Целосно го поддржувам и поздравувам законот за забрана на пушењето на јавни места. Не сум пушач и не сум должна да се гушам во чад во кафич или било кое друго јавно место.
Не сум јас пушач веќе подолго време, ама ќе бидам објективна и ќе кажам - мора и пушачите како категорија на граѓани да имаат некои права во оваа држава...Знам како е , јас кога пушев цигари и да ми забрануваат во кафич, каде оставам пари, да запалам едно цигарче со пијачката, срамота....И малку офтопик ќе бидам, не знам дали видовте на една прес конференција, оној Влатко Ѓорчев, со репчето на тимбата , вика демек ако локалите биле поделени на места за пушачи и непушачи, тоа било исто како во еден базен ако се измоча некој, мокрачата ќе се разлеала низ цел базен А, тоа на Бучко му го кажува во лице, кој е негов професор на факс, а овој пилиштар од дваесет и нешто години памет ќе му соли И Бучко кога му рипна , му вика - ти мене мочко еден ќе ми кажуваш и совети ќе ми делиш, мочко еден недораснат
И јас сум против овој закон. Не сум пушач,но глупаво ми е, луѓето седнале на кафе, да не можат да запалат цигара. Ајде на лето, има тераси на кафичите каде што можат да пушат луѓето. Ама на зима, кога сите седат внатре?! Па кај го има тоа..Јас сум за да има во секој угостителси објект дел за пушачи и дел за непушачи, бидејќи навистина има луѓе кои не можат да поднесат цигари. Или пак ако ништо друго, да има филтри за чадот да не останува во просторијата.
Во Македонија се направи една битна грешка на самиот почеток - не се почитуваа непушачките простории, поточно такви простории не ни имаше во некои кафичи, влагаш ко пушач, гледаш нема место во пушачкиот дел, си одиш и газдата трча да те врати и ти вика - „еве бе тацниче ќе ти ставам, пуши си нема гајле!“. Значи можам да ги разберам од една страна непушачите дека им е преку од чад и све, затоа што кажи речи досега беа квалитетно игнорирани од сите. Арно ама гледам во Европа што се случува, онаа „Европа“ на која толку многу сакаме да се угледаме - каде се ублажи законот, каде не го ни примија, или пак одлучија бидејќи законот се меша во приватен сектор (да не се лажеме, кафичите и другите барови се приватен сектор, а не државен!) секој газда да си одлучи сам дали сака да има кафич за пушачи или непушачи. Јас сум пушач, т.е. пушам само кога искачам, дома ретко и да палам цигара затоа што мерак ми е да ја пушам со кафе или пијачка, и нормално себично ќе кажам дека мене ми пречи законот кој ме тера мене како муштерија кој исто толку плаќа колку и другите, да не можам на раат да си го испијам кафето. Ама сега, што е тука е - морам да почитувам закон. Како и да е, не тврдам дека е здраво да се пуши, не тврдам дека е пријатно да се седи покрај некој кој те чади, ама дај да не се вадиме на тоа дека на некој му е битно нашето здравје и да не бидеме наивни, зошто да беше до здравјето уште многу побитни работи ќе се променеа во Македонија и светот општо, кои многу повеќе се штетни за нашето здравје. А кога вистински ти треба помош заради здравје, државата крева раце од тебе па мора да бегаш надвор од неа за да спасуваш сопствен живот бај д уеј, добра студија направил типот, вреди да се прочита http://www.joejackson.com/pdf/5smokingp ... e_lies.pdf
никој не може да ми забрани од правото да пушам цигарии..значи политиката се меша во мојот личен живот а тоа никој го нема за право. подобро да мирисам на чад од цигари одколку на испотени мишки во дискотека
Не сум пушач и го поддржувам законов, редно време беше кога ќе влезеш во кафич да не ти се замагли пред очи, да не се усмрдиш и гушиш.
Јас ви викам дека политиката е во све живо и диво навлезена кај нас..Еден ќе ни кажуваат и каква тоалетна хартија да употребуваме Јас пак ќе се повторам од претходно, 4-5 има како не пушам цигари, ама мораааа пушачите како категорија на граѓани да имаат право кога ќе пијат пијачки негде, во било кој локал, да запалат цигара А, не со пијачката надвор како мрднати да излегуваме и таму да пушиме....А, што оставаме пари по кафичиве и клубовиве ??? Едно нес кафе во елитен кафич во Скопје е 120 денари, можда и повеќе...Па, уште и една цигара некој да не запали...
