Форумџика на годината

Закон за абортус-Да или Не

Discussion in 'Политика и настани' started by Irrepleceable, Jun 2, 2013.

  1. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Joined:
    Dec 24, 2010
    Messages:
    1,805
    Likes Received:
    5,896
    Е ова е тој стадиум кога не ти ја оставаат вагината на мира.
    Министре, моја е или твоја е? М?
    Кој победува кога сите губат? Правото на избор на жената, или правото на децата да (не) си ги знаат вистинските родители?
     
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Joined:
    Jun 17, 2011
    Messages:
    2,030
    Likes Received:
    4,606
    Gender:
    Female
    Јас па не знам зошто упорно го нудите сексуалното образование како решение?

    И јас сум ЗА сексуално образование но нели ви е јасно оти абортус повеке од еднаш годишно не прави тинејџерка туку мажена жена што веке имала родено дете. тинејџерка еднаш ке абортира ке и спискаат дома и нема на к** да и текне а не па без кондом да има секс. Се знае кој абортира повеке пати. Жени што се веке во брак и родиле деца. На сите други им е мила матката оти треба да раѓаат па внимаваат повеке.
     
  3. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Joined:
    Jan 13, 2010
    Messages:
    1,289
    Likes Received:
    2,457
    Луѓе јас колку што сфатив законот е да не се абортира повеќе од еднаш годишно, што сметам дека е сосема во ред. Која нормална и психички здрава личност ќе се дрзни да абортира повеќе од еднаш во годината?

    Прво сум за СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ уште од основно училиште, а не средно, оти како што тргнала работата тие 14 годишните се работат многу повеќе од оние средношколците или 18+. Страшно е тоа колку се неинформирани и не знам зошто тоа за некој е навреда, кога е факт.

    Друга работа јас сум ЗА абортус кога девојката/жената е силувана, кога здравјето на мајката е во голема опасност, исто така до пред некое време бев ЗА абортус кога родителите едноставно финансиски не можат да си доволат да го гледаат тоа дете и сметав дека е поголем грев да го родиш и да страда за јадење и цел живот за се да му велиш НЕ, отколку да го абортираш. НО, моето мислење се промени за оваа последната причина. Зошто? Јас тврдам дека ако жена не сака да остани трудна нема да остани, луѓе не е само кондомот или таблетите во прашање. Заштитата од бременост зависи од умот на партнерите. Со кондом или без кондом нека си свршува господинот надвор, за почеток е одлична мерка на претпазливост. Кондомот можи да пукни, да, ама ако си ејакулира тој надвор, кондомот колку сака нека пука. Овде зборувам за заштита од бременост, а СПБ се веќе друга тема, за која исто така многу не се информирани.

    Застрашувачки е што и возрасни жени не превземаат никакви мерки и како што кажа Моира, жената има право на одлука и тоа огромно...Кога ќе ги рашири нозете. А за тие 14 годишните што беа спомнати погоре, зошто бе да им се даде за право да абортираат повеќе од еднаш годишно? Или воопшто? Ајде ве молам, ако знае малата да ги рашири нозете и да се понаша како порно глумица, тогаш е доволно голема за да се информира и да мисли со главата, оти главата не е само за фризура на крај крајева.
    Срамота е во денешно време покрај телевизија, списанија и интернет, каде што секоја информација му е достапна на секој, девојчињата и жените да не се информирани за СОПСТВЕНОТО ЗДРАВЈЕ. Наместо да прашуваат на форумот дали да му даде одпозади на дечкото 15 годишен или на јутуб да го слуша Слаткар „спушти се доле“ и да стани експерт за орален, нека седни да прочита нешто попаметно. Знае да шири нозе на 14, ама не знае да ги сноси последиците, епа нема така. Абортусот почна да се сфаќа како зафрканција, колку што гледам и тоа во никој случај не е во ред! Исто и апчето за Ден потоа, не е тоа гумено бомбонче бре! Знаат да читаат, се му е достапно, нека го искористат тоа, наместо да одат 10 пати во годината да абортираат.

    Со оглед на тоа што познавам брачен пар кој има четири деца и сеуште продолжија да се работат без никаква заштита, таа забремени по кратко време откако го роди четвртото и мораше да абортира, затоа што нејзиното здравје и живот беа во опасност. Кажете ми сега кој е крив тука?? Нормално таа и нејзиниот драг сопруг...Срамота за луѓе чии години почнуваат со бројката 3 напред.

