуплира бројот на жители.
    А уствари вистината е дека девојкава забременува, и чим сака да абортира во 90% од случаите значи дека е премлада и и се срушиле сите соништа, или дека не е во брак (дечково ја наполнил и си заминал, или па нејќе ни да чуе за бебе), или дека нема никакви услови за чување бебе, или па се тоа заедно.

    Има многу што да се каже на темава, ама ќе кажам дека 90% сум не, и имам предлог да се воведе и анкета, па да видиме каква е статистиката на темава.

    Па не значи дека законов е единственото решение за проблемот со наталитетот, јас сум за изнаоѓање друго.
     
  4. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Нашиот стандард на живеење го наметнува ставот на денешните родители кои гледаат на детето како трошок,што е една од причините поради кои не се ослонуваат на второ,трето..дете.Треба првенствено да се подобри овој дел(плати,начин на живот) со кои ќе може да се оправда овој закон,во спротивно со минимална плата од 6 000 ден.без никакви нормални услови за живот,овој закон тешко ќе биде прифатен од нашата средина..
    Ако веќе воведуваме закони од другите земји,треба пред тоа да решиме многу други споредни работи,кои се зависни од законот за абортус.
     
  5. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    [СДК] Сакам да кажам...

    Читам нешто и незнам како си дозволуваат некои луѓе да дадат вакви изјави.Можеби ќе биде неморален мојот став но ќе го искажам.Станува збор за абортусот.Тоа е право на избор на жената и јас го подржувам и почитувам тоа .Незнам како тоа законски точно е регулирано до сега но според мене не е во ред да си присилува на некој начин да се родат деца по секоја цена |( .Изјавава е на најниско ниво кажана http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=57531#.UauXU9I3AjI( Изјава: -г.Иларион митрополит на Брегалничка епархија: „Во светот има многу бездетни родители кои што ете по некоја причина не можат да имат деца..Советувам наместо да ги абортират , да ги родат и да ги дадат на посвојување и тие деца да не се уништат, а и родителите да бидат срекни и весели со новите рожби“. ).
    Не е ова некој продукт што може да се купи,каде се чувствата тука... (Бог да чува ! ) .
    А дали размислиле како би се чувствувале тие деца ?Колку се потрудиле за таквие деца да им обезбедат услови за престој,образовани и мин.услови за пристоен живот?....Веќе кога даваат вакви изјави можат барем да замачкаат очи со некоја донација :!: ..
    Нека се превземат некакви законски мерки да не се злоупотребува абортусот,околу малолетничките трудници (несакана бременост), а не да советуваат и налагаат како на робови .Верник сум ,но морам да прокоментирам дека ова поповиве почнаа во мн работи да се мешаат :doh:
     
    На Teodora29292 и Daisy.E им се допаѓа ова.
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.390
    Допаѓања:
    87.640
    [СДК] Сакам да кажам...

    ^^ И јас останав подзината кога ја слушнав изјавава на дотичниот. Баш ми е гајле дали е митрополит, може да биде што сака ... ама брате мили многу си дозволува. Замисли, стоп за абортусот, раѓај и ако не сакаш да го чуваш, дај го детето - зошто некој ќе се му радува. Свашта. Машини ли станавме? Што се случи со човештвово?

    Кога од свештеник ќе слушнеш нешто вакво, не треба да те чуди кога некој обичен смртник, утре, ќе ја присилува жена му да раѓа, за да тој го про/даде детето.
    Програма за самовработување 2014. Клецај, раѓај,штампај.

    Каде е смајлитоштосекрсти?
     
    На COollLady, Nade-sunrise, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Јас сум против законот за абортус.
    Државата нема никакво право да одлучува за едно толку чувствително прашање како што е абортусот. А и законот нема да реши никаков проблем со несаканата бременост туку напротив ќе создаде повеќе. Нели, неможејќи легално да абортираат ќе бараат други алтернативни решенија. :( Доколку некој сака да роди дете и има услови да го одгледува тоа ќе го направи и без донесувањето на законов.
    Ако целта им е да се зголеми наталитетот, или да се намали бројот на абортуси нека преземат други мерки, но ова во никој случај не смеат да го дозволат.

