1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закон за абортус-Да или Не

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Irrepleceable, 2 јуни 2013.

  1. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Да за абортусот во случај да се работи за некое кривично дело направено врз жената,што резултирала со несакана бременост.
    Да за абортусот во случај кога се работи за младо девојче кое неедуцирајќи се повеќе во врска со сексуалните односи,се впуштило во авантура со млад и незрел дечко кој сакајќи или не,ја довел до бременост..(зборам младо девојче до 16 17 год)

    Потенцирам!
    Се повеќе се соочуваме со ситуации во кои самиот маж е иницијатор на абортусот,со еден куп оправдувања,што е сосема погрешно.Имаат голема одговорност,и треба да се сносат со последиците..ако биле мажи во таа ситуација,треба да продолжат да бидат во секоја ситуација од животот на жената.
    Многу од нив,задоволството го ставаат на прво место,не размислувајќи за последицата.

    Во сите останати ситуации,НЕ за абортусот.
    Детето ја има последната вина на светов за грешките на неговите идни родители!
     
    На malecka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Закон за абортус - Да.
    Забрана на абортус - Не.

    Не ги мешајте овие две работи.
     
    На Neytiri, manja666, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Ова е статус од една професорка од правниот факултет, која воедно е и поборник за правата на жените :)
    Доколку министерот стои цврсто бетон зад монструозниот и крајно женомразачкиот закон „демек за право на жената на абортус“, и натаму не прави будали дека со него не се одзема ефективно правото на аборутс на жената, јас да бев сега пратеничка ќе ги предложев следниве амандмани, а истото им го препорачувам на актуелните под итно да ги поднесат:
    1. Мажот кој ја инсеминирал секоја жена на која нема да и се дозволи да абортира несакана бременост од икс-те причини во законот, му се сече 1 сантиметар од пенисот;
    2. За првата жена која што ќе настрада од семејно насилство како директна последица на законските решенија на министерот Тодоров, на истоимениот министер му се сече пенисот за 0,5 сантиметри;
    3. За првата жена која ќе заработи стерилитет или други тешки здравствени последици од абортус извршен во дупки, гаражи или со бапски деветини по стапувањето во сила на овој закон и во директна причинско-последнична врска со него, на министерот Тодоров му се сече пенисот за 1 сантиметар;
    4. За првата жена која ќе се самоубие заради овој закон, пенисот на министерот Тодоров ( или тоа што одстанало после тоа под 2 и ) целосно се кастрира, а за секоја наредна жртва, се кастрираат пенисите на сите владики кои го заговараат овој закон, по абучен ред, но со право на првенство на владиката Петар ( на кој ќе му се дозволи анестезија со виски, без гајле);
    5. Откога ќе снема што да се сече кај министерот Тодоров и гореименуваните владики, за ситуации од 2-4, постапката на идентичен начин се спроведува за секој машки министер и машки пратеник кој го гласал законот , најпрво на Груевски, па на Велјановски, а сите други по азбучен ред.
    6. Сечењето да се врши во МПЦ и на трошок на буџетот на МПЦ.
    Образложение на амандманите: Секој маж за своето дело, сите заедно за делата на мажулињата од ДПМНЕ!
     
    На SunFlower94, Nade-sunrise, imelda и 3 други им се допаѓа ова.
  4. galijan

    galijan Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    260
    Зошто бе во здравствена книшка да ми стои дека сум имала абортус.Нека си стои само во евиденцијата која ја има матичниот лекар.АААААА се нервирам кога само мажи ја кројат судбината на жените во толку деликатна сфера.Сум за сексуално образование, намалување на цените на кондомите, ставање на контрацептивните средства на позитивна листа.Па не сме Таџикистан, со кое право некој се меша во туѓ живот.Срамота.Владика ќе ми кажува Мерлин Монро се кастрирала, смешки.Лицемерни мажи.Уфффффф се нервирам.Значи црквата воопшто не е во духот со современото живеење.Кој уште мисли дека девојчињата се чуваат за прва брачна ноќ, алооооо 21 век е.Ако можат мажите, можат и жените.Нека има закон, но не забрана.Ако некоја жена сака да абортира нека го стори тоа се разбира со претходно советување од гинеколог, родител, пријател, партнер....јас немам проблем со тоа...Не го сака тоа дете, што има тука да се прави....Имам и самата премногу проблеми за да се грижам за цел женски свет што прави.
     
