Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закон за абортус-Да или Не

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Irrepleceable, 2 јуни 2013.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Аха, смеј се ти, смеј се :D и јади си ѓумбир со лимун. Па коа ќе те заболи желудник,немој да ме прашуваш,жабоо како ти беше,што правеше ти тогаш :D A, ако примаш терапии ради срце и не ти делуваат,ееее тогаш не се мешам. Никој не ме ранил до толку ццц

    Него, до сега не сум го зјапала тој дел за да се бунам - со пријавувањето кај ЈО,ама ок, нормално е.се е ноооормално. Инаку би било клевета за непознатиот силувач цц
    Ваљда на жените им било по ок да си траат и кога оделе кажувале оти сакаат да си абортираат,не се спремни или х други причини.

    Разликата е во писмена изјава и писмено барање што мора да се достави и да се чекаат три дена, освен ако е штетно по вашето здравје тогаш одите комисиски. Се е супер со Тодоров. Немојте лошо за него. Скорпион ќе ве тепа ццц раааааааѓајте моми! Не ве присилуваат,само малку сакаат да делуваат на психата. А и во согласност со Уставот е :D
    Член 41
    Право на човекот е слободно да одлучува за создавање на деца. Републиката, заради усогласен економски и социјален развој, води хумана популациона политика.

    Немојте да сте писнале! :D
     
    На Hipica, lunicka и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  2. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.546
    Допаѓања:
    5.894
    Закон за абортус..цц...нема што да прават измислуват само

    пари нема деца че има по домовите за сираци...

    па јас ако сакам да си ја пресечам ногата ќе ми забранат ли? Па тоа си е од мое тело и ќе си правам со него што сакам... Или ако е некоја силувана и останала бремена што треба таа жена/девојка да прави?
    Хах па нека не ги забрануват апчињата и нека делат бесплатно кондоми ;) дури тогаш ќе нема абортуси... Или пак на докторите ќе наредат ајде нека чекат до 6 месец и после ќе и велите касно е не можете да абортирате госпожа затоа што самите доктори одложувале...
    Или пак во Австралија - после третото дете може да се абортира хах...
    Сакат ли се на црно да абортират жените па да изумрат пола цц.

    Кој што сака нека си прави со неговото тело...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека нема потреба од закони за абортуси.
    Еве зошто... Јас мислам дека секој си има право да одлучи што ќе прави со својот плод, дали ќе роди или ќе абортира. Знаете колку случаи има со слиување, и после тоа да бидеш принуден да го родиш детето. Секогаш кога ќе го видиш детето, ќе се сеќаваш на таа страшна случка?
    Тоа е неопдносливо..
     
    На SunnyGirl2, Lolo5, WeHeartIt и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Зборувате паушални, неиздржани и типично тинејџерски муабети.

    Секое девојче денес многу добро е запознаено што е секс, какви болести постојат и што последици носи небезбедниот секс. Како може на 16 години да носи штикла 15 цм, да се облекува како најевтина проститутка, а да не знае и да не е информирана за секс? Тоа се празни муабет и барање најлесна причина за оправдание. Девојчиња во средните училишта прават оргии, а не дали се информирани за секс.

    Законот за абортус ќе претрпи некои измени во иднина тоа со сигурност. Јас сум за абортус во случај девојката да е силувана, плодот да е нездрав, при случај да е доведено здравјето на мајката и такви слични работи.

    Како можеш да се служиш со такви тинејџ муабети “кој има право да ми кажува што јас да правам со мојот живот“? Тогаш зошто некој би ти кажувал дали имаш право да се дрогираш, дали имаш право да станеш алкохоличар, дали имаш право да станеш педофил и да силуваш? Нели твој живот е и ти имаш право да правиш со твојот живот што сакаш? Не драга, живееш во социјално општество каде што се почитуваат некакви природни закони на сите луѓе. Каде би ни бил крајот на овој свет кога сите би правеле тоа што сакаме?

