Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закон за абортус-Да или Не

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Irrepleceable, 2 јуни 2013.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Аман, само нека не мисли она :D
     
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Малку офф топик!

    ... Па видете и да не и кажат мајката и таткото на својата ќерка дека постојат кондоми или контрацепциски апчиња, доколку тоа девојче е правилно воспитано никогаш нема да има ризичен секс со непознат мажјак или со дечко кој и е само за занимација. Секогаш ќе си бара од оној со кој има односи да си стави кондом. И тоа девојче ако е правилно воспитано самото ќе прочепка на Интернет и ќе си дознае се.

    Никако не верувам дека млади девојки не слушнале никогаш за несакана бременост или Сексуално Преносливи Болести. Да кажеме дека еве Ромките да, можеби не се информирани за тоа. Ама за сите други знам дека знаат. Еве сигурно со другарките зборуваат и за такви нешта.

    Секој треба да знае дека ако сака може да се ебе со кој сака. И дека тоа треба да го прави што е можно повнимателно. Тоа е избор на личноста против кој немам никаков проблем. Тоа е интима која мене не ме интересира, а не треба да го интересира ни никој друг. Најмалку па да ги интересира поповите и политичарите за тоа! Тоа е интима помеѓу оние двајца кои го прават тој сексуален чин. И никој друг. Тие решаваат за се. Како бе може некој да ми кажува што да правам со мојот живот и со моето тело?!

    Колку тие работи се морални мене не ме интересираат. Јас можам да се грижам за сопствениот морал и оној на дечко ми. Најверојатно и на моите домашни. За никој друг не ме интересира. Секој нека прави како сака. А и секој и си прави.
     
    На cresa-jagoda и Hipster им се допаѓа ова.
  3. optimistka23

    optimistka23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2013
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    56
    оваа сигурно е ''абортирана'' :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Ај наздравје :D

    член 9 став 1 „бремената жена поднесува барање за прекинување на бременоста, писмено до првостепената комисија“ ... во став 3 (мислам): „кон барањето за прекинување на бременоста се приложува и друга документација .... ПОТВРДА ОД НАДЛЕЖНИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ДЕКА Е ПОКРЕНАТА КРИВИЧНА ПОСТАПКА ВО СЛУЧАЈОТ ОД ЧЛЕН 4 СТАВ 1 АЛИНЕЈА 3 (т.е. „кога до зачнувањето дошло во врска со извршување на кривично дело: силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете, обљуба со злоупотреба на положбата или родосквернавење“) односно, потврда од центарот за социјална работа или од здравствената установа ако прекинувањето на бременоста се бара поради причините од чл. 4 ст. 1, ал 4. :clap:

    член 14 ст.2 „Против одлуката на првостепената комисија може да се изјави приговор на записникот....’’ ст.4 „одлуката на второстепената комисија е конечна“ :clap:

    член 23 „Ако при довршување на започнатото прекинување на бременоста основно се посомнева дека е во прашање кривично дело извршено со започнување прекинување на бременоста кое се довршува во здравствена установа, директорот на здравствената установа во која е довршено започнатото прекинување на бременоста е должен за тоа веднаш да поднесе пријава до надлежното јавно обвинителство и известување до Мин. за здравство....

    чл.33 од прекршочните одредби, со глоба од 25.000 до 50.000 евра ќе се казни правното лице ако: точка 11 “не поднесе пријава до надлежното јавно обвинителство и/или известување до Мин. за здравство согласно член 23 од овој закон’.

    член 36 „докторот кој ќе изврши прекинување на бременоста спротивно на одредбите од законот .... кривично ќе одговора и ќе се казни со казна затвор од 6 месеци до 3 години.’


    http://www.sobranie.mk/ext/materialdetails.aspx?Id=9ee9d63b-1c63-4329-ba6b-7e105ea858f1

    ДОПОЛНЕТ ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН
    ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТ

    ОПШТИ ОДРЕДБИ
    Член 1
    Со овој закон се уредуваат условите под кои може да се врши прекинување на бременост, постапката за одобрување на прекинување на бременост, условите што треба да ги исполнуваат здравствените установи за вршење на постапка за прекинување на бременост и надзорот над условите и постапката за прекинување на бременоста.
    Член 2
    Прекинување на бременоста е посебна медицинска интервенција за која слободно одлучува бремената жена.
    Правото за прекинување на бременоста може да се ограничи само заради заштита на здравјето и животот на бремената жена.

    УСЛОВИ ПОД КОИ МОЖЕ ДА СЕ ВРШИ ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТ
    Член 3
    Заради заштита на здравјето на бремената жена прекинувањето на бременоста може да се изврши до истекување на десет недели од денот на зачнувањето, со писмена согласност од бремената жена.
    Ако бремената жена е малолетна или лишена од деловна способност, прекинувањето на бременоста може да се изврши до истекување на десет недели од денот на зачнувањето, со писмена согласност од родителот односно старателот на бремената жена .
    Писмена согласност од став 1 и 2 на овој член се изразува на начин и во форма пропишани со прописите за заштита на правата на пациентите.

