1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закон за абортус-Да или Не

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Irrepleceable, 2 јуни 2013.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со мислењето на Лолита :clap:
    Законот е без везе затоа и сакаат вака набрзина да го протуркаат, по скратена постапка. А за негативните последици од законов кои се далеку побројни од позитивните, не ни размислуваат.

    Законот сам по себе е контрадикторен и е без цел. Најпрвин ти вика дека правото на абортус е право на избор на секоја жена, а после три члена подоле те ограничува колку пати смееш да абортираш. Па ајде да расчистиме, ако Владата не труеше со реклами дека абортусот е еднаков на убиство, како сега законски дозволуваат секоја жена да може да изврши по едно такво убиство годишно??? Мислам која е поентата.

    Но тоа не е најголемиот проблем на овој закон. Иако е смешно ова бројчано определување на тоа колку абортуси годишно може да направи секоја жена, која притоа ја убедуваат дека не и го ограничуваат правото на избор, а и го ограничуваат и тоа како, сепак не е тоа најголемиот проблем со овој закон.

    Проблемот е во тоа што правото на слободен избор и на прв на абортус на жената и е во голема мера ограничено со воведување на сите бирократски мерки кои ги предвидува овој закон.
    Жената да оди на три советувања за да ја разубедуваат да не абортира :fubar: Па кој нормален човек можеше да измисли ваква одредба, не ми е јасно. Дури тие ќе се обидуваат да ја разубедуваат, бременоста на жената ќе одминува и со тоа ќе се зголеми ризикот од негативни последици од аборусот.

    Жената на советувањата да оди со сопругот :fubar: Па што ако сопругот не е инволвиран во бременоста? Што ако детето е од некој трет? Што ако да абортира оди девојка која нема постојан партнер? Дали министерот Тодоров воопшто размислува во колку лични односи се впушта? Дали ќе се почувствива одговорен за разводите на брак, за семејното насилство и сите други негативни последици кои ќе уследат на ваквите глупи одредби?!?

    И ред други бирократски формалности, не би да ги набројувам, кои овој закон ги пропишува, а кои сигурно ќе ја натераат жената да прибегне кон абортус на црно, со што директно ќе си го загрози здравјето.

    Законот е направен нешто во стил, да можеш да абортираш, ама цело село ќе те дознае. И не, не ми се верува дека навистина предлагачот на законот смета дека жената која ќе абортира е чедоморка или промискуитетна, ко што проповедаше оној владиката Петар. И не сакам да верувам дека наместо да се залагаат за поголема едукација на жената, да се залагаат средтвата за контрацепција за бидат достапни за сите, да ги едицираат младите девојки, тие веднаш ќе прибегнат кон решение кое е крајно деградирачко за жената, кое ја враќа во 15 век и ја третира исто како деловно неспособно лице кое не може само да одлучи за својот живот и своето тело.
     
    На Lolo5, SunFlower94, Lacrimosa и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Иако го имам искажано своето мислење на оваа тема, ќе се надоврзам тука.
    Како што кажав, не го поддржувам законов во ниеден случај. Како човек кој има свои права зборам. Е баш заради тие права, секоја жена треба сама да одлучи. Иако сум против абортирање, не можам на некоја да и ''наредам'' да не абортира, можам да направам муабет и да дадам совет, но повеќе не.
    Зошто сум против законот. Во оваа наша држава на забар не можеш на ред да стигнеш да закажеш, а не па да чекаш некоја си комисија да заседава. Кој психијатар или шо да е ќе ти каже дали можеш да абортираш од само една сеанса?? И колку време ќе помине да видиме, дознаваш дека си бремена во 5 недела некаде, дур решиш дали ќе абортираш, дур поднесеш барање(глупо звучи), дур одиш ваму таму, дур ти одобрат, па да закажат термин...и колку време ќе помине???? Нормално,после ќе кажат касно е за абортус. И после на крајот се ќе биде изведено на брзина, а така се прават највеќе грешки.
    Сум да има закон некој, да се ограничи бројот на абортуси на жената, не знам пример повеќе од 6-7 во животот. Не зборам за спонтани, силување, или здравствени причини.
    Зошто сум против абортус. Во денешно време, најлесно им е да се абортира. И тука на форумов сме читале дека во рок од 1 година, прават по 2 абортуси. И дали е тоа ок? Сега не зборам за убиство, туку зборам за здравјето на таа (идна)мајка. Многу е тешко дотичниот к*рле... да стави кондом...многу е тешко да одиш и да си провериш кога ти е овулација, или па уште потешко е да си пресметаш. Има милион начини да се заштитиш и тоа со малку памет.
    Баш сега околу ова со абортусот, зборев со дечко ми....кој има исто мислење како мене....Вика што ако јас го сакам детето? Зошто некој да ми го одземе тоа право?
    Е за ваквите случаеви ги кривам родителите, нека каже кој има родители кои ги седнале и им објасниле како се прават деца.
    Мојата мајка со мојата прва менструација ме седна и се ми објасни. За Секс, колку и како може да е ризичен, како се прави дете: плоден ден и ми кажала како се пресметува, Сперма, но и дека и покрај сето тоа најдобра заштита е да немаш секс. Е кога родителите ќе престанат да се удираат у гради дека нивните деца нема да направат такво нешто, туку ќе бидат вистински родители и другари со децата, тогаш бројот на абортуси ќе се намали.
    А да и уште нешто....Тоа дете нема само еден родител. Има два.....Јас мислам дека и таткото има право на глас. Зошто ако тој го сака да не си го исчува макар и сам???
    И уште нешто кратко. Џабе им закон, нема да се зголеми наталитот. Џабе им се пари за 3то дете, џабе им е се. Луѓево немаат, работа, куќа пари.....Е ти тоа обезбеди...Ако ништо друго барем работа за сите.
     