    Не е проблемот толку со прашањето на абортусот, туку со прашањето каде оди оваа наша младина со својот живот? Затоа и стигнуваат вакви појави како несакана бременост баш поради неморалниот живот на младината. Девојчиња од 16-17 години се однесуваат како проститутки, се облекуваат како проститутки, не живеат свој млад тинејџерски живот како што им личи на свои години, туку главна тема на муабети им “one night stand“ и “моите секс партнери се бројат на прсти“ и тоа на 16-17 години? Ало, дали е тоа нормално за тебе?Такво општество со такво размислување нема никаков просперитет драга, туку деструкција. Затоа кај нас неможе повеќе од 2 години да опстане брак. Последните години само слушаме за разводи, насилство, изневерување наместо среќни и нормални семејства.

    Јас неможам да се мешам во нечиј интимен живот, но можам да посакам и да забранам таква личност утре да е другарка или пријателка на ќерка ми. Такви личности 20 км подалеку од моите деца, па тие со кого сакаат нека се ебаваат и глумат Ким Кардашиан. Мојата ќерка ќе расне во здрава средина и ќе има нормално детство.

    Имав среќа да раснам и пораснам со генерации каде што љубовта, чесноста, верноста, само почитувањето беа до некаде темел на животот. Мојата генерација имаше колку-толку мерка за било што во животот.Во моја генерација курви, спонзоруши и дрољи се броеја на прсти, а денес што се случува?
    Родители своите 15-16 годинишни деца ги пуштаат сами на одмор во Грција, а таму знаеш што прават? И не само тие 15-16 годишни, туку и постари генерации што важат за најевтини девојки таму и тоа проституција со Грци за две пијачки. Секој што бил таму ми го кажал истото . Генерации во коишто некој ти го гази своето националното, вековното, те газел, убивал, ти зема територија, а ти одиш и се проституираш и е*еш со Грци, Шиптари, Турци како што беше случајот со бебето Најден во Арачиново. И, уште јас да земам да ги правдам и кажувам “ секој има право да прави што сака“?Да, има, ама подалеку од моето семејство утре!


    Проблемот не е во абортусот, туку што довело до тој абортус. Тоа треба првин да се анализира, а после се друго. Овој закон е повеќе борба за опстанок како нација и држава отколку некаков морал. Доживеавме тотална демографска катастрофа, секоја година има по 4,000 Македонци помалку, Македонките не сакаат да раѓаат, повеќе им одговара живот на никаква одговорност и зрелост, станавме нација на старци, муслиманската популација веќе брои 50% од новороденчиња во Македонија, секој ден губиме педа земја од оваа земја. Во Западна Македонија веќе за 20 години нема да има жив Македонец веќе, затоа што сите наши си го продадоа газот за пари. Тоа е Македончето и неговиот карактер и менталитет. И, ова не е најстрашното, туку допрва не чека. За 10-15 години многу машки кај нас нема да имаат девојка за женење како што е веќе случајот по многу села, затоа што нашите “еманципирани “ Македонки ја збришаа со секој прв странец што стапнал во оваа држава. Се направи голем дисбаланс во сооднос машки-женски.