    Ама тоа е, наместо да одиме напред ние ќе си ја враќаме државава во среден век.
     
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    [СДК] Сакам да кажам...

    Наместо да се забрани абортусот, нека воведат сексуално образование, повеќе информации, советување у врска со сексот за оние што од неинформираност во неоформени услови зачнале бебе.
    Никој не би требало да одлучува за женското тело, у секој друг случај поразличен од наведениот погоре.
    И не знам, стварно, дали е грев, или го прават грев, ама едно друго нешто знам...

    ...овие наши попови немаат врска! И оваа религијава повеќе ги разделува луѓето отколку што ги спојува.

    Ко ќе ти дојде дома 15 годишна трудна, мајка и на оној за Мерлинка шо зборуваше дека се самоубила оти деца немала, баш на тој ќе и текне, да, да! И сите гревови низ глава ќе и се избројат.

    Да за абортус. И абортусот е избор во некои ситуации, и тоа доста оправдани ситуации.
    За неоправданите има сексуално образование, а за неодговорните заслужена казна, ама не од поповите наши, ниту од Господ, сами ќе си се казнат тие, ако згрешиле.. Господ само за прошка го молиме, нели?

    И не го мешајте Бетовен со Ода на радоста у кампањите, немојте, врска ви нема таа реклама!
     
    На Nade-sunrise, Sunshine88, lolyta777 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Едно големо НЕ!
    Законов не е единствено решение за проблемот со наталитетот.Па зарем они го правеле и ќе го носат тоа дете па да кажува што да се прави со него.Они нека си кажуваат на нивните жени.
    И ако се воведе законот што ќе се случи ќе го роди детето и ќе го остави некаде.Жално ќе е за децата.
    Не ее само закон да се досене тој закон треба и место да држи...
     
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.267
    Сите очи исто не гледаат.
    Знам дека многу нема да ме сфатат и тоа е во ред, но ќе го кажам своето скромно мислење по повод ова прашање, иако искрено не сум запозната со политикава, туку ова го пишувам од друг аспект, животот.

    Изјавите на митрополитите многу погрешно се сфатија, иако целта на таа нивна изјава беше сосем друго. Епископите, свештениците и преостанатиот клир советуваат, но во никој случај не наложуваат нешто. Суштината на нивните изјави е големината на гревот на абортусот.
    Знам дека ова кај сите буди негативни мисли, но зборуваме за живот. За еден живот кој ќе биде згаснат како да сме дувнале во свеќа. Свеќата повторно ќе ја запалиме, но животот не.