  5. manijach

    manijach Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    http://www.globusmagazin.com.mk/?Ite...CEB09363B6676C

    Интересно прашање за дискусија

    Филипијада: Што ако мајка му на Груевски абортираше?

    Во едно блиско минато, кога можевме да се наречеме некаква либерална држава на стаклени ногарки, уживав во моментот на колку-толку привлечното чувство на слободата. Во поддршка на припадничките на понежниот пол бев револтиран при започнување на било каква дискусија за било каква интервенција во законот за абортус. Но, со текот на времето, со текот на брзата и навидум безболната промена на де факто демократското државно уредување сфатив дека демократијата и сите активности кои следуваат од неа се многу опасни.

    Најпрвин си помислив што ќе се случеше доколку мајката на моментално најпопуларниот политичар и лидер во Македонија и мајката на неговиот опозициски пандан ја прекинеа бременоста. Тогаш неразвиените ембриони дали спонтано или намерно немаше да добијат шанса да се приклучат на овој позитивно и негативно зафркнат свет. Да, тоа ќе беше страшно искуство. Денес немаше да имаме "Жртви од приватизацијата" кои протестираат пред Собрание во револт кон личноста која не се наоѓа ниту во непосредна близина на споменатата институција, напротив, ќе имавме "Жртви од капитализмот" кои својот револт ќе го искажуваа во локалните кафеани во урнебесни дискусии сеќавајки се на добрите стари денови од социјализмот.

    Арамиската "А1" се' уште ќе зрачеше во етерот, а Македонија сериозно ќе ја запоставеше античката историја, која Грција без било какви потешкотии, бесрамно ќе ни ја украдеше. Обама немаше да му намигне на Иванов, немаше да гледаме гладијаторска битка пред и во собраниските простории во HD резолуција, ниту пак ќе учествувавме на брзиот и краток процес на "барок-ација" и "кич-ерација". Гледате ли што може да создаде еден, всуштност два абортуси?

    Иронијата не ни бега, но во оваа моја чудесна земја се е возможно, па не е чудно и да очекуваме дека во некој од наредните денови на Македонската Радио Телевизија ќе осамне видео запис насловен како "Што ако мајката на Груевски абортираше, размисли пред да одлучиш! Иднината е во твои раце!". Токму тоа и се прашувам овие последни денови, "Што ако мајката на Груевски абортираше?". Веројатно ќе се најдеше некој пандан на него кој исто ќе го сакавме и мразевме, но речиси сум сигурен дека немаше да размислува за создавање на нови објекти во архитектура која одамна станала демоде и немаше градот кој порано се гордееше со својот дух, денес странците да го нарекуваат Лас Вегас, кој впрочем е град на кичот.

    Вакви умови само еднаш се раѓаат.

    Исто така сум сигурен дека никој друг, освен Груевски не би се обидел да го менува македонскиот образовен систем во основните и средните училишта. Не би се осмелил да направи хибрид од еден образовен систем кој што се базира на континуитет, односно учење и соодветно оценување во текот на двете полугодија од учебната година со еден западен систем кој што е базиран на учење во текот на три полугодија, од кои конечната оценка е од третото полугодие и годишниот тест. Се работи за две контрадикторни концепции, кои ние и само ние се обидуваме да ги соединиме во еден хибриден збунувачки образовен систем.

    Голем дел од македонскиот законик денес ќе беше различен, можеби веќе ќе бевме членка на Европската Унија и НАТО, кој знае...

    Многу работи ќе беа различни, но доколку се навраќаме кон минатото и ја забораваме иднината ќе бидеме само бледа копија на владините послушници. Факт е дека мајката на Груевски не абортирала и ние треба да се соочиме со последиците од тоа, да се соочиме со сите негативности и да ги поздравиме сите позитивности кои ги создава неговото присуство на овој свет, во општествено-политичкиот живот и во животот на секој од нас поединечно.

