Не абортираат само мажените, и не станува збор за тоа колку пати абортирале. Овде збориме за тоа дека демек сакаат да го намалат бројот на абортуси со закон. Па ако има со време соодветно образование ќе има и мажени кои нема да дојдат до точка на абортирање(зошто ќе научат на време). На тинејџер најмалце му доаѓа памет, знае дека има решение и нема да се замара. Знам по себе, коа сум била помала сум била со глава низ ѕид и не сум слушала никого. Таа може нема да сака да абортира пак, ама нема да се заштити.
Саншајн, макар и да се намали бројот со закон и да е контролиран...која ке има потреба од повеќе од еден пат ќе си најде дупче во законот и никој ни слушнал ни видел...макар што абортусот не е вадење заб, треба да се помисли на нареден пат...значи пак ќе кажам законот е најнебитната ствар во моментот, сиромаштија насекаде, наталитет не се подига со ова
Епа токму тоа, не е вадење заб, ама и вадење заб може да се искомплицира, сепак лично право кој колку сака нека абортира...Законот си го изгласаа, тешко на нас. Останува да се молиме да не дојдеме до таква ситуација.
Eх сега две три деца родила не знае за апче ден потоа Ако не друго уште на првото зачнување и има кажано гинекологот за тоа... На 16 години немав дома нет, па ми се скина кондом си купив апче. Ама ај штом сметате дека се толку неедуцирани жените во Македонија нека е така... (кажав и предходно, тие најнајнајнеедуцираните жени, не ни им смета да раѓаат, си имаат секое летенце детенце) А сексуално образование мора да има што поскоро во школите оти децава веке се чудат што да направат.
И тоа 1 апче не можеш тек така да го зимаш, можеш само 1 на 6 месеци....што после???? после абортус па пак апче?? А да не збориме дека тоа апче нема секогаш ефект. Тетките шо имаат секое летенце детенце, имаат со што да ги чуваат па не му се замараат. Ако немаш и те како ќе пазиш. Братучетка ми мажена па си користеше кондоми. Се е до самосвеста. А ова сеа испаѓа, закон не чини, заштита не чини...да се учи не чини. Општо зборам не цитирам никого, не за друго да не се најде некој навреден. Убаво им прават по Германија, Америка...16 години трудна...ајт у своја куќа сама да си чуваш. Е ќе видиме после дали ќе се едуцира себе и своето дете! А кај нас, мрш на абортус или мама е тука ќе помогне, неможеш сама мила на мајка..... Ѓубре народ сме тоа ни е маката. Не сакаме да се помачиме. Распиздени до бескрај. Крај краева, тие тетките нека ги бе, нека си раѓаат секое лете, може ќе им дојдат многу пари за давање на нашиве па ќе започнат кампања ИМАЈ ЕДНО ДЕТЕ-ЗАДОЛЖИТЕЛНО АБОРТИРАЈ. Но, како и да е....секој си знае за сопственото здравје, кој е шизик ќе иде на ризик. Џабе дебатираме, нас никој не не праша што мислиме....Еб...те правото на глас. Се напнав, имам многу работи да кажам ама ќе ќутам
Па и тука кога ќе ми кажат секоја жена има право на избор, како ние тоа да не го знаеме. Според мене не знам какво право на избор треба да имаат оние од дваесет и кусур години, опседнати со Кери Бредшо, тие девојки кои диво сакаат да јаваат низ животот и чекат, нели некој коњ ист како нив. И гледам девојки со многу цврст карактер, што достоинствено урлаат за абортусот, па сигурно за нив три дена нема да бидат никаков проблем. А па, таква ми е среќата, па слушам некои помлади од мене кои врска позади себе како прво немаат. Тие пак во несвест паѓаат, слушам 21 век сме биле, како тоа, еманципирани жени ќе споменат... Факт е дека многу одлуки за абортуст се донесени погрешно под разно разни околности, најчесто слабост и пари. Ама, една жена да се премисли во рокот од три дена, тоа е еден живот, ЕДЕН ЖИВОТ! Така е, вие еманципирани хуманитарки со статуси за донирање на крв, со слики од болни дечиња. Пред некоја недела седам со две другарки и едната ни вика: знаете ли дека баба сакала да абортира? И јас тука си го враќам филмот. Што ако абортирала? Немало да постои мајката на мојата другарка, една прекрасна жена и домаќинка, грижлива и топла мајка, одлична сопруга која многу ги сака уметничките слики на својот сопруг; Ниту пак мојата другарка - убава и згодна, прекрасна личност е, со голема способност за изучување на јазици, големо срце и насмевка, страсно го љуби својот дечко и таа вечер ми кажуваше колку и се оди на море; Ни нејзиниот брат, помлад од неа, срамежлив е ама и на инструмент свири и спортува, вади добри оцени, се дружи, собира парички во кутија за чевли... Немаше ни јас да уживам во нивниот топол дом и највкусните тестенини кои ги прави нивната мајка! Која и да била причината, не е важна. Да се живи и здрави уште многу години. Не се работи овде само за силувани жени, тинејџерки или сиромашни. Постојат жени со кариери, кои сеуште не знаат што прават или жени кои мислат дека немат време. И за една личност да се работи, сепак вреди, пошо пак ќе кажам за живот се работи!