    Околу абортусот секогаш се кршеле копја и ќе се кршат и во иднина. И знам дека иако некој не верува, но сепак тоа е најголемиот грев. Исто како да си убил човек во повозрасни години.
    Изјавите на епископите беа точно тоа. Човекот да не го направи најголемиот грев на душата.
    Денес сме млади, неискусни и не размислуваме на тоа прашање така, но се’ се враќа во животот. Можеби ќе одмине доста време, ама еден ден тоа нешто силно ќе заболи.
    Ако зборуваме од здравствени причини, не знам колку сте читале (некој можеби и учел), но според најновите истражувања жената која абортирала 99% има ризик да добие рак на градите и материцата.
    А зошто?
    Бидејќи тие органи се најзасегнати од бременоста, а во случајот се врши стопирање на сите хормонски реакции кои понатаму во животот (во менопаузата) 99% е ризик за животот на жената. Ова статистика е направена неодамна и тоа во период од 100 години наназад на глобално ниво.
    Медицински докажано, но замислете колкава е духовната тежина на овој грев?
    Иако никој и не размислува по ова прашање, сепак е се прашање на време.
    Не дека Бог е тиранин и дека сите ќе ги казнува за се, не, туку таа казна човекот сам на себе ја става како товар и сам е одговорен за тоа.
    Често се прашуваме во животот.
    Зошто Господи дозволуваш ова и ова да се случува?
    Што сум погрешил јас?
    Што погрешило тоа невино дете?...
    Понекогаш не греши човекот, колку што погрешил родителот, а тој грев се пренесува од колено на колено.
    Сама сум била сведок на некои настани, а сум слушнала и безброј исповеди на луѓе кои ми се довериле. Искрено на човек косата да му се крене од страв. Но кога на крај сите ќе се размислат доаѓаат до еден одговор. Или самите направиле нешто исто или слично и го оставиле во заборавот, или ќе се присетат дека неговите родители, па дедо и баба, го направиле тоа, а сега повторно нив му се случува. Тоа се е последица на гревот.
    Ние гревот не го сфаќаме што е. Тој не е нешто што не егзистира, туку напротив, егзистира и е во најголем подем.
    Вистнската дефиниција за грев е, духовно пренослива болест.
    Не начин на воспитување, како некои што би рекле дека така ги воспитале децата, не е воопшто тоа. Гревот е болест која е толку заразна, подмолна и смртоносна. Те убива полека, но смртта ти е загарантирана, ако не ја откриеш навреме.

    Знам дека малку се оддалечив од темата, но сакав баш да го наведам тоа, за да дојдам до изворот и коренот на прашањето за абортусот.
    Се земам сама за пример.
    Знаат многу дека долги години сум во брак и дека немаме потомство. Но јас знам и за гревот во нашето семејство што се случувало во минатото. Ете тоа е она што го кажувам. Се додека тој грев не биде простен, тоа и понатаму ќе биде така.
    Да, се е по Божја промисла, но во очите на другите тоа не е така. Веднаш е тука осудувањето:
    - Е зошто ти веруваш, одиш во црква, се причестуваш... се правиш, а Господ не ти дава деца?
    Тој грев има корен. И замислете на една мајка колкава е болката да го гледа своето чедо каде пати во животот. Но замислете која би и била болката кога би го размислила целиот живот и колкаво би и било обвинувањето, дека таа некогаш направила нешто во младоста, а сега и се враќа тоа на нејзината ќерка или син!
    Да тоа е тоа, гревот, таа духовна пренослива болест.

    Девојките нема да ме разберат, а исто и оние жени кои родиле и имаат свои деца. Не ја знаете таа болка, онаа мајчинаска воздишка. Не да се жалам, не се жалам, туку зборувам од телесен аспект. Како човек со свои чувства и размислувања. Не, за да да ме сожалувате, тоа во никој случај, но зборувам едноставно како личност која можеби некој еден ден ќе ме сфати, иако сега не ме сфаќа (да не допушти Бог).
    Никогаш нема да ја сфатите онаа радост која може да и се случи на жената, ако не може да роди, барем да посвои дете. Но тука ја согледуваме и другата страна, не само едната. Таа девојка која би родила, никогаш нема да си го стави на коцка и ризик својот живот ( да добие компликации од абортусот и духовно да падне ), туку на тој начин ќе се искупи, со тоа што ќе го донесе на свет тоа дете. А пак тоа детенце, иако било зачнато, родено под којзнае какви услови, кога би пристигнало во семејство кое од срце го чекало и кое има да му даде се, тогаш се ќе биде подруго. Ако се има разбирање и со сооднос со биолошката мајка и родителите кои посвојуваат, никогаш детето нема да поминува низ оние тешки мигови како што некои поминуваат.

    Да ја оставиме настрана онаа реклама Бетовен и сите преостанати кампањи.
    Да се запрашаме, што ако мајка ни одлучела баш ние да бидеме абортирани?!
    Ајде за мене да речеме на никој можеби нема да му биде гајле, ама за другите?!
    Пример за самиот себе, за сестрата, братот... или пак што ако го абортирала мајката оној човек кој денес ни го спасил животот?
    Се’ си има свое значење, сите сме тука со некоја тајна Божја промисла. Сите сме помогнале на некој или во иднина ќе помогнеме на некој што за таа личност тоа би значело живот. Сите имаме цел да допридонесеме за овој свет и живот.

