Оф мори мајко, абе селективно ли читате луѓе или...?! Албанија - Белгија - Австрија - Бугарија - Хрватска - Данска - Германија - Чешка - Значи со исклучок на Англија, Ирска, Италија и Франција - каде што пушењето е забрането секаде, во другиве европски држави или се ублажи, или се укина или не се ни спроведе законов. Погледнете го делот за Македонија - strong smoking ban. Најевропски сме од сите. Oh yeah!
Овде не е за прашање да сме европејци или не... Јас не пуша! Многу се радувам, дека во Македонија е строго забрането пушенето на јавни места, во Бугарија не е така. Одам на кафе, ам то внатре не се диша, за дискотеки да не прајме муабет, внатре смрди на се и сешто, џабе има вентилација. Овде е супер, влегувам во ресторан - си ми мириса на кујна, влегувам во кафич ми мириса на кафе, на благо... на убо, а не солзи да ми течат од дим и облеката и косата ми да смрдат на цигари И од горе на тоа, сметаат не само на нивното здравје, туку и на моето...
Никаде не пишува дека мора да искачаш, а уше помалку да одиш кај што се пуши. Сега на непушачите ептен им е убаво коха сами си седат во празен локал.
Епа проблемот е дека насекаде во Бугарија се пуши, и што? Јас никаде да не излегвам??? Нема места за непушачи... Празен локал јас во Македонија не видов. Секаде си е пак полно со луѓе, се разбира пушачите се надвор, незгодно е, ама става збор за здравје, зш јас да се тровам под твојта цигара???
Не треба да се пуши во ресторан, секако, ама во бар или диско?? Според мене, секаде каде што се служи храна не смее да се пуши, култура на живеење и на однесување е тоа. И треба можеби да има локали (кафулиња, барови и сл.) што ако сакаат да бидат за пушачи ќе си платат поскапа лиценца. Инаку, од законов нема ни З веќе. Од Х причини бев на Клиника пред некое време и таму се пуши на големо. И во амбуланти, и во Министерство за образование и наука (мислиш пожар има колку чад излегува од канцелариите). Зборувам само за места каде што со свои очи видов дека на ѕидот стои знакот, а сите пушат како дома во дворче да се.
Да, да баш и мене тоа ми пречеше посебно коа немаше закон...после школо косата и облеката ми корнеа на цигари. Еднаш мајка ми пребаруваше по фиоки да не најде цигари и ко не најде нишо ми вика аман бе како може да не пушиш а да корнеш на цигари? Сеа па ми пречи дома.
Што ќе кажат пушачите на ова? Јас сум стравствен пушач и законов ама воопшто не го подржувам. Ај седи пиј алкохол или кафе и со цигарата надвор? Да, да имаме европејски услови, маса за пушачи, непушаци, каде што меѓу нив димот нема да има никаква допирна точка сум за тоа!!!
Јас сум страсен пушач и овој закон е единствениот кој го подржувам, и претходно напишав и ќе повторам поважно ми е да одам во ресторан со детето и тоа да не се труе од димот на цигарите отколку јас да си пуфкам и да ги трујам сите околу, дома не пушам освен со утринско кафе кога малата е во градинка, почитувам и одлука во нечиј дом да не се пуши..одам надвор..не ми смета..топло, ладно, тоа ти е...
Јас сум пушач, како и 80% од моето друштво, па сепак го поддржувам законот. Има кафулиња каде што се пуши, веднаш по идењето таму, очите ми солзат неверојатно многу од чадот. Преку лето е во ред, надвор си седиме, не ни смета ладното, но во зима е очајно, да. Фактот што е здрав прави да го поддржам. А тоа што дискотекиве, кафулињата се полу празни, излегле сите пушачи надвор е сосем друга работа. Ми се допаѓа тоа што има греалки надвор во одредени кафулиња, па кој сака и надвор може да седи, без да мрзне. Во секој случај добар е според мене. Ме нервира само фактот што сите што ги познавам, а се против законов, претходно кога не беше изгласан, и го имаше во други држави, викаа како сме назад.
јас тотално го одобрувам овај Закон. Зошто сметам дека нашите кафичи немаат добра вернтилација за да не се чуствува димот од цигарите. кога ќе си одјдев од кафич порано цела облека и коса ми смрдеше на некаква измешана миризба. катастрофа беше вака барем сега тоа е искоренето.
Јас го одобрувам овој закон конечно да влезам негде,а да не се угушам од кашлање од чадот мислам дека идејава е одлична и дека владава има донесено одлични закони. Браво за законов!
Не го одобрувам овој закон. Страстен пушач сум, и многу ми е непријатно кога треба да стојам со кафето и цигарата надвор, особено зимно време. Ок е во ресторани да не се пуши, со тоа се согласувам, но во дискотеки и кафичи...
Непушач сум ама не го одобрувам овој закон! Па сварно е глупо да гледаш дека има повише надвор луѓе што седат отколку внатре или цело време влези излези по кафиќиве у зима кичмава ќе ми откажеше. или сме седнале со другарка ми на кафе ја не пушам она пуши и едвај ми седи .. или ајде до надвор цело време-глупости Таму кај што се служи храна во ред да не се пуши ама кафиќ, дискотека... па на кој пушач му иде кафе без цигара или у дискотека у таа гужва ти мораш до надвор за цигара... а да не зборам у гужва боље на цигари да мириса отколку на ...свашта. добра вентилација и седен е проблемот со загушливоста од чад
Секој пушач е свесен дека пушењето е штетно, на овај начин со законот нема да се намали бројот на пушачи. Ќе беше во ред да дозволеа во секој објект да има дел за пушачи и дел за непушачи. Така и двете страни ќе бидат задоволени
го одобрувам законот не сум пушач и никој од фамилијата и друштвото не пуши и не сум навикната на чад и страшно ми смета како што гледам во ресторан и пушачите го одобруваат законот а во дискотека не епа јас и во дискотека не го одобрувам бидејки најчесто дискотеките се позатворени места(во диското во мојт град нема ниту 1 прозорец) и ако почни да се пуши ке нема воопшто воздух и ке треба некои да се онесвестуваат и од чадот кој ќе видам бе јас сепак излегувам за да видам луге и да се веселам а не да гледам едвај да преживејам
епа кај нас беа така поделени кафиќите и да ти кажам па и не е некое речение да има дел за пушачи и дел за непушачи, зошто во скоро секое друшто има некој што пуши а некој е и еве кај ќе седнеш кога ќе идеш на кафе, пак треба некој да се жртвува. А и не прави некоја разлика пр: еј еве до оваа маса се пуши од овој дел после столбов не... секако се осеќа чад. И да додадам нели и со сликите гадни што ги ставија на кутиите со цигари ќе се згрозеа пушачиве и ќе се откажеа... да секако. Глупости.
Ете овој закон го одобрувам, за ова им симнувам капа и само напред нека не попуштаат. Нема да пишувам колку се штетни, колку не трујат, кои се последиците и врз здравјето и врз надворешниот изглед. Го оправдувам бунтот на оние кои се антипушач и живеат здраво, зошто некој да ми го нарушува правото на сопствен избор, па кога некој до тебе седи и пуши тоа е исто како и и двајцата да пушат, а да не зборувам што се случува со храната во рестораните... Или некаде на отворено си седнал да јадеш а до тебе некој ти чури и носи дим кој се лепи врз храната а и во телото