1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закон за абортус-Да или Не

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Irrepleceable, 2 јуни 2013.

  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    ДА !
    Постојат нај различни причини поради кои некој би го извршил абортусот нели ?
    Сите сакаме да сме сакани, да чуваме дете но постојат и милион причин поради кој некој не може !
    Лесно е да лаеме и да осудуваме но само тој кој што се одлучилна ова знае како е и јас ги подржувам оние кои што морале да го направат ова доколку има силна причина !
    Ова е ллично на секојаа педника и тоа право не смее да се одзеде!
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    И неизвесноста и притисоците и безработицата се убиство па никому ништо.
     
    На Hipica, zhap4e, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Никој не може да ти даде генерализиран одговор на првите прашања оти секоја девојка и жена минува низ свои емоции. Некои се радуваат што се ослободиле од маката, други од една страна се ослободени ама плачат оти не им е нешто туку така да решиле, некои имаат грижа на совест, други постојано мислат што ќе беше ако не абортирав, трети се покајат за постапката откако ја направиле, колку жени толку приказни. Ама верувале или не, не секоја тагува, не се сожалува и не и треба помош од психолози.

    За некои има несакани последици, без разлика дали е абортус на прва или седма бременост, како и за секоја медицинска постапка, ризик од анестезија, ризик од инфекција како и секоја операција каде би дошло до проблеми, затоа пациентот става потпис врз објаснета процедура, и затоа се бара потпис од старател кој разбрал на што става потпис доколку се работи за дете. Мене умниците ми ги извадија со генерална анестезија па потпишав дека ми е јасно дека можно е да настане компликација поради анестезијата и да им умрам на масата, можност да изгубам вкус, можност за скршена вилица, постоперативна инфекција, дрн дрн. Не сум видела што потпишува жена која абортира ама гарант и е дадено до знаење сама да си процени за можните компликации без разлика колку се мали шансите да се тие компликации јават.
     
    На galapce, Hipica и tessie им се допаѓа ова.
  4. fashion.owl

    fashion.owl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    21
    Секој има право на избор, не сум за законот, но во случајов со нашата земја мислам дека е подобро да има прилично комплицирана процедура за абортус, чекање, прегледи и слично, затоа што реално гледано ако е многу лесно да се абортира, која циганка ќе раѓа 7 деца ??? или многу луѓе со огромна потреба од финансиски средства (не сакам да навредам, но мислам на случаите за кои се организираат донации преку концерти, телевизии и сл.). А наталитетот во Македонија драстично се намалува и затоа пензионерите имаат ниски пензии и ако се продолжи вака на крај ретко кој ќе има деца и ...

    Значи, ни да се донесе таков закон, ни да се остави туку-така. Да се направи некоја комплицирана процедура и тој што знае што прави, нека прави, но не секој (еееј пак дете, ај идам јас до болница, да го средам ќе се вратам и пак ќе си тераме по старо. :o :x :fubar: ).

    Се извинувам ако навредам некого, немам намера, само сакав да кажам дека ако е многу лесно да се абортира, многу луѓе ќе го злоупотребуваат тоа (роми и слично).
     
  5. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Секако дека треба да се легализира абортусот.
    Без овој закон нема да престанат абортирањата, туку ќе нема легални и стручно извршени абортирања.
    И покрај се, по секоја цена ќе се извршуваат овие зафати, и на крај таа цена ќе ја плати жената која на товар го носи и ризикот од несакани последици.

    п.с. Рекламите на владината кампања се бесмислени! :fubar:
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  6. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Anne.B, Annath, sesilija и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Psychen