    Прекинување на бременоста не може да се изврши пред истекот на десет недели од денот на зачнувањето ако е тоа особено штетно по здравствената состојба на бремената жена.
    Прекинување на бременоста не може да се изврши ако од прекинување на предходната бременост не поминала една година.

    Член 4
    По исклучок од член 3 став 1, 2, 4 и 5 од овој закон, прекинувањето на бременоста може да се изврши и по истекот на десеттата недела од денот на зачнување, како и пред истекот на една година од предходното прекинување на бременоста, по барање и со писмена согласност од бремената жена во следниве случаи:
     - кога врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста представува опасност по животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или по породувањето.
     - кога врз основа на научни сознанија може да се очекува дека детето ќе се роди со тешки телесни или душевни недостатоци,
     - кога до зачнувањето, дошло во врска со извршување на кривично дело: силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете, обљуба со злоупотреба на положбата или родосквернавење, и
     - кога ќе се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето би можела жената да дојде во тешки, лични семејни, метеријални или други прилики што ќе имаат одраз врз нејзиното здравје .
    Како тешки лични семејни материјални и други прилики од став 1 алинеја 4 на овој член се сметаат особено: потешко нарушените брачни и семејни односи, постоење асоцијални појави во семејството, тешките станбени услови, материјална необезбеденост, нарушување на здравјето на членови на семејството и бројот на децата во семејството.
    Прекинување на бременоста од став 1 на овој член ќе се изврши ако се оцени дека со прекинување на бременоста нема да дојде до потешко оштетување на здравјето или до непосредна опасност по животот на бремената жена и со писмена согласност од член 3 став 3 од овој закон.

    ПОСТАПКА ЗА ОДОБРУВАЊЕ И ИЗВРШУВАЊЕ НА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТ
    Член 5
    Во постапката за одобрување и извршување на прекинување на бременост се обезбедува почитување на достоинството на бремената жена, на правото на приватност, информираност, прифаќање и одбивање на медицинска интервенција и на доверливост на личните и медицински податоци согласно прописите за заштита на правата на пациентите.
    Член 6
    За прекинување на бременоста до десет недели бремената жена до докторот кој треба да изврши прекинување на бременост писмено се обраќа во форма и содржина што ја утврдува министерот за здравство.
    Кон барањето од став 1 на овој член бремената жена доставува наод од извршен ултрасонографски преглед, како и медицинска и друга потребна документација утврдена во член 9 став 3 од овој закон.
    Пред прекинување на бременоста докторот е должен да изврши советување на бремената жена за можните предности за продолжување на бременоста како и за ризиците при спроведување односно неспроведување на интервенцијата за прекинување на бременоста по здравјето и животот на жената, методите за вршење на прекинување на бременоста и да ја запознае со можностите и методите за спречување на бременоста.
    Содржината и начинот на советувањето од став 3 на овој член го пропишува министерот за здравство со посебен акт.
    Ако бремената жена, по добиениите информации остане при своето барање, должна е да даде писмена изјава за согласност за прифаќање на спроведување на интервенцијата за прекинување на бременоста согласно член 3 став 3 од овој закон.
    Ако се исполнети условите од член 6 од овој закон, докторот може да пристапи кон извршување на прекинување на бременоста.
    Прекинувањето на бременоста не може да се изврши пред истекот на рок од 3 дена по извршеното советување од став 2 на овој член, освен ако се работи за малолетна жена, жена со одземена или ограничена деловна способност или ако за тоа постои оправдана медицинска индикација, што докторот мора уредно да го евидентира во медицинската документација и евиденција.
    За извршената интервенција од став 6 на овој член докторот води евиденција во книга за евиденција, а податоците за извршената интервенција ги воведува во медицинското досие на бремената жена во пишана и во електронска форма, во согласност со прописите за заштита на правата на пациентите.

    Член 7
    Ако докторот утврди дека прекинувањето на бременоста не го дозволува здравствената состојба на бремената жена, или дека со прекинување на бременоста ќе се загрози животот или здравјето на жената, или се изминати повеќе од десет недели од денот на зачетокот, должен е да ја упати бремената жена на првостепена комисија за одобрување на прекинување на бременоста.
    Првостепената комисија за прекинување на бременоста ја формира директорот на здравствената установа во која се врши прекинување на бременоста.
    Трошоците за работата на првостепената комисија паѓаат на товар на здравствената установа за која што е формирана.
    По приговор против одлуката на првостепената комисија решава второстепената комисија.
    Член 8
    Второстепена комисија ја формира Министерот за здравство на ниво на Република Македонија.
    Комисиите од член 7 став 1 од овој закон и од став 1 на овој член (во понатамошниот текст: комисии ) се формираат за период од две години и се состојат од по тројца членови – доктор специјалист по гинекологија и акушерство, доктор специјалист по интерна медицина и социјален работник. На членовите на комисиите им се определувааат заменици
    Членовите на второстепената комисија неможат да бидат лица кои се членови на првостепена комисија за прекинување на бременост, а членовите на првостепена комисија неможат да бидат лица кои се членови на второстепената комисија.
    Трошоците за работата на второстепената комисија паѓаат на товар на Министерството за здравство.
    Председател на комисиите од став 2 на овој член, по правило е докторот специјалист по гинекологија и акушерство кој е член на комисијата.
    Комисиите имаат секретар што се определува при формирање на комисијата и истиот не е член на комисијата..

