Владата очигледно пробува да си ја покаже „силата“, па спроведе серија банални закони, меѓу кој е и овој, ама барем на време им текна да го изменат и да може да се пуши на летните тераси. За демократија пари требаат, а у ефтина држава тоа е луксуз. До подобри времиња.
Мое мислење е дека овој закон е одличен, јас не пушам и затоа јас како и другите луѓе што не пушат не треба се казнуваат со страста на пушачите да уживаат во своето кафе со цигара. Друго е дека во просторија каде што сите пушат и ние што не пушиме мирисаме на чадот од цигарите, го вдишуваме ..... Но, сепак мислам дека треба да се задоволи желбата на пушачите и тие да уживаат, со тоа што ќе им се обезбеди затворен дел или пак места каде што е целосно дозволено пушењето. Спореед мене добро функционира овој закон и има позитивни страни.
Да! Да! Да! И уште милијарда ДА! Јас не сум пушач и лично ПРЕМНОГУ ми сметаат цигарите. Во затворени простории каде што се пуши, секогаш ми солзат очите, ме пече носот и грлото, се гушам. Немам ништо против пушачите, нека си пушат, надвор на улица, дома, само не на јавни затворени места. Ако на нив не им смета димот, на други им смета.
во принцип не сум ни за ниту против овој закон.и за двата табора има оправдувања.јас лично не сум пушач и секако дека ми е убаво кога ќе седнам во кафич на кафе,или во ресторан на јадење да не се задушувам од чад и притоа облеката да ми мириса се уште на парфемот ставен од дома,но проблем е и што е целосно забрането пушењето.на пример си излезена со дечкото и сега на него му се припушува и што прави те остава 5 минути да седиш сама на маса додека он надвор ако е зима мрзне само за да си ја задоволи никотинската потреба,а во меѓувреме тебе ќе ти биде незгодно да седиш сама и некој да зјапа у тебе па и да се случи да ти се пушта а ти сама и назаштитена едвај чекаш да дојде па да го строиш шо те оставил сам,и ете ти караници и неверства,гледате што ни прави владава не раздвојува од најмилите ,се шалам малку ама има вистина и во ова,често сум седела сама на маса оваа година одкако се почитува законов само заради тоа што маж ми си пуши надвор.барем да има простор и за пушачи и непушачи и секој да си одбере кај ќе седи. п.с.само не ми е јасно ни велат дека е штетно пушењето и го забрануваат а ги потикнуваат ваму луѓево да садат тутун па плус и субвенции им спомнуваат.
^^Епа тоа е тоа лицемерие за кое што говорев порано. Да им беше до здравјето на луѓето, со закон ќе ги забранеа цигарите. Пу јаз’к која пара се заработува од нив, инаку ќе мислеа мноооогу повеќе на нашето здравје. За тутунот и субвенциите - истото. Лицемерие да пукнеш!
Исто мислам и јас... Ги тераат да садат тутун за да имаат тие повеќе пари. Да им стало до нашето здравје - мноооогу одамна ќе направеа закон комплетно да се забранети цигарите. А ова за непушење на јавни места - лице колку да покажат, демек некој закон вовеле...
Порано бев пушач и потполно ги разбирам пушачите Но сега не пушам и се согласувам со законов, порано кај и да отидеш дома се враќаш со смрдлива облека и коса, очите ужасно те печат Колку фино сега си доаѓаш дома и сеуште си мирисаш на парфем Не коментирам на што се мириса во просторијата додека сте излезени (сапун вода и 10 минути се доволни бре нацијо смрдлива (со чест на исклучоци)) Одвратна беше идејата со преполовена просторија за пушачи и анти, го имаше истиот ефект пак цела просторија е зачадена не можев да ја разберам логиката на некои кафичи да доле се пуши, а горе не! Газдите биле со оштетен мозок или што ... многу логично дека чадот се движи нагоре.. али битно они се газди (без мозок).
Јас го одобрувам законот и тоа многу.....како прво сум непушач си имам проблеми со носот и ми пречат мн јаки мириси меѓу кои и цигарите.....не сме должни ние непушачите да го трпиме чадот од цигарите....јас ни кај мене дома не давам да се пуши...ако некој сака да пуши му ја покажам терасата и нека пуши колку сака таму не му забранувам
Јас сум пушач 11-12 год. и дома не пушам, (освен со првото утринско кафе), ниту јас ниту моите, сите надвор , понекогаш се осеќам како пингвин, ама никој не е должен да го голта димот од МОЈАТА цигара. И да, го подржувам законот против пушење, сега комотно можеш да одиш во ресторан без да се секораш дека децата ќе се угушат, облеката и косата не ти трујат..Се сеќавам кога ќе дојдевме од дискотека со сестра ми остај тоа што цела вечер стоиш и пазиш да не те залепат, алиштата директно на тераса на луфтирање а потоа на перење. Исто кога одиме на гости ја почитувам нивната одлука да не се пуши во домот.