    Psychen Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Едно најсуштинско и најбазично човечко е право, е правото да носиме самостојно одлуки за самите себе. Како може некој да се осмели и да забрани, една жена самата, свесно да донесе одлука што сака од својот живот.
    Имате граница до која може и е безбедно да се абортира. Со почитување на правилата кои докторите ги поставуваат за да се зачува здравјето на жената, абортусот не би требало повеќе да се дискутира.
    Психичката состојба на жената ПО абортусот? - Ве молам не зборувајте за работи кои не сте ги читале доволно. Се согласувам дека некои девојки може да се каат подоцна, но затоа таква одлука не се донесува во еден час, туку се посветува повеќе време на себе, на своите чувства, можеби во консултација со некој професионалец или пак најблиските и се доенсува одлука.
    Дококу ги знаете психичките проблеми кои ги имаат млади девојки па макар и постари кои се присилени да се соочат со бременост и одгледување на дете, кои не го сакаат или за кое не се спремни, се толку многу пострашни и поголеми што воопшто не ни треба да се дискутира за ова.
    Како ќе се осмелиш да и кажеш на девојка која е силувана дека треба дополнително да го промени својот живот и сите планови за иднината, порди тоа што некој монструм решил таа вечер да се забавува, а девојката кутрата чувствува одбивност кон тоа дете и е само потсетник за тоа што го преживеала?
    Како толку остро ги осудувате девојките кои имале секс на 15-16 години а подоцна велите дека таа девојка која не била спремна и не знае што прави кога влегла во кревет со некое уште толку по незрело момче, сега треба да гледа дете и тоа е океј... Ќе може да се справи со дете, мислам сепак жена е -_- ..... Неможам да сфатам навистина.
    Подобро е да се роди детето и да живее во свет каде ќе биде непосакувано? Можеби и без средства за негово одгледување?
    Знаете ли кои се психичките поседици на тиа деца? Или ајде, само нека се раѓаат па после, господ ќе ги гледа... Срамота.
    Фетусот најрано да речеме 8мата недела, почнува да биде сензитивен на допир, а дури некаде околу 13та недела знаеме дека чувствува физичка болка. Затоа и по третиот месец или десетата недела, незнам точно како се законите, не е дозволен абортус. Некои истражувачи вледат дури и 24недели дека се потребни...
    http://www.medicalnewstoday.com/articles/193116.php
    И на крај, голем број жени во првото тромесечие поминуваат низ спонтан абортус од многу различни причини. Самиот организам наш, се ослободува од новоформираниот фетус доколу има причина за тоа. Доколку навистина тоа е болен процес и убиство... еволуцијата до сега би нашла начин да го елиминира.
     
    На Hipica, Annath, Madam-A и 2 други им се допаѓа ова.
  8. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    секако ако во еден момент се одлучиме на овој чекор тогаш сигурно ке немаме др решеније затоа постои заштита за да не дојде до таа одлука.
    но сепак некои немаа избор (зборувам за оние кои се силувани:(
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Абортусот треба да постои и процедурата и дискрецијата да бидат олеснети а не дополнително да се усложнуваат. Мојот став е дека само жената треба да биде таа која одлучува дали да го задржи детето или да го абортира, посебно кога се работи за вонбрачна бременост. Со кое право некој ќе бара јас да му откријам со кого сум имала секс? А, што ако биле повеќе од еден во тој месец?
    Кој може мене да ми гарантира ако тој, потенцијалниот татко ми рече да да го задржам, кој ми гарантира дека тој ќе се грижи за него и дека нема да избега кога ќе се роди?
    Исто така со кое право некој ќе ме разубедува како на пазар, земи си ова или она да не ти треба. Ало, не сум малоумна па да незнам дали ми треба дете или не! А што ако ете тогаш подлегнам на емотивните уцени и решам да го задржам неразмислувајки за матрејалните и останатите последици? Па луге мои тоа е дете а не предмет па ако се попишманиш фрли го.
    Детето треба да биде плод на планирана бременост а не на случајност, не е ова кученце па си го нашла по пат па ај ќе го задржиш.
    Носат закони кои нас ни го загорчуваат животот а нив кога ќе им затреба лекар или недај боже операција, породување... одат или во приватна или во странство, па ако е добро тоа што го прават со нашето здравство зошто да не ги користат и они неговите благодети.
    Револтирана сум затоа што мене во семејството ми се случи такво нешто.
    Татко ми почина пред 6-7 месеци и мајка ми останала трудна, секако не со него туку веројатно имала некој, ми беше незгодно да ја прашувам. Но тоа и не е битно, битно е малтретирањето по шалтери, односно оди ваму оди таму, а жената 40 и нешто години, тек сега ли ќе рага?
    Зарем мисли некој дека таа жена треба воопшто некој да и ја спомне таа опција да го задржи детето, покрај 2 возрасни ќерки дома?
    Секако дека не го оправдувам тоа што го направила, но веројатно и она како и секој жив човек имала потреба од тоа па го направила, сигурно не е од радозналост. Но никој несмее да и го одземе или усложни правото да таа на брз, дискретен и еедноставен начин се ослободи од блодот.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Ако го забранат, нема да престанат да абортираат девојките, туку ќе одат негде на диво, без проверени услови, хигиена на ниво, специјалисти. И ќе се шират зарази, ќе умираат, ќе се случуваат катастрофи.
    Не знам кој мислел дека е добра идеја да се забрани абортусот. Тоа е право на избор и ниедна девојка заради тој избор не треба да се правда некому. Дали е во брак или не, била силувана или сама сакала да има секс, има 16 или 30 години, тоа не е воопшто важно.
     