    Постапката пред првостепената и второстепената комисија е итна.

    Член 9
    Бремената жена поднесува барање за прекинување на бременоста писмено до првостепената комисија.
    Ако бремената жена е малолетна или лишена од деловна способност, барањето го поднесува, односно дава согласност за прекинување на бременоста, родителот, односно старателот на бремената жена.
    Кон барањето за прекинување на бременоста се приложува медицинска и друга документација и тоа:
     - потврда од доктор специјалист по гинекологија и акушерство дека жената е бремена, дека е информирана за можните предности за продолжување на бременоста како и за ризиците при спроведување односно неспроведување на интервенцијата за прекинување на бременоста по здравјето и животот на жената, методите за вршење на прекинување на бременоста, како и дека е запознаена со можностите и методите за спречување на бременоста.
     - наод и мислење од доктор специјалист по соодветна гранка на медицината во чија област спаѓа заболувањето на бремената жена, односно болеста на родителот во случаите од член 4 став 1, алинеи 1 и 2 од овој закон, потврда од надлежниот јавен обвинител дека е покрената кривична постапка во случајот од член 4 став 1 алинеја 3 од овој закон односно потврда од центарот за социјална работа или од здравствената установа ако прекинувањето на бременоста се бара поради причините од член 4 став 1 алинеја 4 од овој закон.
    Член 10
    Бремената жена и нејзиниот брачен другар ако е во брачна заедница, односно ако бремената жена е малолетна или на која и е одземена деловната способност бремената жена и нејзиниот родител односно старател на нивно барање или на барање на првостепената комисија присуствуваат на седницата на првостепената комисија на која се разгледува барањето за прекинување на бременоста.
    На седницата на провостепената комисија на барање на жената може да присуствува и нејзиниот брачен другар.
    Член 11
    Во постапката по барањето за прекинување на бременоста председателот на првостепената комисија е должен да и даде информација на бремената жена, а во случаите од член 9 став 2 од овој закон и на родителот, односно старателот на бремената, за можните предности на продолжување на бременоста, како и за ризиците при спроведување на односно неспроведување на интервенцијата за прекинување на бременоста по здравјето и животот на жената, за методите за вршење на прекинување на бременоста како и да ја запознае со можностите и методите за спречување на несакана бременост, да ја информира за постојните здравствени установи во кои може да се побара совет заради спречување на бременоста, како и други корисни информации кои се од важност за одлучување по барањето за прекинување на бременоста.
    Ако првостепената комисија оцени дека може да се изврши прекинување на бременоста должна е да побара писмена изјава за согласност од бремената жена за вршење на прекинување на бременоста односно ако бремената жена е малолетна или на која и е одземена деловна способност и писмена изјава за согласност за вршење на прекинување на бременоста од нејзиниот родител односно старател.

    Член 12
    Комисиите работат на седници во полн состав и одлуките ги донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на комисијата.
    Комисиите се должни да донесат одлука во рок од три дена и тоа: првостепената комисија од поднесување на барањето за прекинување на бременоста, а второстепената комисија откако ќе и биде доставен предметот по приговор на бремената жена.
    Ако рокот од ставот 2 на овој член не може да се запази од оправдани причини чија оправданост ја утврдуваат комисиите, рокот за донесување на одлука не може да биде подолг од седум дена.
    Член 13
    Прекинувањето на бременост може да се изврши без одлука на комисиите, ако поради непосредна опасност по живот и здравјето на бремената жена не може да се чека одлука или ако е во прашање започнато прекинување на бременост.
    Докторот кој што извршил, или доизвршил прекинување на бременост без одлука на комисијата должен е во рок од 24 часа, за тоа да го извести директорот на здравствената установа, а директорот е должен во рок од три дена за случајот да ја извести првостепената комисија.
    Член 14
    Одлуката од првостепената комисија и се соопштува на бремената жена, а во случаите од член 9 став 2 од овој закон и на родителот односно старателот на бремената жена, веднаш по завршувањето на седницата на комисијата.
    Против одлуката на првостепената комисија може да се изјави приговор на записник веднаш или писмено во рок од три дена по соопштување на одлуката.
    Записникот од приговорот заедно со сите списи без одлагање се доставува до второстепената комисија.
    Одлуката на второстепената комисија е конечна.
    Член 15
    За интервенциите за прекинување на бременост докторот води евиденција во книга за евиденција односно комисиите водат записници за одржаните седници и книга за евиденција, во пишана и во електронска форма.
    Здравствената установа е должна да ја чува документацијата во врска со работата на докторот на интервенции за прекинување на бременост односно на комисиите како доверлива медицинска документација, во посебна архива на здравствената установа.
    Член 16
    Начинот на работата на докторот, како и начинот на работа на првостепените и второстепените комисии, формата и содржината на записникот и на книгата за евиденција од член 6 став 8 и од член 15 став 1 од овој закон ги пропишува Министерот за здравство.