    И да, заборавив да кажам, сексуалното образование треба да биди ЗАДОЛЖИТЕЛНО за сите! Кај нас во средно доаѓаа да ни држат предавање за СПБ, повеќето не ни присуствуваа на предавањето, побитно им беше кафето! Мора да се воведи сексуално образование и во основните и во средните училишта и присуството да биди задолжително, а отсутните да бидат соодветно казнети, а не како тогаш кога дојдоја кај нас професорката рече „тие што сакаат нека останат, другите сте слободни“. Како така бе слободни? Како?

    И за крај проблемот на македончето без разлика од кој пол е во менталитетот и во тоа што сексот е сеуште табу тема! Корените се многу подлабоки и за жал тешко ќе се искоренат, не ја барајте вината во власта или не знам во кој. Зајакот лежи на друго место.
     
    DAngel likes this.
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    5,779
    Likes Received:
    22,426
    Gender:
    Female
    И зашто да не абортира таа ако веќе има 3 деца, а не сака да име дете, па и да е вработена, зашто?
    Нејсина желба е, таа не сака да има 4то дете и крај на муабетот, ни јас ни ти ни петко ни господ не може да и суди и да и кажува дали е тоа добро или не.
    За пример го дадов ова 3, може и едно да има, а не сака второ.
    Со сила се праиме машини за раѓање и тоа ние самите жени, што е уште потрагично.
    Изнасудивте, изнасудивте, зашто да абортила, како и кога.
    Нејзино право бе нејзино.
    Мене во законот ми смета тоа што ќе пишува во книшка.
    Во оваа наша малограѓанска средина не е за пишување во книшка, ќе биде обележена ко стоката што се обележува со жиг.
    Вие не размислувате дека на тие 3, 5, 10 деца колку што гледам тргнало владата да пропагира, не само пари им треба внимание, љубов, разбирање, посветеност?
    Читам низ форумов има мајки што многу поише со свекрвите се расправаат и занимаваат, него што ги гледаат своите деца и за нив се интересираат, што за мене е жално.
    Јас вика колку деца и да имаш изгледај ги асално од нив направи луѓе во вистинска смисла на зборот, а не работава роди ме мајко фрлиме на буниште.
    Запрепасена сум колку на децата се гледа како во нешто најлесно на свет, напрај го, роди го и како само да тоа ќе се гледа.
    Запрепастена сум искрено како се гледа на мајчинството.
    Сите зборат за советувањата пусти да не абортира, а никој не прашува дали и треба советување на таа на 18 години што останала трудна, дали таа со нејзината зрелост и 18 години е способна дете да роди.
    Какво е нејзиното метално здравје и способност и зрелост на 18 години дете да гледа.
    Финансиите ги тргам на страна.
    Колку бракови само ќе се склепаат буквално заради тие деца родени за да не се абортира, и колку од нив вистински ќе успеат.
    Колку ќе биде тоа право семејство, права средина за гледање на дете, или па цел живот ќе трпи трауми од несреќно семејство.
    Немојте да ми кажете дека нема такви.
    Конкретно законов има некој добри и некои лоши работи, и да не требаше да се протурка така со брзината на светлината, требаше да се расчешла убаво, затоа што е за добро на сите.
     
    Lolo5, SimplyElegant, imelda and 3 others like this.
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Joined:
    Mar 8, 2010
    Messages:
    1,426
    Likes Received:
    2,172
    Точно! Како може да ве занима која што прави во животот. Ако сте загрижени за здравјето на тие кои прават абортуси, подобро немојте на овој начин. Бидејќи ова вашето е неосновано и невистинито. Немојте да кажете дека се сожалувате на нејзината судбина и матка. Друго нешто ќе да е, нели? Вашата проста љубопитност за несреќата која му се случува на другиот.

    Мене само ме интересира дали и на оние жени кои биле силувани или оние жени кои имаат опасна бременост и мора да го направат ова нешто, ќе им пишува во книшките? И па нели и до сега се правело евиденција за извршени абортуси кај личноста? Или ги запишуваа само во картонот кој стои кај гинекологот?

    Најважно од се е мешањето на државната власт, директно и индиректно, во индивидуалните и личните права на човекот.
     
