1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закон за забрана на пушењето на јавни места

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Dijana, 25 ноември 2009.

?

Дали го одобрувате Законот за забрана на пушењето на јавни места, кој стапи во сила на 1 јануари?

  1. Да

    215 глас(а)
    51,1%
  2. Не

    206 глас(а)
    48,9%
  1. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Пред да се воведе законов имаше кафичи во кои намерно не одев зошто внатре не се гледаа масите од што беше зачадено. Во дискотеки кога одев по 1000 пати излегував надвор зошто внатре очите ти солзат и немаш воздух ко на норма се распушиле и ти бори се за воздух. Да има добра вентилација по кафичи и дискотеки не би ми сметало дотолку.
    Е сега глупаво е што нема посебни простории за да можат пушачиве на раат да си испушат едно цигаре туку мораат да мрзнат надвор - тоа не е решение. Пред да се воведе некој закон треба да се направат услови за истиот да се спроведе ама.... сочуство до пушачите во ова време.
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Јас пишувам за лицемерие ти ми кажуваш нешто сосема трето.
    Не ти е гајле на тебе за мене? Не ми е ни мене гајле за тоа дали тебе ти годи или не. Ајде секој сега нека не си гледа подалеку од носот и ќе завршиме работа. Хм? Изгледа е поубаво да е човек себичен и да се испокара со сите отколку да се најде некој компромис за сите да се сакаме и да сме задоволни :)
    Не се бунам. Го почитувам законот но кажувам и други аспекти - како оној дека твоето здравје верувај не е заштитено со тоа што сега твоите другари излегуваат на минус 560 за да ја испушат својата цигара.
    За мене законот е лицемерен. Тоа дека не е нашата држава единствена со ваков закон за тоа ме заболе задницава да ми простиш. Тоа сеуште не е аргумент дали е добар или не. И прочитај погоре за примерите кои ги наведов за други многу поевропски држави од нас во однос на законов.
    А ако ја отвориш барем малку мислата прочитај ја и статијата која ја ставив погоре. Па потоа ќе дискутираме ;)
    Ах да и за крај, остави ме те молам да си проценам јас дали и што мене ми делува добро а што не. Однапред благодарам.
     
    На Offspring, ludoto19, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.711
    Допаѓања:
    122.207
    Пол:
    Женски
    Потполно сум за законот. Фала богу од кога е во сила кога ќе одам во ресторан не мирисиам цигари, не ми солзат очи. А за тие што сметаат дека е лицемерен нека си запалат цигара па нека си плата казна :D Инаку и јас бев пушач но ги оставив цигарите после една случка. Одев на прослава и целата скоцкана дотерана , напарфимирана со скап парфем , и една госпожа кога застанав до неа само ме погледна и ми вика Девојко колку цигари сте испушиле што толку мирисате. Верувајте се осетив бедно. Кога дојдов дома сватив дека целата гардероба ми мириса на цигари зашто поприма една од друга и све дадов на хемиско, а друго преперував мислам 100 пати додека не бев сигурна дека излеглол мирисот. Платив 3000 денари за хемиско можи и повеќе и од тогаш цигара немам запалено. И да и кај мене дома не се пуши внатре. Кој сака на тераса. Да не зборувам што не кашлам како некој стар дедо, прстите не ми се пожолтени. Целата се преродив. Така да на претходната гопожа пред мене да и кажам дека ако сака да се труе нека се труе дома во ЈАВНИ УСТАНОВИ за чиво функционирање плаќам и јас со мојотданок сакам да се осеќам пријатно.
     
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Јас сум поранешен пушач и кога излезе законот ми сметаше што морав надвор да излегувам на цигара и да мрзнам. Но затоа пак бев задоволна бидејќи ги намалив значително цигарите и на излегување навечер и преку ден на кафе.
    А сега кога сум непушач сум задоволна од непушењето во затворени простории. Едноставно ми сметаат цигарите, а верувам има и многу други такви ко мене.
    Инаку во Шведска ова го имало во почетокот на '90 години. А бидејќи ние сме си заостаната држава-се доаѓа со децении задоцнување. Туку зборот ми беше, може до некаде се повредени човековите права на пушачите, ама да не забораваат тие дека и моите права како непушач пред да се донесе законот беа повредувани. Непушачите не се должни да го вдишуваат димот од цигарите.