    Член 17
    Здравствената установа во која се формирани комисиите, најдоцна до крајот на јануари во почетокот на годината е должна да поднесе извештај за својата работа за предходната година до министерот за здравство.
    Член 18
    По извршување на прекинување на бременост, здравствената установа и докторот се должни да обезбедат спроведување односно да спроведат медицински надзор на жената најмалку три дена по прекинување на бремениста.
    Здравствената установа и докторот кој го извршил прекинувањето на бременоста се должни да ги стават под посебен медицински надзор и контрола жените по првото прекинување на бременоста, а ако бремените жени се малолетни лица да ги стават под посебна медицинска грижа при вршење на прекинување на бременоста како и при информирањето, подршката и советувањето.
    Здравствената установа и докторот кој го врши прекинувањето на бременоста должни се на жени со РХ негативен фактор, доколку е медицински индицирано по секое прекинување на бременоста да им дадат анти Д гамаглобулин, со цел да се спречат последиците од прекинување на бременоста.

    УСЛОВИ ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ КОИ ВРШАТ ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА
    Член 19
    Прекинување на бременоста може да се врши во болничка здравствена установа која во својот состав има гинеколошко акушерско одделение кое ги исполнува условите по однос на простор, опрема и кадар согласно прописите за здравствена заштита и која што добила одобрение од Министерството за здравство за вршење дејноста прекинување на бременост.
    Министерот за здравство пропишува медицински протокол за работа во кој ќе се содржат потребните медицински иследувања вклучително и ултрасонографски преглед пред и по прекинување на бременоста, како и постапките за изведување на прекинување на бременост.
    Член 20
    Здравствената установа е должна да обезбеди вршење на постапката за прекинување на бременоста од тим составен од доктор-специјалист по гинекологија и акушерство и медицинска сестра, односно акушерка.
    По исклучок од став 1 на овој член доктор на специјализација по специјалноста гинекологија и акушерство може да врши постапка за прекинување на бременоста под надзор на доктор специјалист по гинекологија и акушерство под услови за вклучување на пациент во медицинска настава уредени со прописите за заштита на правата на пациентите.


    ДРУГИ ОДРЕДБИ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ НА БРЕМЕНОСТА
    Член 21
    Здравствената установа за вршење на прекинување на бременоста е должна:
     да формира комисија за контрола на квалитет на здравствената заштита, што ќе врши постојано следење, проценка и унапредување на квалитетот на медицинските интервенции за прекинување на бременост во интерес на обезбедување на безбедноста на бремената жена во здравствената установа и унапредување на нејзиното здравје,
     да организира задолжително советување преку услуги за соодветно информирање (брошури, летоци, плакати и друго), поддршка и советување на бремената жена и нејзиниот брачен другар, како и нејзиниот родител, односно старател за штетноста од прекинувањето на бременоста по здравјето на жената и нивно запознавање со можностите и методите за спречување на бременоста. При спроведување на советувањето треба да се вклучи и психосоцијална поддршка на бремените жени, во соработка со специјализирани здравствени установи, како центрите за социјална работа,
     да даде препораки за соодветна здравствена заштита на бремената жена и по прекинување на бременоста, во соработка со избраниот доктор, се до потполно закрепнување на бремената жена од медицинската интервенција за прекинување на бременоста,
     здравствените установи по гинекологија и акушерство од примарната здравствена заштита, особено во руралните подрачја се должни преку активен метод на работа и советување преку услуги за соодветно информирање (брошури, летоци, плакати и друго) да им посветува постојано внимание на жените во генеративниот период, укажувајки им на предноста од контрацептивни средства и методи во спречување на несакана бременост и на штетните последици од прекинување на бременоста, по здравјето и животот на жената како фактори во планирањето на семејството.

    Комисијата за контрола на квалитет на здравствената заштита од став 1 алинеја 1 од овој член ја сочинуваат три члена и тоа медицинскиот директор, кој е истовремено и претседател на комисијата, и двајца членови од редот на здравствените работници од здравствената установа кои се избираат од медицинскиот директор за период од три години.
    Комисијата за контрола на квалитет на здравствената заштита од став 1 алинеја 1 од овој член донесува деловник за работа со кој се уредува начинот на работа на комисијата.