    Од друга страна гледаме Албанки, Турчинки и Босанки со многу слаб процент на абортуси, многу поморален начин на живот, вредни домаќинки, добри сопруги и мајки, национлно горди коишто секогаш се држат до својот народ каде и да се без разлика што ние од наши комплекси сакаме да ги претставиме како “ заостанати“ и “ прости“. Има многу што да се зборува на оваа тема и да се каже, затоа што бара посуштинска анализа на работите.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    А дали ќе е поубаво ова сега што го направија со законот, тие тинејџерки за кои ти зборуваш сега од страв од стигматизација и (о)зборување од ова наше општество, ќе го прават абортусот на диво, во којзнае какви услови. Бидејќи немој да ми кажете дека личноста ќе се промени само со вовед на нов закон. Сеуште ќе постојат такви млади и повозрасни, бидејќи тој Морал за кој зборуваме е всаден првенствено од дома и никој неможе да го промени се до моментот кога на личноста нема да и текне колку е нечовечна (ако и текне). Како помлада лично јас постојано се прашував зашто некои мои врсници постапуваат на одреден недоличен начин?! Верувај одговор не најдов. И верувај на човек никој неможе ништо да му забрани, ако нешто намислил ќе направи. Ти воведувај и 1000000 закони ако свеста на Македонецот не се стави во ред таков ќе си е. Во земја кадешто им се простуваат паничните испади на елитните деца на министерите нема да може да се бара моралност. Дали министерите и пратениците по некој шаблон треба да се слика на народот?! Претставници на истиот?! Па тогаш кога на ним им се може СЕ, зашто не и на другиве млади девојчици кои се сметаат за преубави и преамбициозни, а истовремено од дома се загоени со желбата да најдат побогат маж :x . А знаеме дека овакви те мислења за мажачки во Македонија постоеле многу одамна. Тука најчесто од дома не ја учат девојката да мисли за себе и да вложува во себе. Тука ја учат да си најде побогат дечко бе.

    ...И што е најважно младите тинејџерки не го слушнале и сфатиле законот убаво. Законот не е точно пренесен до луѓето. Тие се престрашени.

    Неможе во мене да ја вродат идејата да имам деца уште како млада баш поради некоја национална или верска основа. Мислам како бе, јас ако како човек не сум ЗРЕЛА да имам деца, нема да ги правам. А не за да го спасам наталитетот во РМ јас ќе раѓам деца за кои сум свесна дека не сум спремна да ги пораснам и издигнам во личности. Ај остај може сум зрела ама може немам финансии. Не сме сите богати како некои. И ние како нација за разлика од другите кои ги спомна, сметам дека барем повеќе си ја чукаме главата за тоа прашање - дали имаме нешто да му пружиме на нашето идно дете. А Албанците верувај дека не размислуваат многу многу детално за тоа. Различни светови, различни матрици се всадени и кај едните и кај другите.

    Наталитетот, во општество кадешто постои млада и образована демократија, може да се зголеми само доколку на народот му се подобри стандардот на живот. Сметам дека Македонците се образовани и знаат многу нешта за сексот и се останато. Не се правете самите прости.

    Јас никако не се интересирам за другиот морал. Родителите на таквите девојчиња и МОМЧИЊА треба да се секираат што пораснале. Зашто да се секирам кога тие мене нема да ме послушаат! Што јас добивам ако се прашувам зашто овој се ебе со секој?!
    Сакаш да кажеш во твое време немало спонзоруши? Па да со ваков назив не сте ги нарекувале. Ама секогаш имало такви кои се продавале за едно бесплатно враќање до дома, за една оценка или за добра брачна прилика. Сето тоа го прави ненормалната сиромаштија која владее во државава и недоволно човечките и зрели луѓе кои се решаваат да имаат деца, а реално не се спремни за истите.

