против против против!!!!!!! кои се тие да одлучуваат за мене бре!!! Cакам да се укине законот, нма што личи ова! дискриминирање! што сега јас да правам ако сум пушач?? да се мрзнам пред дискотеки зашто на овие таков закон им текнало??? кај го има ова во 21 век!!! барем пола-пола да биде кафичот или било кое место! дури и да не сум пушач,пак би била против овој закон! Hадвор смеело, внатре не смеело упс, се изивнувам да не го задушиме грујо, и бркчињата на Jанкуловска
пушач сум но сепак го подржувам законот бидејќи си е на место! со кое право јас треба да ги трујам луѓето кои што не поднесуваат дим од цигари?? и плус мене повеќе ми одговара кога седам во затворена просторија да дишам чист воздух
Апсолутна подршка! Откако почна да се применува почнавме почесто да искачаме со другарките и со другарите!
Законот си е топ. Јас како асматичар кога одев порано по местенце, не може да издржам! Ај плус што се ми смрдеше на цигари од гардероба, до коса! Епа не фала! Ако може цела Европа па не може ни МКД. Уште да уведат снус место цигари ехехее ќе биде прекрасно.
Јас се извинувам ама морам. Што се внесувате во организмот со пушењето? Здравје | 17 април 2012 Никотинот и катранот веројатно ги знаете како основни штетни елементи кои се наоѓаат во цигарата. Сепак, дали сте знаеле дека во цигарата се наоѓаат уште околу 4.000 други материи од кои повеќето се штетни? Ќе ги оставиме настрана никотинот и катранот, а ќе се обидеме да споменеме некои од другите кои веројатно не сте ги знаеле. Формалдехид – супстанца која се користи за чување на мртви тела т.е. заштита на телата од распаѓање Арсен – Чист отров Цијанид – Отровен гас кој се користи во гасните комори Јаглероден моноксид – Гас кој во поголеми концентрации е смртоносен, а во помали концентрации го отежнува дишењето Нафталин – Сигурно сте слушнале и ги знаете белите топчиња кои се користат против молци Винил хлорид – Оваа супстанца се користи за изработка на ПВЦ Кадмиум – Високо отровен метал кој може да се најде во батериите Ацетон – Жените добро знаат што претставува ацетонот, со помош на ова средство се симнува лакот од ноктите Амонијак – Средство кое се наоѓа во средствата за чистење на домовите и санитарните јазли Ова е еден мал дел од опасните елементи кои ги има во цигарата, а кои пушачите редовно ги внесуваат. Размислете дали вреди да се обидете да се откажете од пушењето. Извор: За Здравје
Ако решил некој да се труе, не треба и другите околу него да ги труе (вака ни велеше еден професор по онкологија на факултет) Само овој закон на владава ми е ОК Не пушам, и многу мразам кога ќе застане некој до мене и да ме чади ми се повраќа од миризбата ама сериозно, неможам да го поднесам чадот. Порано кога пушеа во кафичите секој ден насабајле имав шлајм исто како да сум пушач и кашлав, цело тело ми смрдеше на цигари. Сега нема ништо од тоа. И татко ми надвор пуши, дома никој не оставаме да пуши
Апсолутно го поддржувам овој закон. Од многу многу причини. Има луѓе што не се пушачи, има луѓе на кои тоа многу им пречи и им ствара иритација на очи(од чадот), главоболки во слепочници итд....
Иако сум пушач, мене ми одговара ова. Среќна сум што откако ќе се вратам од диско или кафич дома, алиштата не ми смрдат на цигари. Плус што имам дете и можам со неа слободно да седнам во кафич без да се мислам дали е зачадено или не.
Апсолутно го подржувам. Јасно е дека цигарите се штетни. Кој им дава право на едни да ги трујат другите? Посебно ако земеме во обзир дека во јавните места излегуваат и деца, малолетници, постари личности, болни и секакви. И ретки се тие пушачи кои имаат пушачки бон тон!!! Пр. Да не пушат пред деца, да не пушат пред болен, ако пушат некаде да запалат со осет, а не цела кутија, цигаре за цигаре заредом да се угушиш.
Точно, секој има избор да не пуши или пак да излезе надвор и да си запали по една ! А кој избор го имаа претходно непушачите??? да не искачаат од дома? Апсолутно го поддржувам овој закон и сметам дека беше потребен чекор...Тотално сум против пушењето и конечно си одам дома од работа, од кафич или дискотека и мирисам на МЕНЕ! Инаку, колегава ми е ептен пушач и ми призна дека откога е донесе законов, и тој помалку цигари на ден или на вечер пуши, пошто му е досадно нон стоп да искача надвор. Ете, законов е добар и за пушачите, не само за нас
Лудо, па ако е така кои сте па вие нас непушачите да не труете? Со самото тоа што сме пасивни пушачи негативно влијае и на нас. Затворен простор, дим од цигари и уживај, нели. Убаво ви е вас, ама затоа ние се задушуваме.
Mене па ич не ми е убаво во затворен простор да седам, да пушам и сите околу мене и димниците, јас просто од дното на душата мразам кога алиштата мирисаат на чад од цигари, нема нешто погадно од тоа, иако сум пушач. 3атоа сум за законов, и ќе го поддржувам, и ќе излагам да се `мрзнам` надвор на цигара, баш напротив во таа гужва испомешани со разно разни здивови и парфеми, ќе земам свеж воздух надвор и ќе си запалам цигара, и воопшто не ми е тешко. A овде би требало непушачите воопшто да не се замараат за нашиот избор да пушиме цигари. Bашиот живот уредувајте си го како сакате, не верувам дека некој што започнал да пуши не знае кои се опасностите од тоа, не се секирајте за нашето здравје воопшто, берете си го вашето гајле. Jас пазам на некој да не му дувам во фаца, ама седиш со пушачи, сигурно не очекуваш лаванда да испуштаат цигарите, освен ако не сакате да се дружите со пушачи (ова ко лепрозни) седете си дома, што да кажам.
Мене не ми сметаат цигари, навикната сум да живеам со пушачи, знам и да запалам од време на време, но сепак мислам дека е во ред ограничување на одредени места. Некои луѓе едноставно не можат да го поднесат чадот, а постојат и луѓе што си имаат хронични проблеми со дишни патишта. Ако вие што се буните не верувате дека пасивното вдишување носи посериозни последици, тогаш барем на ова помислете. Од друга страна сепак мислам дека во кафулиња и нема потреба така строго.