Токму тоа и го кажувам, зашто бре само кај нас молчи народов за све. Овој закон го подржувам ( мое право) но некои не и се нервирам зашто општо како народ сме тупи, и не реагираме. Да не забаегувам офф топик , сакав само тоа да појаснам. ОК е што ти не го подржуваш тоа право и што се осеќаш дека ти се ускратени права на слободен живот, но не се реагира од после кога закон ќе е донесен. Се реагира ПРЕД!!! А за опции сум, и треба да има, побогу во Амстердам има кафичи кај што слободно се продава марихуана, па зашто и кај нас да нема клубови, кафичи , дискотеки каде што ќе се пуши??? Ама ме иритирало од секогаш кога на пример во амбуланта или болница во ходник ќе видев со цигара. Еј во БОЛНИЦА!!! Е за тоа сум подржувач на овој закон.
Па тоа Нена НЕ е овој закон. Овој закон не дава опции. Тој закон кој ти би го поддржала би квалифицирал дела како - пушење во јавни УСТАНОВИ, здравствени установи и слични, а ЛОКАЛИТЕ да се поделат на пушачки и непушачи, или барем просторно да се одвојат. Ваков закон и јас би поддржала. Овој сега, не е таков.
Тоа ти е кога само сегласа закон и се крева рака без да се види асолно, ама што е тука е можеби во некое време ќе биде поинау.
Phyramide погрешно ме разбра. Не реков дека не ми е гајле за тебе, туку за ПРИЧИНАТА ПОРАДИ КОЈА ДРЖАВАТА ГО ДОНЕЛА ОВОЈ ЗАКОН(конкретно: плус парички во буџетот, т.е. во нечиј политички џеб) Зошто? Ко смееше да се пуши цигари секаде, нас НЕпушачите кој не прашуваше дали ни смета или не? Имав и порано напишано ситуација некој да боледува од астма и ти му чадиш под нос? Не е лицемерно бидејќи викам дека цигарите се штетни зошто НАВИСТИНА СЕ. Ако ме убедиш во спротивното, ќе го отфрлам законот од листата на неколку добри закони во Македонија, кои им користат на луѓето. Друго, сама си напрај една огромна контрадикторност. Мене ми зборуваш за лицемерие, а потоа кажуваш дека не те интересира дали бил некаде во сила ваков закон или не. Само знаеш која е разликата меѓу пушач и непушач? Што пушачот си има плус причина за загрозување на здравјето, плус причина негативно да влијае на здравјето на другите, а непушачот нема. Преку 4000 хемикалии има во цигарине, незнам колку отрови. Не зборувам од памет, прочитај каде сакаш. Дупка во секој закон постои и ќе постои допрва. Исто како што некои не даваат фискални сметки,а други мораат. Но, од хартија до цигара многу има.
Ашлинг, без навреда, ама досадно ми е веќе да ти реплицирам и да се дообјаснувам. Пред се гледам дека аргументирање и конструктивна дискусија не ти се силни страни, а мене тоа и не ме инспирира за билокаква понатамошна дискусија Ајде ако си заинтересирана препрочитај ти се молам се што сум пишала досега на темата па ќе разбереш. Ваљда! Никој не ве прашуваше, за тоа и напишав. Ако боледуваш од астма нема да се осмелиш ни да трчаш. Јас имам на пролет алергија па не сум будала да одам на џогинг, не сум будала да пушам и да одам во зачадени простории! Самата си штетам, и немам право да ги кривам Станко, Петко и Марија за мојот нагон за ризикување. Така да тоа ти е многу слаб аргумент. Дали некаде гледаш дека сум рекла дека не се штетни цигарите?! Сега ме стави во мисла дали разбираш што значи зборот лицемерие? Ми мешаш баби и жаби. Не стварно, препрочитај уште еднаш што сум напишала, ако сакаш, ако не сакаш - ај создравје. Немам намера во ништо да те убедувам а уште помалку во нешто што не сум ни кажала. Крај краева секој и онака ќе си го тера својот поглед на законот и нема ништо да решиме, јас досега повеќе пати наведов, дека сум ЗА заедничко решение за општо задоволство и од двете страни. Кој не ме разбрал, жал ми е.
^ Очекувана реплика. Не си мери на кој му е поголем, не е битно зошто секој си ја брани својата страна нормално. А за заедничко решение како прво треба да се тргне од сите дискотеки или кафичи и да оди на 50 метри квадратни една вентилација, бидејќи никој не сака да ти дува цело време ладно. Знаеш каде е проблемот? Во профитот. Секоја дискотека сака што повеќе пари да направи,а то значи луѓе во дискотеката над лимитот и 50 вентилации да стават џабе кога на 1 метар квадратен каде и да одиш стојат 3ца луѓе. Така да не постои заедничко решение или ќе се пуши или нема да се пуши. А, јас сум за да не се пуши од горнонаведените причини. sue me
Moe мислење - ако веќе важи законот за непушење - нека важи секаде, а не само од едната страна на Вардар (во Скопје) каде што пушачите на -10 мрзнат надвор, а од Камени мост па натаму удобно си седат во кафиќите и кафаните со чашката во една и цигарата во друга рака, а да не се споменуваат градовите каде што Македонците се малцинство и од законот нема ни З. Најдобра варијанта - газдите на локалите да можат сами да одлучат дали локалот ќе биде пушачки или не, па непушачите нека излегуваат во локали каде што им одговара. Ем пушачите задоволни, ем прометот во кафиќите ќе се врати како што беше пред законот, и волкот сит, и овчичките на број.
