Закон за забрана на пушењето на јавни места

Discussion in 'Политика и настани' started by Dijana, Nov 25, 2009.

?

Дали го одобрувате Законот за забрана на пушењето на јавни места, кој стапи во сила на 1 јануари?

  1. Да

    215 vote(s)
    51.1%
  2. Не

    206 vote(s)
    48.9%
  1. Unknown69

    Unknown69 Истакнат член

    Joined:
    Nov 12, 2010
    Messages:
    22
    Likes Received:
    2
    Кога се пушеше во кафичите и дискотеките мирисаше на дим од цигари, а сега мириса на пот и е одвратно! Не сум пушач но пре да ми мириса на цигари него на пот!
     
    sesilija likes this.
  2. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Joined:
    May 17, 2010
    Messages:
    4,250
    Likes Received:
    10,412
    Gender:
    Female
    ^
    А додека се пушеше цигари луѓето не се потеа?
     
  3. zenska

    zenska Истакнат член

    Joined:
    Feb 10, 2010
    Messages:
    357
    Likes Received:
    339
    најпаметна работа што се десила во последно време. Не сум пушач и немам ништо против пушачи ама порано буквално умирав од димот, не поднесувам цигари во никој случај. А да не го спомнувам тоа што кога се враќам дома трујам на цигари и облека и коса и све :@
     
  4. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Joined:
    Oct 26, 2010
    Messages:
    1,473
    Likes Received:
    1,833
    Браво !!!
    Ретко им текнува некој закон салам да спроведат али за овај им се поклонувам
    Кој сака нека си пуши цигари иако знае дека 1000 отрови внесува
    негово право
    ама правата на непушачите?
    Си имаме право за незагушливи простории
    На кој што не му е мил животот нека си се самоубива малку по малку
    но нека не остави на раат нас
    кој сме се одлучиле за здрав живот
    А за тоа потта зависи на какви места излегувате
    ако сте во близина на некој сељак секако дека ќе мириса на пот
    па дури и надвор на пуш пауза да сте
     
  5. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Joined:
    Oct 18, 2010
    Messages:
    348
    Likes Received:
    277
    Прво и основно - законов е најголема глупост и е донесен за да се занимаваат луѓево дали се за или против додека некој си пере пари. Тоа е друга тема. Јас не сум страствен пушач, палам по некоја уз алкохол. И не може бе мене некој да ми го забрани тој ќеф дури пијам да си запалам цигара во кафич!!! А тоа дека на непушачите им сметал димот, одете вие цела вечер седете надвор за да не ви смета! И онака сте во помал број. Задушливо е од димот и миризбата на цигарите, ама се' се средува со добра вентилација. Нека ги обрзе Грујо газдите да стават добра вентилација во локалот, па да видите како сите ќе си сме задоволни. Ама вакви драстични санкции стварно не се во ред.
     
    Phyramide likes this.
  6. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Joined:
    Nov 13, 2010
    Messages:
    328
    Likes Received:
    316
    Gender:
    Female
    Мене како пушач многу ми смета законов, но знам дека и чадот од моите цигари им смета на непушачите па... го подржувам донекаде... но ај барем да има некои места за искачање само за нас пушачите, кај што може ние на раат да си пушиме и да се труеме :D :lol:
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Joined:
    Jun 14, 2010
    Messages:
    7,163
    Likes Received:
    27,008
    Анкета: Дали го одобрувате Законот за забрана на пушењето на јавни места, кој стапи во сила на 1 јануари?

    Да
    115
    43%

    Не
    153
    57%

    Ви благодарам на вниманието и гласањето. Фалачаопријатно 8)
     
    Bokicka likes this.
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Joined:
    May 17, 2010
    Messages:
    4,250
    Likes Received:
    10,412
    Gender:
    Female

    Нелче немам ништо против тебе ама тезата стварно не ти држи вода...
    Да излеземе ние непушачите надвор затоа што и онака сме биле во помал број за вие внатре да се труете ...Нема логика! :^)
    Не сите имаат пари за добра вентилација,а ти ако толку ти се пуши излези си надвор и пуши си па потоа повторно врати си се назад...Немаш право да го уништуваш здравјето на нас што сме одлучиле да имаме здрав живот..