    А ти навистина мислиш дека има (по)вредни и чесни домаќинки од Босанките и Албанките само затоа што раѓаат тони деца?! И најчесто каква едукација имаат тие жени кои имаат во денешно време над 5 деца, а немаат пари да ги одгледаат?! Ако гледаш на некој застарен начин има да, тие за кои зборуваш тие се ништо повеќе од понизни и достојни (на некој вештачки начин)бидејќи најчесто неможат да размислуваат самостојно, ниту им е дозволено.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Според мене овие новите воведувања во законот за абортус ми се смешни,без разлика што и да направат таа што решил да абортира ќе го направи тоа и нема ни закон ни жива сила да ја спречи,министерот треба да ја насочи енергијата кој другите проблеми во здравството на пример,најтешко болните и зависниците во нивно закрепнување најповеќе треба да се вложи моментално,нека оди на види на што личи душевната болница во DEMIR HISAR она е жалосно и катастрофа луѓето не ги третираат како болни ниту ги лечат само седат затворени до кога?нека дојди и нека види шт се случува во болницата во Битола исто така катастрофа невидена посебно долу во психијатрија зависниците од алхохол излегуваат и влегуваат во собите кога ќе му текни дури и пијани жалосно жалосно а тој со што се занимава куќата почнал да ја гради од чатијата господе боже помогни ни на нас народот...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Колку и да се буниме, законот веќе е донесен.
    Некому може ќе му оди во прилог , некому не.Впрочем како и сите закони , некому му одговараат некому не.Ама должни сме да ги почитуваме.Се што е надвор од законот може само да ни штети.
    Признавам дека економската состојба не дозволува склучување на бракови не па деца .Се поголем е бројот на млади кои имаат стабилни врски што траат со години, ама ете од економски причини не стапуваат во брак, не па имаат дете.
    Тука треба да настапите вие со вашите младински организации, кои и те како функционираат насекаде во светот , а тука ги нема никаде :x
    Ретко ке слушнеме на вести за студенски барања и толку.Мислите само со зборување мегу себе ке смените нешто.Секако дека не.Повеќето сте образовани и може многу да се стори, ама треба да се дискутира,да се слушнат мислења ....да се дојде до заклучок како на кој начин може да се излезе од оваа ситуација , која вас ве погодува најмногу.
    Толку од вас се невработени и од тука тргнуваат речиси сите проблеми.Може на пример да се бара скратено работно време за тие со повисоки примања, така би се отвориле уште толку работни места тоа значи за сите по малку.Па старосната граница за пензија може да биде помастена за неколку години подолу .Реалност е дека никој не сака да работи на 60 години, ако не е во фотеља.
    Брачниот пар би требало да добива финансиска помош барем првата година, да не зборуваме за надоместок за првородено и за детскиот додаток.
    За малолетната деликвенција државата се прави слепа.Постои.Да те страв да излезеш на улица.
    Се краде, се пие, се дрогира...За овој проблем треба ангажирање на многу стручни лица и установи.
    Барајте и ќе ви се даде има една поговорка . ;)
    Секој нормален млад човек сонува за семејство со дечиња, среден дом,платена работа, добра финансиска положба да може да си дозволи и повеќе од две деца, а не да ги абртира.Не верувам дека некој го сака абортусот.Државата треба да се подзамисли малку каде оди младината и кој е виновен?
    Да се запраша за статистичките бројки на невработеност, на разводи, на семејни наслилства, на приведени малади алкохоличари,на наркомани , на проститутки, а на да мисли само на наталитетот.
    Тоа дете утре ќе сака , солидно образование, па вработување,сопствен дом..не е само да се роди за да биде еден статистички број.Треба да има нормални услови за живот.
     
    На zhap4e, lolyta777, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Знаеш дека во Македонија најмногу абортираат мажени жени?Нив ги сметаш за растурени?Имаат еден партнер. Ама абортусот го користат како контрацепција што е крајно лошо. Таа 15 годишната не абортира 5 пати годишно,туку мажената што маж и го заболе за нејзиното здравје и си тера ќеф па не користат заштита.
     
    На cecilia, kikikikirika, lunicka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Треба да се регулираат ХИГИЕНСКИТЕ УСЛОВИ, МЕДИЦИНСКАТА ОПРЕМА и ТЕХНИКА на изведување на абортусот, да се почитуваат медицински правила кога докторот врши абортус, А НЕ ПРАВОТО ДА СЕ АБОРТИРА.

    АПСОЛУТНО НЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА АБОРТУС И САМИОТ МИНИСТЕР СО НЕГОВАТА ТАЈФА „СЕЗНАЈКОВЦИ“ НЕПИСМЕНИ
     
    На Lolo5 и zhap4e им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.681
    Пол:
    Женски
    Едно големо НЕ за законов. Секоја жена има право да прави што сака со своето тело.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Јас сум против абортус, зборувам лично за мене, за другите неможам да кажам или да судам зошто секој што си прави си прави за него и на своја глава.
    Но, сметам дека законот има и многу пропусти , треба да проработи на "подобро да се спречи отколку да се лечи". Едукација преку кампањи за заштита од несакана бременост, бесплатно поставување спирала, дијафрагма кај жени кои не сакаат да раѓаат, стерилизација и сл. И точно е тоа дека денес жените во брак почесто абортираат отколку младите девојчиња, мислам дека помладите многу повеќе се информирани за своја возраст.
     
