A кој мене ќе ме заштити од: издувните гасови на дотраените автобуси и возилата, од индустриските објекти кои се најголеми згадувачи? Кој ќе ги заштити жителите на Велес од Топилницата или пак оние во Бунарџик? Запрашајте се што јадете секој ден и дали е тоа според сите стандарди за хигиена. Размислете кој се “произведува“ и пакува храна и пијалоци. Кога ќе ги решите овие “поневажни“ работи од цигарите, тогаш зафатете се со некаков си закон и казнување на оние што пушат и ви го “кратат“ здравиот живот и основните човекови права за дишење “свеж“ воздух. Како да се забрани нешто што е легално? Доколку владата мисли дека цигарите се штетни тогаш нека ја забрани нивната продажба, а тутунот како земјоделкса култура да се забрани со закон. Личен треба да биде изборот на некој дали ќе влезе во кафе бар или кафана во која се пуши.
До некаде сум ЗА но донекаде криво ми е бидејки почнавме да ги делиме мн луѓето на пушачи и непушачи... Јас лично сум НЕПУШАЧ така да многу поубаво ми е чувството после излевање или идење во некое јасно место ресторант или нешто слично,кога се вратам дома со чисти алишта без да смрдам на чад од цигари...а инаку влезеш некаде и на излегување смрдиш ко ти да си пушел
1. Не можам да разберам што не ти е јасно во првата точка... Тоа што пушам цигари и што е легално, нема никаква врска со тоа што алкохолот е легален! Не ме разбираш... Тоа што пушам цигари е мој избор, затоа што цигарите повеќе ми пријаат од алкохолот, а не заради помалку или повеќе штетните дејства! И не ми е јасна споредбата, ако имам еден порок како на пример цигарите, по дифолт сум лоша личност со пороци, па морам и да пијам алкохол и да сум пијана секоја вечер? Штетна е и џанк храната, па ја јадеме... Ајде сега цел свет ќе го судиме заради лошите навики... 2. Ти ми ги наброја штетните последици за непушачите, кога важеше Законот да се пуши во секоја просторија... Јас ти ги набројав штетните последици за пушачите откако е донесен новиот Закон... Не знам што не ти е јасно? 3. Ваљда знаеш да читаш, па со тоа и претпоставувам дека ми го прочита одговорот на 3тото прашање... Јас никаде не напишав 10 вентилации, јас напишав соодветна вентилација, квалитетна и адекватна за тој простор, ама ти одлучи да не читаш до крај... 4. Заради твојата навреда која ја упати до мене во втората точка ова е последен пат да добиеш реплика од мене... Не сакам да дебатирам со нецивилизирани луѓе, кои не знаат да се воздржат од навреди... 5. Законов мене не ми одговара затоа што сум пушач и нема да ми одговара се додека сум пушач! А, ти се додека не пушиш, брани си го и поддржувај со го Законот! Мое право е дали ќе поддржам или не некој Закон, не те разбирам, мора како тебе да размислувам, затоа што тоа е правилно? Ова е последно од мене, за тебе: Многу работи се штетни во животот, па ги правиме, цигарите се само една капка во морето. И ОК, твое мислење е дека овој Закон е добар, не ти се мешам, јас мислам дека не е! И немој повеќе да ме цитираш и да ми реплицираш, ти кажав погоре, со луѓе кои навредуваат навистина немам намера да комуницирам! Секое добро
Колите испуштаат јаглероден моноксид на отворено, исто и фабричките оџаци го испуштаат чадот на отворено. И вие чадот од цигарите го испуштате на отворено. Ете. Море јас да сум сите пушачи ќе ве затворам во просторија од 50 м квадратни, ќе ви клам 3 вентилации и ќе ви пуштам никотиски чад, а после ебете ме во здрав мозок дека не е штетно.
Да. За некое чудо кога шетам по прометна улица никогаш не ми солзеле очите од шо е премногу зачадено никогаш не сум се вратила дома и алиштата да ми мирисаат на смог, па да морам да ги луфтирам на тераса или да ги перам, а косата ужасно ми мириса па неизбежно е да ја измијам или скраја било кога сум настината кај имам отежнато дишење па и да се откорнам од кивање Фабричките оџаци не ти се под нос како чадот од цигарите во затворена просторија. И фабриките се направени од човечка рака и тутунот се бери од човечка рака и машините каде што се прават цигарите се направени од човечка рака Пак луѓето се криви,а не фабриките.