    У осталом..Немам причини зошто воопшто да разлагам на темава...Кога пијам кафе дишам чист воздух,мириса на убаво и свежо па се чувствувам задоволна :) Сепак ние непушачите победивме во биткава...Хаха 8)
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    3,009
    Likes Received:
    14,816
    Багуфче а зошто некој да излегува на ладното? Зарем не ни е целта сите да сме задоволни и воедно да си го задржиме своето основно слободно право да пушиме или не? Ете ти не пушиш, јас да. А и двете подеднакво си го плаќаме кафето во еден кафич и газдата кој има интерес и двете да не задржи како муштерии верувам дека не би имал проблем да си монтира вентилација, тродупло ќе му се врати инвестицијата. Ми ја разбираш поентата нели? ;)
    Не знам зошто ова го разбирате како поле за војна или натпревар, па некој да победува или не. Впрочем, некни еден колега кој не пуши излезе со сите нас надвор да ни прави друштво. Го погледнав со израз на лицето „што мајка бара надвор“, ми вика - па не сум пушач ама па тажно ми е сам.
    Битно е да се дружиме! :)

    Јас погоре изнесов мислење по ова прашање. Во врска со тоа колку здрав воздух дишеш ти а богами и јас, не знам баш. Тоа што не мириса и не чади не значи дека не е опасно.
    Впрочем во таа статијата која што ја постирав е се многу убаво објаснето.

    Само ќе ви кажам дека во развиени европски земји како Германија и Австрија, каде што би очекувале законов најстрого да функционира, е таму го ублажија - поточно оставија на газдите сами да одлучат, дали ќе направат кафуле за пушачи или непушачи. Е тоа се вика демократија. Па непушачите нека си излезат во непушачко кафуле ако им пречи чадот, за секој има чаре. И волкот сит и овците на број.
    А тоа дали јас ќе си го трујам доброволно животот или не, е само мое право и основна лична слобода. Во ред, законот ми налага забрана за пушење во угостителски локал, ќе го почитувам. Ама не ми се допаѓа што се меша во приватниот сектор. Тоа е исто како утре да ми дојде комшиката на гости, гледа дека пушам, не и се допаѓа тоа, и утредента оп закон - забрането пушење кај Пирамидата дома, затоа што на госпоѓа XY не и се допаѓа што и чадам пред нос. Епа не иде.
     
  10. viki85

    viki85 Истакнат член

    Joined:
    Nov 20, 2010
    Messages:
    68
    Likes Received:
    21
    Ја не знам што не се подеталат со лиценци за локали за пушачи и локали за непушачи, зашто не е во ред нити ја да ги трујам непушачите, а уште помалку они можат да ми забранат јас да пушам кадешто ќе посакам. Веројатно дека сите локали ќе земат дозволи или лиценци за пушење, ама па ете тоа докажува дека ние сме пушачка нација, и дека бизнисот без пушачи не иде. Ние испаднавме земја со најстрог закон за пушење, нели дека се ни е под контрола и совршен ред, па ајде сега уште пушачите останаа. И кога веќе се донесе овој смешен закон, зашто не се применува секаде. Зашто пред влада и пред собрание и пред министерствата не се мрзнат пушачите со цигара во рака? Зашто во внатрешноста на РМ се пуши секаде слободно? Зошто има локали во Скопје кадешто пушењето е слободно?
     
  11. teddybear

    teddybear Популарен член

    Joined:
    Dec 28, 2009
    Messages:
    2,679
    Likes Received:
    10,370
    Не сум пушач меѓутоа реално гледано на работите до негде не го поддржувам овој закон.
    Од таа проста причина што дечко ми е пушач,другарките скоро сите пушат па сега кога одиме на кафе сигурно дека нема јас и уште една да седиме внатре а тие надвор па ајде ситееее надвор ке мрзнеме. Нема смисла.

    Можеа да забранат пушење во дискотеки-со ова тотално се согласувам тоа воопшто не е здраво за никој а дискотеките имаат вентилација рамна на ужас.

    Но не мораа во секој кафич де .. плус факт е дека работата на кафичите им падна ненормално. Би можеле да направат едниот спрат да е за пушачи едниот да не е или да има некоја комисија за вентилации што ти знам да даваат лиценци. Факт е дека непушачите и на автобуска да стојат од секоја страна дим во нас доаѓа. И греота е сега некој што пуши на десет минути да излегува од топол кафич надвор да се мрзне за да испуши неколку цигари... па ке се мрдне. И тие се луѓе а право на секој човек си е дали ке пуши или не.
     
    Bokicka and Phyramide like this.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Joined:
    Jun 14, 2010
    Messages:
    7,163
    Likes Received:
    27,008
    Наидов на нешто мошне интересно на друг форум. :)

    Него... :lol:

    Горан Трајковски, директорот на УЈП си пуши цигари во канцеларија. Во салата за состаноци на Управата за јавни приходи додека држеше брифинг за новинарите, Трајковски испуши неколку цигари.

