Aбе нема овде што да се каже. На непушачите и те како им се свиѓа, на пушачите па ич. Овие од едната, оние од другата страна, вечна дискусија. Да си ги сменат местата, тогаш ќе се разберат. Мене лично многу ми одговара зошто сум непушач иако навикната сум постојано во чадлива атмосфера во цигари, ама да бев пушач ќе умрев од нервози Едно е јасно, пушачите и покрај овој закон пак ќе излагаат во кафичи, дискотеки, кафани и слично, пак ќе пушат цигари, ќе мрзнат на ладново ама од цигара не се откажуваат. А па замислете во друштво сите пушачи ти непушач, сите овие излагаат на цигара ти остануваш сама, или идеш мрзнеш и ти покрај нив. Како беше она кога гори сувото, ќе гори и суровото важно горат, а не дека има некој ефект. А ако за ефект сметаат почиста атмосфера во локалот, пааааа до негде, зависи.
Поштувам. Кога ќе отидев на кафе или кога ќе излезев пред да се воведе законот, труев на цигари кога ќе си дојдев дома. А се знае, кога некој друг пуши ни смета. И + не беше убава атмосферата. Целото место такво учадено, како магла да има. Сега си е чисто и убаво и кога ќе дојдам дома мирисам убаво. Инаку, ме прашуваа дома дали јас пушам. И јас палам понекогаш ама ретко е, а и да бев активен пушач би го сметала законот за добар.
Уф колку ми беше тешко кога се воведе законот.Чудно беше и глупаво.Тогаш Сега веќе е друго,подобро е вака,а не сите мирисавме на цигари. Па има и луѓе на кои навистина им сметаат цигарите,па зарем тие да не излегуваат поради тоа. Но знам дека постојат одредени места каде не се почитува тоа,се надевам дека и нив ке ги доведат во ред. Ако ваши законот за сите,така и нека биде!
Ова е убедливо најдобриот закон што оваа Влада го донесе!!! Огромно БРАВО за нив!!! Сега конечно можам да си седам на работа и да си работам 8 саати во чист воздух. Конечно можам да си седам во кафич, диско, ресторан без целата да се умирисам на цигари. Браво за Владата што не попушти пред барањата на оние газди на кафичи и ресторани кои бараа смена на Законот.