значи поставив доволно јасно прашање и би требало и ти така да ми одговориш, со да или не,наместо да ми вртиш милион реченици,за еден прост одговор. Ако не е до парите, тогаш зошто се жалиш дека мораш да пушиш надвор? А бидејќи го добив одговорот што го очекував,гледаш како беше кога и ние моравме да се прилагодуваме на вашите никотински нагони? Тогаш мене никој не ме приморуваше да одам во кафич , зошто ќе смрдам на цигари, исто колку ти сега што не си приморана зошто мораш да мрзниш надвор, освен секако ако ти е до парите, а бидејќи кажа дека не е до парите слободно плаќај казна. А правото на избор незнам кај ви е скратено, или ќе пушиш надвор или ќе плаќаш казна.
Леле Ашлинг напнуваш веќе! Си го кажа мислењето, дека го подржуваш законот, дај олади веќе . Ниту ти мене ќе ме убедиш дека законот е во ред, ниту јас тебе дека не е во ред, затоа банално е да и се закачуваш на врат на секоја форумџика која ќе се изјасни дека не го подржува законот!
Да, се согласувам со Оффи и со Бокичка, никаде не води дискусијава а пред се гледам дека некои ирелевантни реплики ја расипаа истата за жал. Ординери, ама во Прага (во Чешка) секаде се пуши. Секаде имаш просторија одделена за пушачи и посебна просторија за непушачи. Тамошниот закон им налага единствено на газдите да назначат на самиот влез во објектот дали е пушачки или непушачки. Во Франција секаде направија тераси со греалки каде што е баш пријатно да се седи надвор затоа што студот не се чуствува. Во Австрија газдите одлучуваат дали нивниот кафич ќе биде за пушачи или непушачи. Воглавно се одделени просториите. Во Германија го воведоа законот за забрана на пушење, но по големо негодување потоа го укинаа. Не е ни битно, битно, кога се сака, се наоѓа решение за општо задоволство на двете страни, баш како што рече Орди. А јас СУМ за едно вакво решение, ниту сакам да им дувам на непушачите во фаца, ниту сакам мене некој да ме ограничува во нешто, па уште и кога си плаќам за кафето кое го пијам.
Темава стана убедување да се пуши или не. Секој сам одлучува, а и газдите на кафичите сами знаат што е добро за нивниот бизнис , а што не. Кажав еднаш, иако не сум пушач против сум законов. Кој сака да пуши, каде сака нека пуши. Па не сакам кога одам во кафич да седам сама внатре , а сите да одат надвор да пушат.
Исто колку и останатите што не се согласуваат со мислења поразлични од нивните. http://en.wikipedia.org/wiki/Internet_forum Несоодветна реплика би рекла.
А, бе Ашлинг убаво си ја прекинав јас дискусијата со тебе пред некое време... Ајде, нека биде уште оваа реплика, затоа што повторно ме повика. Тоа што не сум ти одговорила јасно на твоето јасно поставено прашање, тоа е затоа што сметам дека си доволно возрасна и паметна, па затоа почувствував потреба да ти се обратам меѓу редови, надевајќи се дека ќе ме разбереш... Луѓе сме, грешиме, па и јас погрешив. Еве јасно по не знам веќе кој пат се изјаснувам дека сум ПРОТИВ Законот, затоа што сметам дека е деградирачки и понижувачки кон одредена група на луѓе која има некаков порок (во случајов никотинска зависност, морам се директно да ти кажувам нели )? Според мене, мислам дека треба да се најде заедничко решение кое ќе го чува здравјето на златните непушачи како што си ти и кое ќе им обезбеди основни услови на одвратните пушачи за да си ја задоволат својата никотинска потреба, како што сум јас. Со таа цел, Ашлинг лично моите предлози се следниве: 1. Секој угостител да си одлучи дали неговиот кафич (кој притоа ќе мора да исполнува услови за соодветна вентилација на просторот), ќе биде пушачки или непушачки. 2. Да се обезбеди одредено фоаје, просторија за пушење во самиот кафич која исто така ќе има соодветна вентилација (доколку истиот исполнува одредена квадратура за да се обезбеди фоаје). 3. Да се обезбеди надвор пред кафичот заградено место кое ќе има греење (како што и некои од кафичите веќе низ градов направија). Мојот став е мој став и не можеш да ми го промениш со твоите аргументи од типот на: Јас до сега патев заради вас, сега вие патете заради мене! Меѓу редови (иако велиш дека си директна), го кажуваш ова, а според мене тоа не е аргумент, тоа е апсолутно нетолерирање на различностите и лошите навики на луѓето. Не мора да те трујам, не мора да ме мрзнеш! Компромис постои и за едната и за другата страна... Но, кој да го види тоа, кога на крајот се се сведува на македонското: Е, сега ќе видиш ти! Од мене толку.