    Треба да научиме да се спротиставиме на одлуките на овој и секој нареден систем кој не ни се допаѓа, односно кој работи против нашите интереси, бидејќи политиката постојано ќе раѓа нови идеи кои во почетокот требале да бидат абортирани, но за жал се родиле и продолжиле да се развиваат. Тоа се идеите на малиот процент на луѓе од бизнис и политичката елита, тоа се идеите на оние кои јас милувам да ги нарекувам луѓе-пари, кои смислата на животот ја гледаат во создавање на финансиско богатство.

    Деновиве се актуелни масовните демонстрации во Турција против насилниот режим на Ердоган. Една мала група на луѓе излегува на протест против уништувањето на единствениот парк во Истанбул, каде е предвидена изградба на трговски центар. Луѓето се брутално растурени од страна на полициските единици, при чија интервенција една девојка го губи својот живот. Како реакција на тоа илјадници граѓани илјадници спортисти, актери, интелектуалци излегуваат да го искажат својот револт. Тоа што Турција ја прави голема држава, тоа што Турција ја прави различна од останатиот свет на Блискиот Исток и тоа што Турција ја прави поевропска држава од Македонија и останатитите "Заспани убавици" од регионот е свеста на граѓаните, свеста на народот дека нешто не чини, дека нештата треба да се менуваат и дека најмоќниот субјект во една држава е токму народот.

    Дојдовме до степен да им завидуваме на Турците во либералните ставови и постапки. Се прашувам дали веќе го достигнавме дното, или уште ќе тонеме. Правото на жената да одлучи дали на светот ќе донесе нов живот се загрози, Уставниот суд одлучи дека законски праведно е да плаќаме нешто што не го ни користиме, а младите секојдневно губат надеж дека на тлото на оваа држава и во прегратките на ова општество ќе успеат да најдат топол дом и било каква платформа за креативно изразување. Толку многу работи се случија во Македонија, а на улиците и пред институциите излегоа само неколку стотици граѓани и веќе препознатливите претставници на невладиниот сектор за да го искажат својот револт. Целиот тој процес е еден циклус кој постојано се повторува, се вжештува атмосферата дека ќе се протестира, се собираат неколку стотоци граѓани, во најдобра рака, и после неколку обиди се растураат како ништо да не било.

    Таква е нашата реалност, секојдневно се жалиме, а кога ќе дојде време за акција се криеме во глувчешка дупка. Додека ние мирно го живееме немирниот живот, владините мегафони живеат во ренесанса. Но, запомнете, фактот дека владините послушници се многу посреќни од вечните опозиционери не е ништо подалеку од поентата на фактот дека пијан човек е посреќен од трезен човек.
     
  6. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.199
    Допаѓања:
    10.843
    Пол:
    Женски
    А што има лошо во тоа да стои во книшката дека жената абортирала?
    Кој тоа вас ќе ви тарашка во книшката за да сакате да го скриете тоа? Абортусот би бил дел од вашето здравствено минато, исто како десетиците вакцини што сте ги примиле, или антибиотиците кои сте ги добиле кога сте биле болни. Матичен лекар се менува, картоните често се губат, ама таа книшка е само ваша, вие си ја имате дома. Башка сега ќе бидат електронски книшките, значи пак црно на бело нема да го има абортусот ако жената сака да не го покаже (на пример млада девојка да скрие од родителите, или жената од својот сопруг доколку тој би бил против абортусот).
    Се што има во овој закон е оправдано. Нема да штети на правото на жената да го направи својот избор, ниту да ја спречи во остварувањето на истиот. Дури и пред овој закон имало абортуси правени кај нестручни лекари, и тие жени кои мислат дека тоа е во ред пак ќе го прават тоа, без да размислуваат за последиците на своето здравје. Но барем сега ќе има советувалиште со стручни лица, лекари и психолози кои ќе можат да ги информираат за се, за такви работи да не се случуваат.
    Пак ќе си кажам, сосема се согласувам со законот.
     
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Истото го мислам.
    Против абортусот сум ама ете во некои случаеви е неизбежен. Е сега не сваќам зошто да се штрајкува?