    Член 22
    За сеопфатно и навремено запознавање на жените и мажите со последиците што можат да настанат поради прекинување на бременоста и со средствата што се применуваат заради спречување на бременоста:
     - јавните здравствени установи – здравствените домови преку службата за превентивна здравствена заштита и поливалентна патронажна служба, установите за социјална заштита и Заводот за заштита на мајки и деца, воспитно образовни установи, како и заводите за здравствена заштита во рамките на своите надлежности, се должни во своите програми за работа, да ги опфатат и прашањата за укажување на жените и мажите, како и на младината на штетните последици од прекинувањето на бременоста и на предноста од примената на средствата и методите за контрацепција,
     - воспитно-образовните установи се должни да вклучат програмски активности за запознавање и воспитување на младината за хумани и здрави односи меѓу половите.
    Единиците на локална самоуправа може да основаат Центар за советување и подршка на бремената жена, во кој може да бидат ангажирани доктори, психолози, социјални работници и други стручни лица и каде жената ќе може да ги добие неопходните информации во врска со бременоста, прекинувањето на бременоста и штетноста од прекинувањето на бременоста по здравјето на жената.
    Член 23
    Ако при довршување на започнатото прекинување на бременоста основано се посомнева дека е во прашање кривично дело извршено со започнување прекинување на бременоста кое се довршува во здравствена установа, директорот на здравствената установа во која е довршено започнатото прекинување на бременоста е должен за тоа веднаш да поднесе пријава до надлежното јавно обвинителство и известување до Министерството за здравство - Државен санитарен и здравствен инспекторат.
    Член 24
    Здравствената установа во која е извршено или во која е довршено веќе започнато прекинување на бременоста е должна за секој случај на смрт на бремена жена да го извести Министерство за здравство - Државен санитарен и здравствен инспекторат и Министерството за внатрешни работи.
    НАДЗОР
    Член 25
    За обезбедување на примената на овој закон и прописите донесени врз основа на него, како и за обезбедување на безбедност на бремените жени при спроведување на прекинувањето на бременоста, во здравствените установи и на првостепените и второстепените комисии, се врши:
     надзор над законитоста на работата,
     надзор над стручната работа,
     внатрешен надзор над стручната работа и
     инспекциски надзор.

    Член 26
    Надзор над законитоста на работата и над стручната работа на здравствената установа и на првостепените и второстепените комисии врши Министерството за здравство согласно прописите за здравствената заштита.
    Член 27
    Здравствената установа организира внатрешен надзор над стручната работа на своите здравствени работници, на начин утврден со општ акт на здравствената установа.
    Член 28
    Инспекциски надзор над примената на овој закон врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
    Инспекторот при вршење на инспекцискиот надзор е овластен да:
     забрани вршење на дејноста, како и да забрани употреба на објектот во кој се врши дејноста ако нема дозвола за работа, односно недостасува некој од условите за вршење на дејноста,
     нареди воспоставување и водење на евиденциите пропишани со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон,
     нареди отстранување на недостатоци односно неправилности во согласност со законите и другите прописи со кои се уредува заштитата на здравјето на луѓето,
     нареди соодветно документирање и чување на податоците што се водат и да се обезбеди заштита на податоците добиени од спроведените постапки, и
     нареди на здравствената установа изготвување на извештаи кои е должна да ги поднесе до Министерството за здравство.

    Член 29
    За извршениот инспекциски надзор, добиените податоци и констатираната фактичка состојба, инспекторот е должен да состави записник.
    Доколку инспекторот утврди дека не се применувани законите, прописите и други општи акти, донесува решение со кое се наредува извршување на определени мерки од член 28 став 2 од овој закон во одреден рок кој го определува инспекторот.
    Инспекторот е должен да и достави примерок од записникот и решението на здравствената установа кај која е извршен инспекцискиот надзор.

    Член 30
    Во вршење на инспекцискиот надзор инспекторот постапува согласно со прописите за општата управна постапка и инспекциски надзор, освен доколку поинаку не е определено со овој закон.
    Член 31
    Во случаи кога ќе се утврди постоење на непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето, инспекторот дава усна наредба за итно и неодложно одстранување на недостатоците, која се констатира со записник.
    Во случаи од ставот 1 на овој член , инспекторот донесува решение во рок од 24 часа од издавање на усната наредба.

    Член 32
    Здравствената установа е должна да ги изврши мерките содржани во решението на инспекторот.
    По жалбата против решението на инспекторот во втор степен решава комисија формирана од министерот за здравство.
    Жалбата по решението од став 1 на овој член не го одлага неговото извршување.

    ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ
    Член 33
    Глоба во износ од 25.000 до 50.000 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на правно лице ако:
    1. изврши прекинување на бременост спротивно на член 3, 4 и 6 од овој закон,
    2. не ги обезбеди правата на бремената жена од член 5 од овој закон,
    3. не се водат записници за одржаните седници на комисиите и книга за евиденција согласно член 15 став 1 од овој закон,
    4. не ја чува документацијата во врска со работата на докторот односно на комисиите согласно член 15 став 2 од овој закон,
    5. не поднесе најдоцна до крајот на јануари во почетокот на годината извештај за работата за претходната година до министерот за здравство согласно член 17 од овој закон,
    6. не постапи согласно член 18 став 3 од овој закон,
    7. врши прекинување на бременоста без да ги исполнува условите од член 19 став 1 од овој закон,
    8. овозможи вршење на постапката за прекинување на бременоста спротивно на член 20 од овој закон,
    9. не постапи согласно член 21 став 1 од овој закон,
    10. во програмите за работа не ги опфатат и прашањата за укажување на жените и мажите, како и на младината на штетните последици од прекинувањето на бременоста и на предноста од примената на средствата и методите за контрацепција, или не вклучат програмски активности за запознавање и воспитување на младината за хумани и здрави односи меѓу половите согласно член 22 од овој закон,
    11. не поднесе пријава до надлежно јавно обвинителство и/или известување до Министерството за здравство - Државен санитарен и здравствен инспекторат согласно член 23 од овој закон, и
    12. не поднесе пријава до надлежен орган во рок од три дена за секој случај на смрт согласно член 24 од овој закон.