А како до сега не сте се жалеле туку едноставно сте го прифатиле тоа како што е, а кога почна законот да дејствува на сите ви сметало до таа точка на неиздржливост....ма ајде ви се молам. Епа сега на мене ми смета да мрзнам надвор, па тоа ми е.
Јас сум пушач, па и мене ми смета зачадена просторија. Поубаво ми е седењето во кафич доколку не се пуши, факт е дека во зима, бидејќи нема летни тераси поретко идам да седнам негде, башка ако е и ладно надвор... ма нема шанси Од аспект на газдите, нив и тоа како им одговара да се пуши внатре. Се разбира, пушачка нација сме, сите ќе си запалат мерачки со кафе... и нема никој да се мрзне надвор. Ама каква вентилација има во повеќето кафичи? Никаква. Си тлее облак од цигарите над тебе. И коа ќе влезеш не ни мораш да запалиш цигара, доволно си има во воздухот. Нека се пуши внатре, ама нека дозволат и воздух да има. И не да се дозволува пушење во оние кафичи кои ќе платат лиценца некоја, туку на тие што имаат услови за внатре да им се пуши!
Дури сега видов дека си ме цитирала, после еден месец Многу ми е логичен муабетот, не знам тебе што не ти е логично... Ако не сите имаат пари за вентилација, нека не отвараат локали. Просто и едноставно. Локалот треба да ги нуди сите услови и да ги исполнува сите стандарди, вклучувајќи го и стандардот ДОБРА ВЕНТИЛАЦИЈА. Simple as that!
Јас сум непушач, ама татко ми дома си пуши како за тројца, така што можам да се наречам пасивен пушач. Ми пречи дим од цигари во смисла, излегувам намирисана, суредена, а се враќам смрдлива на чад од цигари. Гадно е, нека не се налутат пушачите, ама никој не сака да му смрди кожата, косата и облеката, нели? Кога е ептен задимено во просторија, подеднакво ни солзат очите и на пушачите и на непушачите, зашто сите сме луѓе. Лично ми е криво што пола од друштвото пуши и сега се мрзнат на минус 5 да си запалат цигара со кафето, ниту можеме да се видиме, ниту на раат да си истераме муабет. Ги сфаќам, секој побогу си има своја страст и зависност, која сум па јас паметна да кажувам што чини, а што не чини? Сите се големи, секој си знае за себе, бујрум. Мислам дека добра вентилација би го решил овој проблем, ама кај нас сите се скржави и никој не инвестира ниту во тоа, ниту во изолација. Иако сум непушач, сепак сметам дека ги дискриминираат луѓето и сум секојдневно сведок како истиов закон не се почитува во простории од каде потекнал.
На оваа тема имаме многу дебатирано на факултет, и на едно од предавањата една од професорките која пишува закони, пола Устав го има напишано, вели: „Заштитата на човековото здравје е најсилен аргумент за одобрување на закон и негово влегување во сила. Пушачите можат да се бранат со тоа дека мрзнат зимно време надвор зошто во кафичите или дискотеките не им е дозволено да пушат, можат да се бунат дека им е ускратено правото на избор, но се додека негативно придонесуваат за здравјето на останатите - ниту еден аргумент не им се прифаќа. Во некои европски земји не смеете да запалите цигара ниту на паркинг, ниту на автобуска станица.“ Прво да се изјаснам дека го поддржувам законот. Не сум пушач и откако влезе во сила законот ми е навистина пријатно да отидам во кафич или во дискотека, а дома да не се вратам усмрдена од чадот. Постојано зборувате за право на избор на пушачите, а никој не зборува за право на избор на непушачите - дали ние сакаме да седиме во задимена и зачадена просторија, никој нас не не прашува. И да ми простите, ама она со базентот и мочањето - имаше голема врска. Но, Македонија не би била тоа што е, ако во законите нема дупки, а мене веќе ми е програмиран така мозокот, па од правнички аспект ги разгледувам сите новодонесени закони. Имено, по примерот на многу европски земји кај кои веќе постои ваков закон, на пушачите треба да им се овозможи простор каде ќе си ги задоволуваат своите никотински потреби. Постојат тераси со греење, имам видено многу такви низ Европа каде ем е топло, ем не е затворено. И волкот сит, и овците на број.