    Законот вели ЕДЕН АБОРТУС ГОДИШНО...
    Тие типките што штрајкуваат велат МОЕТО ТЕЛО НЕ Е ФАБРИКА ЗА ДЕЦА...
    Дали тоа значи дека нивнто ТЕЛО Е КАНТА ЗА ЃУБРЕ па три пати годишно да го чистат?

    А бе ајде...
    Купи си пилули ‘‘ден потоа‘‘ ако си имала ризичен однос. Ваму модерни ми се прават дигаат уши нејкеле деца да рагаат а тука не случнале за едни пилули.

    И зошто да вршам уиство и да си го ризикувам здравјето?? Оти на некој му било кејф да ми сврши внатре и да ме работи без кондом?? И од ова поголемо понижување има ли за жената? Нејкам дете со тебе ама сакам да ти свршувам внатре секој месец, така да секој трет месец чисти се.

    И да има дискреција. Со новите книшки никој ништо не може да ти виде. А порано кога не се пишуваше немој да мислите оти некоја успешно сокрила оти абортирала. Од таму од ваму пак ке се дознае.

    Се скратува правото на избор?? Ете јас сакам да ја убијам една чавка што збори лошо против мене, сакам да возам 200 км/час, сакам да шетам гола ТОА Е МОЈ ИЗБОР... Ако не се скратува правото на избор тогаш секој ке прави што сака, зарем не е секој втор закон кратење на некој избор?
     
    На Serafima и manja666 им се допаѓа ова.
  8. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Каде се тука правата на жената, правото на дискреција ???
    Што, дури да абортира жената и пилињата на гранките ќе ја разберат дека решила да абортира/или абортирала веќе. Тоа е чувствителна работа и сигурна сум дека СЕКОЈ гинеколог и кажува на за последиците од тој абортус.
    Повеќе сексуална едукација во училиштата не ќе биде на одмет, а жената сама нека си реши што со своето тело и дали ќе роди дете или не. Нека направат трибини за последиците од абортус по сите градови, да бидат посетувани од жени (и мали и големи, и бремени и не бремени )кои на тој начин ќе дознаат што може да биде последица од абортус. Тоа е подобро, можеби таквите предавања ќе допринесат да не си дозволи жената да остани бремена непланирано.
    НЕ! за овој закон.
     
    На Boleyn.7 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Не! Македонска жено отвори ги очите и погледај што ти се спрема....
     
    На Nade-sunrise му/ѝ се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.389
    Допаѓања:
    34.213
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира дали и машкиот дел од популацијата ќе сноси некаква одговорност? Значи, ем мажите немаат никаква правна одговорност, ем жените се ограничуваат со секакви правила. Цццц. До кај стасавме :x Овој закон е ограничување на правото на избор и ништо друго. Колку и да е убаво спакуван, на крајот се сведува на тоа.
     
    На Nade-sunrise му/ѝ се допаѓа ова.
  11. galijan

    galijan Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    260
    Баш пред малку истото го зборевме со колегите, мажот кој го направил абортираното дете каква одговорност ќе сноси.Кај ќе му пишува нему.
     
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Македонската жена сесилија не е свесна што се сексуално преносливи болести, кои се можностите за контрацепција, како се пренесува ХИВ, како се останува бремена (плодните денови ги користат како метод на контрацепција!!), што се` може да се случи после абортусот (исто, го користат како метод за „лечење на состојба - бременост“!) и 80% од нив во животот немаат кондом купено (ниту пак тој збор е кажан во нивната куќа)

    Македонската жена треба прво да се ИНФОРМИРА, па да се ЕДУЦИРА, па да се ЕМАНЦИПИРА и после да тргне во борба за своите права! Македонската жена треба да се „бори“ против секој глупак на кој, кога ќе и` изусти “Не, немам кондом во моментов, ама што има врска, нема ништо да стане од еднаш“ ќе има сила и знаење да му влепи воспитна и да го остави со таквото до чело! Таа иста жена треба да научи кои се последиците од СПБ (дека проблемот не завршува со конзумирањето на антибиотици), а не да се јавува на форуми со прашање за тројки, четворки, анален секс и пози за оргазам.
    Немам јас ништо против сексуалноста, напротив - сметам дека секој треба да е „отворен“, ама ЗАШТИТЕН.