Абе ако се потпираме на Што би било кога би било...-муабети: Некоја ќе остане бремена по трет пат, ќе се реши да го роди. Детево благо агресивно уште на рана возраст. До својата 25-та година преку 10 пати кренал рака на сопствените родители. Се жени поради тоа што девојката му останала бремена по пијана ноќ. Имаат две деца. Деца, си растат, ќе речеш семејство се оформило. Насилството на тоа трето дете (сега веќе нели оженет човек со деца) врз неговите родители не престанува. Крева рака и врз жена си, нели, зошто таа би била поразлична од родителите? Таткото умира од излив на мозокот поради покачен крвен притисок. Мајката, жена која на 65 години трпи физички напади од сопствениот син, се прашува: Што ќе беше да не го родев? Еве ви една друга страна на вашите бајковидни приказни. Може ќе го родите новиот Ајнштајн, ама може и новиот Хитлер. Никогаш не се знае со тоа. Ама нели за ЖИВОТ се работи. За ЖИВОТ!!! со извичници. Не може така да се размислува за иднината. Не може да се садат идеи дека ќе родиш личност, која еден ден ќе израсне во возрасен човек, ќе работи, ќе придонесува за општеството... Може утре ќе ја мавне автобус и крај на приказната. Или ќе и‘ закачи нож в грло некој наркос кој се нашол на тоа место во тоа време зашто пред 25 години некоја девојка не абортирала поради индиректен притисок на државата. Жените не се фабрики за производство на бебиња. И не се работи тука за ЖИВОТ кој јас го уништувам. Се работи за мојот личен избор. Ако не сакам, никогаш во животот нема да родам деца, и никој нема право да ме осудува за тоа. А камо ли уште да ми мава печати во книшка, ко да треба после кај Св.Петар да ја приложам и да ме фрли во Пеколот зашто сум убила ембрион. Ма дајте!
Аман бе Ако секоја идна мајка води вакви калкулации, значи мора да е книжевник Во тоа е и убавината, во развивањето на личноста, да го гледаш детето како расте и созрева. Ама очигледно за вас секоја жена која размислува за абортус си има некои проблеми и мора да е во право. Е не е така! Точно дека не секој треба да биде родител и не секој заслужува, зборувам за останатите. Не знам дали е до ПМС-от мој, ама ова тешко почнува да ми паѓа, кога читам и слушам толку наострени жени и девојчиња. Ем лути, ем гневни, права им скратувале... И не е финтата ниту до бајковидните приказни, ни до хрониките, мене друга ми беше смислата. Едит: И да, жените не се фабрики за деца. Па има начин како да се заштитат и можат да кажат не за незаштитен секс. А не да ја направат белјата, па потоа не биле фабрики туку китки неинформирани биле.
Сите сме најпаметни и најмудри кога се работи за друг и кога е туѓ проблемот, тогаш сите се разџиткуваме со остри зборови, судиме и не сме реални. Не дај боже да ви дојде на вас ова на глава, не верувам дека ќе имате толку шестоки ставови, остудувања и попувања. И да на секого може да му се деси, на секого ама баш на секого, и на оној кој најмногу на свет внимава и никогаш нема не заштитен секс. Никој не може да гарантира 100 посто за ништо на светов. Затоа секој прво нека тргне од себе што би направил кога него би му се десило тоа, па после нека суди и нека се дрзнува да фрла со дрва и камења по другите. Зашто вака сите испадавме свети деви Марии. Што викаа к-15 Маро мори од секс абер да се немало
Јас па баш мислам дека никој тука светица не испаѓа. Сите сме така розевки, ама кога ќе се спомене оваа тема: кхххххх, канџи. Тоа и ме изненадува кај луѓето, ќе ги гледаш така добродушни, ама кога ќе дојде до ваква голема работа, една од основите на постоењето - ги нема, се губат.