    Камерата на А1 Телевизија го сними подоцна кога самиот дозволи снимателите да ги регистрираат документите за кои тој претходно говореше со новинарите.

    Полните пепелници, кутијата цигари на масата, сведочеа дека токму во оваа државна институција, се крши Законот за заштита од пушењето.

    Првиот човек на Управата, спротивно на одредбите од овој Закон запали цигара во работна просторија, во административна зграда.
     
    Bokicka and Phyramide like this.
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    3,009
    Likes Received:
    14,816
    Викам јас, ем волкот сит, ем овците на број, а не да создаваме тензии и раскол меѓу нас додека некој си ги полни џебовите.
    Добар е типот! И баш се согласувам :)
    А тоа дека се нарушува основната слобода на избор, тоа е факт. Ама ајде...кој ќе полемизира и отвара тешки дебати на кои им нема крај.
     
    Bokicka likes this.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Joined:
    Jun 14, 2010
    Messages:
    7,163
    Likes Received:
    27,008
    Мене пак друго ме мачи и имам доста пишувано за тоа.

    Еве ние како пушачи, се чувствуваме дискриминирани и си протестираме. Можеби не јавно по улици како организиран протест ама во главно дискутираме на тема која не засега нас и нашето право на слободен живот. Или пак имаше бројни протести од сопствениците на локали како им е опаднат прометот. Сеедно. Зошто до 31.12.2009 никаде не видов по форуми тема Стоп за пушењето. Или тема Да се воведе закон за забрана на пушење на јавни места :^) Или пак, не видов протест по улица каде непушачи протестираат како им смета димот од цигарата. Арно ама, од кога стапи законов на сила, си дадоа за право да кажуваат колку тоа нив им пречело. Да протестирале предходно, да ми биде јасно, ама вака :^)
     
    Phyramide, Bokicka, De-lovely and 2 others like this.
  15. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Joined:
    Mar 15, 2010
    Messages:
    691
    Likes Received:
    690
    Кажав еднаш ќе кажам пак:

    Мое ПРАВО е што јас ќе правам со мојот живот!

    Ништо не решија со тоа што ми ги забранија цигарите во кафич и дискотека! Напротив, наместо да намалам, јас се повеќе пушам од проста причина што, кога се пушеше во кафич, за 3 саати сум пушела околу 4 до 5 цигари со пијачка, а сега пушам минимум 10 цигари, затоа што излагам надвор се мрзнам, не чувствувам и палам една по друга...

    Што значи Законот за нас пушачите нема ефект, напротив, ни штети! А, за вас непушачите, може е добар не викам не, ама каква е па таа дискриминација, само на една група на луѓе да им е добро и да се здрави, а другите, затоа што имаат еден мал легален порок, да се мрзнат надвор и да внесуваат 2 пати повеќе тутун!

    Нема да има никаков проблем ни за вас ни за нас, доколку се обезбедат нашите кафичи и дискотеки да имаат соодветна вентилација! Така, никој нема да чувствува печење, кашлање и со тоа нема да му смета димот од цигарите!

    Требаше таков Закон да донесат, а не пуфки од Закон!

    И да, го презирам ЗАКОНОВ!
     
    Phyramide likes this.
  16. Inola

    Inola Истакнат член

    Joined:
    Nov 19, 2009
    Messages:
    246
    Likes Received:
    206
    Кај мене и сопругот законот пак имаше позитивен ефект.

    Јас од една кутија намалив на максимум 10 цигари, а мажот ми од 3 кутии на една. Не пуши на работа и тоа е супер. А во кафич ќе излеземе еднаш надвор и толку. Немам намера да се мрзнам и да се тресам, ми нема лезет цигарата. Иако сум пушач, се осеќам попријатно кога не седам во задимена просторија. Посебно кога излегувам со децата со пријатели кои немаат деца.

    Инаку не дека законот се почитува, напротив, има кафеани, не ги именувам во Дебар Маало каде слободно се пуши.
     
    baguf4e likes this.
  17. Ashling

    Ashling Популарен член

    Joined:
    Dec 19, 2010
    Messages:
    1,228
    Likes Received:
    2,578
    1.И алкохолот е легален, па секоја вечер си пијана?
    2.Дискриминација е шо ние непушачите сме должни да се гушиме во твојот чад?
    Некои кои имаат астма или некои други белодробни заболувања, не мислиш дека ќе им наштетиш уште повеќе со тоа што им чадиш во нос?
    3.Пред да постои законот ИМАШЕ вентилација, како може да постои кафич или дискотека без вентилација?
    И каква е таа вентилација што ќе го в шмука чадот од 50 луѓе па и повеќе истовремено?
    4.Ако ти штети, зошто пушиш цигари?
    Доволно си голема да одговараш за самата себе.
    Знаеш што претставуваат цигарите.