    И жената има избор драги мои. Има избор уште во моментот кога ќе ги рашири нозете, зошто НИЕ бираме кого ќе оставиме да влезе во нас, затоа - умот во глава, кондомите во ташна и гледајте повеќе од еднаш годишно да не абортирате, зошто стварно нема смисла.
     
    На mimiiiii, imelda, Neytiri и 12 други им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.389
    Допаѓања:
    34.213
    Пол:
    Женски
    А ти Моира мислиш дека со законов ќе се средат проблемите што ги кажа? Нема.
    Јас инаку лично сум против абортусот, ама не значи дека ако јас имам таков став, треба на сите останати кои размислуваат поинаку да им го ограничувам правото на избор. А нашево министерче токму тоа го прави.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Види тука тоа право на избор е некако чудно...
    Колку јас имам право па да изберам дали некој ке живее или не?

    Убаво си кажа Моира, жената си избрала веке уште кога ги раширила нозете без кондом. Сега треба да се сносат последиците. И немој да ми кажете ‘случајно било, грешка бил, пукнал кондом‘‘. Никоја не останува два пати годишно трудна од пукнат кондом.

    Значи никој не им забранува абортус, само се ограничува на еднаш годишно.

    И да, гледам спомнувате финансиски состојби ова она. И држи вда тоа до негде, ако немаш пари како ке го гледаш детет. Дали реално мислите дека ако живееме подобро тоа ке ги намали абортусите барем за 50%? Ете најголем број абортуси има во високоразвиените земји.
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Не не, јас сум ЗА абортус и ЗА право на избор, да нема забуни, само сум ПРОТИВ злоупотребата на абортусот заради неинформираност.

    Како може бе годишно да имаш повеќе од 1 абортус???? На КОЈА жена и` смета ограничувањето на оваа бројка??? Еве на 16 години да станеш сексуално активна - долг пат на абортуси (и тоа само 1 годишно ако е) те чека додека да дојде време да родиш.....мизерно.
    Што ли мислат тие девојки кои упорно и упорно се појавуваат на Клиника, по приватните, во дупки, на надрилекари кога секој пат да се лечат од иста „болест“??? Им кликнува ли во еден момент дека МОЖЕБИ има и друго решение за нивниот избор на живот?

    Бројките се застрашувачки во МК, информираноста е делимична, и за тоа НЕ Е КРИВА ВЛАДАТА, ниту оваа ниту претходната ниту било која друга, туку САМИТЕ НИЕ, и мажи и жени. Знаеме да го баратаме интернетот за се` друго, учиме и гледаме и што треба и што не треба, ама за основни информации за нашето здравје - владата ни е крива! Really? Зошто?
    И зошто е проблем ако има советувалиште пред да се направи абортусот?

    Јас само се надевам дека ќе почнат да се ловат дивите ординации, а на девојките се надевам дека после сложеното патешествие за првиот абортус ќе им збогтиса да собираат папирологија и да слушаат некој да им труби дека тоа што му го прават на своето тело не е во ред, па следниот пат, пред да го остават типацот да им сврши внатре, ќе се сепнат и, или ќе продолжат со кондом, или Ден потоа.

    Се надевам дека барем „сложенава“ процедура ќе ќе ги одврати од користење на абортусот како решение на проблемот, ако ништо друго.
     
    На kikikikirika, Neytiri, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Само информирање и едукација на младите му е мајката. Па ако треба грдни пари да се трошат за тоа (а нема потреба, реално).

    Едит: Моира, законот само може да доведе до зголемување на бројот на илегалните абортуси, тоа е најлошо. Особено што во денешно време човек се прави за пари, па и докторите. Немаат етика, за жал :(
     
    На lolyta777 и BoaVista им се допаѓа ова.
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Реално, илегални абортуси има и сега, зошто ако немаше, немаше да постојат тие диви ординации и надрилекари, така?
    И ако дојде до момент жените пак да бираат на диво да го касапат своето тело заради СВОЈА непромисленост, тогаш не знам што кривица има тука државата, општеството, медиумите или било кој друг.

    Превземање на одговорност навреме!
     