Го подржувам законот иако сум пушач од проста причина што сум научена така.Oткога почнав да пушам само дома сум можела да пушам,секаде друго е забрането,така да не ми паѓа тешко да излезам за да запалам цигара.Само за илустрација бидејќи повеќето мислаат дека е неправеден законот,во Aвстралија нема пушење на стадион,иако е отворен,нема пушење на концерти,нема пушење на автобуски,железнички станици итн итн.А оваа година донесоа и закон за забрана за пушење и во сопствен автомобил,доколку има деца испод 16год во истиот.Tака да има и од лошо,полошо...............
Јас не сум страсен пушач но еве признавам дека понекогаш можам да запалам цигара одвреме навреме, но не постојано И делумно се сложувам со законот против пушење на јавни места. Зошто во одреден локал кога има луѓе, сметам дека не е во ред да запалиш цигара а истата да му пречи на другиот што седи две маси после тебе. Сметам дека цигарите се штетни, но од друга страна пак локалите не остваруваат доволно профит поради забраната. Неможе кога си некаде, значи сакаш човечки да седнеш фино лепо да си го земеш кафенцето и да си запалиш цигара Сепак сме луѓе нели? И оп одеднаш некој ти доаѓа и ти вели КАЗНА Затоа во Македонија треба да постојат повеќе простории специјално наменети пушачите.
Во Македонија не треба да постои закон од овој тип се додека поголемиот процент од локалите не се снабдат со добра вентилација. Кога би имале сите локалите или барем поголем процент добра вентилација нема ниту да има потреба од законов. Плус закон од овој тип овде неможе да функционира, затоа што важи само за одредени личности и не се почитува секаде.
За сите оние кои си мислат дека законот е во име на здравјето на луѓето, се лажат. Полицемерен закон од овој нема. И не го кажувам ова од чисто субјективни побуди. Кое здравје? И се прди на државава за нашето здравје. Кога ќе се појави болен човек во болница го тераат да талка од една во друга болничка установа додека не пцовиса. Буквално. Сведоци сме на вакви случаи, не може да негираме. Битно белите дробови не му се загадени со чад од цигари, затоа што се мислело на здравјето на граѓаните Лицемерие еден куп! Плус што некаде се почитува а некаде не. И какво фајде од законов? Да ми каже некој дали на Дижонска не се пуши у велико или во казината?! Ма ајде, ми иде да тепам некогаш!
ИСкрено... драго ми е што на непушачите им остана само смогот да го вдишуваат! Пошто нели, во котлинава наша драга а удишеш бумбар ти влегол во алвеолите на белите дробови, али нема везе, ќе ликуваме за вакви про-европски закони бидејќи супер е што „се дишело полесно“. Извинете..ќе ја цитирам Пирамитка овде малце, „ И СЕ ПРДИ на државата „ за вашето здравје. Им донесоа закон -ставете ја најскапата можна вентилација во локалите ( зашто - па за да ве украдеме) и после..пу пу , не важи...сеа сакаме малце народов да го лажеме дека чекор по чекор идеме кон ЕУ..еве ...Ќе се маскираме во анти-пушачи и баш да видиме колку бели бумбарчиња ќе ни дадете за ова... Може да се пуши само во локали чии газди пијат кафе со Груевски. Во другите, мрзнете надвор... FYI - во земја како Македонија, каде пушачкото население е побројно од непушачкото треба да се адаптира законска регулатива што ќе ги опфати сите агли и ќе ги задоволи интересите БАРЕМ на побројната маса население... Пушачки и непушачки локали, поделени локали...сеедно. А тоа дека им се наштетува по здравје на другите.. Им се наштетува и преку алкохолот кога ќе седнат пијани зад волан, им се наштетува и преку ауспусите од колите, им се наштетува психичкото здравје преку глупи новинари кои сме приморани да ги гледаме на тв секој факинг ден. Кога ќе го забранат тоа ќе им го почитувам законот. До тогаш, неможам да се согласам со ваква...ПРОСТА политика.
Се што ми годи мене и е добро по моето здравје, не ми е гајле за причините поради кои државата го спровела тој закон. Не е нашава држава единствена со ваков закон. Незнам шо се буните. И на вас делува добро.