    Lolo5, Hipica, BoaVista and 1 other person like this.
  6. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Joined:
    Jul 26, 2012
    Messages:
    1,275
    Likes Received:
    1,621
    Gender:
    Female
    КАКО ШТО ЗНАЕЛА ДА ГО НАПРАВИ СЕГА НЕКА ГО РАЃА! Тоа е сепак живо и абортусот е УБИСТВО. Кога неумела да се заштити тоа и е. Едно огромно ДА!
     
    Gordana10 likes this.
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Joined:
    Jul 19, 2010
    Messages:
    1,833
    Likes Received:
    2,933
    Gender:
    Female
    Ќе ми стоело во книшка дека сум абортирала. Пффф кинам страната и аш нема ништо :lol: :lol:
    Него не е за смеење работава. Едноставно немам коментар до кое дереџе дојдовме, буквално еден министер да го живее мојот живот, да ми го скрати правото на мој личен избор!
    Џабе ќе се повторувам како повеќето тука, наместо напред да одиме ние назад, едноставно никогаш не ни помислував дека до вакво нешто ќе дојдеме. Големо УА за законов!
    Со ова само ќе се зголемат абортусите по подруми, и разводи ќе има колку да сакаш затоа што ќе има случаи кадешто ќе мораат да склучат брак фактички присилно.
     
    Lolo5 and imelda like this.
  8. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Joined:
    Jan 13, 2010
    Messages:
    1,289
    Likes Received:
    2,457
    Сакам да ве прашам вие што викате дека со законот ви се скратува правото на избор...Дали вашиот избор би бил повеќе од еден абортус годишно?
     
  9. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Joined:
    Jul 19, 2010
    Messages:
    1,833
    Likes Received:
    2,933
    Gender:
    Female
    Кај на сите маки, и верувам дека која и да било девојка да се реши на абортус сигурно не оди цела радосна да абортира, така да најмалку што тука ми треба е три пати да одам на советување кога веќе нешто сум решила и лично знам што е најдобро за мене. Со тоа само се оддолжува и времето си поминува, а што порано се изврши тоа подобро.
    А као демек и во случај на силување советуваат? :^)
    И чекај сега пример ме силуваат, и одам на советувањето и со тоа МОРАМ да им ја кажам причината поради која абортирам. Абе немој молимте, и како што сме такви трачарај држава, шуш муш на сите страни. Можеби не сакам да се дознае по цел град дека јас таа и таа сум абортирала со причина силување. Премногу навлегување во интима на една личност.
    Одам на 40 години да абортирам од причина што веке имам 3 деца и не сакам четврто, ќе ме советува си некоја комисија? :^) Со кое право бе?
     
    Lolo5, Hipica and BoaVista like this.
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Joined:
    Jun 17, 2011
    Messages:
    2,030
    Likes Received:
    4,606
    Gender:
    Female
    Hipster не ми беше муабетот тоа дали таа ке абортира или не.

    Муабетот ми беше тоа дека повекето од членките овде сексуалната едукација ја нудат како решение. Јас сум ЗА ама сексуалната едукација многу минимално би влијаела поради причините што веке ги објаснив
     
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Joined:
    Mar 27, 2011
    Messages:
    7,113
    Likes Received:
    107,131
    Gender:
    Female
    Нејтри, не ти треба тебе некоја комисија да се свикува за да заседава за тоа зашто си забременила и зашто да не родиш,т.е родиш. Па самите доктори тоа те советуваат без да во тоа се вклучува министер,комисија и да има некаква си ти процедура(не знам дал сите го прават,ама ете, знам за случаи). уште кога ќе ти се случи првиот абортус...докторот твој, те информира за последици од тој абортус, те советува за евентуален следна несакана бременост во период од 1 година.....те советува да превземеш мерки за заштита од несакана бременост...ти вели, ако во текот на таа 1 година по овој абортус, бидејќи е резично за твоето здравје..бидејќи може да дојде и до стерилитет. И мислам дека тоа е сосема доволно, без сите процедури на Тодоров.

    Го има ли некој законот да ги пастира тука сите битни делови или да ми го прати..или да се помачам да го најдам цц?
    Има ли нешто што зборува за „тежината“ на одлуката на комисијата, за последици ако против одлуката на комисијата, против согласност на тој што те забременил (сопругот да речеме) абортираш? Или?
    Благодарни однапред.
     