Има повеќе кафичи кои имаат греење и навистина е едно разумно решение,а бидејќи сакале-нејќеле мораат да се прилагодат на законов.. сите ќе го применат тоа (нормално доколку кафичот не им е 5 маси и 4 столови) За соодветна вентилација кажав во повеќе наврати дека НЕ ПОСТОИ, поради тоа што во една дискотека со капацитет 150 луѓе, пуштаат 250 ваква сигурно не би стале вентилација Прашањето беше поставено за да ми одговориш со да или не, бидејќи се работеше за ПРИЛАГОДУВАЊЕ,а не сакав да преувеличувам во 1000 реченици, го сакав директниот одговор кој впрочем и го очекував, бидејќи тебе не ти е ЗАБРАНЕТО да се прилагодиш, туку си ПРИМОРАНА,ако не сакаш да платиш висока сума на пари. Немаше полза да пишувам 1000 реченици, за да се надмудруваме цело време. Како што кажав, не ми се свиѓаат ставовите дека ви е скратени правата,како да не смеете да влезите во кафич. Сум пушела цигари во затворена просторија, помалку се чувствува чадот од цигарите, отколку кога не пушам.
Леле Ашлинг, иако самата на себеси си ветив дека ќе ги скролам твоите мислења затоа што немам апсолутно никаква практична корист од нив, ама морам да ти кажам - БоаВиста веќе ти кажа дека напнуваш, јас најотворено ќе ти кажам - досадна си! Аман веќе да не се знаело за доста! Зборуваш несврзано, крај со крај да не ти фати човек. Човек ти вика А ти му одговараш со Ж, мислам г’з преку глаа, е работава. Ајде ти се молам што ти е поентава? Да не убедуваш во нешто што не сме ни кажале? Забега дискусијава. Место взаемно да си ги почитуваме дури и различните ставови, ќе се убедуваме. Кога толку убаво ја прочачка суштината на форумот на твојот омилен сајт - википедија, пробај да прочачкаш и аргументирање како поим и знаење да се прекине кога е доста. Најдобронамерен совет од мене И за твоја информација, соодветни вентилации постојат. Ете толку за тоа дали има решение за општо задоволство на едните или другите. Тоа што ти, како бивш пушач, немаш основен сенс за толеранција, тоа е би рекла твој личен проблем. Не наш. Ај чао од мене на темава.
Скролај и понатаму Spoiler Се додека реплицирам и ми се реплицира, односно се води дискусија, не морам да прекинам. *освен нормално ако сакаш да го имаш последниот збор. Напнавте со коментарите од типот немаш аргументи бла,бла. Имам пред нос ти се, прочитај ги,ако не ги сфаќаш радо би ти ги објаснала, ако посакаш.Кога пишувам коментар,не го пишувам за мене, туку за тебе,ти да прочиташ и да ме разбереш, јас знам што е форум, го стадов за да нема такви коментари, бидејќи не знаете како поинаку да ја водите дискусијата.Најинтересно е шо на конкретни прашања, добивам нејасни одговори, огромна контрадикторност од спротивната страна. Она што следува од правилата на форумот. -правила за општа дискусија 2.Форумот „Фемина“ е заедница на почит и толеранција. Бидете учтиви кон останатите членови. Запомнете дека другите веројатно нема секогаш да ги споделуваат вашите гледишта. 6.Не влегувајте во улога на модератор. Доколку наидете на мислење што ги прекршува правилата, пријавете го преку копчето „Пријави го ова мислење“ (малото розово копче со извичник, веднаш до копчето „Цитирај“). Не се обидувајте да ги разрешувате проблемите и да ги „опоменувате“ корисниците. Истото важи и за неправилно отворените и дуплите теми. Едноставно пријавете и нашите модератори ќе проценат дали и какви мерки треба да се преземат. Согласно со правилата,моите мислења изгледаат издржани. Пирамид не убедувам никого, го почитувам твојот став исто колку што сакам и ти мојот, а не да ми реплицираш дека сум досадна. Дискусијата не е за на некого да му кажеш дека е досаден,туку да размениш мислења... до каде ќе одат зависи од тие што дискутираат. back to the point: Гледаш зошто НЕ постои колку за ТВОЈА информација? Поради профитот. *од каде па заклучи дека сум бивш пушач, кога во реченицата никаде не напишав дека сум бивш пушач, туку дека сум пушела цигари во затворена просторија? Имам пријатели пушачи, за некое чудо не го преседуваат целото излегување на -10 степени, бидејќи не мораат да испушат 19 цигари, туку само 5. Претходниот пост доволно ми беше јасен, за да не добијам соодветна реплика туку "досадна сум"
Ашлинг така е, се е така, како ме просветли, останав без зборови! Точно, ние пушачите сме кретени од луѓе, треба да не затворат во гасна комора, треба да не мачат до смрт, затоа што замислете какво злодело му правиме на целото човештво: Пушиме цигари Па, како драги мои можевме ова да го сториме? Па, има ли понелуѓе од нас? Ох, Господе прости ни, погрешивме, ама затоа сега ќе си ја добиеме казната... Те молам драга Ашлинг, стори го ова, казни не до смрт... Заслуживме! Апсолутно си во право за се до сега што кажа и ме убеди со своите цврсти ставови и аргументи дека е така! Ти благодарам за се до сега напишаното, а јас ќе одам да се фрлам од некаде, затоа што не заслужив повеќе да живеам
^ Ти тоа сама си го кажа. За цитираното, тоа беше реплика на тоа дека требало да има повеќе вентилации. Ако стават повеќе вентилации ќе ти биде исто како надвор. Цврсти ставови и аргументи. Ги имам,за разлика од твојот обид за каков бил ироничен коментар.