Јас многу го подржувам законов...затоа што сум непушач и секако дека нејќам да се трујам со чадот од цигарите на другите кои сакаат да се трујат ...но многу сум изреволтирана што законов не се почитува секаде...пример на концертот вчера во метрополис ( Балкан хип-хоп) и покрај сите предупредувања дека е забрането да се пуши внатре...после саат време сите си запалија цигара и око не им трепнува на обезбедувањето или полицијата што ја имаше внатре...јас буквално се угушив..очите многу ме печеа..дури и порано си отидов баш заради тоа ...и кога се вратив дома татко ми ме прашува да не пушам..заради миризбата што ја внесов дома
Значи до некаде го подржувам законот од причина што постојат непушачи на кои димот им пречи или им пак предизвикува некакви здравствени проблеми. Но каде се овде активните пушачи на кои убаво им е да си запалат цигара додека пијат алкохол, или немора алкохол еве сеа зимно време мора да бирам каде ќе го испијам утринското кафе а да не ми дува од сите страни. Пушачи и непушачи постоеле и ќе постојат, финтата не е-да го забраниме пушењето и решен проблем, тие што им се пуши надвор нека си пушат. И ти одиш во дискотека и гледаш надвор гужва неможеш да влезеш, сите излегле надвор на цигара а внатре да не речам полу празно затоа што поголемиот дел се пушачи. Ќе влезеш и ќе се сместиш, нарачуваш пијачка но не иде сакаш цигара и ајде пак надвор и уште неколку пати така додека не ти скисне и ќе си ги собереш парталите патот под нозе и право дома. Уште потрагично е кога додека сеуште уживаш во вкусот на штотуку изгасната цигара доаѓа чичко полицаец и ти вели : Девојко ај те молам земи го одпушокот и фрли го на соодветно место или да ти пишам казна...Го гледаш него, и фрлаш поглед кон кантата за одпадоци која ја окупирале колегите-пушачи, полека се наведнуваш го земаш одпушокот и одиш да го ставиш на соодветно место, небитно што наоколу има уште 100тина такви одпушоци. Па алооо Влада на Р.М. како што донесовте закон така и прилагодете го, дај допишете некое амандманче со кое ќе се вели дека треба да постојат локали каде е дозволено пушење и такви каде не е...Па така фино лепо младинава кој пушачи кои непушачи ќе има каде да оди и да прави што сака а не да мрзне надвор на -10 или да изиграва Комуналец...
Ако се поделат кафичите на кафичи за пушачи и кафичи за непушачи, верувај ми тие за непушачи ќе бидат празни, зашто скоро во секое друштвото има по некој пушач. Еве на пример, дали ако си ти пушач, би инсистирала твоето друштво да оди во кафич за пушачи? Претпоставувам, да...Немој да ме сфатиш погрешно, ама таа поделба ми нема логика... И јас додека немав деца размислував како тебе, ама сега ми е многу убаво кога можам да си испијам кафе во кафич со друштво, и да не мислам дали чадот му смета на децата. Зборувам за денска шема, се разбира, и од мој аспект. BTW, и јас сум пушач скоро 15 години, и добро ја сфаќам потребата да се запали цигара со кафе...Ако е за утеха, доаѓа лето, па ќе биде поопуштено на летните тераси...
алал да му е на тој што го стави законов...без вакви закони тешко дека ќе влезиме во еу... јас сум непушач и нормално дека не сакам да се трујам со чадот на цигарите на другите.Не ги оправдувам пушачите, незнам со кој ум излегуваат надвор на температура која е под нулата за едно ситно задоволство .
^^Чисто информативно, речиси во ниедна земја во ЕУ не постои ваков закон, така да, нема врска дека браво, супер, сега влегуваме во ЕУ, донесовме закон за непушење на јавни места, WOW!! Друго, дека пушењето е, како што велиш, "ситно задоволство", никогаш нема да дознаеш зошто си непушач. За некои луѓе тоа е потреба, исто како потребата за храна.
se soglasuvam so zakonot iako ponekogas zapaluvam po nekoja cigara,ne se smetam za pusac,no me iritira toa sto ne se pocituva zakonot najprvo od poltickiot vrv.vo kaficot na SASO MIJALKOV,se pusi kako da e klub za pusaci tamu zakon ne vazi izgleda,i vo nekoj drugi se pusi ama po skrisno.zatoa mislam deka sve e gola propaganda
Ситни задоволства постојат еден куп. Забранија лапање на улица - или да бидам културна, забранија јавно бакнување со закон, забранија и пушење. На влезот од еден клуб во Скопје пишува - одовде па натаму не важат скопските закони. Има едно мое омилено рокерско дувло во Скопје каде не е потребен никаков натпис, но јасно е - одовде па натаму не важат државните закони. Се пуши на раат, у велико. Здраво, ма здраво за законов!
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_smoking_bans еве ти за европа http://www.mirror.co.uk/news/top-stories/2006/02/16/smoking-bans-in-europe-115875-16708283/ I rest my case
Задоволството да отидеш во ресторант или во бар и да не се вратиш умирисан како пепелник не би го менувала за ништо на свет. Плус и да си излезеш со деца да ти е мерак да дишеш. И секако дека овој закон на некого не му одговара но е за доброто на сите (ако не дирекно за вас тогаш за вашите дечиња). Јасно е дека порано или подоцна сите цивилизирани земји ќе го имплечентираат овој закон.