    Lolo5 likes this.
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    1,972
    Likes Received:
    4,102
    ^
    Ај помачи се и најди го (те бива за тоа :D ) па да знаеме конкретно за што зборуваме, оти мислам дека многу од нас слушнале недослушнале, прочитале недочитале, а и нема од каде правилно да се информираш, барем јас не го најдов само еден куп срцепарателни текстови од новинари без конкретни податоци...
     
    zhap4e likes this.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    20,957
    Likes Received:
    133,553
    Gender:
    Female
    Законот не го најдов но мислам дека и ова ќе ти се најде

    http://kurir.mk/makedonija/vesti/117797 ... bremenosta
     
    zhap4e likes this.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Joined:
    Dec 28, 2009
    Messages:
    5,941
    Likes Received:
    27,617
    Имам 2 конкретни (хипотетички) прашања и многу ме интересира како ќе се одвива развојот на настаните со Новиот закон за абортус во следниве два случаи:

    1. 50+ годишна жена случајно забременува, а претходно има неколку дечиња и нормално - не сака да го роди. Ако абортусот е закана за здравјето на една жена и овој нов закон е „за наше добро“, како тогаш бременоста во 6-тата деценија од животот ќе влијае врз здравјето и кои ќе бидат последиците? Каков избор има оваа жена?

    2. Што станува со сите оние жени кои се веќе трудни и навлегле во 5ти или 6ти месец, а се утврдува аномалија на плодот (прекинато срцебиење, недоразвиен мозок итн.) и лекарите советуваат абортус.
    Дали ќе можат непречено да абортираат или по секоја цена да го доносат бебето? Што се случува понатаму?

    Како ќе се регулираат сите овие работи?
    И што се случи со тој дел - на советувањето мора да биде присутен и таткото? Можеби јас сум затруднела од one night stand на одмор со некој непознат, што правиме тогаш?
    :^)
     
    Lolo5 likes this.
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    1,972
    Likes Received:
    4,102
    ^
    Првото прашање не го разбирам, ако таа сака да абортира ќе абортира, ќе и биде објаснето колку и каков е ризикот и ќе биде нејзина одлука.
    Втората ситуација, ако е во поодмината бременост и постојат ризици при абортус а се препорачува заради аномалии на бебето и сл. како и во стариот така и во новиот закон се носи до првостепена комисија (бар колку што читам) па веројатно ако е ризикот голем се одбира помалото зло, а кое е тоа се знае кој е компетентен да каже, а веројатно се прашува и жената чиј живот и е побитен ако веќе треба да се бира, нејзиниот или на бебето. Не знам, претпоставувам дека така е.
    За партнерот не гледам никаде задолжително да се донесе, ниту гледам логика некој да те натера да кажеш кој е, ако некој те праша дали ти ќе кажеш вистина или ќе излажеш дека не знаеш кој е со петмина си била таа недела твое си е.

    Не гледам јас тука место за паники, и тие три дена кои се оставаат на жената (не на малолетно дете или во посебни случаи) се за таа добро да размисли после советување. Дали ќе превртува очи тие три дена и ќе пцуе по доктори или ќе ги погледне работите од друг агол е нејзина работа. Не одат сите на абортус сто посто сигурни во таа одлука, и не сите немаат потреба од советување. Обично одлуката за абортус се донесува брзо, без разговор со партнер, со себе, или со родители па да се види дека можеби постојат и други опции. И ако некоја со тоа советување се одлучи да роди, и нас ни изгледа изманипулирана од докторите или власта за да се зголеми наталитет, за неа може да биде најдобрата одлука што некогаш ја донела...
     
    Magnolija likes this.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    5,779
    Likes Received:
    22,426
    Gender:
    Female
    Oва го знам не законски туку од лекари, доколку лекарот установи било каква аномалија со плодот, се оди на абортус, па и после 3тиот месец да е, не е битно тоа.
    Тоа лекарите го откриваат и мислам дека се оди на абортус задолжително.
    Затоа и се зема од плодовата вода или не знам што послензнам кој месец и се открива дали се е во ред.
    Мислам дека таквите случаи не се овде во расправаа, барем така мислам.
    Самите лекари мислам ќе се побунеа ако тоа право им го укинеа.
    Не сум сигурна дали во воопше има право да не изврши абортс, знам вакви случаи и сите завршиле со абортус.
    Тука е виша сила више у прашање.