    За прекршокот од став 1 на овој член глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече и на одговорното лице во правното лице.
    За прекршокот од став 1 на овој член глоба во износ од 5.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече и на докторот кој што го сторил прекршокот.
    Член 34
    Глоба во износ од 2.000 до 3.500 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на доктор ако:
    1. не ја упати бремената жена на првостепена комисија за одобрување на прекинување на бременоста согласно член 7 став 1 од овој закон,
    2. изврши прекинување на бременоста на бремена жена која е малолетна, или лишена од деловна способност, без барање односно согласност за прекинување на бременоста, од родителот односно старателот на бремената жена согласно член 9 став 2 и член 11 став 2 од овој закон,
    3. не го извести директорот на здравствената установа за довршено прекинување на бременост без одлука на комисиите во рок од 24 часа согласно член 13 став 2 од овој закон и
    4. не води евиденција во книгата за евиденции согласно член 15 став 1 од овој закон.
    Глоба во износ од 5.000 до 6.000 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на членовите на комисиите ако не донесат одлука во рок од три дена од поднесувањето на барањето за прекинување на бременоста односно откако ќе и биде доставен предметот по приговор од бремената жена односно при постоење на оправдани причини, во рок не подолг од седум дена согласно член 12 став 2 и 3 од овој закон.
    Глоба во износ од 5.000 до 6.000 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на директорот на здравствената установа ако не ја извести првостепената комисија за довршено прекинување на бременоста без одлука на комисијата во рок од три дена за случајот согласно член 13 став 2 од овој закон.
    Член 35
    Прекршочната постапка за прекршоците предвидени во овој закон ја води надлежниот суд.
    Пред поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка за прекршоците предвидени со овој закон, Министерството за здравство води постапка за порамнување согласно законот за прекршоци.
    КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ
    Член 36
    Доктор кој ќе изврши прекинување на бременоста спротивно на одредбите на овој закон или во здравствена установа која не ги исполнува одредбите од член 19 на овој закон кривично ќе одговара и ќе се казни со казна затвор од шест месеци до три години.
    Член 37
    Здравствена установа која врши прекинување на бременоста спротивно на член 19 од овој закон, кривично ќе одговара и ќе се казни со парична казна и со трајно одземање на дозволата за работа.
    Директорот на установата од став 1 на овој член, кој/кои ќе дозволи прекинување на бременост во здравствена установа која не ги исполнува условите од член 19 на овој закон, кривично ќе одговара и ќе се казни со казна затвор од шест месеци до три години
    ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
    Член 38
    Министерот за здравство во рок од една година од денот на влегување во сила на овој закон ќе ги донесе прописите чие донесување е утврдено со овој закон.

    Член 39
    До донесување на прописите од овој закон ќе се применуваат прописите што биле во сила пред денот на влегување во сила на овој закон.
    Член 40
    Со денот на влегување во сила на овој закон престанува да важи Законот за прекинување на бременоста (,,Службен весник на Социјалистичка Република Македонија број 22/72, 18/76 и 15/95).
    Член 41
    Овој закон влегува во сила со осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“.
     
  5. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Ова требаше да стои во законот. Во Преодни и завршни одредби.

    [​IMG]

    :|
     
  6. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Сеуште не ми се верува дека ЖЕНИТЕ одат сами против себе и своите права. Не можам и точка.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Katerina2001

    Katerina2001 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Јас за жал кога бев силувана на 15 ипол години останав трудна и морав да абортирам и сеуште кога ќе ми текне на тоа плачам,но морав тоа е тоа живот.
     
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Искрено мислам дека целта на ГОЛЕМИТЕ е баш таа, да не умрат пред време. Ги заболе нив уво за наталитетот. Морталитетот е побитен од проста причина што колку е тој повисок толку ќе биде понизок расходот за пензии. Замислете кога чета од технолошки вишок, стечајци и вечно невработени за нула време ќе станат пензионери. Тие луѓе кои во 90-те, на свои 30-40 год останаа дома, сега се на прагот на пензионирање, со исполнување на старосниот услов. А овие ГОЛЕМИВЕ кога денес земаат позајмици за да исплатат пензии, што ќе биде тогаш?....
    Малку офф ... моментална констатација која сакав да ја споделам :)
     