    На kikikikirika, angelina1, SimplyElegant и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Колку ќе траат тие процедури не ми е јасно? Писмено барање. Го праќаш по пошта и чекаш да ти вратат за месец два или е лист хартија кој го пополнуваш ради реда и го оставаш на шалтер. Советување? Секој ден по саат-два во рок од недела дена пошто се нашите доктори многу загрижени за тебе, или ќе ти каже два три збора, нешто што и сама знаеш ама веќе касно и излегуваш низ врата. Советување и за партнерот. Задолжително ли е, или е само препорачливо? Ако се работи за силување, бременост која сакаш да ја скриеш од партнерот и сл. не верувам дека можат да те присилат да го донесеш. Или можат, не знам?
    Или одиш денеска, поднесуваш барање, минеш на советување и после три дена се враќаш за абортус. Не ми изгледа за сложено, а пошто не сум била на абортус претходно како беше? Одиш, кажуваш сакам да абортирам и за 5 мин си веќе во сала? Зар е толку едноставно? Јас и заб не можам да извадам ако не закажам кај докторката не пак абортус...
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ќе доживееме ли некој убав сончев ден, дечкото/мажот или било кој татко ту би.... да утре ја тужи таа што ја забременил, пошто го абортирала - нелегално неговото неродено дете, откога комисијата на Тодоров рекла „не“?
    Оти, има потенцијал у народов за такво нешто, прашање ми е, :D има ли потенцијал со закониве наши ко швајцарски сиренца.... оти, ова нешто се има дешавано на друго место... Португалија,пример.
    А и, рачунај, Тодоров знае дека жената била бремена а за 9 месеци нема да испорача младо гордо Македонче и ондаааа? ]:)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    И ондак то жапче.

    Абе луѓенца, се изгласал законов више, готово?
     
  6. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
  7. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Готово,прееска баш прочитав дека е усвоен..само неможам да го најдам линкот кај што го видов :^)
     
  8. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    И бидејќи можеби најефикасен контрацептивен метод е апстиненцијата, ништо чудно и на домашна контрола да ни доаѓаат.

    Законот е изгласан, алал и на чест да им служи на жените-пратенички кои го гласаа, просто човек да очекува да се најдат во небрано па 3-те дена да не можат да ги куртулат.
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.326
    И комисијата Вмровска, ќе ја чекаш да се формира и што мислите што одлука ќе донесе?
    Нормално, согласно желбите на Грујо и компанија.
    Наталитетот е во прашање!

    Туку, во прилог,
    http://brif.mk/rakurs/karolina-ristova- ... jot-penis/
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    I knew I forgot something. :D

    Не ми замеравајте. Бар да се насмеам на своја (наша) сметка. :D

    Aбе па и не е толку лошо. Рекоа ќе се скратело временски на процедурите ко шо разбрав...

    Еве кој како гласаше за законот за абортус
     
  11. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    А сите вие што вака силно го осудувате абортусот и го поддржувате напуштањето на сопственото дете, дали некогаш седнувате да размислите, како тоа напуштено дете се чувствува? И владиката исто, со неговото „роди дете и усреќи некој друг“ дали е свесен дека се усреќува родителот ама се унесреќува детето? Дали на тоа напуштено дете, сите богатства што ќе му ги овозможат родителите кои ќе го посвојат ќе му ја пополнат емоционалната празнина дека неговата биолошка мајка не го сакала и го отфрлила? Не велам дека децата што се посвоени се неблагодарни, ниту дека повеќе би сакале да бидат со својата биолошка мајка, ниту пак ги деградирам „посвоените“(не ми текнува на посоодветен збор) родители и нивната улога во животот на едно такво дете бидејќи несомнено е огромна, но дали сите вие сте свесни што се случува во главата на едно дете кога дознава дека е посвоено? Посебно во пубертет/тинејџерските години, кога нели сите почнуваат длабоко да размислуваат? Дали сте свесни колку прашања има што најверојатно никогаш нема да му бидат одговорени? Колкава дупка се остава во еден живот со самото тоа што го оставате во еден дом за посвојување, ви текнува ли на тоа?