  18. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Моира, се согласувам со твоето мислење и додавам...
    Јас иксрено се размислувам на темава дали некоја нормална жена би забременила 2 или 3 пати во текот на една година????!!! Исто така ме чуди како тоа сега се гледа дека е незнам какво големо чудо за бројката 1...
    Мислам дека е доволно дури и многу ... јас сум за да идат бебиња на овој свет , јас сум за да има љубов и да се знае кој на кое место е ... Сум против абортус( но не обвинувам оние кои решаваат да го прават истиот), има многу МАЈКИ и ТАТКОВЦИ кои не можат да станат такви поради xy причини!!!
    Постојат многу родители кои незнаат како изгледа таа љубов кон своето дете ( па макар да е и посвоено)
    Да не се сватам погрешно ЈАС сум против уништување на бебето, на новиот живот, на било кој начин да е истото направено!!

    И прашањето би ми било од оние кои се против бројот 1... дали знаат колку години треба да поминат после абортус за да може организмот да се врати во нормала!!и дали воопшто виделе што е тоа кое го вадат од нивната утроба???? Ако не Ви препорачувам да гледате еден романски филм:„4 Months, 3 Weeks and 2 Days“
    [​IMG]
    И сакам да има соодветна санкција за 2те страни кои го прават тоа... пред извесен период на еден МАЖ од Англија му беше направена операција со подврзуванње на каналите, пошто оставил 17 жени трудни и сега немал пари за да плати судски трошоци и издржување на децата ..со тоа што сите деца беа на иста старост... Мисламмм од каде се знаее дека некој кој затруднел 1на не е татко и на некое друго дете!! Па да му стои и нему на книшката .....
     
    На kikikikirika и manja666 им се допаѓа ова.
  19. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Убаво сите сте напишале колку се неедуцирани жените во РМ за сексот и последиците кои може да дојдат со сексот. Епа прво нека ни воспостават сексуално образование, нека прават трибини, па после нека носат и закони за тоа, пошто рибата смрди од кај главата. Прво се става темел на нешто, па се гради кровот.
    Не е проблем само тоа што е дозволен само еден аборутс годишно (гледам кон тоа целите) целиот концепт на законот е проблем.
    И да правото на абортус е ПРАВО - сакале или не тоа е женско ПРАВО.
    Не живееме во црковната инквизиција, кога читам вакви работи така се чувствувам.
     
    На galijan, SimplyElegant, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Во право сте дека сексуално образование треба да има . Ама па не сум сигурна дека сме до толку неедуцирани...

    Тие што се најнеедуцираните во ептен ептен запуштени рурални средини, си се мажат во таква ситуација.

    Видете ги уште на 15 години какви сексуални искуства пишуваат по форумов. И има во склоп на други предмети во училиштето учење за контрацепцијата. Памтам на нас педагози психолози ОБАВЕЗНО на секое губење часови во основно ни доаѓаа и ни трубааа за кондоми ова она. Е сега, не можат они да дојдат и да ми наместат мене кондом ако јас сум решила да го направам тоа.

    Ама мислам дека законот не е толку за тинејџерите.
    Тука не се бунат тинејџерки, тинејџерка нема врска со законов, таа еднаш ке згреши ке абортира после дома родителите ке ја стегнат сакала нејкела ке се среди.

    И тие што згрешиле еднаш и абортирале не верувам дека после нема ништо да научат за тоа и за неколку месеци ке им се случи тоа пак.

    За тоа дали е ПРАВО или не, и попаметни од нас дискутираат и не можат да одлучат. Сепак премногу долно ми звучи ‘‘Да, имам право да му дозволам на некој да ми сврши внатре па после да се чистам секој месец‘‘.

    Им ја слушав вчера расправата на ТВ, стварно не слушнав ни една единствена реална причина против законот.

    Единствено што ми смета е што жената ја носи целата одговорност, машкото нигде го нема, ама и со закон и без закон тоа е секогаш така.

    Со законот бар изговор ке имам ‘‘не може без кондом, министерот не дава да абортирам, ако ти смета расправај се со него‘‘ :D
    Така да мажите треба повеке да протсетираат, не жените :D