    На hermosa, Sunflowers, galapce и 2 други им се допаѓа ова.
  11. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Законот за прекинување на бременоста, или на друг начин кажано- абортус, кој е на сила од јуни, 2013 година е предмет на моето мислење, а како што прочитав, за тоа е отворена и темата.


    Откако внимателно го исчитав законот, не наидов на некој член или став кој сметам дека е апсурден или нелогичен.

    Што се однесува до процедурата на поднесување на самото барање, не сметам дека тоа е пропуст во законот, туку во работата на институцијата и вработените таму.




     
  12. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Се додека некому не му дојде на врат работите му се чинат едноставни, ама кога ќе го здоболи него е тогаш ја сфаќа тежината на законот.
    Исто како што сега не ме засега мене законот за хонораци и викам, па што има тука не логично, ама да рмбаш за 10000 хонорарно и пола да ти ги земат е тогаш ќе ја сфатиш тежината на законот и последиците.
    Ако е до вработените, бидејки стално се користи таа флоскула дека не е до законот туку до вработените, тогаш јас би прашала, кој ги вработува тие луге и кој треба да ги опраи, јас?
    Лесно е да се префрли проблемот на административецот, а кога се работи за ловориќите тогаш некој друг се ќити со нив.
     
  13. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Само да се дополнам околу законот со неколку детали за да не испадне дека незнам за што зборувам.
    Само внимавајте колку пати жената која живее во рурална средина, која има и животни дома треба да оди до поликлиника или гинеколошка ординација кои се претежно во градот бидејки селските гинеколошки ординации не вршат абортус.
    Да оди да поднесе барање, потоа да направи ултра звук, потоа да оди кај гинеколог на советување, па откако тој ќе ја изшиканира дека тоа е убиство, дека е грев, па дека тоа дете може да биде некој научник, прецедател.... потоа таа со така испран мозок оди дома да размисли и да прибере потписи од мажот. А, што ако таа затруднела со швалерот на пример? Па тек тогаш по 3 дена да дојде да абортира. Мрцварење невидено.

    Е, сега па зависи како е пропишано и во уредбите, бидејки на многу места се вели дека таа процедура ја пропишува министерот со посебна уредба, што може дополнително да се усложни целиот процес. Најчесто законите се многу поедноставни а заврзламите се баш во тие уредби. Така да што е многу мрцварење многу е, наместо дискреција ќе те дознае пола град а не само комшиите со толку шетање по болниците.

    Исто така спорно ми е тоа дека во текот на 1 година неможеш да направиш 2 абортуси? Некој со сила ќе те тера да рагаш?
    На крајот на граиштата, што има тој да се грижи за моето здравје, дали јас ќе сум имала вакви и онакви последици, па уште и да ме убедува дека треба да родам.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Kako sto trgnalo i vo spalna ke ni vlezat..

    Posle sto e sledno?
    Zadolzitelno ne koristenje kondom?
    Taka ne se mnozi nacijata,djabe sakate da se mnozi koga ne i nudite uslovi za prezivuvanje..

    Abortusot treba da bide licna odluka na dvajcata partneri..
     
    На hermosa, Anne.B, Sunflowers и 3 други им се допаѓа ова.