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ај да си дадам уште пет пари на темава.

    Јас одамна имам речено дека сум против тоа дека во Македонија на големо се користи абортусот како средство за контрацепција. Но закон, кој би и забранил, комисија која би одлучила дали жената може да абортира е абсурд, косење со основно право на контрола на својот живот, па не знам колку (ќе ги наречам непромислени) жени би скокале против абортус оти се топат и лајкнуваат слики на енци менци.

    И десет недели фора да земеме во предвид, малку е, со реални ситуации во живот. А пак кога станува збор за мали деца од 15 години кои како прво нема да знаат дека се бремени некое време, а можеби и би се криле да не кажат дома уште некое време, тотално абсурдно законот би осудил деца на пропаст.

    Мојот прв пост, откако се зачленив беше во темата брак без деца, каде се изјаснив дека не сакам да бидам мајка. Се штитам откако сум сексуално активна, најпрвин со перзервативи, народски кондоми нели. Потоа со контрацептивни таблетки. Еднаш годишно разговарам со доктор за начинот на кој се штитам. Разговарано имам за спирали, за депот инјекции, за импланти, за генерална стерилизација, имплантна стерилизација и за васектомија. Значи сите опции сме ги поминале, ги поминуваме или ги земаме во предвид да ги поминеме можеби во иднина. Ама баш кај сите има место за упс, бидна работа.

    Ај да земам за пример, божем живеам во Македонија. Во меѓувреме, доста е мене да ме фати некој стомачен вирус, препорачливо е да се штитам дополнително(ама потфрлила еве, се случува, а сметам дека се штитам со контрацептиви и сум на безбедно), или ако сум на антибиотик ја земам втората пакетка без пауза, оти така треба. Осум недели поминале веќе без менструација додека јас сметам сум била заштитена а всушност сум останала трудна.
    Додека не ми ни дошло мензис, време е за трета пакетка контрацепција, за секој случај земам тест и дознавам дека сум бремена во 9та недела. Да, да, моја другарка дозна дека е бремена во 11та а се штитеше исто со контрацептивни таблети. Ете ти реално сценарио.(она планираше деца во иднина па реши да роди сега кога веќе се случило инаку ако некој го интересира)

    Да ме земе сега мене трудната комисија. Додека букирам да видам доктор сум влезена во 10 и не ми е дозволен абортус со само мој потпис, со комисија ќе е. Гледа комисија, ахам имаш голема куќа, имаш финансии за три деца не едно, здрава и права си и не те следува право на абортус. Ти сестро ќе раѓаш! второстепена прочешла повеќе и гледа, ааа всушност имаш ти услови и за четврто не за три а камо ли па за едно да е муабет. Би го земале фактот овие комисии во предвид дека јас можеби попрво би се повредила себе, или и полошо, отколку да раѓам само оти НЕКОЈ ДРУГ одлучил така за мене? :x
     
    На Lolo5, the.one, galijan и 6 други им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Мислев дека толку ќе биде од мене на темата но мора да го посочам ова иако си го дадов ставот погоре.

    Се измешаа баби и жаби, домаќинки и к**ви, раѓање со one-night stand, што не.
    Се` си е до сфаќањата. Но јас искрено не ја гледам врската помеѓу к**варлукот/поштењето и децата во семејството. Ако сум к**ва и четири деца да родам нема да станам домаќинка, можам да ги одгледам по принципот „од раце у раце“ како што прават многу а јас да си терам ќеф каде што не ме знаат.

    И прави една жена што ја познавам така, а да кажеш на некој, би ти се насмеал у лице... „Она ли? Ма домаќинка жена, не ме смеј“ (а цуцава сама ми има кажано некои работи).