    И за крај да не бидам целосно погрешно сфатена, да го најдеме вистинскиот одговор во целата ситуација. Одговорот лежи во тоа што младината денес сака се’ да вкуси, а притоа потоа да не биде одговорна за последиците. Кога си одлучил/а да бидеш полово активен/а треба да бидеш одговорен/а и за последиците.

    Секој закон си има свои позитивности и негативности, но овој алудира на здравјето на човекот и на неговата духовност. Да не се прекиме бременоста, туку да му се даде живот на тој веќе зачнат живот. Ако е целта на пораст на наталитетот и тоа е во ред, но колку повеќе е во ред кога човек ќе се откаже од најголемиот грев и ќе се спаси самиот себе, највредното, душата!

    п.с. Колку за информација, САД кога го воведила законот за сексуално образование во училиштата, бројот на абортусите двојно се зголемил, но се зголемил и бројот на морталитет и здравствени компликации по живот на адолесцентите.
     
    На sweet-star, glosipgirl, Philippa и 6 други им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.968
    Пол:
    Женски
    Јас искрено кога не би била во состојба да го исчувам детето, попрво би му дозволила да живее па макар тоа значело да го дадам во сиропиталиште, затоа што има многу по светов кои имаат се` само немаат можност да имаат некому кому би му го пружиле. Ако нормално можам да си дозволам да го родам, ко шо во денешно време и бременоста е скапа, особено ако е со компликации како што е секоја трета веќе.

    Времињата се менуваат, потребите се менуваат и се се` поскапи за жал како што светов станува повеќе ориентиран кон материјалното отколку кон духовното. А и стадо принципот си важи. Колку и да прави некој нешто што е правилно, ќе биде исмејувана неговата индивидуалност и иницијатива. Ќе го ценат понатаму во животот можеби, откако и луѓето ќе созреат, но тоа дете веќе ќе има набиени комплекси до плафон.

    И зошто така да си го уништам своето дете и да го чувам пред да бидам сигурна дека барем приближно ќе му дозволам и пружам она што го имаат другите? Не се`, нормално. Еве пример со Весна Петрушевска. Две ги посини, но мислам дека се многу посреќни отколку што би биле со нивните биолошки родители кои сигурно со причина ги оставиле на посвојување, живеејќи со ризикот дека можеби утре тоа дете ќе ги презира. Но, сепак, колку-толку пак е благородно што му дозволиле да живее.

    Според мене вака е. Роднина пријател, мајка/татко/брат е тој кој е покрај тебе. Биолошкиот родител, доколку те оставил, единствена благородна работа што ја направил е што ја исполнил Божјата воља и дозволил да живееш.

    Јас (не сакам да бидам лицемер и да кажам дека сум со овој став од исклучиво религиозни причини), туку и како човек што се плаши од поризични медицински процедури воопшто, гледам контрацепцијата да ми биде планирање на семејството, а не абортусот, но никако не би сакала да судам. Не сум во ничија кожа, па да знам. Сепак, нечие тело е работа на сопственикот на истото. Може да го поучиме, но не и догма да му ставиме што ќе прави со истото. Затоа што последиците од тоа ќе си ги сноси самиот, не и ние.
     
    На Gordana10, vinozito1, tinan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.529
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Повеќето од вас ставиле коментар "Не за законот"...

    Ке се самоцитирам од друга тема каде го искажав мојот став

    Значи, законот не е за да се забрани абортусот, баш напротив, поентата е да се регулира, да се запознаат жените со сите можности кои ги имаат, и да им се помогне да се заштитат од понатамошни несакани бремености. Е сега, затоа што кај нас сакаме се да се скрие, ќе се зголеми бројот на нелегални абортуси зошто сега интервенцијата ќе фигурира во здравствената книшка. Иначе законот на ниеден начин не го забранува или спречува абортусот.