    Дома ретко дозволувам некој да запале цигара.
     
    На OrdinaryGirl и Ashling им се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Значи Пирамида зборуваше колку е лицемерен од друг аспект.
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    „Госпожава“ би сакала да те праша, мада не сум госпоЖа ама ај, од кога ти тоа плаќаш даноци за приватни кафичи и ресторани?! :)

    За другите работи немам намера да дебатирам ниту да реагирам, затоа што очигледно е дека некој не ме разбрал.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Уау... Еден ден ќе се плеснете во некоја бандера покрај паотот од што ви е ограничен видикот - ДО НОСОТ. ТИ плаќаш за тие ЈАВНИ УСТАНОВИ? ... ПА и ЈАС плаќам.. И мене ми припаќаат истите угодности. Драго ми е што..ете..по некоја случајност, ТЕБЕ, на (пази!)НЕПУШАЧ - ти се допаѓа законов. (Кое изненадување! :o ) Поентата, драга моја, е дека во град како Скопје, во земја како Македонија, ако сакаш да воведеш ваква драстична промена - тоа ќе го направиш на адаптибилен начин и приспособлив ..како што кажав погоре - ЗА (во најмала рака) ПОГОЛЕМИОТ БРОЈ од популацијата.. Тоа ти се вика ДЕМОКРАТИЈА: МОЌТА на народот, демос-народ...кратиа- владеење. Ако народот сака да пуши цигари - народот ќе пуши цигари. Чиста работа...Нешто као 2 и 2. И неможе мене некој да ме убеди дека е 5 или е 3, па уште и да ми наметне дека ЈАС сум прашала - колку е 2 и 1 за да испадне дека ...уствари... 3 е одговорот што ми треба..како што им се перат мозоците на останативе луѓе. НЕ. Нас најмалку ни треба закон против пушењето...Има цели е*ани септички јами во ПОСТОЕЧКИТЕ закони..среди ги тие!Целата група на закони од измените во судството, законот за академија за судии и јавни обвинители, законов за пушењето и ред ред други баналности...накитени со спомениците на плоштад ми прават мачнина во стомаков... Добивам моментална дијареа! ... А ако ти е нешто МЕРАК... Па сакаш да го регулираш- Стави ОПЦИИ. Задоволи ги сите свои граѓани. А не продавај про-европски фори за тоа како ние еве сеа се еманципираме и од бубуљче на Балканов ќе станеме идеал на европската правна политика ... Вакво тапшање по мал мозок ми е сериозно иритирачко. А тоа што ТЕБЕ ти одговара пошто си плаќала данок кажува само дека си уште една од толпата со себични и површни размислувања. Поздрав
     
    На Bokicka, BoaVista, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Зошто наместо да се држите до темата, забегувате ??? Па кој закон нема дупки ??? Знам, свесна сум дека во нашиов систем има може и премногу дупки, но нека ви е јасно дека не сме самостојна држава 300 години и нема кој да не подбутне малце па да тргнеме, а не да тапкаме во место.
    Ако овој закон според вас е нај промашениот закон, тогаш што е со оној што беше за становите и советот (среќа го пролонгираа) ???
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    ^Тоа нека го каже оној што го донел законот. И ако планираат да има дупки во законот, подобро да не стапи во сила воопшто.
     
  10. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Блонд. Никој не забега од темата. Тоа што ти го толкуваш како забегување се вика аргументирање. И промашен е законов...како и многу други. А тоа што постоиме 20 години како држава не е изговор за да имаме проста , неинтелегентна , неправедна и „така сакам“ - политика..
     
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Убедена сум дека секој од нас знае барем по една кафеана или кафуле во својот град, каде на масата сеуште се послужуваат пепелници. Газдите на тие објекти се портокалово расположени. Така да кршењето на антипушачкиот закон се врши со благослов на власта во строго определени локали. Нивниот број мора да биде мал, за во нив секогаш да се бара место повеќе. Слободното столче во тие ,,оази на чадот,, е вистинска скапоценост, и штом е така никој не смее да праша за цените на останатите услуги. Пијачката и лапачката е поскапа за најмалку четвртина од вообичаеното, но кој мисли на цената кога со неа следува и цигара без опасност од стотици евра казна!? Се поставува прашање колкав е ќарот од селективната примена на антипушачкиот закон? Затоа, глумењето за спроведување на овој закон ќе потрае, зошто очигледно е дека никој нема лесно да се откаже од мрсната заработувачка во услови кога практично се работи без конкуренција.
     