    Друго што особено ме иритира, што бараат владики и попови во закон за абортус? Која е улогата на религијата во изборот на жената, или општо во било кој избор поврзан со сопственото тело? Дали ако некоја религија го поддржува абортусот, нејзините приврзаници би се нашле навредени од законот?

    И трето, правото на избор за абортус е единствено и само на жената. Мажот ако толку сака дете, треба да најде мајка која ќе го одгледува тоа дете заедно со него, а не да упропасти 2 животи за неговите неисполнети соништа и желби. Ако не па, сите што имате дечковци и сакате еден ден дете од нив, уште од сега присвојте им ги тестисите, па тие сакале не сакале ќе мора да бидат татковци.
     
    На Lolo5, Hipster и violetblue им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Каде виде осуда? Си кажав мое мислење, од моја гледна точка. Како јас би направила и зошто.
    Крај краева мое тело е, мој живот, мое потенцијално дете. Или онака да се најде начин да се препукаме со некого...Бог да чува. |(

    Како второ, ако си прочитала убаво на темава, ќе видиш дека не сум ПРОТИВ абортусот, туку е нешто кое не би го сакала за себе лично.
    Кога веќе цитираш, цитирај до крај, не вади од контекст само за да се препукаш со некого.
    Последниот пасус од мислењето кое си го цитирала...

     
  13. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Не се секирај, не е само за да се препукувам со некого |( Извини што те цитирав, не знаев дека не смее, нека ме корегира некој модератор. Твоето мислење последно ми беше од низата прочитани и затоа го цитирав, инаку ако можеш да прочиташ подобро, се обраќам во множина не само на тебе, ама ајде ќе го земам како моја грешка тоа.
    И да, твој живот, твое потенцијално дете, кое нели, ќе го дадеш и нема ни потенцијлано да биде. Аргументов |(
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Јас за детето што би го носела попрво би одбрала живот (каков-таков) отколку смрт, но тоа си е исклучиво моја работа, како што е нечија туѓа работа да изврши абортус, затоа што јас ќе живеам со тоа дека некој таму можеби ме презира бидејќи сум го оставила или дека свесно сум прекинала нечиј живот.

    И не мора да значи дека вечно ќе пати од комплекс дека нема да биде сакано и сл. ако е растено во дом. Јас толку сум можела да (не) му пружам, па му давам шанса да си се избори за подобро. Колку луѓе познавам и посвоени и непосвоени во дом растени кои денес имаат прекрасни бракови и семејства, дури поуспешни и од на многу други кои живееле и растеле покрај биолошките родители. Нема правило за тоа. За деца со аномалии, силувани, 14 годишни трудници и сл. вонредни ситуации се имам посебно изјаснето.

    Пак ќе речам, мое мислење. Може но и не мора да е правилно.

    Нешто наслушнав за заведување во здравствени книшки, дека кај жените ќе си стоело дека имале абортус. Вистина ли е ова? Исто така дека се прифатил амандман мажот да не мора да оди на советување или што и да беше. Значи во процедурава, татково последен ќе дознае, а може и да не дознае. Ама затоа жената (како и секогаш) нема право на грешка и за неа сите ќе знаат дека била бремена. Фин компромис, во наш дух. :D
     
    На kikikikirika и Gordana10 им се допаѓа ова.
  15. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    НЕ јас сум против,бидејки абортусот постоел уште од памтивек,па ке постои и додека постои светот.Кој сака да го изврши ке најде начин само што ке го доведе во ризик животот на жената.Порано оделе и земале некој чаеви,што ги правеле за пари и кога ке го испиеле ке ги фатат болки и ке клекнат да се породат нормално во поодмината бременост кога плодот нема шанса да преживее и ке го зафрлат некаде.Така ке биде и сега кој сака ке нјаде начин нелегално да го изврши само да не се мафта по комисии и советувалишта како што налага законот и ке настанат еден куп компликации.Нека си седи све како што и си е какви закони какви глупости гледајте средете други работи ова е најмал проблем секоја жена нека си одлучи сама свесно и одговорно што ке си направи.Наместо тоа внесете редовен предмет сексуална едукација барем младите да бидат повеќе информирани.Родителите некогаш каснат со информациите бидејки ги рачунаат своите деца сеуште деца и оп тука проблем има.Вака од школо плус дома со родителите,поголема едукација и што е најважно на време дадена помал број на млади на абортус.
     