    А ако некоја жена има потреба 3 пати во една година да абортира зошто не знае како се прават деца, таа треба да се стерилизира, а не да и се даде да абортира :^)

    Неколку од вас зборуваа и за давање на детето на посвојување. Во Македонија, единствените деца кои остануваат цел живот во сиропиталиште се оние кои не се од македонска националност. Македончињата се посвојуваат со огромна брзина зошто има голем број на семејства кои сакаат да ги посвојат (особено ако се помали, неколку месеца до неколку години), а децата од друга националност најчесто остануваат без фамилии бидејќи за нив нема заинтересираност, или се постари кога биле напуштени од родителите. Јас лично сум повеќе за абортус отколку за посвојување.
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Не знам колку помало зло е да го родиш и да го дадеш на посвојување :^) (лично размислување). На поголемиот бр. од децата можеби секогаш ќе им остане мислата дека не биле сакани и затоа биле отфрлени (од која и да е причина, оставени). Зборуваме за посвојување, но реално гледано кај нас колку луѓето донесуваат одлука да посвојат? Да не ја зборуваме и постапката за да ти дозволат да си посвоиш. Јас познавам и млади и постари парови без деца, од 30-70год. Да речеме дека тие во 30 сеуште се обидуваат и нека се, нека не губат надеж и нека успеат, но тие што имаат веќе 70 зошто не посвоиле? А сакаат деца.
    Условите во сиропатилиштата? Мислам дека со 18год и губат право на престој :^) , па оди снајди се е работата. Не знам стварно.
    Јас не би да се мешам во туѓи одлуки затоа и не ми се допаѓа законот. За себе си свое мислење, за другите кој како си знае. Немам право да му речам некому -Ај бе роди го, па што после ќе го дадеш на посвојување или -Ај бе абортирај што ќе ти е. Секој за себе.
    Лично, најдобрата одлука не е ни едното ни другото туку навремена заштита и посериозен пристап. Кога веќе дошло до интимен чин, биди одговорен и не барај глупави оправдувања.
    Ова ќе го издвојам од Серафима
    Законов, патем, не го разгледав. Мислам :^) дека повеќето се бунат затоа што воопшто се чепка овој закон, но промената за забрана на втор абортус во една година... искрено малку ме разгневни состојбата да некој дојде до тоа да прави по 2,3 абортуса годишно. Не ради детето толку, ни ради здравјето, туку заради неодговорноста. Глупаво е во денешно време покрај толкава можност за знаење, да знаеш да чатуваш на фб, ама да не знаеш кондом да си купиш!
     
    На Neytiri, lolyta777, MSkorpionka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.175
    Допаѓања:
    199.992
    Пол:
    Женски
    Се бунат жените затоа што се одзема основното човеково право, односно правото на жената да ја донесе одлуката за или против абортус. Инаку, законов е обид да се спречи абортусот да се користи како начин на контрацепција, ама може да доведе до сосема спротивен ефект, односно да се зголеми бројот на нелегални абортуси. Со оглед на тоа дека мора да образложи пред комисија во присуство на таткото зошто сака да ја прекине бременоста, многу е логично да почнат да се изведуваат нелегални абортуси, бидејќи кај нас сите се кријат, никој не сака да го зборуваат по цел град.
    Како и да е, мислам дека треба да поработат на воведување на сексуално образование во училиштата, добра едукација, поевтини средства за контрацепција (поевтини кондоми), ставање на контрацептивните средства на позитивната листа (да одат со рецепт), ама пред се едукација! И сите вие, драги родители, сегашни и идни - зборувајте отворено со вашите деца, информирајте ги и не им наметнувајте табу теми. Не дозволувајте децата да се образуваат сами, оти многу работи може погрешно да се сфатат, а тука пред се здравјето е во прашање.
     