Се согласувам со законот. Конечно и кај нас нешто вакво. Инаку, кој излегол од земјава знае дека секаде низ Европа (па и Америка) забрането е да се пуши во места каде што се јаде, на аеродроми, болници, кафулиња, универзитети. Па никој не се буни , сите го почитуваат законот и излегуваат надвор да запалат цигара. А не кај нас, на факултет пред предавална се пуши, се гасат цигари од ѕидови и сл. Исто и по болници. А инаку не верувам дека законов многу многу ке се почитува. Не сме ние таков менталитет.
Значи не можам да разберам што е финтата со смрдењето на потта во дискотеките и слични изјави?!Јас лично не сум осетила таков мирис...И што сакате да кажите дека ако не смрди на чад од цигари ќе смрди на пот?Не разбирам...значи порано додека можело да се пуши сите биле убаво намирисани средени никој не смрдел,а од кога стапи законот сите смрдат на пот.Блага веза нема ова... Законот го подржувам,а пушачите не.Ах море јас да сум на власт увезување на цигари ќе забранам жими се. И знам дека пушачите на ова ќе возвратат со една излитена реченица од типот "Ти ќе ми кажуваш мене дали да пушам или не" , ''никој мене не може да ми забрани да пушам''. Си знаете сами дека си го уништувате животот,нели? Јас дома имам двајца пушачи и криво ми е заради тоа што упорно се трудам да ги убедам да ги остават и не можам.Мајка и татко ми се па му се врекам кога ќе видам дека се трујат себеси,а и сестра ми.Наместо тие пари што ги давате за цигари да си ги заштедете и да купете нешто корисно. За гооолема жал многу од младината денес пуши за да биде ИН,демек..Колку заостанат менталитет сме. И сакам да дојде зима да можам да си испијам кафе на раат кога сум во кафиќ или да не си одам смрдена од дискотека. Фер ли е некој да ми смрди на глава додека пијам пијачка во кафич,не е!! Во другите држави овој закон совршено функционира,затоа што таму менталитетот е далеку понапреден од нашиот.Ние сме тие што се чувствуваат "дискриминирани" затоа што не сме му давале да пушат.Како да ги лишуваме од животот побогу...
Велите сите - конечно и кај нас овој Закон ???? Кој бе? Сте биле во други држави па да видите дали се пуши или не??? Државата е хаос, воведува Закон а го стимулира производството на цигари и на тутунарите дели субвенции. А, од кои пари дели субвенции??? Да не раздлабам, јас сум против овој Закон. За да се воведе ова чудо прво треба друго да се преземе.
јас мислам дека законот е без везе, заради то шо секој си одлучува кај сака да запали цигара, нели владее демократија !? треба само отпушоците на не се фрлаат на земја, туку во канта заради почиста околина и колку шо можам да забележам сите пушат на јавни места, само работата е демек имаме закон за забрана на пушење во јавност, тотална глупост.
Пушач сум и не сум објективна! Субјективно размислувам и СУМ ПРОТИВ! Не ме напаѓајте, мое мислење, не викам дека е добро или фер, викам дека пушам и дека секое излагање пцујам по држава и по Закон, затоа што се мрзнам на -20! Знам дека ве труеме вас непушачите и знам дека е штетно и знам дека сум будала што се мрзнам, ама тоа сум јас и не сакам некој да ми го ускратува правото да бидам ЈАС! Јас сум си јас со цигарче во рака... Толку!
Јас сум непушач и сум за овој закон, нормално. Единствено нешто паметно што направи оваа влада. Да не пуши дечко ми дома, за што многу се расправаме, дури и ќе заборавам како мириса чадот на цигарите!
Јас сум пушач и кога сум во кафич и кафана се нервирам на ова ладно да излегувам иредовно го напагам Груевски за овој закон.И на работа ми е смачено ај надвор на пепељара.На ладново поретко и ке излегувам.
Мене овој закон ми е закон Шала на страна,но бидејки јас сум еден од најголемите анти-пушачи на светов многу ме радува законов.Порано кога си идев дома од излегување и косата и облеката толку страшно ми мирисаа на цигари и чад што ми се идеше цела да се пикнам во машина за перење.Сега сум раат,на почетокот ми беше дури чудно дека си идам од дискотека а косава ми е сеуште убава и свежа.Не дека имам нешто против пушачите,и онака цел живот сите мои најблиски ми се пушачи,но мислам дека е во ред законот. Негативна страна е што скоро сите другарки ми се пушачи и стално излегуваат на цигара,и мене тоа ме нервира П.с сега пушачиве се прашувале ПРЕД кои кафичи излегуваш,наместо во кои...
Логично е дека против овој закон би биле или пушачите или оние кои се опозиција т.е против Груески, друга причина и нема. Јас го подржувам законот.