    На Bokicka, Dafnee, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Боа, овде си многу грешка. Еве Струмица 95% е обоена жолто-сино, па се пуши во 90% од кафаните и кафичите.
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.711
    Допаѓања:
    122.207
    Пол:
    Женски

    Гледам сум ти била ептен инспирација. Само да те прашам нешто. Кода си во странство дали и таму толку проповедаш демократија???? Или слепо почитуваш закони??? Ако можеш во друга земја зашто па не и овде. Опции има ама секој сака поевтино да помине.

    Сум ја шетала цела европа и добар дел од останатите континенти за да знам како функциориаат законите. Си има воздушни завеси за во кафаните и во рестораните. Ако сака клуб некој да може да се пуши во него плаќа поголем данок и добива за тоа дозвола. А во ЈАВНА установа не дај боже да запалиш цигара ОДМА те опоменува обезбедувањето а после ако продолжиш те отстранува и те пријавува!!!

    Така место да се палиш на проповедање демократија прифати ја реалноста. И мене многу други закони не ми се допаѓаат ама ги прифаќам. А ако си била толку против овој закон како и многу други што се зашто не реагиравте пред да се донесе како во зите земји што народот реагира. Туку македончево е научено седи си мадро, други да му ја мсила па после ќе збориме чини не чини и екперти ќе се правиме за се и сешто.
     
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.711
    Допаѓања:
    122.207
    Пол:
    Женски
    И да додадам не, не сум симпатизер на сегашнава влада ако мислеше на тоа. Ќе го славам денот кога ќе падне.
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.711
    Допаѓања:
    122.207
    Пол:
    Женски
    дафне , гледам дека имаш многу што да ми кажеш ама се воздржуваш, па еве те поканувам слободно да ми пратиш лична порака да се доискажеш, да си олесниш душичката од се што те притиска. Од почит кон другите на форумот сметам дека нема потреба да ги замараме со лични препукувања. Малку отидов офф топик, но еве еден апел и до адимистраторот во правилата за постирање постови да се наведе и тоа да нема препукувања еден со друг член јавно (сметам дека е невкусно) туку тоа да си се остави за опцијата лична порака.
     
  16. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Ова е дискутирање не препукување. И немам што да ти кажам повеќе од она горе-кажаното. Ставовиве не ми се кон тебе туку кон темата, не знам каде си успеала да се збуниш и не знам зошто би го сфатила ова како нешто лично...Можеби треба да ги препрочиташ постовите. :)
    Имај убав ден
     
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Нена незнам зошто веднаш си спремна да влегуваш во конфликти и да провоцираш? Искажи си го своето мислење, кажи со што се согласуваш со што не, ама не си придавај толку важност дека некоја форумџика ќе седне цел ден да се замара со тебе и твоите постови, па и преку лични пораки сакаш да ја продолжиш расправата. Па дај бре научи дека форумот е место да дружење и разменување на мислења, уживај тука, не стварај тензија за џабе. ;)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ајде да се тепаме! :)

    За појаснување на некои работи, една реплика од мене:
    Во странство никој не се буни, затоа што не е дома. Дома имаме демократско право и сила да се буниме и на демократски начин преку протест да искажуваме несогласување со работи кои не ни се допаѓаат па дури и да менуваме цели системи.
    А плус како што реков, во странство (леле и дај ве молам кога кажувате „во странство“ прецизирајте. Во странство може да биде, хм па што ја знам, Уагадугу?!) тука мислам на европските држави е законот или ублажен или укинат, или на сопствениците им е дозволено да одлучат самите дали ќе бидат нивните локали smoking friendly или не.

    Това би било.
     
  19. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    А..и тоа ќе заборавев Нена... Апла е џабе моментов со странство..Пошто не сум во странство и не знам како си добила таков впечаток. :)
     
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Па истото важи и за Струмица, само напишав ,,портокалово,, затоа што во 90% од градовите имаме градоначалници од власта, и дека власта го донесе законот. Независно кој, едните или другите, сепак одредени угостители се доведуваат во повластена положба, а други до раб на затворање на локалите. Тоа ми беше поентата :)