    5. *прашање за сите пушачи* Каков ефект се постигнува со пушењето цигари?
     
  18. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Joined:
    Mar 15, 2010
    Messages:
    691
    Likes Received:
    690
    Драга моја Ашлинг, гледам си ме повикала на темава и затоа нерадо ќе се обидам да ти одговорам на твоите прашања...

    1. Каква врска има едното со другото не ми е јасно??? Каква врска има тоа што сум пушач, со тоа што алкохолот е легален??? Биди љубезна објасни ми...
    2. И јас се мрзнам секој ден на -20 и се разболувам, па сега што? И јас не сум должна да дишам пот од сечии мишки (кој претходно беше барем подзатскриен од димот на цигарите), па што? И јас може, не можам без цигара и се тресам ако не запалам, па што? Вие непушачите не сте дискриминирани, во земја каде што има повеќе пушачи од непушачи и каде Законот е на страната на непушачите! Извини те молам, дискриминација има да, ама само за пушачите!
    3. Не знам каде живееш и каде излегуваш (ако излегуваш), но ако си од Скопје, ќе ти беше јасно дека вентилацијата во секој кафич, ресторан и дискотека во Скопје (зборувам за Скопје, затоа што сум од тука) ИМАШЕ НЕСООДВЕТНА вентилација, односно вентилација која има капацитет за 20 луѓе, во кафич во кој се насобрани 100 души! Затоа не ми објаснувај дали имало вентилација или не, не е поентата само да ИМА вентилација, треба таа да си ја врши функцијата како што треба!
    4. Мој проблем е зошто пушам цигари и мој проблем е дали ми штети или не и затоа апсолутно немам намера да ти се правдам зошто пушам и да ти наведувам причини за моето пушење!
    5. За мене како пушач цигарата нема никаков ефект освен што ми пружа задоволство и уживање! За тебе не ме интересира, пуши или не, твој живот, твој проблем!

    И јас сум доволно возрасна да си одлучувам за МОЈОТ живот и за тоа какви навики и пороци јас ќе имам! Ниту ти, ниту оваа Влада, ниту еден Закон, мене нема да ме натера да се откажам од тоа што во моментот ми пружа задоволство...
     
  19. marama

    marama Форумски идол

    Joined:
    Apr 20, 2010
    Messages:
    6,525
    Likes Received:
    92,156
    Gender:
    Female
    Јас како непушач гласам против законов. Искрено, не сакам цигари, но без врска е што пушачите треба да излегуваат надвор за да запалат. Имам неколку зависници во друштвото што не можат без цигара, па мора да мрзнат на ладново, па и јас со нив за да им правам друштво. Пушачите треба сами да се свесни дека не треба да претеруваат со цигарите во затворена просторија. Ма без врска е законов, ама слушнав дека ќе го укинат. :)
     
  20. Ashling

    Ashling Популарен член

    Joined:
    Dec 19, 2010
    Messages:
    1,228
    Likes Received:
    2,578
    Смири се драга, воопшто не те навредив само сакав РАДО да ми одговориш на моите прашања, меѓутоа го добив и она што го очекував.
    1. Ќе бидам љубезна, наместо дрска како тебе и РАДО ќе ти објаснам :
    Цигарите и алкохолот се легални,а обете се штетни подеднакво.
    Ти дале полно право на избор, меѓутоа не си секоја вечер пијана затоа што алкохолот ти предизвикува одредено чувство на нереалност,манифестирано со мамурност другиот ден.
    Цигарите ги оштетуваат белите дробови, исто како алкохолот што го оштетува црниот дроб, се препушиш цигари-ќе ти се слоши.
    Просто и едноставно или на нашки да се изразам "се што лета,не се јаде"
    2. Незнам колку години имаш,ама одговорот на моето второ прашање ти е како за нафурана 15 годишна девојка која нема појма што зборува.
    Препрочитај што прашав, препрочитај што реплицира, па можеби ќе сфатиш дека обидот за наметнување смисла ти е безсмислен.
    3.Знаеш што се случува кога во еден кафич место 1 или 2 вентилации(а е на пример од 50 метри квадратни) стават уште 10 вентилации?
    Ај ко ќе прочиташ,кажи ми.
    Немора ни да прочиташ, логички размисли како ти е кога стоиш под некоја вентилација.
    4. Истото што го напишав и во втората точка.
    5.Тогаш зошто се жалиш на законов?