Не те сваќам со последната реченица што сакаш да кажеш? Која основна работа тука, донесување на живот? Тоа е најбитно нели- само да се донесе на живот една особа? Епа тука и ви е грешката, не е само да го родиш детето, треба да го направиш ЧОВЕК! Секоја може да е родилка, но не секоја родилка е мајка, запамтете го тоа. Животот според мене не започнува онака суштински кога ќе се родиш, тогаш мозокот ни е табула раза, празно, ништо нема во нас. Животот во права смисла на зборот започнува со првите осознавања на околината, со родителска грижа, со првите зборови и чекори. Ама тоа се сосема два различи ставови и размислувања, вие можда ни судите нас што не гледаме на абортусот како убиство, зашто и не е до не знам која недела беше таму, а гледам многумина од вас се за идеата подобро да го роди и да се остави во дом него да се абортира. Мене тоа ми е многу пострашно и потрагично, да го родиш и да го отавиш само на светот, како да нема никој и нема никој во животот, само да се бори и само да се расте. Мене таа не ми е ни м од мајка, но ете многумина нема да се согласат со мене. Како што реков не е животот роди ме мајко фрли ме на буниште.
Знаете што овде не ми е јасно. Велите на секој може да му се деси. Да, точно е, ама да му се деси еднаш до два пати максимум во животот. А незнам искрено кои се тие жени и какви се кога им се случува повеќе од еднаш годишно. Ги оправдувате тие жени а оние што ќе го дадат детето во дом не. Искрено сите ми се исти. Ама не ми смета тоа што е ограничен абортусот на еднаш годишно. И како што спомна Магнолија некои девојки премногу се занесуваат, мислат дека ние овде живееме живот сличен на Кери Бредшо, па трескање од под заради тие права на жената. Глупости на куп. Единствено право кое би и го дала на жена која што абортира еднаш или повеќе пати годишно е доживотна стерилизација.
Јас мислам дека никој не збори овде за абортус секој месец, или не знам колку пати годишно, туку дека може на секоја жена еднаш во животот да и се деси. Мислам и медицински не е оправдано абортус поише од еднаш годишно, ама не ме фаќајте за збор, и тоа го прават на сопствен ризик. Јасно е како ден дека абортусот не е средство за контрацепција, и никој тоа не го пропагира. Едноставно ни смета тоа државно планирање на семејството, кое упорно се наметнува, се наметнуваат советувања за абортус, а никој ама никој не се стави во улога да се запраша дали на тие млади мајки им треба советување како на 18 години таа е способна не да роди дете, туку да го воспитува. Мене тоа највише ми смета, ама највеќе, што на мајчинството се гледа како од шала, а не како некоја сериозна работа и одговорност. На сите децата ни се слатки тие 10 минути додека си играме со нив, ама мајчинството за мене е сериозна работа која би требало да е планирана, или барем да се случи кога жената ќе биде во некоја етапа во животот каде е веќе оформена како личност, каде знае која е и што е, и способна да се грижи за тоа дете и финансиски и психички, да го воспитува како мајка, а не да го гледа како играчка. За ова последното за стерилизација си до некаде во право, зашто циганиве ја праат работава секое летенце детенце, па после ај да те видам фати им го редот на тие невини животи. Ја претерав вечерва на темава, мислам дека се што си имав си кажав, доста ми е.
Хипстер, очигледно не само последната реченица, туку целото мислење не си го разбрала. Јас не се изјаснив дека сум против абортусот туку дека не треба да се земе здраво за готово и да се размисли за него, исто како и за се во животот. Мене таквата огромна одлучност ме чуде.
Мојот доктор при муабети за разни контрацептиви, и потенцијални сериозни несакани последици, ми рече, yes, also unwanted pregnancy is a very serious condition. Многу жени од Северна Ирска доаѓаат во Англија за да абортираат. Каков закон Македонија сака нека донесе, жена, која не е спремна од било која причина за неа, без никој друг да го засега зошто сака да ја прекине бременоста, ќе најде начин и ќе ја прекине. Да, и по цена на казна дека оди против закон, патува во друга држава, ќе прави ризици по цена на ризик кон споствениот живот или најлошо, оди по сигурна цена-својот живот. Друг е муабетот како во Македонија абортусот се користи како контрацепција, проста нација сме за превентатива, каде хормоните за заштита се штетни за организмот а абортусот се третира како вадење заб(и со поленко срце некогаш, оти од изваден заб барем останува дупка), но закон против абортус не е решение да се овој вид абортуси намали. Бременоста не е играчка. Абортусот не е играчка. Носење бебе 9 месеци не е играчка. Раѓањето не е играчка. Носи го, роди го, па остави го како играчка - не е играчка, а овамо си играме демократска држава, донесување закони за уназад место напред (*глупави мажи мислат дека знаат подобро од жени и се бркаат таму каде не е мајка им) додека имаме еден куп несозреани во глава деца кои прават деца на играчка. * Исто како оној кој го пишувал слоганот за реклами на Always улошки. Have a happy period! ... Are you f**cking kidding me!!?
