1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закон за домување

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Trendafilka, 16 август 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Законот за домување, според кој сите стамбени згради во земјава мора да имаат вработено домар, и тоа високообразован станар, стапи на сила од 13 (петок) Август.

    Арно ама, повеќето згради сеуште ја немаат формирано законски задолжителната структура и раководство. Казната, пак, за неформирање куќен совет е 300 евра од стан. Дали деновиве сатарот ќе заигра во зградите, останува да видиме наскоро.

    На интернет страницата на министерството за транспорт и врски во средата, два дена пред стапувањето на Законот во сила, немаше никакава информација во врска со оваа новина. Сепак, на страницата беа објавени еден куп документи - урнеци, како треба да се уреди раководењето на една стамбена зграда.

    Владата дури има урнек како треба да изгледа еден куќен совет. Така решивме да видиме што не чека во наредниот период, согласно Законот. Се сомневаме дека мнозинството станари се свесни што на пример содржи еден куќен ред!

    Во урнекот на ресорното министерство стои дека не се дозволува сушење алишта на отворени делови од зградата - прозорци, балкони и лоџии кои се видливи од другата страна на улицата или од друга јавна површина.

    На балконите се забранува чување работи кои го нагрдуваат изгледот на зградата, а се забрануваат и небезбедни саксии, кои цитираме - "Со паѓање може да повредат, оштетат или испрљаат минувачот или аутото под нив".

    Барем изготвувачите на ваквиот куќен совет да се потруделе да го напишат на литературен македонски јазик, не за џабе имаме Закон за користење на македонски јазик!

    Но, одиме понатаму. Свирење и пеење во становите не е дозволено во време од 13 до 17 и од 22 до 5 часот наутро. Се забранува тресење теписи, постелнини и други работи од прозори, балкони и лоџии. Ова се само дел од директивите објавени на интернет страната на министерството.

    Останува прашањето каде ресорниот министер Миле Јанакиевски ќе ги суши алиштата? А, уште поинтересно е како граѓаните ќе најдат пари да ја платат глобата и како ќе наоѓаат пари за да си го плаќаат домарот, секој месец редовно, со животниот стандард што го имаме?!

    Факт е дека ваков Закон беше потребен за да се стави ред во зградите, но, нам ни треба Закон со трошоци согласно приходите на граѓаните, а не ова!
    (преземено од http://zdravo.com.mk/vesti/makedonija/3 ... casot.html)

    Коментари? Има ли крај на глупостите кои оваа држава ни ги приредува? Мене посебно тешко ќе ми падне забраната за пеење! :D
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Во зградата каде што мајка ми издава стан формираа ваква заедница. И прво што направија- ги зголемија сметките. До сега плаќавме 450 за тековно одржување , а сега 550 денари . Пораснаа трошоците. Секоја заверка кошта пари, а секоја промена, значи вселување нови станари или промена на сопственост на стан , мора да се пријави.

    Што да кажам, од една страна има некој бенефит , ама па од друга страна зголемени се обврските и трошоците.
    Кој ќе се нафати да биде управител во зграда што има 14 спрата и преку 50 стана, никогаш нема да има 100% согласност од станарите, ниту ќе успее некој да води евиденција на становите и тоа без надомест.

    Јас мислам дека ќе падне на уставен поради правото на слободно здружување( или како и да се вика) . Не можеш да му наредиш на некој со закон да се регистрира во правно претпријатие, особено што се работи за непрофитабилни здруженија. Што ако јас не сакам да бидам дел од правно здружување ?
    Па и таа казна од 300 евра по стан, нормални ли се :^)
     
  3. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    78
    Лелееее, прв пат слушам за ова :o Не знам дали да плачам или да се смеам.. :^) Што уште не ќе измислат за да го наполнат буџетот...??? :x
     
  4. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    370
    Девојки, а бе што се секирате :rofl: :D ;)
    Секое чудо за три дена.....
    Овој закон нема шанси да го спроведат. Сега ќе ви кажам зошто со симулирана ситуација:
    Чук, чук,
    Јас: Кој е?
    Тој: Од општина сме господине, Инспекција за домување (by the way, ќе има таква инспекција).
    Јас: (Отворам врата малку, ко да си имам работа со Јеховин сведок) Да?
    Тој: Господине...вашата зграда нема регистрирано заедница на станари...Вие сте сопственик на станот?
    Јас: Да, сум!
    Тој: Господине ќе ви изречам опомена...или ќе ја регистрирате заедницата во рок од една недела или ќе платите казна од 300 евра секој!
    Јас: (луто) Молам?!?!
    Тој: Да господине, таков е законот!
    Јас: Слушај дечко...од кога ти работиш ова?
    Тој:Па..тоа не е битно!
    Јас: Ок, гледам млад си и неискусен, претпоставувам не многу одамна те вработиле...Туку ај слушај вака: Ќе одиш и во општина и во комитетот од кај што те пратиле и ќе им кажеш дека ако една опомена или не дај боже казна (тука веќе викам) дојде во оваа зграда, никој од зградава нема да гласа за вас! Јасно!?!? Никогаш повеќе!
    Тој: Ама господине....
    Јас: Губи ми се од пред врата...(ја треснувам вратата и пцујам)
    (Подоцна во комитетот)
    Тој: Шефе, сите ми претат дека ако ги казнам нема да гласаат за нас!
    Претседателот на комитетот: Ај батали, не може цела држава да казниме .....
    Ако не ви се верува, одете во вашата локална пицерија и прашајте ги за ХАСАП стандардот....слатко ќе ви се изнасмеат
     
  5. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    78
    Бравооос...И јас така би постапила, а можда и поагресивно :!: :tmi:
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    До каде е со законот? Нели помина рокот за регистрирање доамри станбени заедници како се викаат?