Не. Тоа што ти го имаш е желба да се учествува во дискусија... И имаш многу шуплив муабет. Врати се назад во дискусијава и препрочитај.
Тоа ти е кога Македонија ќе се реши да воведе некој закон. Секогаш утка. Не сум пушач, знам само онака понекогаш да запалам во друштво, едно цигаре на 2-3 месеци можда. Искрено, убаво ми е кога влегувам во кафич, дискотека или ресторан и која разлика од порано. Чисто ми е пред очи, чист воздухот...не копам на цигари после итн. Али од друга страна, тотална дискриминација за пушачите. Не е праведно. Нема иста мера на вагата, едната страна тежи повеќе. Најправилно е да се направи во кафичот дел за пушачи, и што е најважно скапа и добра вентилација! Зошто кога сум надвор од Македонија комотно си седам во кафич каде што се пуши? Супер вентилација, и како што реков одделени се пушачи и непушачи. И? Ништо не се осеќа, а и двете страни се задоволени. Единствено не поддржувам пушење во ресторани! Да јадам и чад да ми се врти околу мене. Не ми е во ред тоа. Кога станува збор за кафичи, веќе е друго.
па од една страна ми се допадна овој закон бидејќи таму каде што излегуваме не мириса на чад облеката кога се вракам дома не мора веднаш да ја ставам за перење и тоа е предноста додека пак ми пречи бидејки јас сум пушач и мора да излезам надвор пред кафик на оваа ладно време но закон си е закон и го почтувам уште поубаво така ги понамаливе цигарите барем тоа е мое мислење
Со оваа Влада и ова може да го доживееме Статија извадена од www.on.net.mk Потврдувајќи го античкото правило, дека спроведувањето на законот против пушење е најголемото демократско остварување што една власт може да го достигне, Саудиска Арабија казни еден немарен пушач со 30 камшици. Обвинетиот дури и не бил саудиски државјанин, туку Суданец кој летал на една од внатрешните линии во Саудиска Арабија. Неименуваниот маж одбил да ја изгаси својата цигара на летот од пристаништето Џида кое се наоѓа на Црвеното Море до Гурјат во северна Саудиска Арабија. Откако авионот слетал, неименуваниот Суданец бил уапсен од полицијата а локалниот суд го осудил на 30 камшици. По апсењето човекот се извинил објаснувајќи дека посетува клиника за откажување од пушење.
Ви текнува што беше една од првите последици на законов? Во сите дискотеки копаше на мишкојни и кромид. Шала на страна, убаво е да не упивам чад кога сум излезена, порано дури и ми се повраќаше од тоа колку ми смрди косата на цигари кога ќе се вратам дома. Ама не ми е јасно зашто се толку ефтини нашите ценети угостители и нејќат да инвестираат во добар систем на вентилација, што фала Богу, на сите ќе ни заврши работа. И јас ќе можам да запалам цигара зимно време без страв дека ќе фатам пневмонија на -15, нит повторно ќе добијам нагон да изгасам цигара од нечиво чело зошто ми се смешкал цинично дур се мрзнам надвор, нит непушачите ќе се жалат.
Искрено Саја, залудно е да стават и перфектна вентилација, сепак Владата за жал си одлучила да го донесе Законот вака и не прифаќа отстапки од донесеното, така да џабе ќе бидат и вентилации и што и да е Македонска работа. Си седиме и си молчиме... Кога нема народ да се побуни, што да ти кажам друго Секое добро