    Исто така не зависи ни од националноста. Таквите ни нација ни вера не ги бира. Само што воглавном знаат и сакаат подобро да се кријат од нас пошо им е наметнато такво размислување. Наши девојчиња во повеќето случаи не се ни замараат да се кријат.

    И тие што се мажени со некој за пари исклучиво и му раѓаат деца колку да го задржат не се проститутки според вас? Драги мои, ни потписот у матично, ни три пораѓаи не можат да скријат една к***а. Тие се за мене к**ви, а не слободни девојчиња кои си уживаат во животот и се забавуваат со момци, што е многу здраво и нормално и повеќе сум за активен (но безбеден) сексуален живот на помлади девојчиња доколку телото им го бара тоа, отколку да се стискаат и фрустрираат и тие фрустрации да излезат на друго место, или пак на 40 и кусур да се понашаат ко бесно куче пуштено од ланец.
     
    На galijan и karenin им се допаѓа ова.
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Валерија ако сакаш да се обратиш на моето претходно мислење, ако не ти е тешко, според тебе последниот пасос од мојот пост. Всушност, ај ќе го цитирам полесно да ти е.
    Тука законот ми прави услуга со тоа што ме спасува од проголтаниот часовник, или ме осудува на живот кој јас во таква ситуација можеби би го загрозила тркалајќи се по степеници со надеж да пометнам, или би избрала да го немам за живот воопшто?
    Дали се разбираме сега за што правиме муабет и што ти всушност поддржуваш со тоа што го поддржуваш овој закон?
     
    На SexiLy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Вчера статистиката на ниво на Република Македонија изнесе официјални информации за состојбата на невработените во нашата земја.

    53% од невработените се млади лица до 24 години, односно секој втор млад човек е невработен. Што ти кажува тоа?

    Дека постои економски колапс и дека не постои изворот на егзистенција - паричните средства. Затоа младите не сакаат да ставаат здрава нога во трн. Зашто ниту девојката, ниту дечкото НЕ СЕ ВРАБОТЕНИ. И нејќат да склапаат деца.

    Мене искрено ми е смешно лицемерието што корне од вас пролајферите. Велите постои заштита иако истата не е 100 % сигурна?

    Тогаш зошто не се буните да стават контрацепциски средства на позитивната листа за лекови?
    Зошто една спирала 4000 денари, а со интервенција 100 евра?
    Зошто не ја покренете свеста кај мажите околу вазектомија? Зошто жената мора за се` да го папа до крај?

    Јас ќе бидам против абортус, кога читај: Сите овие средства ќе бидат достапни за широката популација, со прописно користење. А не едно апче да ми го шитка колку моите две дневници.
     
    На Lolo5, galijan, WarriorAngel и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Јас убаво прашав, но ми го избришаа постот. Зошто земјите во Западна Европа и Америка немаат наталитет и фертилитетот таму изнесува 1,1 по жена? Значи зборуваме за земји каде што жената е на секаков начин бенифицирана да раѓа и има максимална заштита и стандарт. Одговори ми зошто?Еве кај нас ќе кажеме дека стандардот е причина иако тоа е делумно точно, но има далеку поголеми фактори за катастрофалниот наталитет освен стандардот, но зошто Французинка и Германка не сакаат да раѓаат?

    Зошто во Париз малцинство на афрички и азијски емигранти раѓаат 50% од децата, а сочинуваат не повеќе од 10% од популација на Париз? Толку ви се паушални и неиздржани постовите тоа е едно чудо :)

    Еве го дното кое го допревме како нација. Ова се општини со позитивен природен прираст во 2011/2012 година.

    Тетово-+438
    Студеничани-+406
    Ш.Оризари-+334
    Струга-+223
    Куманово-+259
    Липково-+264
    Арачиново-+186
    Желино-+208
    Гази баба-+217
    Сарај-+451
    Чаир-+448

    Значи општини коишто се населени со Албанци, Турци и Роми, а каде што е населено со Македонци е демографски пустош.

    Сакаш да ми кажеш дека Албанци, Турци и Роми се повеќе вработени од Македонци и имаат поголем стандарт од Македонци за да имаат деца?Џабе се пуцате тука со постови кога ни една статистика не ви оди во прилог.
     