    Инаку во една друга тема ги имаше дел од измените постирано еве ви ги и тука
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  17. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Joined:
    Mar 25, 2010
    Messages:
    1,533
    Likes Received:
    583
    Нема минимално да влијае ако се спроведува на вистински начин. Девојче од 14 години треба првенствено заради здравје да знае. И тука треба да учат се од а до ш зачнување, преднатален развој, раѓање живот, сексуално преносливи болести, ризичност по години, ризици од абортус итн. Море со 1ва менструација треба да се знае се. Нека ги научат на сексуално преносливи болести. Не збориме ние само за бременост. Едно си повлекува друго. Треба да ги научат и што значи абортусот, не за да не абортираат, туку за да се заштитат при сексуалните односи. Но, никој во денешно време не сака обврска, да пие апчиња, да става кондом. Уствари они немаат секс за да уживаат, туку за да се чувствуваат големи. А машко ко машко...да се фали, па се поставуваат услови...а машките па уште помалце се информирани. Него таквото го заболе, ај ќе абортираш ќе каже.
    Порано во училиштата,а мислам и дека во добро развиените земји се уште го има тоа, се учеле децата на кукли, да се чува дете.
    Децава се уште мислат, ај ќе се тргне на време. Способни се да се сексаат на секој ќош, а не се способни да земат и да се едуцираат малце.
    И не, не признавам било каков закон за абортус, кога ништо друго не е средено.

    Значи наместо да ми наредуваат дали јас да абортирам или не, нека поработат малце на образованието. А не таму ги тераат треви да собираат за биологија. Уште пишале дека животните биле жива природа а водата мртва природа.
     
    Lolo5, Hipica, Annath and 1 other person like this.
  18. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Joined:
    Jun 17, 2011
    Messages:
    2,030
    Likes Received:
    4,606
    Gender:
    Female
    Саншајн се сложувам со тебе ама не знам дали ми го прочита предходното мислење.

    Значи, повеке од еднаш годишно не абортираат тинејџерките туку мажените жени. Затоа реков сексиалната едукација не влијае многу на законот. Тинејџерка еднаш ке згреши и нема да и текне пак (бар не у текот на таа година). А познавам жени што се во брак 4 пати што абортирала за неполни 15 месеци. Затоа што таа родила деца и може да си дозволи помалку да се грижи за состојбата на матката. Жените во брак абортираат повеке пати и на крај си ставаат спирала.

    Трендафилке, бабата има право да абортира оти нели еднаш годишно.
    А вториот случај абортусот е задолжителен мислам, а како ке оди со законот и мене ме интересира.
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    24,152
    Likes Received:
    204,750
    Gender:
    Female

    Треба сексуална едукација за сите, не само за тинејџерите. И возрасните многу, многу абер си немаат од начини на заштита. Секогаш постои можност и покрај употребеното средство да дојде до несакана бременост, затоа што нели, само апстиненција штити 100% од тоа. А оние што абортираат по три-четири пати годишно тоа им е од незнаење пред се, и нивно и на нивните мажи, па си го користат абортусот како начин на контрацепција. Затоа треба едукација, верувај, а не закони. Човек кој е свесен, информиран и едуциран, ако не сака дете, нема ни да го направи. Зборам за мажи и за жени.
    Да, се случува несакана бременост, ама не верувам дека некој свесна и едуцирана жена би абортирала почесто од еднаш годишно. Вакви закони се тотална небулоза, па уште и донесени набрзина, како да ќе нема утре. Бележењето е најстрашно, доволно тешко и е на жената што знае, не мора цел свет да биде информиран.
     
    Waka-waka, imelda and BoaVista like this.
  20. Lemony

    Lemony Истакнат член

    Joined:
    Jun 11, 2013
    Messages:
    47
    Likes Received:
    66
    Категорично не се сложувам за овој закон,во некои си други времиња можеби би била согласна но не и сега..... се фатија од крајот а го заборавија почетокот...демек здравјето на жената е во прашање...кое здравје кои сини очи, имам роднина 5 дена се пораѓаше во болница (нејзината докторка не била на работа тие денови и ти си оставен на милост и немилост) жената ќе умреше за малку. 21век сме, гревчиња сме ние ...

    Па неможе бе така регулативата да не ограничува 3 дена ни остава на размислување и само 1 пат во годината, еве слоган за законот -Ти можеби ќе бидеш мајка на следниот Ајштајн....Не Абортирај!!!!
     
    Lolo5, BoaVista, zhap4e and 2 others like this.