од 1 Јануари стапува на сила законот за непушење казната за непочитување на законот изнесува од 150 до 400 евра за физички лица...за правни лица од 2000 до 4000 евра случајно го видов на идивиди па стварно е
Od 01.01.2011 ovoj zakon stapi vo sila i vo Spanija. Dobro e, pred niv sme vo nesto (cisto informativno)
Уште на почеток да најавам, не алудирам на никого и никому не реплицирам! Дискусијава почнува да ми нема смисла... Пушачите држат една, а непушачите друга страна! Единствена разлика е тоа што ние пушачите сме флексибилни и се прилагодуваме на непушачките барања, а тие не сакаат да се прилагодат на ничие барање, освен на нивното... Па сега вие видете што е фер!
Не е до парите! Се работи за право на избор... Тоа требаше и да ни го понудат со Законов, право на избор. Нека биде флексибилен, пушачки и непушачки кафичи, 30% за пушачи, 70% за непушачи, посебни простории за пушачите и.т.н. Има начини многу, меѓутоа ја одбраа најригорозната опција и види чудо! Пак сите пушат, а непушачите дремат сами во кафичите. Од цело мое друштво само еден другар не пуши... Тој го пцуе најмногу Законов, затоа што иако е непушач, за да не седи сам цела вечер (затоа што ние сме сите надвор со пијачките и алкохолот), тој излегува со нас и се мрзне исто колку нас (а, нели тој е од оние добрите кои не треба да бидат третирани лошо). А, па да не зборувам за важење на Законот од едната и од другата страна на Вардар. Што значи, Законот е тотална утка! Нечовечно е некого да го третираш како куче заради неговата лоша навика. Обезбеди му помизерни услови за да ја задоволува никотинската потреба, како што набројав погоре, но не му го ускратувај правото да се чувствува како човек.
И да и не ! Секако,тоа би било поизведливо кога ние би биле освестена и културна држава,а не газолижачи на сите земји - и кога барем едно нешто што ќе направиме биде оригинално и добро спроведено ! Сега да го објаснам моето мислење - зошто да зошто не Порано : Влегуваш во кафана/кафуле и што гледаш - има 5 маси една до друга и на едната пишува '' Простор за пушачи '' , и кобајаги не е очигледно дека чадот од цигарите нема да го привлекува некоја машина за тој да испарува нагоре туку дека тој чад оди во оние луѓе кои седат на другите 4 маси ! И зошто оние непушачи да се трујат и себе,и своите штотуку испеглани и намирисани алишта ? Сега: Ако веќе е донесен тој закон објаснете како да се спроведува ! А не само '' еве ти казна,мрзни,плачи,кукај - важно да пушиш надвор ! Знаеш ние сме освестени и ние пробуваме да го заштитиме животот на граѓаните ( ) ... '' ( да,а јас сум од вчера ) Зарем не можеш човек,наместо да правиш свакакви споменици кои ствараат гужви да одвоиш малку пари за тој проект за забрана на пушење на јавни места кога веќе си го донел ! Ако веќе толку се грижиш,направи (читај:одобри) бе човек ( да си најдат јавните простории ) посебни места за пушачите .. Си слушнал за тоа дека во некои земји си има посебно место за тоа кај да се фрлаат петарди ? Па најди и ти едно решение за тие пушачи,ако веќе си на власт најди некое економско решение,дај им на луѓето право слободно да ја извршуваат таа нивна потреба !
Bokicka прочитав се' освен одговор на моето прашање. Значи дали ќе се прилагодеше на законов ако казната беше 10 денари?
јас не сум пушач а сепак сум на страна на пушачите ...не пушам а и не ми смета чадот сум против законов затоа што стално кога одиме на кафе пушачиве(кои се многу бројни ) на секои 5 мин се надвор и од нашето излегување ништо нема... тие се повеќе надвор него внатре...
Значи немаше да се прилагодам, во никој случај... Тоа е одговорот меѓу редови (не знам како не го прочита )
Со оглед на тоа дека во многу европски земји ваквиот закон веќе е донесен, решение за пушачите е веќе осмислено, така што нема потреба ние да измислуваме топла вода, само треба да го примениме (но да не навлегувам во понатамошна дискусија во друга насока). Зборот ми беше, во склоп на кафичите, ресторантите има тераса која е опколена со воздушни завеси, а во тој простој има ставено греење. И јас сум се чудела како може на отворено во сред зима да јадам на ладно, ама кога седнав во Прага требаше да си ја соблечам јакната инаку ќе се сварев. Така што не е дека нема решение, но потребна е иницијативна и пред се финансии сето тоа да се реализира. Во секој закон има дупки па и во овој, а тоа е нормално кога се донесува по брза постапка и не се размислува за сите страни кои се засегаат со законот.
Дискусијава не води никаде. Едните ја бранат едната страна другите другата. Факт е дека пред да се донесе законов требаше да се исполнат некои други критериуми за да функционира како што треба и да биде и волкот сит и овците на број. Но не се исполнија тие критериуми и го плеснаа наеднаш законов. Друго е тоа што некаде се почитува - некаде не.