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Реков и стојам до тоа дека не треба да се рага само за статистиката да ни оди во прилог.
    Треба да си спремен да станеш родител.
    А што се однесува за Албанќите , Ромќите и самите знаете во какви услови растат тие деца .
    Што мислиш дека утре државата ќе ти го бере гајлето кога ќе треба да го изгледаш?

    Факт е дека државата треба да мисли првин на други приоритетни работи а тек после на наталитет.
    Не верувам дека во овие услови ќе го зголеми наталитетот.Напротив...
     
    На the.one му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Јас убаво поставувам прашања, а никој не ми одговара? Прашав зошто Французинки и Германки не раѓаат, а имаат далеку поголем стандарт од нашиот?

    Без наталитет тебе нема да те има утре, а ако сите наши мајки размислувале за абортус дали ти би постоела денес?Јас убаво кажав дека треба да се поведе ред за младината како живее и како се однесува за да не би дошло до несакана бременост.

    Кој тоа ве лаже дека Албанците и Турците ги раснат своите деца во лоши услови? Тие многу повеќе внимаваат на нивните деца отколку ние. Затоа имаат и понормална младина од нас. Погледни сите клиники во Македонија кој се дрогира, кој пие и кој цело време е на лечење, па ќе ти стане јасно кој повеќе води грижа за своите деца.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Jас убаво те прашав дали државата ќе ти го изгледа ама не ми одговори..
    Факт е дека младите се соочуваат со голема невработеност и многу од нив сакаат да станат родители, ама ете финансиските услови не и дозволуваат.
    А што се однесува до другите држави тоа е друга прича... :) Далеку сме од Французинките и Германките па да знаеме ...Сега дискутираме за младите кај нас , за животот овде и зошто е така како што е ..
    Се нема основни услови за да нормално функционира едно семејство.

    А за тоа дека младината се движи во погрешен правец , делумно си во право и тука сносиме дел од одговорноста .Ние сме тие што треба да и овозможиме пристоен живот, ама ете од некои причини не не бива.
     
  20. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Ајдеее... Темава отишла од абортус до воспитување на деца. Да се задржиме до темата ве молам. :)

    Незнам и не ми е јасно зошто баш сега се крена толку прашина за тој Закон за абортус? Па и дете мало што знае да чита да седне и да направи разлика на претходниот закон со овој ќе сфати дека не е направена ни една измена како што треба. За мене не е измена продолжување на рокот за три дена, или не е измена документите за барање за абортус (кои и претходно се поднесуваа) да се поднесуваат наместо во комисијата претходно (која е сега неважечка) да се поднесуваат директно во Министерството за здравство.

    Не велам јас дека тој закон претходно бил супер или дека сега овој е супер. Туку велам дека и тој и сега овој се исти и се за во канта.
    Ама прашањето ми е зошто претходно сите тие невладини организации за правата на жените кои дремеа пред влада откако се изгласа новиов закон, не седнаа во нивните ценети простории па да направеа еден план за подобрување на стариот закон? Туку сега кога се направи "нов" кренаа глава.

    Се согласувам дека законот не чини, се согласувам дека премногу е дигната галама околу абортусот, а треба повеќе да се посветат на заштитата и едукацијата кај младите, впрочем да се спречи воопшто доаѓање до абортусот.
    Ама пак ќе напоменам зошто тие организации кои најмногу се бунеа не седнат да дејствуваат? Наместо што пишуваа плакати со навредливи конотации можеа, а и сеуште можат да седнат па да напишат предлог за кој ќе се потпишува петиција итн. Па ако ништо друго малце по малце да се смени нешто.

    Ама такво е македончето знае само да збори, да оговара, да вика, да плука, слушнале некој протестира и ајде сите други јурииш, а незнаат ни зошто се таму, НАМЕСТО да застане да размисли со ладна глава и ДА ДЕЈСТВУВА.
    Несакам да навредам никого со ова само си го кажав своето мислење.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.