Не би рекла за болдираново. Зашто образованието како превенција треба да потекнува од дома, а после такво збиднување и да се одерат од пискање родителите, сосема е ирелевантно и непродуктивно.
Ова е од стариот закон т.е. пред да се донесе новиот, а еве и Трендафилка праша што се случува со оние случаи каде ќе се увиде дека има аномалии на плодот и каде што продолжувањето на бременоста е штетна по здравјето на жената. Мислам дека тој дел останува ист. Ќе ставам во споилер бидејќи е доста голем текстот Spoiler Бремена жена која ќе се одлучи за абортус или прекинување на бременост, со потребната документација добиена од специјалист по гинекологија или акушерство се упатува во здравствена установа која ги исполнува законските услови за вршење на абортус. Како здравствени установи во кои може да се изврши прекинување на бременост се оние установи во кои постои гинеколошко - акушерско одделение кое ги исполнува минималните услови за работа согласно Законот за здравство и прописите донесени врз основа на Законот за здравство. Пред започнувањето на постапката за абортус бремената жена се предупредува за целата постапка и за можните последици кои се однесуваат на нејзиното здравје. Во случај кога бремената жена која сака да ја прекине бременоста, веќе навлегла во подолг стадиум од бременоста, односно ја поминала 10 - та недела или пак во случај кога нејзината здравствената состојба не го дозволува таквиот зафат лекарот ќе ја упати на првостепената комисија која одлучува дали да се изврши прекин на бременоста. Бремената жена нема да може да изврши прекинување на бременост доколку не поминало една година од прекинувањето на претходната бременост а прекин на бременоста нема да може да се изврши и кај малолетничка или лице кое е душевно болно, доколку не постои согласност од родител или старател. Во случај кога првостепената комисија нема да дозволи прекинување на бременоста, бремената жена има право да поднесе приговор по кој одлучува второстепената комисија. Комисиите одлучуваат во рок од три дена и тоа: првостепената комисија од поднесувањето на барањето за прекин на бременоста, а второстепената комисија откако ќе и биде доставен предметот по приговорот од бремената жена и одлуката која ќе биде донесена од нејзина страна е конечна. Првостепената и второстепената комисија се составени од три члена: лекар специјалист по гинекологија и акушерство, лекар специјалист по интерна медицина и социјален работник. Прекинување на бременоста може да се направи и без дозвола од комисијата во случај кога здравјето и животот на бремената жена се во непосредна опасност. Доколку при довршувањето на започнатото прекинување на бременоста постои основано сомнение дека е во прашање кривично дело, во тој случај работодавниот орган на Здравствената организација на здружениот труд во која е довршено започнатото прекинување на бременоста е должен веднаш да поднесе пријава до надлежното јавно обвинителство. А доколку во текот на медицинскиот зафат настапи фатална смрт, Здравствената организација на здружениот труд е должна да поднесе пријава до надлежниот орган во рок од три дена.
Проблемот е, кое образование како превенција од дома, кога и повеќето од мајките на тинејџерските девојки се штитат по метод на повлекување од чинот во кризен момент па исправаат грешки после од овој метод и тие самите со абортус Еве лично, мојата мајка ми има прво забрането да почнам со секс додека може да се заканува нели, па убедувано да не земам контрацептиви кои се штетни за моето физичко здравје откако сум сексуално активна, и мажена а самата има абортирано повеќе од еднаш. Колку пати точно она си знае. Јас неуката и нездравата од хормонална контрацепција пак немам абортирано ниту еднаш. За жал сликата од кога јас сум од возраст, па до сега, не е сменета баш судејќи по статистичка анкета како ни се штитат жените и девојките во МК. Срамота сме озбилно. И не, не мора заштитата да биде хормонска, доста е мајките да си ги учат девојчињата да почнат со кондом кои ги штитат од бременост и спб додека лудуваат, па утре да си најдат што им одговара со сигурен и постојан партнер. Ама чуј мајка да го спомне зборот кондом пред ќерка и, немој колера е.