    На Lolo5, Neytiri, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.968
    Пол:
    Женски
    Од болдираниов аспект го поддржувам. Мислам кога нивото на свеста на младите им е = напиј се Норлево после oдонос наместо да имаш заштитен однос... Секоја чест на исклучоците.

    A за последиците, во право си.
     
  16. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Она што Серафима го напиша длабоко ме трогна.Погледнала од аспект на Животот и не погрешила ниеден збор.Ве молам отворете и прочитајте ..нема да ве остават имуни нејзините зборови.

    Мислам дека абортусот е момент на слабост.Затоа се дадени тие три дена да се остави простор и време за да се размисли и на крај се донесе конечна одлука дали тоа невино човечко битие ке живее или не.Не кревајте паника за да ја префрлете вината на власта ,на црквата.
    На Бога.Сосема во ред е ако во тие моменти се најде некој кој безусловно би ви помогнал.Сум за донесување на овој закон,затоа што овој чин и онака е болен, ако е незаконски којзнае што се може да произлезе од тоа.Сетите се како било порано.Кај нас имаше случка на тровање.Другите две дечиња и останаа сирачиња.
    Денес барем се има познавања од биологија. Најмалите знаат дека децата не ги донесува штркот, или се факаат во река, како што нас не учеа.Неодговорноста е целиот проблем,а не законот , црквата.....

    Сепак на крајот тоа е наша одлука и на никој друг, самите одговараме за своите постапки.
    Не знам што има тука да се сфати.
     
    На Gordana10 и Serafima им се допаѓа ова.
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.097
    Значи колку што прочитав не се работи за укинување на абортусот туку да не се третира како процедура слична како за вадење заб. Се вели дека се е тоа заради намалување на здравствени последици, а верувам дека најмногу сакаат да им го отежнат патот на оние кои ќе се одлучат за абортус. Но ако некоја од срам или страв да не ја дознаат сите нема да ја истера цела процедура, попрво ќе се одлучи на илегален начин да абортира отколку да роди, туку ај.
    Нека се стегне обрачот и за доктори и за пациенти, макар и во глава да им е само наталитетот и тоа да е единствената цел на владата, но можеби на тој начин ќе се врати барем малку младината во колосек.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mila34

    mila34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    82
    Никој ама апсолутно НИКОЈ не може и несмее да се стави во функција да ми го планира семејството, па тоа бре луге се коси со ОСНОВНИТЕ човекови права и слободи...се запрашале ли ТИЕ што се трудат да ни го наметнат тој закон зошто жените абортираат?? се запрашале ли некогаш дали обезбедиле егзистенција сразмерна на стандарднот во оваа држава ..биле ли да купат памперс и влажни марамици на бекутан па да видат на месечно ниво колку тоа чини...а да не зборам за соодветно образование...за пристоен дом ....значи НИКОЈ освен самата фамилија не смее да се осуди да ти го планира ТВОЕТО СОПСТВЕНО семејство...Значи да се разбереме јас ги сакам децата тие се толку мили невини душички кои заслужуваат све најдобро...ама дефинитифно сум против тоа што се обидуваат а со тоа и да ни го ограничат правово на ИЗБОР!!!
    Ве сакам Феминки Мои!!!
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.968
    Пол:
    Женски
    Или ко шо вика eдна „100 евра месечно само “ги какаме“, не па друго.“ :D
    Шала на страна, реално повеќето од нас би биле доволно паметни да се пазиме и да не си дозволиме абортус повеќе од еднаш годишно од здравствени причини. Тоа што им пречи на жените е што воопшто некој се меша и задира во овие работи кои би требало да зависат од вољата на родителите.
     
    На mila34 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Не истрчувајте со изјави од типот на „НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ за абортусот!!!“ зашто живи луѓе сме и се’ се случува (од кривични дела до занес, да не набројувам опции). Крај краева - грото тука сме жени, а контрацепцијата е секогаш ставена под знак прашалник.
     
    На Lolo5 и Neytiri им се допаѓа ова.