  9. cungalunga

    cungalunga Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    Стварно не ми е јасно што е финтата со законот...дали ТИЕ стварно мислат дека ќе спречат абортуси и ќе се зголеми наталитетот?! Мислам дека последиците ќе бидат само абортуси на диво (по шупи и сл.) или пак ќе се плаќа прескапо за тоа, или во краен случај раѓање на деца од родители кои не ги посакуваат...
    Ич неќам ни да се родам, ако мајка ми решила да ме абортира!!!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Екстра.
    Нова пренесоа дека Хорхе го потпишал указот.
    Наздравје нека ви е поборнички за живот. (да не се осетат повикани тукашните поборнички за живот...ова е за оние што гласаа за законот, и она вмро-вско дувло од џоа мит граѓански здруженија,јес.Ај скроз.)
    Не дај Боже некој вам близок да се најде у ситуација да треба да се правда зашто сака да абортира и да не му биде одобрено, особено некоја што била силувана и не сакала поради х причини да се објаснува, поради причина што не сака да ја минува повторно голготата, поради безбедносни итн. итн., поради едноставна причина што мачо менотт може да е некој од функционерите на оваа влада, оти можда не сте знаеле, но во оваа влада имате и такви кои ги уценуваат вработените за да добијат решение, за да не ги сменат од позиција, за за... милиони работи низ кои минуваат секојдневно.
    Но нели, оваа влада се секира за здравјето на жената.
    Па може и ќе ви се забрани норлеово , и тоа да оди само по преглед на лекар... може ќе решат дека претерано млади имате секс, претерано млади остануваат бремени, па ќе решат со нова мерка да се справат, да ви се пишува у книшка кога сте ја загубиле невиноста и задолжително периодично да одите на проверка..чисто да се знае, имате или немате секс, припазувате со кого имате секс, користите заштита, колку често имате и зашто... и ова да оди на увид кај министерот секој последен работен ден од јануари.
    Убавини од држава.
    Но, да јесте, тоа дете штом се роди... може да биде идниот пронаоѓач на магично стапче со кое ќе направи да , сите глуперди недоделкани типу овие владини фунционери и потрчковци испарат у вечноста. Амин.
     
    На Lolo5, Divinebutterfly, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  11. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Да спомнам само, дојдов до еден муабет во врска со апчињата за ден потоа, и во гооолем дефицит се..
    Во огромен значи.
    Ако не па, на некој и тие ќе му завршат работа, а во САД веќе доведоа и закон за земање без рецепта.
    Срамови, со Т сТрамови.. да се поголеми
     
    На Hipster, Hipica и zhap4e им се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ^ Што е следно, ќе ни забранат увоз на презервативи, да не кажам кондоми (кажав).
    :^)

    За Ден потоа не се ни чудам. Мислам не е ништо ново.
    Од икс причини прашав во 100 аптеки пред некои 4 години и го немаше ни за лек. НИ-КА-ДЕ.
    :|
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Епа судејќи по примерите што ги избројаа, као..земјите каде постои сличен закон да, бремената жена достави барање освен Холандија (за каде па една девојка имаше напишано по фејсбукот -директно прведено од нивната процедура..дека, благе везе нема со овој нашиот закон.... пошто не бараат екстра документација и не е таква процедура, како нашава...)
    ...еееееееее спомната истата Португалија, за која кусо ви пишав пред неколку дена во постот кога прашував за „тежината“ на одлуката на комисијата.
    Епа драги мои, Португалија е земја каде ваквото нешто се спроведуваше и со забрана за „ден потоа“, каде жените завршуваа на суд затоа што абортираа, каде умираа затоа што абортираа по квази-клиники, каде имаше мисија на Women on Waves докторки кои стоеа во меѓународни води, не им беше дозволен пристап до Португалија, а докторкиве беа со мисија да делат Норлеово за да го намалат процентот на смртност кај жените...оти жените, дури зимале и некакви си апчиња поразлични од Норлеово, кои буквално им ги гореле органите внатре.
    Имаше пред неколку години 2004 документарец за сево.
    Уште од тогаш го памтам. Ама ах. Во оваа држава други умови владеат, а уште позаспани се тие што треба да се избориме против ваките работи.
    Веќе работава е да со воздушна пушка се браниш од овие глупости, оти правниот систем НЕ ФУНКЦИОНИРА бар не во интерес на граѓанинот.

    http://www.womenonwaves.org/en/page/934 ... omen-on-wa
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Жапче, да си жива и здрава ме изнасмеа :bow:

    Туку во контекст на твојот пост, нели законот пропишуваше дека мора согласност и присуство сопругот или на таткото на зачнатото дете. А пошто за жената која не е во брак(ма и за таа која е во брак) никој не може да биде сигурен кој е таткото освен жената, наредно може да наложат да си ги регистрираме сексуалните партнери во некој си мудро измислен регистар од страна на Тодоров, исто ко фирми, па и фирмарина може да плаќаме, што да не, за да утре ако дојде време за абортус да си ги имаат на увид сите потенцијални кандидати, па врз основа на принципот на елиминација да се утврди кој од мачо мените е инволвираниот за да може и дотичниот да оди на советување :lol:

    Не е работава за смеење, ама ваков банален закон јас верувам дека на друго место не може да се донесе :shake:
     
    На Lolo5, Divinebutterfly, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Неуспешно и тоа. :D
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Јас го превземав законот од веб страната на собранието, да прочитам со мои очи од А до Ш.

    Како се пишува, претходната или предходната? Јас колку се сеќавам на правопис, со Т е! Јас сум грешка или они? :^) Оти го употребиле во член 3 и повторно со Д во член 4.
    Прекинување на бременоста не може да се изврши ако од прекинување на предходната бременост не поминала една година.