  16. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Toчно така алекс, со ова направија само абортусот да почне да се извршува во шупи и по станови , ништо паметно не направија. И јас ќе кажам алал да им е на тие жени што го изгласаат.
    Секако дека сум против.
     
    На Bozica1980 и tessie им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам! Сум за закон за абортус, но :!: за абортус кога на лекар ќе се појави тинејџерка, па да се свикаат родителите и на момчето и на девојчето, па на советувалишта да се праќаат, да се едуцираат. не може бе да ми кажува мене Тодоров на 34 години дали сакам или не сакам да родам! Тоа е мое право, моја одлука, мое тело!! А за оние жени , пратенички кои го гласаат овој закон, немам зборови. :x
     
    На Lolo5, lolyta777, imelda и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    „Да се донесе дете на овој свет има смисла само ако детето е сакано, свесно и слободно, од неговите родители. Доколку не е, тогаш тоа е едноставно животинско и криминално однесување. Човечкото суштество станува човек не само преку случајно преклопување на одредени биолошки услови, туку преку чин на волјата, и љубовта на другите луѓе. Доколку ова не е случај, тогаш човештвото станува - како што e и сега, во голема мерка - не повеќе од место каде се котат зајаци.

    Само оние луѓе кои се стопроцентно убедени дека поседуваат морална и физичка способност не само да одгледаат дете, туку и да го пречекаат како добредојдено и сакано присуство, имаат право да се множат. Ако ова не е случај, тие прво треба да направат сè за да не зачнат, а ако зачнат (со оглед на тоа што маргината на непредвидливост продолжува да биде висока) абортусот не е само тажна неопходност, туку високо морална одлука која треба да се направи со целосна слобода на совеста. Не сфаќам како можете да го поврзувате абортусот со идејата на хедонизмот или добриот живот. Абортусот е страшна работа.

    При абортус лицето кое е масакрирано, физички и морално, е жената. И за секој маж со совест секој абортус е морално измачување кое остава лузна, но секако тука судбината на жената е во толку непропорционален однос на неправичност со онаа на мажот што секој мажјак би требало да си го гризне јазикот три пати пред да коментира било што на оваа тема. Токму во моментот кога се обидуваме да ја направиме помалку варварска ситуацијата која за жените е навистина вознемирувачка, еден интелектуалец го користи неговиот авторитет за жените да останат во овој пекол. Дозволете ми да ви кажам, вие сте во најмала рака неодговорен! Не би ги исмејувал „хигиенско-превентивните мерки" толку многу како што тоа го правите вие: секако вие никогаш нема да минете низ тоа некој да ви ја гребе матката. Но би сакал да ви го видам лицето доколку ве натераат да направите операција среде ѓубре и без можност да одите во болница, заради закана од затвор.

    Жал ми е што една ваква радикална разлика во мислењата за основни етички прашања го наруши нашето пријателство."

    Итало Калвино

    Ова е се што сакам да кажам, од збор до збор. Толку.
    Инаку, превземено е писмово од офнет.
     
    На Lolo5, BoaVista, Nymeria и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Запрепастена сум, лута и разочарана што успеаа да го изгласаат овој закон.
    Најмногу ме фрапираа жените кои гласале за него. :^)
    Утре тие ќе бидат нечии мајки и баби, со каква дрскост и` овозможија на оваа лудост да стане легитимна, дали утре ако твоето дете биде приморано да абортира од кои било причини (ги има многу) ќе дозволиш така да се малтретира и понижува?

    Тоа е право на избор, и право на избор на ЖЕНАТА.
    Мислам дека ќе предизвика контра-ефект со изведување на абортуси на црно, со што само ќе се доведе до загрозување на здравјето на жената.
    Страшно... ова некако оди по линија на помал отпор...
    Ахам, абортус - check.
    Што е следно, ќе ни кажува ли некој каква боја на кармин смееме да користиме или пропишана должина на сукња?
    Зашто така започнува... гледаат што може да помине кај овој народ, читај: безгласна буква и притискаат додека не` пукне човек.
     
    На Lolo5, 1209, Lacrimosa и 8 други им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Не треба воопшто да е тема на гласање работава. Премногу е индивидуална и лична таа проблематика за да може да се носат закони врз основа на однесување на репрезентативен примерок/гласачко тело и сл. Јас сакам едно да направам од мојот живот, некој друг сосема друго...
    Нека си гласаат за самите себе, не за цела женска популација во земјата.
     
    На angelina1 му/ѝ се допаѓа ова.