    Ај за предходната и предходното во член 3 и 4 да не знам, ама и претставува ли е со Д?
     кога врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста представува опасност по животот

    Не читам понатака. Јас не сум едуцирана високо на македонски јазик и можеби грешам, ама некој кој знае подобро нека ми каже дали буквално неписмена раја донесуваат закони, противзаконски, затоа што сигурно се коси како прво со законот за македонски јазик, кога едно упатство за лек мора по закон да е напишано по стандард на официјален јазик пред да е пуштено во употреба, па како можат вака да одат против закон за закон? Го прави ли ова законот невалиден? :!: :?:
     
    На Annath, Hipica, Peppermint и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Mоре стравови се.Стравови и се ќе сторат за да се зголеми наталитетот.
    Mоже и составот на апчињата Ден потоа ќе биде витамински. :lol:
    A на кондомите едно мало дупче. ;)
    Па мислете му ја ..... :hai:
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    :D хаха виножито ме пресмеа. Ми текна на една од почетниве епизоди на „Очајни Домаќинки“, т.е како Карлос ја насамари Габриела да остане трудна. :D Само да не им воведат такви обуки на маживе наши, тешко нас. :D

    1 час совладување на техника на дискретно оштетување на кондоми.

    2 час заменување на анти-беби пилулите со витамински апчиња со иста форма и вештини за запечатување на табличката да изгледа што поверодостојно.

    3 час ефикасно водење евиденција на циклусот на партнерката

    4 час ефикасно утврдување на деновите со највисока веројатност за зачнување

    5 час учење на „не може да ме одбие“ вештини (затоа што силувањето и однос додека партнерката е во несвест/спие се`уште се смета за злосторство)

    Потоа следува практична примена, а тој кој ќе успее прв да ја оплоди партнерката добива солидна втора награда. :D a тој кој ќе ја убеди партнерката да го задржи детето, добива со партнерката втор меден месец на дестинација по избор. :D


    Не ме сфаќајте погрешно, да се нашалиме малку. :D
     
    На Lolo5 и vinozito1 им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    @ Боа, ме изнасмеа :D или Гордана ќе прибира ДНК од сите мажи, освен отисок од прст за вадење лична карта, ќе се остава и влакно или кој сака и сперма може :D и така одма ќе направат испитување по итна постапка - кој е таткото да се утврди, за да не остане тоа дете без родител цц и свадба ќе им направат, ќе ги ангажираат Све за љубав... па ќе ги праќаат на советување секој месец - како да ја одржат/ложат ватрата во домот. Чунќи,тоа е битно за нацијата.

    Шала на страна, :) делот со сопругот..т.е брачниот другар можно е да е испаднат од финалниот текст што е изгласан... тоа не сум 100% сигурна, оти, во овој документ на странава на Собрание е прецртан е дел со линија на средина.
    Него, испаѓа, ако човек не преживеал преку ова со абортусот :D благе везе си нема за процедурава претходно како била, па ќе скока за се ко млад мајмун. (дезинформатори сме цц) Ете, тоа со силувањето и јавниот обвинител ич не ме бендиса кога го прочитав, ама :) испаѓа дека е нешто што се влече од прeтходниот закон од ’72 година цц http://www.slvesnik.com.mk/Issues/020DC4CE757B41288304D7701A147D68.pdf
    Се’ е исто со Комисиите, со чудата, со тоа 1 година ако поминало од претходната бременост... 10те недели,мада, во стариот стои абортус може до 3 месеци од бременоста,а потоа е внесена измена „10 недели“. (првиот линк е пречистен текст со измените на законот од 72 г.) Веројатно ова е и проблемот на Хера со „немањето аргументи“ цц кога отишле кај Иванов, кој да ги знае :D си велам, ваљда побогу кога се нафатиле да ја тераат работава, препрочитале...не ко мене тука да си се испукам за новиот свет што ми се откри со овој закон цц . Жал дури ми паѓа што Тодоров почнав да го викам уана би диктаторче цц (ама, сепак, членовите што ги извадив, и понатаму не ме бендисуваат. Мене ми се чини или...озбилно нешто требало да се стори во врска со тоа нешто.Ама, или никој не наишол на проблеми па немало реакции или не знам што е работата. :) Оти, реално има и закон за волонтерство кој мене ми се чини многу нечовечки-искористувачки... препишан од оној од хрватска со тоа што е испуштен дел во кој се дозволува некој да го цеди волонтерот..во работни часови - период за работа, ама.. законот постои, невладини не реагирале, напротив итн.)

    Не знам, ја нисам одавде :D У пред-пост-ПМС сум вечно изгледа цц
    За на Голи Оток сум. Бранувам тука духови непотребно :rofl: СОРОСОИИИИИИДДДДДДД! Со тапија. цц

    пс. сеа ќе разгледам подетално де членовите што е различно. ццц
     
    На Lolo5, Hipster и BoaVista им се допаѓа ова.
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^
    Ами јас ко велев полека, не е нишчо страшно, никој не ме слуша :D Само паники креваш, де сосила ќе раѓаме, де ќе умреме од ѓумбир... :D